You are on page 1of 2

Една туристичка агенција организира наградна игра во која секој десетти клиент добива

капа, секој петнаесетти добива крпа и секој дваесет и петти клиент добива чадор за сонце.
Кој е по ред клиентот што ќе ги добие сите три производи? *
1 point

This is a required question


Еден правоаголник со три прави е поделен на 6 еднакви квадрати (квадратите имаат иста
страна). Колку изнесува периметарот на еден од квадратите, ако периметарот на
правоаголникот е 120? *
1 point

This is a required question


Изградени се седум осумкатници така што на секој кат има по девет станови. Од сите
станови двособни се 126, еднособни се 252 и сите останати се трособни. Колку трособни
станови има? *
1 point

Збирот од должините на сите рабови на една коцка изнесува 9612. Колку изнесува
периметарот на еден ѕид на коцката? *
1 point

Колку изнесува збирот на сите делители на бројот 770? *


1 point

Во една продавница 5kg круши чинат исто колку и 8kg јаболка. Колку денари вкупно
чинат 10 килограми круши и 10 килограми јаболка, ако е познато дека цената на килограм
круши е за 15 денари поголема од цената на килограм јаболка? *
1 point

Колку изнесува збирот на сите остатоци од делењето на броевите 5, 25, 125, 625 и 3125 со
бројот 11? *
1 point

Со помош на цифрите 1, 3, 6 и 9 составен е четирицифрен број, кој потоа е помножен со


бројот 3. Пресметај го збирот на цифрите на најголемиот производ добиен на овој начин. *
1 point

Збирот на три различни природни броеви е 13. Ако еден од тие броеви се зголеми два
пати, тогаш збирот ќе стане 23. Колку изнесува производот на броевите кои не се
промениле? *
1 point
Должината на страната на еден квадрат е пет пати поголема од должината на страната на
друг квадрат. Нивните периметри се разликуваат за 32. Колку изнесува производот од
должините на страните на двата квадрати? *
1 point

Периметарот на еден правоаголник е 92 cm, а неговите страни се разликуваат за 14 cm.


Колку квадратни сантиметри изнесува плоштината на правоаголникот? *
1 point

Колку изнесува збирот на сите двоцифрени броеви поголеми од 37? *


1 point

Спроведена е анкета во една слаткарница и утврдено е дека од 22 испитаници, 12 сакаат


сладолед со вкус на чоколадо, 5 сакаат само сладолед со вкус на јагода и 6 сакаат сладолед
со вкус на ванила. Ако 3 сакаат чоколада и ванила, тогаш колку од испитаниците не ги
сакаат овие три вкусови на сладолед? *
1 point

За поплочување на еден двор искористени се 500 плочки во облик на правоаголник со


страни 10cm и 16cm. Колку плочки се потребни за поплочување на истиот двор со плочки
во облик на квадрат со страна 8cm? *
1 point

На две различни паралелни прави има десет различни точки и тоа шест на едната и четири
на другата права. Колку вкупно триаголници може да се нацртаат со помош на тие точки?
*
1 point

You might also like