You are on page 1of 2

Договор за деловна соработка

Склучен на ден ____.____._______ година помеѓу :


1. Друштво за производство, трговија и услуги ГМ МЕТЕО ДООЕЛ, со
седиште на ул. Лазар Колишевски бр 71, Пирава, Валандово, со ЕМБС
6637221, ЕДБ 4003010501346, застапувано од Управителот Глигор
Тодоров (во понатамошен текст извршител)
2. Општина Гевгелија со седиште на Ул. Димитар Влахов бр.4, 1480
Гевгелија, застапувана од Градоначалник на Општина Гевгелија Андон
Сарамандов (во понатамошен текст нарачател).

Член 1
Предмет на овој договор е регулирање на меѓусебните права, обврски и односи,
помеѓу ГМ МЕТЕО ДООЕЛ извршител и Општина Гевгелија нарачател склучени
за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022

Член 2
Извршителот ГМ МЕТЕО ДООЕЛ се обврзува за потребите на нарачателот
Општина Гевгелија да обезбеди непречена работа на Агрометеоролошка
станица Метеобот, порталот agrojug.mk, мобилна/таблет апликација, вклучувајќ и
собирање, архивирање и приказ на сите измерени податоци на временски
интервал од 10 минути, одржување на сервер на станицата, модел за прогноза на
болести на однапред дефинирани земјоделски култури, како и 24/7 365 дена
техничка подршка, одржување на СИМ картица за пренос на податоци и услуги од
операторот за агрометеоролошката станица Метеобот :
1. Станица Гевгелија со сериски број 19220061, поставена на локација
41.176077 22.510503 кај Риго Импекс, со модел за прогноза на болести за
винова лоза
2. Станица Негорци со сериски број 19220073, поставена на локација
41.180083 22.521413 кај лицето Игор Илков, со модел за прогноза на
болести за винова лоза
3. Станица Прдејци со сериски број 19220068, поставена на локација
41.204057 22.501187 кај лицето Крсте Тановски, со модел за прогноза на
болести за лубеница

Член 3
Во случај на прекин на правилното функционирање на Агрометеоролошката
станица Метеобот, порталот agrojug.mk, мобилната апликација како и
собирањето, архивирањето и приказ на сите агрометеоролошки станици, ГМ
МЕТЕО ДООЕЛ се обврзува дека во рок од 48 часа проблемот ќ е биде отстранет.
Доколку се работи за физичко оштетување на Агрометеоролошката станица кое
не е опфатено со двегодишната гаранција, најпрво општината ќ е биде известена и
во рок до 5 дена проблемот ќ е биде отстранен и станицата заедно со целокупниот
систем ќ е бидат пуштени во работа.

Член 4
Нарачателот Општина Гевгелија за услугите наведени во член 2 од овој Договор
се обврзува на Извршителот ГМ МЕТЕО ДООЕЛ да плаќ а паричен надомест во
висина од 1500 денари месечно за една станица, односно 18000 денари за
горенаведениот период. Уплатата на годишно ниво се врши на жиро сметка на ГМ
МЕТЕО ДООЕЛ на жиро сметка 250150102228840 Шпаркасе Банка. Уплаќ ањето се
врши првиот месец на тековната година (јануари), односно во рок од 15 дена по
добивањето на фактурата.

Член 5
Договорните страни на овој договор наведени во член 1 го склучуваат овој
договор во времетраење за период од 1 (една ) година.

Член 6
ГМ МЕТЕО ДООЕЛ (Извршител) се обврзува дека во времетраење на овој договор
нема да ја менува цената на услугата што е предмет на овој договор, освен ако
дојде до промена на месечниот износ од страна на мобилниот оператор (А1
оператот за трансферот на податоците преку м2м сим картици).

Член 7
Договорните страни се согласни дека сите недоразбирања и спорови кои може да
произлезат од овој договор првенствено ќ е се решаваат меѓусебно, а доколку не
се постигнат со почитување на правата и обврските на двете договорни страни со
овој договор, спорот ќ е се решава пред Основен суд Гевгелија.

Член 8
Овој Договор завршува по истекување на рокот за кој е склучен, односно период
од 1 (една) година. Истиот може да се продолжи по желба на договорните страни
со меѓусебна спогодба склучена со договор.

Доколку една од страните изрази желба за раскинување на договорот, должна е


да го извести другиот договорен орган во рок од 30 дена пред раскинување на
договорот, претходно подмирувајки ги своите права и обврски кои што се
наведени во овој договор.

Член 9
Договорот е составен од 2 (два) еднообразни примероци од кои по 1 (еден)
примерок за секоја страна од договорните страни.

ГМ МЕТЕО ДООЕЛ ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА


Управител Градоначалник
Глигор Тодоров Андон Сарамандов
_____________________ _____________________________

You might also like