Untitled

You might also like

You are on page 1of 1

Досетливата врана

Еден топол ден, жедната врана летала над


полињата во потрага по вода.

Долго време не можела да најде ништо. Се


чувствувала многу слабо, изгубила речиси
секаква надеж.

Ненадејно ,видела бокал со вода под едно дрво. Полетала надолу за да


види дали има вода во бокалот . Да , имало малку
вода во бокалот!

Враната се обидела да ја протне главта во бокалот


за да се напие вода. За жал, увидела дека отворот на
бокалот е премногу тесен. Се обидела да го наведне
бокалот за да истекува водата, но бокалот бил
премногу тежок.

Враната се замислила малку. Се завртила околу себе


и видела помали и поголеми камења.

Одедаднаш добила одлична идеја. Ги земала


каменчињата едно по едно ги фрлала бо бокалот.

Како што се повеќ е и повеќ е камчиња го исполнуваа


бокалот, нивото на водата постојано растеше. Наскоро
тоа беше доволно високо за враната да се напие вода.
Нејзиниот план успеа !

You might also like