You are on page 1of 1

8 Март - меѓународен ден на

жените
Меѓународниот ден на жените, популарно наречен Осми март е празник на
економските, политичките и општествените достигнувања на жените.
Идејата да се одбележува овој празник се појавила во почетокот на 20 век
во време на индустријализацијата и економската експанзија која често
доведувала до протести поради лошите работни услови.

Денот на жените се одбележува во сеќавање на пожарот во една


текстилната фабрика во Њујорк во 1911 година. Тој ден загинале над 140
жени. Првите јавни демонстрации на жените вработени во индустрија за
облека и текстил се случиле на 8.03.1857 година во Њујорк. Текстилните
работнички протестирале поради лошите услови за работа и ниските плати.
Демонстрациите ги растерала полицијата, а два месеци подоцна тие исти
жени основале синдикат.

Протести на осми март се случувале и следните години, од кои најпознати


биле во 1908 година, кога 15.000 жени марширале низ Њујорк барајќи
работно време, подобри плати и право на глас. Првата меѓународна женска
конференција е одржана во Копенхаген во 1910 година во организација на
Социјалистичката Интернационала. Празникот е утврден на предлог на
славната германска политичарка и борец за човекови права Клара Цеткин.
Веќе идната година празникот го одбележале милиони луѓе во Австрија,
Данска, Германија и Швајцарија. Првиот ден на жената се славел на
28.02.1909 година во САД

Демонстрациите по повод Меѓународниот ден на жената во Русија биле прво


скалило на руската револуција. По Октомвриската револуција,
болшевичката феминистка Александра Колонтаи го убедила Ленин 8.03 да
стане државен празник.

Државите на Запад Денот на жените главно престанале да го одбележуваат


во 1930-тите години, во дел и поради тоа што го поврзувале со комунизмот.
Меѓутоа, феминистките повторно почнале да го слават во 60-тите години.
За Меѓународна година на жената прогласена е 1975. Тогаш Обединетите
нации почнале официјално да го одбележуваат Меѓународниот ден на
жената

You might also like