You are on page 1of 25

Градежен 

факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

EN1992-1-1 Проектирање на бетонски конструкции,


Гранични состојби на носивост на армиранобетонски
елементи за дејство на: Попречни сили и моменти на
торзија (Смолкнување)

доц. д-р Дарко Наков,


Универзитет „Св.Кирил и Методиј“,
Градежен Факултет-Скопје,
Р.Македонија

41

Содржина
1. Вовед
2. Пресметување на армиранобетонски елементи за дејство на
попречни сили
2.1 Општо
2.2 Армиранобетонски елементи без попречна арматура и без
пукнатини од свиткување
2.3 Армиранобетонски елементи без попречна арматура со пукнатини
од свиткување
2.4 Армиранобетонски елементи со попречна арматура
2.5 Постапка при пресметувањето според EN 1992-1-1:2004
2.5.1 Елементи кај кои не е потребна пресметковна попречна
арматура
2.5.1.1 Пример 1
2.5.2 Елементи кај кои е потребна пресметковна попречна арм.
2.5.2.1 Пример 2
3. Пресметување на армиранобетонски елементи за дејство на
моменти на торзија
3.1 Општо
3.2 Постапка при пресметувањето според EN 1992-1-1:2004

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 1
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

42

Содржина
3.2.1 Пример 3
4. Пресметување на елементи при истовремено дејство на моменти на
торзија и попречни сили
4.1 Пример 4
5. Споредба на резултатите од пресметувањето извршено според ЕС2 и
ПБАБ/87
6. Осигурување од коси главни напрегања – пример од реален објект

43

1. Вовед

- Во армиранобетонските греди, речиси редовно, покрај моменти


на свиткување истовремено дејствуваат и попречни
(трансверзални) сили.
- Затоа освен, нормални напрегања, кои предизвикуваат
вертикални пукнатини, се јавуваат и тангенцијални напрегања
кои заедно со нормалните напрегања резултираат со појава на
коси главни напрегања на притисок (кои најчесто не се проблем
за бетонот) и затегнување кои предизвикуваат коси пукнатини.

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 2
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

44

2. Пресметување на армиранобетонски
елементи за дејство на попречни сили
2.1 Општо
- Армиранобетонските греди се елементите кои се најчувствителни
на дејството на попречни сили.
- Кај столбовите може да се јави како значително дејство кај
кратките столбови, а кај плочи во случај на големи
концентрирани сили или кај безгредови плочи директно потпрени
на столбови (пробивање).

45

2. Пресметување на армиранобетонски
елементи за дејство на попречни сили
2.1 Општо

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 3
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

46

2. Пресметување на армиранобетонски
елементи за дејство на попречни сили
2.1 Општо
- Пукнатините се јавуваат нормално на правците на дејство на
косите главни напрегања, па затоа и е потребно поставување на
попречна или коса арматура.
- Идеално би било арматурата да се постави во истиот правец на
дејство со КГН, но од практични причини најчесто се користат
узенгии поставени под агол од 90О, или поретко косо свиткана
арматура под агол 45О (макс. 50%) или кај високи носачи под агол
од 60О.
- Нормалните напрегања на притисок влијаат на носивоста на
елементите на смолкнување и ги намалуваат косите главни
напрегања на затегнување (на пр. кај столбовите), додека
нормалните напрегања на затегнување ја намалуваат носивоста на
елементите на смолкнување кај гредите.

47

2. Пресметување на армиранобетонски
елементи за дејство на попречни сили
2.1 Општо
- Без оглед на тоа дали пресметковно е потребна попречна арматура
или не, кај гредите (и столбовите) секогаш се усвојува одреден
минимален процент на попречна арматура и од причина за
оформување на арматурен кош и задржување на предвидените
растојанија помеѓу арматурните прачки од главната арм.
- Лом на греда без узенгии (1 изразена пукн.)

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 4
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

48

2.2 Армиранобетонски елементи без


попречна арматура и без пукнатини од свитк.
- Разгледуваме проста греда, хомоген правоаголен пресек со рамн.
распр. товар со прикажани траектории на главните напрегања на
притисок (_ _ _) и на затегнување (___).
- Ако се занемарат верт. напрегања, главните напрегања долж
оската:   c2
 1, 2  c    c2
2 4
- Во неутралната оска  1,2   n n
Аголот под кој се протегаат во однос на под. оска: tg 21,2   1,2  45
o
-

49

2.3 Армиранобетонски елементи без


попречна арматура со пукнатини од свитк.
Со оглед на тоа дека во а.б. греди најчесто се јавуваат пукнатини од
свиткување во зоната на дејство на макс.попречни сили (нехомоген
материјал), бетонот од затегнатата зона се исклучува од работа па
имаме различни траектории и големини на главните напрегања.
На ниво на н.о. и под неа, главното напрегање на затегнување е еднакво
на тангенцијалното напрегање (напр. на смолкнување), а бидејќи јак. на
смолкнување е поголема од јак. на затегн. на бетонот, лом би настанал
заради напрегањата на затегнување.
V  Si
 c
b  Ji
Ji
z
Si
V
 n n
b z
Si  стат.мом. (н.о)
J i  мом.на ин. на
Низ пукн. се пренесуваат напр. на смолкнување ид. пр. во од. на н.о.

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 5
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

50

2.3 Армиранобетонски елементи без


попречна арматура со пукнатини од свитк.
Најреално механизмот на пренесување на смолкнувањето може да се
моделира како на сликата подолу, и тоа преку:
- Напрегања на смолкнување во притиснатиот дел од пресекот, Vc
- Пренос на силите преку триењето меѓу вклештените зрна од
агрегатот долж пукнатините, Vi
- Можданичкото дејство на затегнатата арматура, која се
спротивставува (заедно со заштитниот слој) на вертикалните
поместувања, Vd
Vc (25-40)%

Vi (40-60)%

Vd (15-20)%

51

2.4 Армиранобетонски елементи со попречна


арматура
Кога во а.б. елементи има попречна арматура (што е најчест случај),
кога ќе се појави коса пукнатина, освен претходно споменатите
компоненти Vc, Vi и Vd, силите на смолкнување се прифаќаат и со
попречната арматура (и евентуално коси арм. прачки).
Во фазата на лом, заради големата широчина на пукнатините, триењето
меѓу вклештените зрна од агрегатот е занемарливо, а исто и
можданичкото дејство на затегнатата арматура, па компонентите Vi и Vd
може да се занемарат. Така се доаѓа до моделот на решетка, во кој
горниот притиснат појас и притиснатите дијагонали се бетон, затегнатиот
долен појас е подолжната арматура, а затегнатите вертикали (или
дијагонали) се попречната арматура (или коси арм. прачки).

Θ-прит.диј.
α- зат.верт.

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 6
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

52

2.5 Постапка при пресметувањето според EN


1992-1-1:2004
Условот за носивост при дејство на попречните сили е даден со
неравенството:
VEd ≤ VRd , каде е:
VEd – пресметковна вредност на попречната сила во разледуваниот пресек
од надворешни товари
VRd – пресметковна вредност на носивоста на елементот

За пресметковната вредност на носивоста VRd се разликуваат три


вредности:
VRd,с – пресметковна вредност на носивоста на елементот без пресметковна
попречна арматура
VRd,s – пресметковна вредност на носивоста на елементот со пресметковна
попречна арматура
VRd,max – пресметковна вредност на носивоста на притиснатите бетонски
дијагонали (максимална сила што елементот може да ја прифати). - Се
проверува над лежиштето.
Во ЕС2 се дава можност за намалување на VEd поради директното
„слевање“ на дел од товарот во лежиштето. Меродавна би била силата
пресметана на растојание d од работ на лежиштето.

53

2.5.1 Елементи кај кои не е потребна


пресметковна попречна арматура
По повеќе од 20 години истражување, анализи и испитувања на различни
предлози во финалната верзија на ЕС2 за пресметковната вредност на
носивоста VRd,с на елемент без попречна арматура се предлага
емпирискиот израз:

VRd ,c  CRd ,c  k  100   l  fck   k1   cp  bw  d  Vmin  k1 cp  bw  d  во N 


1/ 3

 

Каде е:

CRd ,c  0.18 /  c  коефициент кој зависи од пресметковната ситуација и тоа:


при постојани и привремени ситуации за  c  1.5 CRd ,c  0.12
при инцидентни (случајни) ситуации за  c  1.2 CRd ,c  0.15

200
k 1  2 (d во mm )- коефициент на висината на пресекот
d

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 7
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

54

Asl
l   0.02 ( 2%)- коефициент на армирање со подолжна затегната арматура
bw d
Asl - површина на подолжната затегната арматура која продолжува
за   l bd  d  по разгледуваниот пресек А (сл.1)
bw - најмала ширина на попречниот пресек во затегнатата зона (во mm )
d - статичка висина на пресекот
l bd - должина на анкерување (во mm )

fck - карактеристична вредност на јакоста на притисок утврдена на цилиндар (во МРа )

k1  0.15
Ned
 cp = < 0.2fcd (во МРа )  нормално напрегање во пресекот
Ac
Ned  нормална сила во попречниот пресек (во N );(NEd  0 за притисок)

Ac  површина на бетонскиот попречен пресек (во mm 2 )

A - разгледуван пресек
Слика 1 Дефинирање на површината Asl

55

Во елементите со мала надолжна арматура (ρl→0) носивоста на


смолкнување не може да се опфати со предложениот израз, па тој
недостаток се отстранува со експериментално утврденото ограничување
(вториот дел од изразот за носивоста VRd,c) каде:

Vmin  0.035
0.35  k 3/ 2  fck 1/ 2
Напомена: Вредностите за CRd ,c ;Vmin и k1 се дефинираат со NAD.

Доколку не е исполнет условот VEd < VRd,с можно е да се превземат


следните мерки:
• Да се зголеми попречниот пресек
• Да се зголеми класата на бетонот
• Вградување на поголем пресек на подолжна арматура
• Прием на попречната сила со попречна арматура.

Доколку се потврди дека VEd < VRd,c во пресекот мора да се вгради


минимална попречна арматура во вид на вертикални узенгии. Истата се
дефинира со геометрискиот коефициент на армирање ρw.

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 8
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

56

Asw 0.08fck1/ 2
w   w ,min  Каде е:
bw S fyk

Asw  површина на попречната арматура (узенгии) во еден ред на растојание S,


(пресек на узенгијата помножен со бројот на пресеците)

S  Sl,max  0.75d  растојание меѓу узенгиите


(„пакетот“ А sw се повторува на растојание s)

Растојанието на вертикалните страници на узенгиите во попречен правец


треба да е помало од St,max=0.75d ≤ 600mm.
Напомена: Вредностите за w ,min ; Sl,max и St ,max се дефинираат со NAD.

Минималната арматура може да се изостави кај плочестите носачи и кај


гредите со мала важност (надвратници, надпрозорници и сл. со L<2m).

57

2.5.1.1 Пример 1
За носачот прикажан на сл.2 да се провери носивоста на попречни сили
при следните услови:
g=15kN/m’, q=10kN/m’, класа на бетон С30/37, арматура класа S500-B,
(5Ø16, Asl=10.05cm2)

Слика 2

0.40 0.40
l eff =l  a1 / 2  a2 / 2  6.50    6.90m
2 2
Wd  1.35  15  1.50  10  35.25 kN/ m'

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 9
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

58

1. Меродавна попречна сила на растојание d+a/2 од оската на столбот


l a 6.90
VEd  Wd eff  Wd (  d )  35.25  35.25( 0.20  0.66)
2 2 2
VEd  91.30kN
2. Носивост на елементот без попречна арматура

VRd ,c  CRd ,c  k  100   l  fck   k1   cp  bw  d  Vmin  k1 cp  bw  d


1/ 3

 
  200   10.05 
1/ 3
 400  660
VRd ,c   0.12   1    100  30   0   110.48kN
 660  40  66
     1000
400  660
VRd ,c  110.48kN  ( 0.035  k 3 / 2  fck1/ 2 )bw d  0.035  1.553/ 2  301/ 2   97.67kN
1000
VRd ,c  110.48kN  VEd  91.30kN
3. Минимална попречна арматура
Asw 0.08fck1/ 2 0.08 30
w   w ,min    0.088%
bw S fyk 500
Sl,max  0.75  66  49.5cm  усвоено S=25cm
Asw 1  0.5  0.00088  25  40  0.44 cm2   8 (0.5cm 2 )
двосечни узенгии
усвоено:  8 / 25cm

59

2.5.2 Елементи кај кои е потребна


пресметковна попречна арматура
Во подрачјата на елементите каде VEd > VRd,с треба да се предвиди
пресметковна попречна арматура. Таа може да биде во вид на узенгии и косо
свиткана арматура под агол од 45о. Косите прачки можат да се користат само
во комбинација со узенгиите кои мора да прифатат min 50% од VEd.
Пресметувањето на армиранобетонските елементи за дејство на попречни
сили во ЕС2 се врши според моделот на корегирана или подобрена решетка на
Ritter-Mӧrsch (сл.3).
A
B
Fcd V(cot  - cot

 ½z N M
d  z = 0.9d
V ½z V
Ftd
D s C

A - притиснат појас, B - притисната бетонска дијагонала, C - затегнат појас


(надолжна арматура), D - затегната дијагонала (попречна арматура, коси железа)

Слика 3

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 10
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

60

Максималната попречна сила VRd,max се одредува со изразот:

VRd ,max   cw  bw  z   1  fcd / (ctg   tg  ) каде:


bw – најмалата ширина на пресекот меѓу прит. и зат. дел
 cw - коефициент со кој се зема предвид состојбата на напрегања во притиснатиот
појас, за армиранобетонски елементи  cw  1
z  0.9d - крак на внатрешните сили
 1 - коефициент со кој се редуцира јакоста на притисок на бетонот поради
косите пукнатини, се пресметува со изразот:
 fck 
 1  0.6 1  , (fck во МРа) или
 250 
 1  0.6 за fck  60 МРа
fck
 1  0.9   0.5 за fck  60 МРа
200
fcd - пресметковна јакост на притисок на бетонот
- агол помеѓу притиснатите бетонски дијагонали и подолжната оска.

Во најстариот пресметковен модел на Morsch од пред еден век
се препорачуваше константна вредност на аголот =45о . Со ЕС2
се препорачуваат следниве вредности 1  ctg  2.5 ( 45o    21.8o )

61

Широкиот дијапазон на Θ дава можност за оптимално конструирање-


прераспределба на попречната и подолжната арматура. Границите не се
фиксни и задолжителни и треба да се регулираат со NА.
Најголема вредност за VRd,max, се добива за Θ=45о, односно кога
ctgΘ+tgΘ=2.
Доколку попречната сила VEd > VRd,max, треба да се променат димензиите
на пресекот или класата на бетонот или да се искомбинираат двете
мерки истовремено.
Носивоста на вертикалните узенгии VRd,s на растојание S се одредува од
изразот:

Asw
VRd ,s   z  fywd  ctg 
S
Каде е: fywd  пресметковна вредност на границата на развлекување
на попречната арматура

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 11
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

62

За елементи кај кои се користи попречна арматура под агол α≠90о(косо


свиткана арматура или наклонети узенгии!), максималната попречна сила
која може да ја прими пресекот VRd,max се одредува од изразот:
ctg   ctg
VRd ,max   cw  bw  z  1  fcd 
1  ctg 2 
Носивоста на косо свитканите прачки на растојание S се одредува по изразот:
Asw
VRd ,s   z  fywd (ctg   ctg ) sin 
S
Максималното подолжно растојание на косо свитканата арматура не може да
биде поголемо од Sbmax=0.6d(1+ctgΘ).
При дејството на попречната сила VEd се јавува дополнителна сила во
затегнатата подолжна арматура ΔFt,d=0.5VEd(ctgΘ-ctgα). Проблемот
наједноставно се решава по графички пат со хоризонтално поместување на
линијата на силите на затегнување Fsd=MEd/z за растојание al=z(ctgΘ-ctgα)/2
или со дополнителна арматура ΔАSl= ΔFt,d/fyd.
Напомена: Вредностите на ν1, αcw и Θ се дефинираат со NA.

63

2.5.2.1 Пример 2
За носачот прикажан на сл.2 да се провери носивоста на попречни сили
при следните услови:
g=70kN/m’, q=30kN/m’, класа на бетон С30/37, арматура класа S500-B,
подолжна арматура 7Ø25 со Asl=34.36cm2.

Слика 2

0.40 0.40
l eff =l  a1 / 2  a2 / 2  6.50    6.90m
2 2
Wd  1.35  70  1.50  30  139.50 kN/ m'

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 12
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

64

1. Меродавни попречни сили


Реакција VEd  139.50  6.90 / 2  481.28kN
Попречна сила на растојание d
0.40
V * Ed  481.28  w d  x  481.28  139.50(  0.66)
2
V Ed  361.31kN
*

2. Проверка дали е потребна попречна арматура


VRd ,c  CRd ,c  k  100   l  fck   k1   cp  bw  d  Vmin  k1 cp  bw  d
1/ 3

 
VRd ,c   0.12  1.55  100  0.0074  30   0.15  0   400  660  137982N  138kN
1/ 3

 
CRd ,c  0.18 /  c  0.18 / 1.5  0.12
200
k 1  1.55  2
660
A 19.64
1  sl   0.0074  0.02
bw  d 40  66
fck  30MPa
k1  0.15
bw  40cm
(над потпора продолжуваат 4 25 со А sl  19.64cm 2 )

65

најмала вредност за VRd ,c


VRd ,c  Vmin  k1 cp  bw  d  0.37  400  660  97680N  97.68kN
Vmin  0.035  k 3/ 2  fck1/ 2  0.035  1.553 / 2  301/ 2  0.37
меродавна вредност: VRd ,c  138kN  VEd  361.31kN
 потребна е попречна арматура.
3. Носивост на притиснатите дијагонали
VRd ,max   cw  bw  z  1  fcd / (ctg   tg  )
 cw  1
 fck   30 
 1  0.6 1    0.6 1  250   0.528
 250   
VRd ,max  1  40  0.9  66  0.5281  2 / (1  1)  1254.53 kN
VEd  481.28kN  VRd ,max  1254.53 kN
4. Потребна попречна арматура (вертикални узенгии) за усвоено Θ=45о, ctg Θ=1
Asw V * Ed 361.31
   0.1398cm 2 / cm '  13.98cm 2 / m
S z  fywd  ctg  0.9  66  43.5  1
За двосечни узенгии n=2
Asw ,1 Asw ,1 1 13.98
   6.99cm 2 / m
S S n 2

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 13
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

66

Максимално растојание меѓу узенгиите: Slmax =0.75d=0.75  66=49.5cm


Asw
Усвоени узенгии 10/10cm (  15.7cm 2 )
S
Минимална попречна арматура
0.08 fck 0.08 30 1.57  100
w ,min    100  0.088%   0.39%
fyk 500 10  40
Растојание од потпората на кое е потребна пресметковна попречна арматура е
прикажано на сл.4.

VEd ( x A )  VEd max  x A  w d  VRd ,c


Слика 4
VEd ,max  VRd ,c 481.28  138
xA    2.46m
wd 139.5

67

5. Дополнителна подолжна арматура


Ft ,d  0.5V * Ed (ctg   ctg  )  0.5  361.31(1  0)  180.66kN
Ft ,d 180.66
Asl    4.15cm 2
fyd 43.5
или
аl  z(ctg   ctg ) / 2  0.90  66(1  0) / 2  29.7cm
6. Ако наместо Θ=45о се усвои Θ=21.8о, ctgΘ=2.5, tgΘ=0.4 следува:
• Носивост на притиснатите дијагонали
1254.53
VRd ,max   2  865.19 kN  VEd  481.28kN
2. 9
• Потребен пресек на попречна арматура
ASw 361.31
  5.59cm 2 / m '
S 0.9  66  43.5  2.5
• Дополнителна затегната арматура
Ft ,d  180.66  2.5  451.64kN
451.64
Asl   10.38cm 2 или
43.5
аl  (0.9  66  2.5) / 2  74.25cm

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 14
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

68

7. Споредба на резултатите

Θ 45о 21.8о

ASw / S 13.98 cm2/m’ 5.59 cm2/m’


Asl 4.15 cm2 10.38 cm2
аl 29.70 cm 74.25 cm

VRd ,max 1254.53 kN 865.19 kN

69

3. Пресметување на армиранобетонски
елементи за дејство на моменти на торзија
3.1 Општо
Моментите на торзија кај линиските армиранобетонски елементи се
јавуваат во случаите кога товарот дејствува надвор од нивната системска
оска. Во продолжение се прикажани два типични примери на елементи
изложени на торзија (сл.5).

Слика 5
а) Армиранобетонска греда која не е во ниво на меѓукатната
конструкција, а во која е вклештен конзолен носач, надстрешница или
нешто слично.
б) Належна греда над среден столб на мост кога реакциите од соседните
полиња се различни.

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 15
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

70

- Рамнотежна и компатибилна торзија (може да се занемари)


‐ Носивоста на пресеците на торзија може да се пресмета со користење
на концептот на еквивалентен тенкоѕиден попречен пресек, во кој
рамнотежата е задоволена со затворен тек на смолкнувањето. Сложените
пресеци може да се разделат на повеќе поедноставни форми со
соодветни еквивалентни тенкоѕидни пресеци, а вкупната носивост на
торзија е збирот од носивоста на сите поедноставни форми.

А - средна линија
B - надворешна ивица на пресекот
C - заштитен слој

Слика 6

- Елементот како просторна решетка формирана од рамнински решетки

Притисок
Затегање

Слика 7

71

3.2 Постапка при пресметувањето според EN


1992-1-1:2004
За да се обезбеди носивоста од торзија треба да е исполнето неравенството:
TEd  TRd

односно:
TEd  TRd ,max
TEd  TRd ,s

tef,i =A/u – ефективна дебелина на ѕидот „i“ која не треба да биде помала од
двојното растојание меѓу надворешната ивица и тежиштето на подолжната
арматура. Горната граница за сандачестите пресеци е самата дебелина на ѕидот.
ТEd – пресметковен момент на торзија
Ак – површина која е опфатена со средната линија на ѕидовите (вклучувајќи ги
внатрешните отвори)
А – Вкупна површина на пресекот опфатен со надворешната линија на пресекот
u – надворешен обем на пресекот
zi – должина на ѕидот „i“ дефинирана со растојанието меѓу пресечните точки на
средните линии.

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 16
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

72

Максималната носивост на елементот товарен на торзија се определува


од носивоста на притиснатите бетонски дијагонали според изразот:
TRd ,max  2    cw  fcd  Ak  tef ,i  sin   cos 
Каде  ,  cw и  го имаат истото значење дадено претходно.

За Θ=45о бетонскиот пресек покажува максимална носивост. Тоа значи


дека ако TEd > TRd,max (45o), неопходно потребно е да се зголеми пресекот
или класата на бетонот. Спротивно, најмалата носивост се добива за
Θ=21.8о.
Ако и таа носивост TRd,max (21.8o) >TEd треба да се усвои Θ=21.8о или пак
можно е да се намалат димензиите на попречниот пресек односно
класата на бетонот.
Потребната површина на пресекот на вкупната подолжна арматура за
торзија ΣАsl може да се пресмета по изразот:
TEd  uk  ctg 
 ASl 
2  Ak  fyd
Каде uk е обем на површината Ак.

73

Површината на пресекот на попречната арматура за торзија Asw може да се


одреди по изразот:
TEd  s
ASw  tg 
2  Ak  fywd
Од изразите за ΣАsl и Asw може да се види дека со избор на аголот Θ може
да се регулира пресекот на узенгиите односно на подолжната арматура. Со
зголемување на аголот Θ се зголемува пресекот на узенгиите, а се
намалува подолжната арматура и обратно. Минималното количество
арматура се добива за Θ=45о.
Узенгиите за торзија треба да бидат затворени и преклопени по помалата
страна. Максималното растојание меѓу нив треба да биде:
s  u / 8; sl max ; bw 

Каде bw е помалата страна од пресекот.

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 17
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

74

3.2.1 Пример 3
Aрмиранобетонски носач со димензии 40/70cm (сл.9) е товарен со момент
на торзија ТEd=90kNm. Да се одредат подолжната и попречната арматура
при следните услови: класа на бетон С25/30, арматура класа S500-B.
fck 25
• Бетон: fcd   cc   1  16.67MPa  1.67 kN / cm 2
c 1. 5
fyk 500
• Арматура: fyd    435MPa  43.5kN / cm 2
s 1.15
1. Еквивалентен сандачест пресек
теж. до арм.
A  40  70  2800cm 2
u  2  ( 40  70)  220cm
tef  A / u  2800 / 220  12.73cm  2a  10cm
zh  40  12.73  27.27cm
zv  70  12.73  57.27cm
Ak  27.27  57.27  1561.75cm 2
uk  2  ( 27.27  57.27 )  169.08cm Слика 9

75

2. Носивост на притиснатите бетонски дијагонали (максимална носивост)


T  2    cw  fcd  Ak  tef ,i  sin   cos 
Rd ,max( 45 )

  0.6 1  fck / 250  0.6 1  25 / 250  0.54


 cw  1;   45o ; sin   cos   0.707
T  2  0.54  1.67  1561.75  12.73  0.707 2  102
Rd ,max( 45 )

T  179.23kNm
kN> TEd  90kN
kNm
Rd ,max( 45 )

3. Потребна подолжна арматура


TEd  uk  ctg  90  100  169.08  1
 ASl    11.27cm 2  1012 (11.30cm 2 )
2  Ak  fyd 2  1561.75  43.5
4. Потребна попречна арматура
ASw T  tg  90  100  1
 Ed   0.066cm 2 / cm  6.6cm 2 / m
s 2  Ak  fywd 2  1561.75  43.5
0.75d  0.75  66   49.5
sl,max  min  u / 8   min  220 / 8   min  27.5  27.5cm
 b   40   40 

За узенгии Ø10 Аsw1=0.79cm2 Asw 1 0.79


s   11.97cm  10 / 12cm
Asw / s 0.066

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 18
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

76

5. Минимална попречна арматура


Asw 1  100 79
w    0.16%
bw  s  sin  12  40
0.08fck1/ 2 0.08 25
w ,min    100  0.088%  w  0.16%
fywk 500

77

4. Пресметување на елементи при


истовремено дејство на моменти на торзија и
попречни сили
Максималната носивост на елементите товарени истовремено со
моменти на торзија и попречни сили се ограничува од капацитетот на
носивост на притиснатите бетонски дијагонали. За да не се пречекори
таа носивост треба да биде задоволен условот:
TEd V
 Ed  1.0
TRd ,max VRd ,max каде е:
ТEd, VEd – пресметковнa вредност на моментот на торзија односно на
попречната сила
ТRd,max – максимална носивост на торзија – носивост на притиснатите
бетонски дијагонали
VRd,max – максимална носивост на попречната арматура - носивост на
притиснатите бетонски дијагонали
Ефектите од моментите на торзија и попречните сили можат да се
сумираат. Одделно се одредува површината на узенгиите од торзија Т,
односно попречни сили V, а вкупната површина се одредува од
условот:
Asw ,tot Asw ,V Asw ,T
 2
S S S

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 19
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

78

4.1 Пример 4
За армиранобетонски носач со димензии 40/70cm (сл.9) потребно е да се
одредат подолжната и попречната арматура при комбинирано дејство на
ТЕd=80kNm и VEd=250kN. Материјали: класа на бетон С25/30, арматура класа
S500-B.
Се усвојува: Θ=45o, ctgΘ=1, sinΘ=cosΘ=0.707, α=90o, ctgα=0.

1. Максимална носивост на торзија


T  2    cw  fcd  Ak  tef ,i  sin   cos 
Rd ,max( 45 )

  0.6 1  fck / 250  0.6 1  25 / 250  0.54


T  2  0.54  1  1.67  1561.75  12.73  0.707 2  102
Rd ,max( 45 )

T  179.22kN
kNm
Rd ,max( 45 )

2. Максимална носивост на попречни сили


VRd ,max   cw  bw  z  1  fcd / (ctg   tg  )
VRd ,max  1  40  0.9  66  0.54  1.67 / (1  1)
VRd ,max  1071.33 kN
Слика 9

79

3. Проверка на носивоста на елементот


TEd VEd
  1.0
TRd ,max VRd ,max
80 250
  0.446  0.233  0.679  1.0 Носивоста е задоволена.
179.22 1071.33
4. Димензионирање
4.1 Потребна попречна арматура
4.1.1 Попречна арматура од моментот на торзија

ASw TEd 80  100


  tg    1  0.0588cm 2 / cm  5.88cm 2 / m
s 2  Ak  fywd 2  1561.75  43.5
4.1.2 Попречна арматура од попречна сила
ASw VEd 250
   0.0967cm 2 / cm  9.67cm 2 / m
s 2  fywd  ctg  0.9  66  43.5  1
4.1.3 Вкупна попречна арматура
ASw (T ) ASw 1(V ) 9.67
  5.88   10.71cm 2 / m
s s 2

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 20
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

80

За усвоени двосечни узенгии Ø12 (1.13cm2)


1.13
s  100  10.55cm
10.71

усвоени узенгии Ø12/10cm


Asw  100 226
w    0.56%
bw  s  sin  100  40  1
0.08fck1/ 2 0.08 25
w ,min    100  0.088%  w  0.56%
fywk 500
4.2 Потребна подолжна арматура
4.2.1Подолжна арматура од моментот на торзија
T  u  ctg  80  100  169.08  1
 ASl  Ed k   10.02cm 2
2  Ak  fyd 2  1561.75  43.5
4.2.2 Дополнителна подолжна арматура од попречната сила
0.5  VEd  (ctg   ctg ) 0.5  250  (1  0)
ASl    2.87cm 2
fyd 43.5
Или хоризонтално поместување на дијаграмот:
аl  z(ctg   ctg ) / 2  0.90  66(1  0) / 2  29.7cm

81

5. Споредба на резултатите од пресметувањето


извршено според ЕС2 и ПБАБ/87
Пример ЕС2 ПБАБ/87
V Ed,c≤V
VRd VRd
Rd u  r
1 min / Smax Ø6/25cm min / emax Ø6/30cm

о
Θ=45
2
Ø10/11.23cm 0.699cm /10cm Ø10/16.03cm 0.481cm2/10cm
Asl  4.15cm 2
Aa  2.86cm 2
2 о
Θ=21.8
Ø10/28.08cm 0.279cm2/10cm Ø10/40.70cm(<25cm) 0.192cm2/10cm
Asl  10.38cm 2 Aa  7.15cm 2

о
Θ=45
3 Ø10/11.97cm 0.792cm2/12cm Ø10/16.03cm 0.481cm2/10cm
Asl  11.27cm 2
 Aa  8.31cm 2

о
Θ=45
Ø12/10.55cm 1.07cm2/10cm Ø12/14.07cm 0.81cm2/10cm
4
Asl  2.87cm 2
Aa  2.50cm 2

 Asl  10.02cm 2
 Aa  7.39cm 2

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 21
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

6. Осигурување од коси главни напрегања-пример


• Пресметковна вредност на попречната сила во разледуваниот пресек од 
надворешни товари:
• Попречна сила на растојание d+a/2 од оската на столбот:

• Проверка дали е потребна попречна арматура:
е пресметковна вредност на носивоста на 

241.43
T2
(М3)

елементот без попречна арматура.

148.96
135.99
-119.56

-144.47
-178.07

-188.33
‐ за постојани и привремени ситуации

‐ (d во mm), коефициент на висина на 
пресекот

6. Осигурување од коси главни напрегања-пример


‐ коефициент на армирање со                   
подолжна затегната арматура

k1=0.15

‐(во MPa)‐нормално напрегање во пресекот 

Најмала вредност за

Меродавна вредност: 
потребна е попречна арматура.

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 22
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

6. Осигурување од коси главни напрегања-пример


Пресметковна вредност на носивоста на притиснатите бетонски дијагонали 
(максимална сила што елементот може да ја прифати)

‐ коефициент со кој се зема во предвид состојбата на напрегањата во 
притиснатиот појас.

0,528 – коефициент со кој се намалува 
јакоста на бетонот заради пукнатини од смолкнување
агол меѓу притиснатите бетонски дијагонали и подолжната оска (во ЕС2 
се препорачува 1 ≤ ctgθ ≤ 2,5, односно 21,8о ≤ θ ≤ 45о)
0,528 1044,3 kN

1044,3 kN

Доколку                             се менуваат димензиите на пресекот, класата на 
бетонот или двете мерки истовремено.

6. Осигурување од коси главни напрегања-пример


Потребна попречна арматура (вертикални узенгии)       на растојание      за 
усвоено

За двосечни узенгии (n=2):

(на растојание 0,85cm од оска)

Максимално растојание меѓу узенгиите:
Усвоени узенгии:

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 23
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

6. Осигурување од коси главни напрегања-пример


Контрола за минимална попречна арматура:

α‐ агол на узенгиите со подолжната оска (вертикални узенгии α=90о)

5.54
Aa,uz
4.29
4.08

Потребна попречна арматура во греда (Tower)

6. Осигурување од коси главни напрегања-пример


Растојанието од потпората на кое е потребна попречна арматура е прикажано 
на сликата подолу и истото изнесува 1.87m од оската на столбот, односно, во 
анализираниот пример е добиена вредност од точно L/4 од распонот на 
гредата.
Во средната половина од распонот усвоени се узенгии:

Дефинирање на растојанието на кое е потребна попречна арматура

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 24
Градежен факултет‐Скопје Катедра за  5/16/2019
бетонски и дрвени конструкции

6. Осигурување од коси главни напрегања-пример


Дијаметарот на виткање на прачките, со цел да се избегне оштетување на 
арматурата и пукнатини во бетонот, за прачки со ∅≤16 треба да биде поголем 
од 4∅, односно за ∅8, ∅m,min=32mm. 
Должината на правиот дел од куката треба да биде најмалку 5∅ или поголем 
од 50mm за куки свиткани под агол од 1350, односно најмалку 10∅ или 
поголем од 70mm за куки свиткани под агол од 900.  
Во конкретниот случај, севкупната должина на свитканиот и правиот дел би 
била ∅m,min/2+10∅=16+80=96mm. 
Усвоена е должина на кука од 100mm.

6. Осигурување од коси главни напрегања-пример


Дополнителна сила на затегнување во подолжна арматура од смолкнување

момент во разгледуваниот пресек (на 0,85m од оска)
максимален момент во гредата

Не е потребна дополнителна подолжна арматура.

Предавања по предметот Современи 
методи за пресм. на бет. к‐ции 25

You might also like