You are on page 1of 3

ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Предлагач: Тимчо Муцунски


Градоначалник на Општина Аеродром

Изготвувач: Сектор за финансиски прашања


Претставници: Гордана Клинчарова

ПРЕДЛОГ-ОДЛУКА
ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ
ПРЕКУ ИЗДАВАЊЕ ОБВРЗНИЦИ

Скопје, јануари 2023 година


ПРЕДЛОГ
Врз основа на член 36 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник
на Република Македонија“ бр.05/02), а во врска со член 3 и член 18 од
Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа (“Службен
весник на Република Македонија“ бр. 61/04, 96/04, 67/07, 156/09 и 47/11,
192/15, 209/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија“ број
244/19, 53/21, 77/21 и 173/22), Советот на Општина Аеродром на _____седница
одржана на ______ 2023 година, донесе

ОДЛУКА
за задолжување на Општина Аеродром преку издавање обврзници

Член 1
Со оваа одлука Општина Аеродром се задолжува заради обезбедување
средства за финансирање на капитални проекти и инвестиции од значење за
општината.

Член 2
Задолжувањето се врши во земјата, преку издавање обврзници во висина од
330.000.000 денари, по пат на јавна понуда, а во согласност со Законот за
финансирање на единиците на локалната самоуправа и Законот за хартии од
вредност.

Член 3
Средствата од член 2 на оваа одлука ќе бидат наменети за реализација на
следниве проекти:

1. Доградба на ООУ Блаже Конески


2. Надградба на ООУ Гоце Делчев
3. Изградба на ЈУДГ Буба Мара, клон Пчелка 1
4. Изградба на нова градинка
5. Кофинансирање на Градинка со Министерство за труд и социјална политика
6. Изградба на партерно уредување и осветлување на дворот на ООУ Димитар
Македонски
7. Хортикултурно и партено уредување на сквер позади ТЦ Капитол
8. Изградба на паркинг простор во ДУП за Градска Четврт И11, блок 6
9. Изградба на сервисни и станбени улици на територија на Општина Аеродром
10. Изградба на системи за водоснабдување на територија на Општина Аеродром
11. Изградба на фекална, атмосферска канализација и јавно осветлување на
територија на Општина Аеродром

Член 4
Сервисирањето на обврските настанати со задолжувањето ќе го врши Општина
Аеродром.

Член 5
Се задолжува Градоначалникот на Општина Аеродром да ги преземе потребните
активности за реализација на оваа одлука.

Член 6
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен гласник на
Општина Аеродром“.

Број _________ СОВЕТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ


_________2023 ПРЕТСЕДАТЕЛ
Скопје Дејан Митески
Образложение

1. Според член 36 од Законот за локалната самоуправа Советот на


општината донесува одлуки и други општи акти.

Задолжувањето преставува постапка за создавање финансиски обврски со


склучување договор за заем и/или издавање државни хартии од вредност (член 2,
став 1 точка 4 од Законот за јавен долг “Службен весник на Република Македонија” бр.
62/05, 88/08, 35/11, 139/14 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19
и 151/21). Задолжувањето со издавање на државни хартии од вредност се врши со
емисија на краткорочни и долгорочни хартии од вредност. Задолжувањето на
Општина Аеродром се врши според овој закон и Законот за финансирање на
единиците на локалната самоуправа.

Според член 18 од Законот за финансирање на единиците на локалната


самоуправа, општината може да се задолжува преку издавање на хартии од
вредност наменети за финансирање на капитални проекти и инвестиции (член 20
од законот). Задолжувањето се врши по претходна согласност на Владата на
Република Македонија утврдена врз основа на мислење на Министерството за
финансии.

Со донесувањето на оваа одлука, Општина Аеродром започнува со


активности за реализација на постапката за издавање на обврзници. Истата
претставува предуслов за понатамошното спроведување на постапката, по што
треба да следи Одлука на Советот на Општина Аеродром за издавање хартии од
вредност - обврзници, согласно Засконот за хартии од вредност.

2. Средствата од емисијата на обврзници, како вид на хартии од


вредност, ќе бидат наменети за финансирање на наведените проекти, за кои
дополнително ќе се употребат и средства од Основниот Буџет и кои ќе придонесат
за подобрување на условите за живот и намалување на метежот во Општина
Аеродром, како и зачувување на животната средина.

Имено, со изградбата на училиштата и градинките, ќе се овозможи


згрижување и едукација на сите дечиња на територијата на општината, без да се
создаваат списоци и листи на чекање.
Со изведбата на плоштадите, инфраструктурата, паркинзите и
канализацијата ќе се подигне стандардот на живот на нашите жители, ќе се
растерети сообраќајот и ќе се намали метежот кој сега се создава и се
окупираат зелени површини за движење и паркирање.

3. Врз основа на сето наведено, се предлага Советот да ја донесе


Одлуката за задолжување на Општина Аеродром преку издавање обврзници.

Градоначалник на Општина Аеродром

You might also like