You are on page 1of 1

Репродуктивен систем

Сите органски системи кои ги изучивме до сега се исти кај момчињата и девојчињата.
Единствено системот за размножување или репродуктивниот систем е различен кај
машките и женските.

Машкиот полов систем се состои од семеници или тестиси кои произведуваат


сперматозоиди (машки полови клетки за размножување). Од семениците излегуваат
канали- семеводи, кои ги носат сперматозоидите до простата, која создава течност, така
што се формира сперма. Од простатата спермата се исфрла во мочниот канал(uretra).
Мочниот канал кај момчињата има двојна улога. Тој е дел и од репродуктиниот систем, но
и од екскреторниот систем.

Женскиот полов систем започнува со јајници, во кои се создава јајцеклетка (женска


полова клетка за размножување). Од јајниците излегуваат јајцеводи. Јајцеводите се
вливаат во матка, која има крушковиден облик, така што тесниот дел е свртен надолу и тој
е наречен грло на матката. На неа се надоврзува родилниот канал и на крај завршува со
женскиот полов орган вагина.

You might also like