You are on page 1of 2

III тромесечие описни

Општество

Ученикот ѕуее да го опише домот , ги идентификува просториите и објаснува за што


се користат. Ги знае и именува членовите на потесното и дел од поширокотo семејство. Ги
набројува обврските на членовите во семејството. Ја објаснува улогата на возрасните за
одржување хигиената во домот и фрлање отпад од домаќинството. Знае како се загадува и
како се чува природата

Македонски

Ученикот разликува ТВ и радио емисии. Препознава и прави разлика помеѓу


театарска и куклена претстава и знае да ги прераскаже и драматизира со изработка на
кукли. Прави разлика меѓу илустрација и текст. Идентификува ликови, време, место и
редослед на настани. Прераскажува кратки едноставни текстови, кратка приказна, според
слики. содржина од претставата, по сопствено искуство. Препознава и издвојува збoрови
кои се римуваат во стихотворба и открива порака во стихотворба. Ги пишува елементите
на буквите и пишува печатни букви, и ги усогласува по големина. Чита и пишува
едноставни зборови и куси реченици. Изговара зборови во сите три положби

Математика

Собира три едноцифрени броја при што збирот на два од нив е 10. Го разбира
собирањето како броење нанапред и комбинирање на две количини, го препознава
собирањето во конкретни ситуации. Избира и користи соодветни стратегии за собирање
парови броеви до 20 и ја објаснува постапката. Разбира дека промената на редоследот на
собироците не гоменува збирот. Ги користи знаците +,- и = во математички искази кои се
однесуваат на собирање или одземање. Ги разложува двоцифрените броеви до 30 на
десетки и единици и обратно. Препознава половина од парните броеви до 10. Удвојува кој
било едноцифрен број.

Природни науки

Идентификува и именува различни видови материјали од опкружувањето.


Класифицира материјали според одредено својство или според дадени својства. Набројува
различни материјали за одредена примена. Разликува начини на движење кај животните и
ги споредува со движењата на човекот. Прави разлика меѓу брзо, побрзо, најбрзо и бавно,
побавно и најбавно движење. Знае дека туркањето и влечењето настанува под дејство на
сили.
Ликовно

Црта предмети и објекти користејќи различни линии. Го има усовршено


печатењето и ги комбинира отпечатоците. Препознава и именува видови материјали за
моделирање и обликување, и прави објекти, фигури со пластелин и глина. Користи
основни и секундарни бои, и колаж како техника за изработка на честитки.

Музичко

Ги усогласува движењата со карактерот на музиката и се обидува креативно да


се изрази. Умее да го определи карактерот на музиката. Умее да пее со усогласено темпо,
динамика и ритам. Ги идентификува аудитивни контрасти, високо, ниско. Го следи видот
и карактерот на музиката со своите движења при марш, класична музика и народни ора.

You might also like