You are on page 1of 12

СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ – ПРИЛЕП

Струка: Лични услуги


Профил: Козметички техничар

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕМЕТОТ: КОЗМЕТОЛОГИЈА

ТЕМА: ПРЕПАРАТИ ЗА ДЕКОРАЦИЈА НА ОЧНИ КАПАЦИ, ТРЕПКИ И ВЕЃИ

Ментор: Изработил:
Проф. Даниела Зојческа Ајла Потурек
Прилеп, 2022
СОДРЖИНА:

ВОВЕД.................................................................................................................................................3
1. Препаратите за очни капаци...............................................................................................4
1.1 Сенки за очи.........................................................................................................................4
1.2 Ајлајнери (моливи и тушеви за очни капаци)................................................................5
2. Препарати за трепки.............................................................................................................5
2.1 Лажни трепки.......................................................................................................................8
3. Препарати за веѓи..................................................................................................................8
ЗАКЛУЧОК......................................................................................................................................11
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.......................................................................................................12

2
ВОВЕД

Оваа група препарати, заедно со црвилата за усни, спаѓа во најупотребуваната


декоративна козметика.
Карактеристично за сите е присуството на боја во основната маса. Основната
маса е смеса од масти, масла и восоци или прашкасти супстанции. Течните препарати
ретко се користат.
Како црна боја се користи дрвениот јаглен.
За зелена боја се користат оксидите на хромот, за сина боја - ултрамаринот,
за смеѓи и жолти бои се користи комбинација од оксиди на железо.
за светли бои се користат бели пигменти TiO2 и ZnO, за црвена боја - карминот. 
Овие препарати со заедничко име се нарекуваат make up, што значи нанесување.
Тие мора да поседуваат одредени технички одлики, кои може да се сумаризираат на
следниов начин:
 да бидат долготрајни
 дерматолошки безбедни
 реолошки одлики
 висока моќ на задржување
 ист интензитет на боја без никаква промена во нијансите

3
1. Препаратите за очни капаци

Целта на примената на препаратите за очни капаци е да ги истакнат истите и да ја


зголемат нивната убавина.
Дење се користат поретко, а ноќе почесто и треба да одговараат на бојата на
очите, косата и облеката. Бидејќи се нанесуваат близу очите треба да се максимално
чисти и нетоксични.
Се изработуваат во облик на масни суспензии или цврсти компактни облици.
Треба лесно да се нанесуваат, да бидат постојани и да не предизвикуваат сјајност.
Пример за сина боја е 20 дела ултрамарин и 5 дела TiO2. Некогаш се додава и метал
во прав, со кој се постигнува ефект на светкање.За таа цел се користи прав од Al или
Ag.

1.1 Сенки за очи се достапни на пазарот за да додадат димензија и длабочина на


очите, да ги направат очите поголеми и поатрактивни и да привлечат внимание кон
бојата на очите или кон нивниот изглед. Тие се наменети за примена на очните капаци
и под веѓите. Тие се формулирани во форма на крема/гел, стик/стапче и пудра.

Сл. 1 Различни нијанси на сенки за очи за акцентирање на очните капаци

4
1.2 Ајлајнери (моливи и тушеви за очни капаци)

Ајлајнерите се формулирани за да ги оцртаат контурите на очите преку исцртување на


прецизна линија во основата на долните и горните трепки. Ајлајнерите даваат илузија
на помали или поголеми очи и оддаваат контраст меѓу белката и ирисот. Ајлајнерите се
емулзии составени од гелови, емолиенти, пигменти, емулсификатори и вода. Се
додаваат и полимери за зголемување на вискозноста на течните моливи, за додавање на
текстура на формулацијата и за зголемување на прилепувањето на продуктот врз
очните капаци. Тие се достапни во различни форми како моливи, гел/крема, течни и сл.

Сл. 2 Видови на ајлајнери (моливи/тушеви за очи)

2. Препарати за трепки

Препаратите за трепки т.н. маскари им даваат потемна боја на истите, ги прават


подолги и ако правилно се употребуваат, го изразуваат окото.

5
Постојат два типа на маскара кои се достапни на пазарот: класична (cake
mascara) и течна маскара (liquid mascara). Тие се класифицирани како водонепропусна
и водоотпорна маскара. Водоотпорните видови на маскара спречуваат размачкување;
додека водонепропусните не дозволуваат продор на вода но се отпорни на
размачкување кога ќе се подложат на вода или солзи.

Сл. 3. Класична маскара Bésame од 1920

Класичната маскара беше првиот продукт за шминка на очи кој беше достапен
на пазарот во 1920-тите и се уште е присутна на пазарот. На допир е восочна и се
користи за примена на трепките преку навлажнување на четчето, кое со триење го
собира производот и го нанесува на трепките. Таа поседува блага осетливост на вода и
се размачкува од солзи или при триење на очи. Тоа е заради присуството на мешавина
од восок, сапун и пигмент кои се присутни во класичната маскара. Идеалната
формулација содржи ниска концентрација на сапун и повисока концентрација на восок
и други маслести материјали кои обезбедуваат водоотпорност на филмот од маскарата.

6
Водоотпорните течни маскари (креам маскари) се во форма на емулзии
благодарение на користење на полимери, смоли, пигменти и други компоненти. Тоа е
напреден тип на маскара кој веќе содржи вода.
Водонепропустливите течни маскари се безводни формулации кои се
приготвуваат со дисперзирање на восокот во безводен растворувач. Безводниот
растворувач го дава водонепропустливиот ефект и во исто време го забрзува сушењето
на формулацијата. Тој обезбедува долготраен филм на трепките што е отпорен на
размачкување и на вода. Главната мана на класичната маскара е што водоотпорната
особина го отежнува нејзиното отстранување од трепките па се потребни специјални
отстранувачи на шминката.
Препаратите за трепки треба лесно да се применуваат, да се трајни, брзо да се
сушат и да не ги слепуваат трепките. Мораат да бидат апсолутно нетоксични и да не го
иритираат окото. Се изработуваат од боја, масти и восоци, со примена на емулгатори
од типот М-В.
По конзистенција можат да бидат цврсти, креми и течни. Најупотребувана боја
е темно смеѓата и црната. Маскарите се нанесуваат на горните трепки со помош на
сува или влажна четка. Пред употреба треба да се протресат. 

Сл. 4 Модерна течна маскара од брендот Maybelline

За изработка на маскарите потребно е големо искуство. Прво се топат масните


компоненти, се мешаат, се додава бојата и потоа заедно се хомогенизираат.

7
Течните препарати порано се правеле од слузи, а денес од деривати на
целулозата. Недостаток е што се раствораат во вода, а потта и солзите ги измиваат.
Поради цврстиот филм делуваат иритирачки, па затоа се избегнуваат.

2.1 Лажни трепки

Екстензијата на трепките станува понов тренд низ светот за креирање на


одважен и добар изглед. Лажните трепки се користат за модифицирање на должината и
дебелината од природните трепки и за зголемување на убавината. Лажната трепка е
синтетичка и изгледа како вистинска трепка, и се применува влакно во влакно (или во
снопче) на трепките за поприроден изглед.

Сл. 5 Разни големини и дебелини на лажни трепки за засилување на убавината

3. Препарати за веѓи

Препаратите за веѓи служат да ги модифицираат истите. Веѓите се украс на


лицето. Тие по боја треба да се слични со бојата на косата. Изгледот и бојата на веѓите
влијаат врз изгледот на лицето. Веѓите можат потполно да го променат изгледот на
лицето и често влијаат на првиот впечаток кој го оставаме. Веѓите можат да направат

8
очите и носот да изгледаат поголеми, помали, потесни, пошироки, дури и лицето да ни
изгледа понежно, построго, среќно или тажно.
Препаратите за веѓи се состојат од боја дисперзирана во масна подлога, со
поголемо количество восок, поради конзистенцијата.
Се изработуваат во облик на црвилата за усни или како моливи т.н. креони.
Почесто се користат креоните, заради едноставната примена. Тие не смеат да бидат
премногу цврсти. Моливите за веѓи се користат за да ги акцентираат природните црти
и влакната на веѓите, да создадат пополни веѓи и да ги покријат деловите каде има
отсуство на влакна Нивниот состав (вода, емолиенти, гелови, пигменти и
емулсификатори) е идентичен со моливите за капаци но тие се потврди од моливите за
капаци.

Сл. 6 Mоливи за веѓи

Типичната формула за ајлајнер во вид на колаче/квадратест (количина во


процентуална тежина):
Каолин 5%
Цинк стеарат 12%
Исталожен калциум карбонат 7%
Пигменти 10%
Количина на талк доволна до 100%

Типичната формула за течниот вид на ајлајнер:

9
Пчелин восок - 25%
озокерит (земјен восок) 25%
Бутил стеарат 8%
Ланолин 2%
Рицинус 25%
Минералнa нафта 15%
Парфем по потреба
Антиоксиданси по потреба

10
ЗАКЛУЧОК

Квалитетот на продуктите за шминка на очи треба да ги поседува следниве квалитети:

 неиритантни, нетоксични и неалергени


 достапни во различни атрактивни нијанси
 да оддаваат хомогена боја по примената
 долготраен ефект
 одлика на добра покриеност
 водоотпорност
 брзо сушење по примената
 леснотија во примена и отстранување без повредување на кожа/очи
 цврсто припивање на трепките и капаците без ронливост и лепливост
 отсуство на згрутчување и ронливост кај маскарата
 добра лизгачка особина кај моливите и тушевите за очи (ајлајнери)

11
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
Атанасовски С., Козметологија, 2020, Скопје;
D-r. Parveen R., Cosmetics Eye MakeUp products, New Delhi 2017
Mohiuddin A.K., Cosmetics in use-A Pharmacological Review 2019

12

You might also like