You are on page 1of 16

Па, си рече тој, кога сега помислувам на тоа, се чини дека таа речиси ме чекаше

онаму, на улицата, толку проклето доцна навечер...


Ја отвори вратата на спалната.
Му се причини дека по зајдувањето на месечината влезе во студен мавзолеј,
поплочен со мермер. Целосен мрак, ниту трага од надворешниот сребрен свет.
Прозорците се цврсто затворени и собата личи на гроб, до кој не допира ниту еден
звук на големиот град. Сепак, собата не беше празна.
Тој се вслуша.
Одвај чујно, нежно зуење на комарец, електрично зуење на оса скриена во своето
удобно, топло розово гнездо.
Музиката беше толку јасна што можеше дури и да ја препознае мелодијата.
Почувствува како насмевката му се изгуби од лицето, се преклопи и падна во самата
себеси како оштетена кожа, како восок на некоја фантастична свеќ а што предолго
горела и сега паѓа, и се гаси. Мрак. Тој не е среќ ен. Тој не е среќ ен. Тој си ги кажа тие
зборови. Си призна како навистина стојат работите. Тој си ја носеше среќ ата како
маска и девојката му ја одзеде и отрча преку полјанката, и веќ е не можеше да и
тропне на вратата и да си ја побара маската назад.
Без да ги запали светилките, си замисли како би изгледала собата. Жена му,
распослана на креветот, откриена и студена како надгробен споменик, нејзините
неподвижни очи врзани за таванот со невидливи челични нишки. Во ушите има
мали „школки“, минијатурни радија, океан од звуци, музика и гласови и музиката и
гласовите надоаѓаат, надоаѓаат како бранови на брегот на нејзиниот незаспан ум.
Собата навистина беше празна. Секоја ноќ брановите доаѓаа и ја носеа неа, со ширум
отворени очи, врз големиот прилив од звуци, кон новото утро. Немаше ноќ во
изминатите две години Милдред да не заплови по тоа море, секогаш задоволно
нуркајќ и се во него.
Собата беше студена, но тој сепак чувствуваше дека не може да дише. He сакаше да
ги отвори завесите и францускиот прозорец, не сакаше месечината да влезе во
собата. Така, со чувство на човек кој знае дека во наредниот час ќ е се задуши и ќ е
умре, го напипа својот пат кон својот послан, одвоен и затоа студен кревет.
Во моментот пред ногата да го удри предметот на подот, тој знаеше дека ќ е удри во
таков предмет. Тоа беше делумно слично со чувството што го доживеа пред да сврти
зад аголот и речиси да се удри во девојката. Неговата нога, предизвикувајќ и
колебање на воздухот со самото свое движење, доби повратна информација за
препреката на патот и речиси истата секунда удри во нешто. Некој предмет со тивок
тропот се стркала во мракот.
Монтег веднаш се исправи и го наслушна дишењето на онаа која лежеше во
постелата во целосниот мрак на собата: дишењето бете слабо, речиси нечујно, во
него одвај се насетуваше живот - од него би можело да затрепери само најситното
ливче, пердувче, едно единствено влакно.
Тој се уште не сакаше да ја пушти во собата светлината од улицата. Вадејќ и ја
запалката, го напипа саламандерот изгравиран врз сребрениот диск, го притисна...
Два месечеви камена го гледаа при слабата светлина на огнот затскриен со раката,
два месечеви камена што лежат на дното на проѕирен поток - над нив, не допирајќ и
ги, рамномерно течеше водата на животот.
- Милдред!
Нејзиното лице беше остров покриен со снег; ако врз него заврне дожд, тоа нема да
го почувствува дождот, ако облакот во движење ја фрли својата сенка, тоа нема да ја
почувствува сенката. Имаше само брмчење на осилото во нејзините уши затнати со
школки, нејзини стаклени очи, нејзиното дишење, вдишување и издишување, меко,
бавно, здивот влегува и излегува од нејзините ноздри, а таа не се грижи дали
вдишува или издишува, дали издишува или вдишува.
Објектот што го шутна со ногата сега блескаше до неговиот кревет. Мало кристално
шише од пилули за спиење, во кое до пред малку имало триесетина пилули, сега
лежеше отворено и испразнето во светлината на слабиот оган.
Додека стоеше таму, небото над неговата куќ а се расцепи. Се слушна силен звук, како
две огромни раце да искинале по шевовите десет илјади милји црно платно.
Монтег се подели на два дела, како да му ги расекоа градите и од нив зината рана.
Над зградата пролетаа ракетните бомбардери - прв, втор; прв, втор; прв, втор. Шест,
девет, дванаесет - еден по еден, еден по еден, потресувајќ и го воздухот со
заглушувачка бучава. Монтег зина и звукот влета во него низ неговите соголени
заби. Куќ ата се стресе. Згасна огнот на запалката. Месечевите камења се стопија во
темнината. Раката посегна по телефонот.
Бомбардерите пролетаа. Неговите усни, теперејќ и, допреа до телефонската
слушалка:
- Итна помош, ве молам.
Шепот, исполнет со ужас.
Му се чинеше дека од бучавата на црните бомбардери ѕвездите станаа прав и утре
наутро земјата ќ е биде посипана со тој прав како со фантастичен снег.
Таа глупава мисла не го напушташе додека стоеше во собата покрај телефонот,
треперејќ и со сето тело, немо мрдајќ и со усните.
Донесоа една машина. Поточно, донесоа две машини.
Едната се протнуваше до желудникот како црна кобра на дното на запуштен бунар,
во потрага по застоена вода и загниено минато. Таа ја пиеше зелената каша, ја
вшумукаше и ја исфрлаше надвор. Дали можеше да ја испие и темнината? Или сиот
отров, насобран таму во низата години? Таа пиеше молкум, со повремен звук на
внатрешно задушување и на слепа потрага. Таа имаше Око. Безличниот оператор на
машината можеше, ако сака, носејќ и оптички шлем, да се загледа во душата на
личноста што ја испумпуваше. Што гледаше Окото? Тој не знаеше да каже. Тој го
гледаше, но не го сфаќ аше она што Окото го гледа. Целата операција личеше на
копање во нечија градина. Жената на креветот не беше ништо друго освен цврст слој
мермер до кој тие допреа. Само напред, спушти ја дупчалката долу, исплакни ја
празнината, ако такво нешто може да се извлече низ цревото на змијата. Операторот
стоеше покрај неа, пушејќ и цигара.
Другата машина исто така работеше. Таа беше управувана од еднакво безличен
оператор во црвеникаво- кафен комбинезон, отпорен на дамки. Машината ја
испумпуваше сета крв од телото и ја заменуваше со свежа крв и плазма.
- Мора темелно да ги исчистиме - рече операторот стоејќ и над неподвижната
жена. - Никаква корист да се испумпа стомакот ако не ја исчистите и крвта. Ако се
остави сета таа нечистотија во крвта, крвта ќ е го удри мозокот како со чекан, бум, и
така, по неколку илјади пати, мозокот едноставно ќ е откаже.
- Прекинете! - рече Монтег.
- Само ви кажував - рече операторот.
Тие внимателно ги спакуваа машините.
- Готови сме.
Неговиот гнев не ги допре. Стоеја без да трепнат или да подзамижат поради чадот од
цигари што кружеше околу нивните носови и им влегуваше во очите.
- Тоа чини педесет долари.
- Зошто прво не ми кажете дека ќ е биде добра?
- Секако дека ќ е биде добра. Ги извадивме сите отрови, еве ги овде во куферот,
сега таа е безбедна. Како што реков, ја вадиш старата крв, ставаш нова и сè е во ред.
- Никој од вас не е лекар. Зошто не пратиле некој лекар од Итната помош?
- По ѓаволите! - цигарата на операторот се помрдна на неговата усна. - Имаме
десетина вакви случаи во текот на една ноќ . Поради толку многу работа и беа
конструирани овие машини пред неколку години. Секако, со оптичка леќ а која беше
нова, остатокот е предисторија. He ти треба лекар за ваков случај; сè што е потребно
е двајца мајстори што ќ е го решат проблемот за полчас. Види - тој тргна кон вратата
- мораме да одиме. Само што добивме уште еден повик. Десет блока одовде. Некој
штотуку проголтал кутија пилули. Повикај нè ако ти затребаме. Внимавај на неа. И
дадовме тоници. Ќ е се разбуди гладна. Ајде до видување!
Луѓето со цигари во цврсто стиснатите усни, луѓето со очи студени како на
отровница, ги собраа машините и цревото, го зедоа својот куфер со течна
меланхолија и темна, густа безимена маса, и излегоа низ вратата.
Монтег се спушти на столчето и ја погледна жената. Нејзините очи беа затворени,
спокојни и тој ја подаде раката за да ја почувствува топлината на нејзиниот здив на
својата дланка.
- Милдред - конечно рече.
Hè има премногу, си мислеше. Ние сме милијарди, и тоа е премногу. Никој никого не
познава. Доаѓаат странци и те повредуваат. Доаѓаат странци и ти го вадат срцето.
Доаѓаат странци и ти ја земаат крвта. Боже мој, кои беа овие луѓе? Ги немам видено
никогаш порано!
Помина половина час.
Крвотокот на оваа жена беше нов и се чинеше дека тоа ја обнови. Нејзините образи
беа розови, нејзините усни беа мошне свежи и полни со боја, изгледаа меко и
опуштено. Во неа течеше нечија туѓа крв. Да можеше нечие туѓо месо и мозок и
спомени... Да можеа само да го однесат нејзиниот ум на чистење и да го исчистат со
пареа, и да го деблокираат, па наутро повторно да го вратат. Само да можеа...
Тој стана и ги повлече завесите, отворајќ и го прозорецот за да го пушти ноќ ниот
воздух. Беше два часот по полноќ . Зар пред само еден час на улицата беше Клариса
Меклелан, тој се враќ аше дома, а потоа во мракот на собата неговото стапало го
шутна малото кристално шише? Само еден час, но светот се стопи и одново никна во
нова и безбојна форма.
Преку тревникот, обоен од месечината, тој слушна смеа од куќ ата на Клариса, и
нејзиниот татко, и нејзината мајка и вујко ѝ , кои се смееја толку тивко и искрено.
Смеата беше опуштена и срдечна и никако не беше извештачена; доаѓаше од куќ а
што беше толку силно осветлена толку доцна ноќ е додека другите куќ и беа во
темнина. Монтег ги слушна гласовите како разговараат, разговараат, разговараат,
даваат, разговараат, плетејќ и ја својата хипнотичка мрежа.
Монтег се тргна од францускиот прозорец и помина по тревникот без дури и да
мисли на тоа. Застана пред куќ ата со гласовите, во сенка, мислејќ и дека можеби дури
и ќ е им тропне на вратата и ќ е прошепоти: „Може ли да влезам? Нема ништо да
кажам. Само сакам да ве слушам како разговарате“.
Но, наместо тоа, тој само стоеше таму, мошне студен, неговото лице беше ледена
маска, слушајќ и еден машки глас (вујкото?) како спокојно вели:
- Па добро, по сè, ова е доба на шамичиња за една употреба. Издувај му го носот
некому, стуткај го, фрли го во тоалет и пушти вода, посегни по друго, избриши,
стуткај, фрли. Секој се држи за секого. Како можеш да навиваш за домашната екипа
ако немаш програма, а не ги знаеш ни имињата на играчите? Да речеме, која боја на
дресови ќ е носат кога ќ е истрчаат на полето?
Монтег се врати до својата куќ а, го остави прозорецот ширум отворен, провери како
е Милдред, внимателно ја покри со ќ ебе и потоа си легна. Еден месечев зрак паѓаше
врз неговите образи и намуртените веѓи; месечевата светлина се дистилираше во
секое негово око оформувајќ и сребреникава мрена.
Капка дожд. Клариса. Втора. Милдред. Трета. Вујкото.
Четврта. Ноќ ешниот оган. Една, Клариса. Втора, Милдред. Трета, вујкото. Четврта,
огнот. Еден, два, три, четири, пет, Клариса, Милдред, вујкото, огнот, пилулите за
спиење, човечко ткиво за една употреба, дувни, стуткај, фрли, Клариса, Милдред,
вујкото, огнот, пилули, шамичиња, дувни, стуткај, фрли. Еден, два, три, еден, два, три!
Дожд. Бура. Вујкото се смее. Громотудира.
Целиот свет се истура. Огнот излегува од вулкан. Сè се врти, сè кружи со
заглушувачка бучава и како бурна река се движи кон утрото.
- Повеќ е ништо не сфаќ ам - рече тој и ѝ дозволи на пилулата за спиење да му се
раствори на јазикот.
Во девет наутро, креветот на Милдред беше празен.
Монтег срипа со раступотено срце, и отрча долу во приемната запирајќ и на вратата
пред кујната.
Лепчето скокна од сребрениот тостер, фатено од металната рака што го натопи во
стопен путер.
Милдред гледаше додека раката го ставаше тостот на нејзината чинија. Обете
нејзини уши беа затнати со електронски пчели што брмчеа. Таа ненадејно го крена
погледот, го виде Монтег и му кимна.
- Добра ли си? - ја праша тој.
По десетте години користење на „школките“ во ушите, таа беше специјалист за
читање од усни. Повторно кимна со главата. Го намести тостерот за да го стопли
наредното парче леб.
Монтег седна.
- He знам зошто сум толку гладна - рече жена му.
- Ти...
- Гладна сум.
- Минатата ноќ ... - почна тој.
- Многу лошо спиев. Се чувствувам ужасно - рече таа. - Боже, ама сум гладна! He
знам зошто.
- Минатата ноќ ... - повторно започна тој.
Таа расеано ги гледаше неговите усни.
- Што се случи минатата ноќ ?
- Зар не се сеќ аваш?
- На што? Имавме дива журка или нешто слично? Мислам дека сум мамурна.
Боже, ама сум гладна! Кој беше дојден?
- Неколкумина - рече тој.
- Така и си мислев. - Таа си го џвакаше тостот. - Me боли стомакот, но гладна
сум. Се надевам дека не направив ништо лудо на журката?
- He - тивко рече тој.
Тостерот го подаде наредно парче леб натопен во путер, овој пат за него. Тој го зеде
во раката, чувствувајќ и дека е должен да го земе.
- Ни ти не изгледаш којзнае колку добро - рече жена му.
Доцна попладне заврна и целиот свет стана темносив.
Тој стоеше во салонот на својата куќ а местејќ и го беџот со пламнатиот портокалов
саламандер. Тој долго стоеше, гледајќ и во шахтата за вентилација. Неговата жена во
ТВ-собата направи пауза, доволно долга за да го прекине читањето на нејзиното
сценарио и да погледне нагоре.
- Ej! - рече таа. - Човекот размислува!
- Да - рече тој - сакав да разговарам со тебе. Направи пауза. - Вчера ти ги испи
сите пилули за спиење од шишенцето.
- О, не би го сторила тоа! - изненадено рече таа.
- Шишенцето беше празно.
- He би сторила ништо слично. Зошто би сторила нешто такво? - рече таа.
- Можеби си зела две пилули, си заборавила, па си зела други две пилули, и си
станала толку дрогирана што си продолжила да ги земаш сè додека не ти се
насобрале триесет-четириесет.
- По ѓаволите - рече таа - зошто би сакала да направам таква глупост?
- He знам.
Таа седеше без збор, очигледно чекајќ и тој да излезе.
- He сум го сторила тоа - рече таа. - Ниту за милион години!
- Во ред, ако ти велиш така.
- Како што вели дамата.
- Што има за попладнево? - уморно праша тој.
Таа не го крена повторно погледот од сценариото.
- Па, има драма што се прикажува на сите четири ТВ-ѕида, за десет минути.
Утринава ми го пратија мојот дел. Тие напишаа сценарио со еден дел што недостига.
Тоа е нова идеја. Домаќ инката, тоа сум јас, е делот што недостига. Кога дојде време за
делот што недостига, сите ме гледаат мене од трите ѕидови и јас ги кажувам
репликите. Еве, овде на пример, човекот вели: „Хелен, што мислиш за целата идеја?“
И тој гледа во мене како седам овде, во центарот на сцената, гледаш? И јас велам, јас
велам... - таа направи пауза и со прстот го побара местото во сценариото. - „Мислам
дека е добро!“ И потоа тие продолжуваат со драмата, сè додека тој не рече: „Хелен, се
согласуваш ли со тоа?“ И јас велам: „Секако!“ Гај, зар тоа не е забавно?
Тој стоеше во салонот, гледајќ и во неа.
- Секако дека е забавно - рече таа.
- За што е драмата?
- Само што ти кажав. Тоа се луѓе по име Боб и Рут и Хелен.
- Аха.
- Навистина е забавно. Ќ е биде уште позабавно кога ќ е можеме да си дозволиме
да ставиме и четврти ѕид. Што мислиш, колку време ќ е ни треба да заштедиме и да
го симнеме четвртиот ѕид за да го ставиме ТВ-ѕидот? Тоа чини само две илјади
долари.
- Тоа е третина од мојата годишна плата.
- Тоа се само две илјади долари - повтори таа - и јас мислам дека некојпат треба
да се советуваш со мене. Да го имавме ставено четвртиот ѕид, тоа ќ е беше како
собата воопшто да не е наша туку полна со разни егзотични соби на други луѓе. Би
можеле да поминеме без некои нешта.
- Ние веќ е поминуваме без некои нешта, а се уште го отплаќ аме третиот ѕид.
Тој беше поставен пред само неколку месеци, се сеќ аваш?
- Зар пред само неколку месеци? - таа се загледа во него. - Па добро, до
видување, драги.
- До видување - рече тој. Застана и се сврти. - Дали ќ е има среќ ен завршеток?
- He го прочитав докрај.
Тој ѝ пријде, ја прочита последната страница, кимна со главата, го превитка
сценариото и ѝ го врати. Потоа излезе од куќ ата, на дождот.
Дождот проретчуваше и девојката одеше по средината на плочникот, со крената
глава и понекоја капка падната на нејзиното лице. Таа се насмевна кога го виде
Монтег.
- Здраво!
- Здраво! - ја отпоздрави тој, а потоа рече: - Што правиш сега?
- Се уште сум луда. Дождот е пријатен. Сакам да шетам по него.
- Мислам дека не би ми се допаднало тоа.
- Можеби, ако пробате.
- Никогаш не сум пробал.
Таа ги оближа усните.
- Дождот секогаш е вкусен.
- Што правиш, шеташ наоколу испробувајќ и од сè по еднаш? - праша тој.
- Некојпат и по двапати - таа погледна нешто во својата дланка.
- Што имаш таму?
- Мислам дека ова е последното глуварче годинава. He верував дека толку
доцна ќ е најдам некое на тревникот.
Дали сте слушнале дека можеш да си го истриеш под брадата? Видете! - таа ја допре
брадата со цвеќ ето, смеејќ и се.
- Зошто?
- Ако се истрие, тоа значи дека сум вљубена. Дали е истриено?
Тој немаше друг избор, мораше да погледне.
- Па? - рече таа.
- Жолта си под брадата.
- Одлично! Ајде сега вие да пробате!
- Нема да ми дејствува.
- Cегa. - Пред да можеше тој да се помрдне, таа го стави глуварчето под неговата
брада. Тој се повлече назад и таа се насмеа. - Стојте мирно!
Таа погледна под неговата брада и се намурти.
- Па? - праша тој.
- Каква штета - рече таа - не сте вљубен во ниедна!
- Сум!
- He се покажува.
- Ама сум, и тоа многу! - Се обиде да повика во сеќ авањето нечие лице кое ќ е го
потврди неговото тврдење, но не се појави никакво лице. - Вљубен сум!
- Be молам, не правете такво лице!
- До глуварчето е - рече тој. - Си го потрошила само за себе. Затоа кај мене не
покажува ништо.
- Секако, сигурно е тоа. О, сега ве вознемирив, гледате дека ве вознемирив; жал
ми е, навистина - таа го допре за раката.
- He, не - одговори бргу тој - добро ми е.
- Бидејќ и мора да си одите, кажете ми дека ми простувате.
He сакам да ми се лутите.
- He сум лут. Само вознемирен.
- Сега јас морам да одам на психијатар. Тие ме тераат да одам. Измислувам
нешта што ќ е му ги кажам. He знам што мисли тој за мене. Тој вели дека сум
вистински кромид! Јас го терам да ги симнува лушпите една по една.
- Склон сум да верувам дека ти треба психијатар.
- He го мислите тоа.
Тој длабоко вдиша, ја испушти воздишката и конечно рече:
- He, не го мислам тоа.
- Психијатарот сака да знае зошто одам надвор и шетам по шумата, ги гледам
птиците и собирам пеперутки. Еден ден ќ е ви ја покажам мојата колекција.
- Добро.
- Тие сакаат да знаат што правам со своето време. Јас им кажувам дека некојпат
само седам и размислувам. Но не им кажувам за што. А некојпат им кажувам дека
сакам да си ја навалам главата наназад, еве вака, и да ги пијам капките дожд. Имаат
вкус како виното. Сте го пробале ли тоа?
- He, јас...
- Вие веќ е сте ми простиле, нели?
- Да. - Тој подразмисли за тоа. - Да, сум ти простил. Бог знае зошто. Ти си
посебна, ти си вообразена, но сепак, лесно е да ти се прости. Велиш, имаш
седумнаесет?
- Па... ќ е ги навршам следниот месец.
- Колку е чудно тоа! Жена ми има триесет, а сепак, на моменти се чини дека си
постара од неа. He можам да го сфатам тоа.
- И вие сте чуден, господине Монтег. Некојпат дури заборавам дека сте
пожарникар. Може ли сега повтор- но да ве налутам?
- Ајде.
- Како почна сето тоа? Како се најдовте во тоа? Како ја одбравте работата и како
се случи да размислите за да ја одберете работата? He сте како другите. Имам видено
неколкумина, знам. Кога зборувам, вие гледате во мене. Кога реков нешто за
месечината вчера ноќ е, ја погледнавте месечината. Другите никогаш не би го
сториле тоа. Другите би си заминале додека зборувам. Или би ми се заканиле. Никој
веќ е нема време за никого. Вие сте еден од ретките што знаат да излезат на крај со
мене. Затоа мислам дека е чудно што сте пожарникар. Некојпат, на некој начин, тоа
не ви доликува.
Тој почувствува како телото му се двои на врелина и студенило, на цврстина и
мекост, на треперење и нетреперење, и како двете половини се стружат едната со
другата.
- Оди на состанокот - рече тој.
Таа отрча и го остави да стои на дождот. По мошне долго време, тој се мрдна од
местото.
Потоа, мошне бавно, додека чекореше, ја зафрли главата наназад, на дождот, само за
неколку моменти, и ја отвори устата...
Механичкиот Ловец спиеше без сон, живееше без живот во своето меко брмчење,
меко вибрирање, во благоосветлениот простор, во темниот агол на пожарникарската
станица. Придушената светлина во еден наутро, месечината од отвореното небо
врамено во големиот прозорец, ги допираше овде-онде бакарот, бронзата и челикот
на ѕверот што одвај забележливо вибрираше. Светлината трепереше по рубиновите
кристалчиња и по чувствителните најлонски влакна, тенки како капилари, во
ноздрите на чудовиштето, кое лесно се нишаше врз своите осум шепи обложени со
гума, разместени под него како пипала на пајак.
Монтег се лизна по бронзената прачка. Излезе надвор да ги види градот и облаците,
кои сега веќ е беа сосем расчистени. Запали цигара и се врати назад, се наведна и го
погледна Ловецот. Личеше на голема пчела што се вратила во улиштето од некое
поле, на кое медот е преполн со отровна дивина, со лудило и кошмари, a неговото
тело преполно со тој богат нектар се обидува низ сон да го исфрли отровот од себе.
- Здраво - прошепна Монтег, кој како и обично, беше маѓепсан од мртвиот и
истовремено жив ѕвер.
Во ноќ ите кога им стануваше здодевно, што често се случуваше, луѓето ќ е се лизнеа
по бронзените прачки и ќ е ја наместеа комбинацијата во системот за мирис на
Ловецот, па ќ е пуштеа низ пожарникарската станица стаорци, некојпат кокошки,
другпат мачки што и онака би биле задавени, и тогаш ќ е паднеа облози за тоа кој од
стаорците, од кокошките или од мачките ќ е биде прва жртва на Ловецот. Ги пуштаа
животните на слобода. По три секунди играта завршуваше - стаорецот, мачката или
кокошката, фатени на полпат во салата, претаа стегнати во нежните шепи, додека од
муцката на Ловецот ќ е се појавеше четириинчната челична игла за да уфрли
смртоносна доза морфиум или прокаин во жртвата.
Потоа телото на животното се фрлаше во печката за согорување. Започнуваше нова
игра.
Koгa ce играа овие игри, Монтег најчесто остануваше гope. Пред неколку години, тој
еднаш се обложи со најдобриот од нив и ја загуби неделната плата, така што мораше
да се соочи со лудиот гнев на Милдред што се пројавуваше низ нејзините вени и
дамки. Но во ноќ ите додека лежеше на својот кревет со лицето свртено кон ѕидот, тој
ги слушаше налетите на смеа одоздола, заедно со тропотот на шепите на стаорците,
како по клавиши на пијано, и со виолинското квичење на глувците; ја насетуваше и
ненадејната тишина кога Ловецот демнеше во големите сенки, пред да скокне како
молец во светлината, наоѓајќ и ја и зграпчувајќ и ја својата жртва, вметнувајќ и ја
иглата за да се врати назад во своето легло и да замре, како да се исклучува некој
прекинувач.
Монтег му ја допре муцката.
Ловецот за’ржа.
Монтег отскокна назад.
Ловецот се поткрена во своето легло и го погледна со зелено-сините неонски зраци
од ненадејно вклучените електронски очи. Тој повторно за’ржа, испуштајќ и чудна
комбинација на звуци од електрични празнење, пржење, стругање на метал и вртење
на стари и ’рѓосани запченици.
- He, не, момче - рече Монтег додека срцето силно му биеше.
Тој ја виде сребрената игла како се издолжува во воздухот за еден прст, се враќ а, се
издолжува, се враќ а. ’Ржењето се засили, ѕверот го погледна Монтег.
Монтег се повлече. Ловецот зачекори надвор од леглото. Монтег со една рака се фати
за бронзената прачка. Реагирајќ и, прачката се лизна нагоре и без звук го однесе низ
таванот. Тој стапна на полутемниот под во горната просторија. Се тресеше и лицето
му беше жолто-зелено. Под него, Ловецот повторно легна долу на своите
инсектовидни нозе, повторно тивко брмчеше, неговите многустрани очи гледаа во
празно.
Монтег стоеше покрај отворот во подот, дозволувајќ и му на стравот да го напушти.
Зад него, четворица луѓе седнати на масата за картање поставена во аголот, под
ламбата со зелен абажур, го погледнаа, но не рекоа ништо. Само човекот со шлем на
капетан и со знак на феникс на капата, конечно, совладан од љубопитноста, држејќ и
си ги картите со тенката рака, проговори:
-Монтег?...
- Тој не ме caка.
- Што, Ловецот? - капетанот си ги разгледуваше картите.
- Ајде де. Тој ниту сака ниту не сака. Тој само „функционира11.
Тоа ти е како лекција од балистика. Тој си има траекторија што ние му ја одредуваме.
Тој ја следи. Тој самиот се наведува на целта, се враќ а дома и се исклучува.
Тој ти е само бакарна жица, акумулатори и струја.
Монтег подголтна.
- Неговите сметачи може да бидат наместени на која било комбинација, на
некое количество аминокиселини, некое количество сулфур, маснотии и бази. Така?
- Сите го знаеме тоа.
- Сите тие хемиски баланси и проценти, на сите нас овде во Станицата, се
снимени во главното депо долу. Би било лесно некој да постави определена
комбинација во „меморијата“ на Ловецот, на пример, само во однос на
аминокиселините. Тоа би го објаснило однесувањето на ѕверот пред малку. Тој
реагираше на мене.
- Како да не! - рече капетанот.
- Раздразнет, ама не и целосно лут. Сосем доволно „меморија“ поставена од
некого за тој да за’ржи кога ќ е го допрам.
- Кој би сторил такво нешто? - праша капетанот. - Се надевам дека овде немаш
непријатели?
- He знам кој би го сторил тоа.
- Уште утре техничарите ќ е го прегледаат Ловецот.
- Ова не му е првпат да ми се заканува - рече Монтег. - Минатиот месец двапати
ми се има случено истото.
- Ќ е го поправиме. He грижи се.
Но Монтег не се мрдна од местото, стоеше размислувајќ и за решетката на
вентилаторот дома и за тоа што лежеше скриено зад решетката. Ако некој овде, во
пожарникарската станица, знае за вентилаторот, тогаш тој некој би можел „да му
рече“ на Ловецот?...
Капетанот пријде до отворот и го погледна Монтег со испитувачки поглед.
- Само размислував - рече Монтег - за што мисли
Ловецот во ноќ ите, таму долу? Дали тој навистина оживува кога гони? Тоа ме плаши.
- Тој не мисли на ништо освен на тоа што ние му го кажуваме да го мисли.
- Тоа е тажно - рече Монтег - затоа што се што внесуваме во него е ловење,
пронаоѓање и убивање. Колкава штета ако тоа е единственото што го знае.
Бити се намурти.
- Глупости! Тоа е фин примерок на механичко мајсторство, добро оружје што
само се наведува на целта и секогаш гарантира стопроцентен погодок.
- Токму затоа - рече Монтег - не би сакал да бидам следната жртва.
- Зошто? Те мачи совеста поради нешто?
Монтег бргу го погледна.
Бити стоеше гледајќ и го испитувачки, а потоа устата му се се подотвори и тој почна
тивко да се смее.
Еден, два, три, четири, пет, шест, седум дена. Толку пати тој имаше излезено од дома
знаејќ и дека Клариса е таму некаде, во светот. Еднаш ја имаше видено како тресе
стебло орев, еднаш ја виде како седи плетејќ и син џемпер, три-четирипати имаше
пронајдено букет доцни цвеќ иња на својот трем или пак грстка ореви во ќ есичка,
или некои есенски лисја внимателно зацврстени за лист бела хартија и залепени на
неговата врата. Клариса секој ден одеше со него до аголот. Еден ден врнеше,
наредниот ден беше ведро, а дента после тоа ветрот се засили, а дента после тоа пак
беше ведро и мирно и денот беше врел и летен, и среде сето тоа Клариса со своето
лице, потемнето во доцното попладне.
- He можам да сфатам зошто - и рече тој еднаш пред влезот во метрото - но
имам чувство како да те познавам многу години.
- Затоа што ми се допаѓате - му одговори таа - и јас не сакам ништо од вас. И
затоа што ние се познаваме.
- Me тераш да се чувствувам премногу стар, како да сум ти татко.
- Сега објаснете ми - рече таа - зошто немате ќ ерки како мене, ако веќ е толку
многу сакате деца?
- He знам.
- Се шегувате!
- Мислам... - тој запре и одмавна со главата. - Добро, жена ми, таа... таа никогаш
не сакаше деца.
Девојката престана да се смее.
- Жал ми е. Јас навистина мислев дека се шегувате со мене. Јас сум будала.
- He, не - рече тој. - Тоа е добро прашање. Помина долго време откако некој ме
прашал за тоа, никому не му е грижа. Добро прашање.
- Да зборуваме за нешто друго. Сте помирисале ли некогаш паднати лисја? Зар
не мирисаат на цимет? Еве. Помирисајте.
- Види, навистина мирисаат како цимет.
Таа го погледна со своите крупни, чисти очи.
- Секогаш изгледате збунето.
- Само немам време да...
- Дали ги погледнавте издолжените паноа, како што ви реков?
- Мислам... да - тој мораше да се насмее.
- Вашата смеа звучи многу поубаво сега.
- Навистина?
- Многу поопуштена е.
Тој се чувствуваше лесно и удобно.
- Зошто не си на училиште? Те гледам секој ден како луташ наоколу.
- О, не им недостигам - рече таа. - Јас сум недруштвена, така велат. He се
вклопувам. Тоа е толку чудно. Јас сум навистина мошне друштвена. Сè зависи од тоа
што се подразбира под друштвена, нели? Да се биде друштвен за мене значи да се
разговара со вас за нештата како што се овие. Таа собра некои ореви што беа паднати
под дрвото во дворот.
- Или да се разговара за тоа колку светот е чуден. Убаво е да се биде со луѓе. Но не
мислам дека е друштвено да се собере група луѓе и тие да не ти зборуваат, што
мислите? Час на ТВ-лекција или час кошарка или бејзбол или трчање, уште ден час
по препис на историја или сликање, и повеќ е спортови; но знаете, ние никогаш не
поставуваме прашања, барем најголемиот дел од нас; тие само ни ги даваат
одговорите, бам, бам, бам, и еве не како седиме уште четири часа со наставен филм.
За мене тоа воопшто не е друштвено. Премногу инки и премногу вода што се излева
долу, од другата страна, и уште не убедуваат дека тоа е вино, a не е. До крајот на
денот толку не имаат исцрпено што не можеме ништо друго да сториме туку да
одиме во кревет или да одиме во Забавниот парк за да ги задеваме луѓето наоколу,
да кршиме стакла во павилјонот „Скрши стакло“ или со голема челична топка да
кршиме возила во павилјонот „Скрши кола“. Или да одиме и да се тркаме со возилата
по улиците, обидувајќ и се да видиме колку можеме да се доближиме до столбот,
играјќ и карамбол и кршење раткапни. Во ред, претпоставувам дека сум сето она што
велат дека сум. Немам пријатели. Тоа би требало да докаже дека сум абнормална. Но
сите што ги знам или викаат и играат наоколу како дивјаци или се тепаат еден со
друг. Имате ли забележано дека луѓето сега немаат сожалување еден за друг?
- Зборуваш како возрасна.
- Некојпат се чувствувам прастара. Се плашам од децата на моја возраст. Тие се
убиваат меѓу себе. Зар отсекогаш беше вака? Вујко ми вели дека не било. Минатата
година беа застрелани шест мои врсници. Десет загинаа во сообраќ ајќ и. Јас се
плашам од нив и тие не ме сакаат затоа што се плашам. Вујко ми вели дека дедо му се
сеќ авал на времето кога децата не се убивале меѓу себе. Но тоа беше пред многу
време, кога нештата беа поразлични.
Вујко ми вели, тие верувале во одговорност. Знаете, јас сум одговорна. Затоа што,
кога бев мала, ме тепаа кога ќ е заслужев. Јас самата купувам за дома и ја чистам
куќ ата.
- Но најмногу од сè - рече таа - јас сакам да ги гледам луѓето. Некојпат по цел
ден се возам во метро и ги гледам, и ги слушам. Само сакам да сфатам кои се тие луѓе,
што сакаат и каде одат. Некојпат дури одам во Забавен парк и се возам во млазните
возила додека тие се тркаат до крајот на градот по полноќ , а на полицијата не ѝ е
грижа сè додека возилата се осигурени. Сите се среќ ни сè додека секој има десет
илјади од осигурувањето. Некојпат се прикрадувам во метрото и прислушкувам. Или,
пак, слушам покрај автоматите за сода, и знаете ли што?
- Што?
- Луѓето не зборуваат.
- Ама тие секако зборуваат нешто!
- He, воопшто. Споменуваат многу возила или облека, или базени и велат колку
е тоа супер! Но сите кажува

You might also like