You are on page 1of 1

ОПШТИНСКО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ

„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ"-СВЕТИ НИКОЛЕ

ул.„Цветан Димов" бб Тел. 032/ 443-158

ИЗВЕШТАЈ
ЗА АКТИВНОСТИ НА БИБЛИОТЕКАРСКА СЕКЦИЈА

ИЗБОР НА„НАЈЧИТАТЕЛИ“

Училишната библиотеката при ООУ „Гоце Делчев“-Свети Николе,според


годишната програма за работа и стратегијата, реализира проект насловен како :
Избор на Најчитатели, кои библиотеката ја прават активна и блиска за сите
ученици а имаше за цел да ги мотивира учениците поредовно да ја посетуваат
библиотеката и да ги мотивира да читаат и да го развиваат натпреварувачкиот
дух.
Според евиденцијата од Одделот за издавање на книги,ученичките Јана
Дафкова и Анастасија Блажевска од тето-3 одделение се прогласени за
најчитатели за учебната 2020/2021 година.Своите мислења за значењето на
книгата да читаат ги истакнаа во прилозите кои следат а истите во согласност од
нивните родители беа објавени во брошури изработени од училишниот
библиотекар на официјалната facebook страна на училиштето поради ситуацијата
со пандемијата.

Библиотекар
Биљана Санева

Јуни,2021

You might also like