You are on page 1of 2

Респираторен систем

Носна празнина
Воздухот влегува во организмот низ носна ила усна празнина.
Но подобро е да се дише низ нос затоа што во носната празнина воздухот се:
- прочистува со помош на влакненцата.
- затоплува со помош на крвните капилари.
- навлажнува со помош на мукозната мембрана.
Носната празнина започнува со отвори кои се наречени ноздри. На средината на носната
празнина има носна преграда која ја дели празнината на две празнини во кои има
влакненца, крвни капилари.

Поправилно е да се дише низ нос, затоашто во носната празнина воздухот се прочистува,


навлажнува и затоплува.
Голтка- тоа е заеднички орган за дигестивен и респираторен систем. Голтката има капаче
кое кога јадеме го затвара дишникот за да не ни залетне храната во него.
Потоа следува грклан во кој има гласни жици кои воздухот ги растреперува и така се
создава глас.
Дишникот е цевка која се грани на две дишнички гранки кои навлегуваат во двете
белодробни крила.
Дишник, бронхии, бронхиоли, алвеоли
Во својот долен дел дишникот се грани на две дишнички гранки бронхии, кои навлегуваат
во белодробните крила.
Двете бронхии се разликуваат по тоа што десната бронија е значително поширока и се
разгранува на три гранки - бронхиоли. Левата бронхија е потесна и се дели на две гранки.
Овие бронхиоли се разгрануваат на помали гранки(бронхиоли) кои на крај завршуваат со
меурчиња наречени алвеоли. Сите овие структури наликуваат на дрво поради што се
наречени бронхијално дрво.
Бели дробови
Белите дробови се органи кои се сместени во градната празнина. Тие се изградени од
сунѓересто ткиво. Во нив навлегуваат десната и лева бронхија кои во нив се разгрануваат
на бронхијално дрво. Десното белодробно крило е нешто поголемо, а левото белодробно
крило е малку помало. Обвиени се со двојна обвивка наречена плевра. Помеѓу двете
обвивки има течност која ги подмачкува обвивките. Под белите дробови се наоѓа
дијафрагма- мускул кој има улога во процесот на дишење.

You might also like