You are on page 1of 2

Анализа на лик на прочитана творба

- наставен лист-

____________________________________ ______________________ _________________________________

Име и презиме одд датум

Приказна : Снежана и седумте џуџиња

Во едно далечно кралство во дворот на својот татко живеела девоја по име Снежана. За нејзина несреќа, немала мајка, туку маштеа која била
многу убава , но и многу суетна.
Најважно нешто за маштеата било да биде најубава во кралството. Маштеата имала волшебно огледало и постојано го прашувала кој е најубав
на светот. Но, еден ден огледалото одговорило дека најубава во кралството е Снежана.
Маштеата веднаш го викнала ловецот и му наредила да ја одведе Снежана длабоко во шумата и да ја убие. Ловецот тоа и го направил , но тој не можел да
ја убие и затоа ја пуштил во шумата , а на маштеата како доказ дека ја убил и однесол срце од прасе.
Снежана била многу убава , но и многу уморна од патот кој што го поминала низ шумата. Видела една мала куќа и влегла во неа , а внатре
живееле седум џуџиња. Тие сите ја прифатиле Снежана кога ја слушнале нејзината приказна и се грижеле за неа , но и таа за нив.
Кога кралицата видела дека ловецот не ја убил Снежана таа се претворила во старица ја нашла Снежана и и го понудила отровното јаболко и што
го гризнала јаболкото Снежана паднала мртва. Џуџињата ја нашле Снежана и и направиле стаклен ковчег и селеде покрај него и плачеле.
Случајно поминал еден принц кој бил засенет од убавината на принцезата и се наведнал да ја бакне.
Бакнежот бил лек против отровот од злобната кралица.

Разбирање Интерпретација - толкување Донесување заклучок


Кои
Разбирање
Да разбереш значи да ги усвоиш најосновните работи кои што се случуваат во тоа што го читаш. За да видиме кои се ликови и какви се тие си ги
поставуваме следните прашања:

 Кои се ликовите?
 Кој е протагонист?
 Кој е антагонист?

Интерпретација - толкување
За да протолкуваме еден лик треба да почнеме да гледаме односно да копаме малку подлабоко во деталите што ни се опишани отколку што направивме
во првиот дел на првата фаза на разбирање. Поставуваме прашања за нивните особини , нивното однесување , нивната перцепција (поглед на работите) и
цел Која им е целта за таквото однесување.
За особините на карактер си поставуваме прашања како :

 Што можеме да кажеме за личноста на овој лик?


 Како изгледа ликот и како се облекува?
 Од каде се ликовите?
 Каков е нивниот социјален статус и економска позадина?

За тоа како се однесувааат ликовите си поставуваме прашања како:

 Како реагира ликот на пречки?


 Како ликот се поврзува со другите ликови , како разговара и слично?
 Зошто ликот се однесува така како што се однесува?

За перцепција на лик си поставуваме вакви прањања:


- Како ликот се гледа самиот себе?
- Што кажуваат ликовите за самите себе?
- Што кажува авторот или пак нараторот за ликовите?
Донесување на заклучок

You might also like