You are on page 1of 1

Правила на форматирање на научен труд и примери за цитирање

Научниот труд треба да биде напишан на македонски или на германски јазик, во MS


Word формат, фонт Times New Roman, 12 точки, растојание меѓу редови 1,5, вовлекување
на првата линија во пасусот - 0,5 цм (не со таб.), начин на цитирање Harvard.
Примери за цитирање:
Книга
Пример на цитирање во текст:
... како што вели Саид (Саид, 2003:123) кога зборува за Саси...
Пример за список на литература:
Саид, Е. 2003. Ориентализам, Скопје, Магор.
Зборник
Пример на цитирање во текст:
... антологијата (Müller, 2004) е издадена на три јазика...
Пример за список на литература:
Müller, M. (Hrsg.) 2004. Das epische Theater, Berlin: Rowohlt.
Списание
Пример на цитирање во текст:
Со преобјавениот текст (Тодоровски, 2010:10-13) списанието го одбележа
заминувањето на Гане Тодоровски.
Пример за список на литература:
Тодоровски, Г. 2010. Македонската наука за книжевност пред сопствени дилеми.
Спектар, 55.
Дневен весник
Пример на цитирање во текст:
... анкетата (Benhold, 2005:5) за европскиот идентитет открива дека....
Пример за список на литература:
Benhold, K. 2005. Quietly sprouting: A European identity. The New York Times, 26 April
2005.

You might also like