You are on page 1of 2

План за час по англиски јазик

Одделение второ одделение


Модул / тема бр.5- Food! (Храна и главни оброци!)
Наставна единица 53. Проширување на вокабулар (храна) и искажување допадливост со
глаголот “like”
Датум
Наставник
Цели на часот Ученикот да може:
 да усвои нови зборови со кои се именува некој вид храна
 да искаже што му се допаѓа употребувајќи го глаголот “like”

Фази на часот Активности


Воведен дел (10 мин) Наставникот лепи низ училницата флеш карти на кои се претставени
познати поими. Потоа, наставникот дава наредба “Point to…” за учениците
да покажат кон соодветната флеш карта. Оној ученик кој ќе покаже кон
погрешна картичка излегува од игра.
Главен дел (20 мин) Наставникот бара од учениците да набројат различни видови храна. Потоа,
со употреба на флеш карти наставникот ги поучува новите зборови.
Учениците го повторуваат секој збор повеќе пати увежбувајќи го нивниот
изговор. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат
и да ги повторат зборовите, а потоа и да покажат кон соодветната слика во
учебникот.
Наставникот ја поучува фразата “I like/ I don’t like..” (Јас сакам…) со која
се искажува допаѓање односно не допаѓање. Тој практично ја применува
истата во едноставни искази покажувајќи слики од различни видови храна.
Учениците ги повторуваат исказите повеќе пати.

Завршен дел (10мин) Еден по еден учениците одбираат некој вид храна претставен на флеш
картите и покажувајќи ја картичката искажуваат допадливост со фразата
“I like..” (на пр. I like cake.)

( Учениците ја вклучуваат на интернет страна


http://www.turtlediary.com/preschool-games/ela-games/fruits.html и
ги вежбаат изучените зборови преку играта поврзана со различни видови
на храна.)

Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците – да


најдат и донесат слики од различни видови зеленчук и овошје.
Наставни средства Учебник, училишен прибор, табла, креда, флеш карти, CD, CD плеер и сл.
и помагала
Наставни методи и Природен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, метод на
форми на работа комуникација, целосен физички одговор (TPR), фронтална работа, работа
во заедница, индивидуална работа

Корелација со други со македонски јазик (значењето на зборовите)


наставни предмети
Додатна активност Учениците го користат образовниот софтвер G’compris и обојуваат дадена
слика.
Методи, форми и Постојано следење на активноста на ученикот( усвоеност на вокабуларот,
инструменти за соодветна реакција на слушнат исказ, составување едноставни искази),
оценување и усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и
вреднување на сл.
работата на
учениците
Очекуван исход Ученикот именува некои видови храна и искажува допаѓање
употребувајќи го глаголот “like” во едноставни искази.

Рефлексија на часот Учениците ги усвоија предвидените зборови и ги увежбаа истите преку


едноставни искази со глаголот “like” во кои се искажува допаѓање. Кај
неколку ученици имаше потреба од помош при составување на
едноставните искази бидејќи потешко ги меморираа новите поими. Сите
ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересна им беше
активноста со наредбата“Point to…”. Кога би го повторила истиот час би
можела да применам кратка презентација со некои видови храна или
краток видеозапис.

You might also like