You are on page 1of 3

Домашна работа

Четириаголници и периметар на четириаголници


1. Именувај ги следниве четириаголници и обележи го нивните темиња,
страни и агли.

_______________ ______________ ______________ __________

______________ _____________________ ______________

2. Пресметај го периметарот на правоаголникот со страни:


а) а=12 cm и b= 8 cm б) a=24 cm и b= 12 cm

3. Правоаголник со страна а= 15 cm има периметар 50 cm Пресметај ја


страната b на правоаголникот.

Страната b= _________
4. Овошна градина со форма на правоаголник со должина 40 m и
ширина 30 m е оградена со бодликава жица. Колку метри бодликава
жица е употребено за оградување на овошната градина?

Овошна
30 m
градина
40 m
Одговор: _____________________________________________________

5. Пресметај го периметарот на квадрат со страни:


а) а= 25 cm б) а= 28 cm в) а= 12 cm

6. Периметарот на еден квадрат е:


а) L= 84 cm б) L= 92 cm в) L= 52 cm

Пресметај ја страната на квадратот.

7. Ливада во форма на квадрат со страна 45 m е заградена со


бодликава жица. Колку метри бодликава жица е употребена за
оградувањето на ливадата?

45 m Ливада

Одговор: _____________________________________________________
8. Пресметај ја должината на страната на квадратот кој има периметар
еднаков на периметарот на правоаголникот со страни 10 cm и 8 cm.

Страната на квадратот е ____

9. Јован заобиколил зграда по патека во форма на квадрат со должина


на страната 55 метри. Илија, пак, заобиколил зграда по патека во
форма на правоаголник со должина а= 65 метри и ширина b= 45
метри. Кој поминал подолг пат?

Јован Илија

Одговор: _____________________________________________________

10. Колкава е должината на страната на парцелата во форма на квадрат


чиј периметар е 160 метри.

Страната е долга __________ m


11. Пресметај го периметарот на делтоидот со страни a= 12 cm и b= 6 cm.

Периметарот на делтоидот е _____ cm

You might also like