You are on page 1of 7

Грип

Дарија Переска
Грипот (или инфлуенца) — заразна болест предизвикана од
вирусите на рибонуклеинската киселина (од фамилијата на
вирусите на грипот) која најчесто ги напаѓа птиците и
цицачите. Најчести симптоми коишто се јавуваат при оваа
болест се треска, настинкa, воспалено грло, болки во
мускулите, неподносливи главоболки, кашлање,
изнемоштеност или омалаксаност и неудобност. Иако грипот
често се заменува со други болести кои се слични на грипот
особено со обичната настинка, тој е многу посериозна
болест и се предизвикува од друг тип на вирус.Особено кај
децата грипот може да предизвика гадење и повраќање, но
овие симптоми најчесто се јавуваат кај многу поразличниот
гастроентерит, кој понекогаш се нарекува и ‘’ стомачен
вирус ‘’ или ‘’ 24 часовен вирус ‘’ .

Грип
Обично, грипот се пренесува преку воздухот со
кашлање или кивање, создавајќи аеросоли коишто го
содржат вирусот. Исто така грипот може да се пренесе
и преку директен контакт со птичји измет или со
назалните секрети, или во контакт со загадени
површини. Се смета дека аеросолите во воздухот се
главните виновници за повеќето инфекции, а фактот
дека се главна причина за пренесувањето сè уште не е
докажан.Вирусите на грипот можат да се уништат преку
сончева светлина, со средства за дезинфекција и со
детергенти.Бидејќи сапунот го уништува вирусот,
ризикот од заболување се намалува со почесто миење
на рацете.

Пренесување на грип
Според класификацијата на вируси, вирусите на грипот
спаѓаат во групата на РНК вируси кои воедно се и трите од
можните пет видови во фамилијата вируси на грипот :

грип- вирус А
грип- вирус В
грип- вирус С
Овие вируси речиси и немаат никаква врска со човечките
вируси на парагрип и се рибонуклеински вируси што
припаѓаат на парамиксовирусната група . Најчесто кај
децата предизвикуваат воспаленија на респираторниот
тракт како што е воспаление на грлото, но и кај возрасните
можат да предизвикаат болест која е слична на грипот.

Типови на грип
Во оваа група има еден вид а тоа е грипот предизвикан од вирусот А. Дивите
водни птици се природни носители на различни видови на грипот А. Многу
ретко вирусите се пренесуваат на други видови и тогаш можат да предизвикаат
катастрофален размер кај домашната живина или пак да предизвикаат подем на
човечките пандемии од грип. Од трите типови на грип вирусите од типот А се
најопасни човечки патогени и предизвикуваат многу сериозни болести. Вирусот
А може да се подели на различни серотипови коишто се темелат на антителата
создадени од овие вируси. Ова се следниве серотипови коишто се појавиле кај
луѓето и се подредени по бројот на пандемични смртни случаи :
H1N1, кој во 1918 г. го предизвика шпанскиот грип и во 2009 г. свинскиот
грип ;
H2N2, кој во 1956 г. го предизвика азискиот грип ;
H3N2, кој во 1968 г. го предизвика грипот во Хонгконг ;
H5N1, кој во 2004 г. го предизвика птичјиот грип ;
H7N7, кој има чудно животинско потекло
H1N2, кој е ендемски кај луѓето, свињите и птиците
H9N2
H7N2
H7N3
H10N7

Грип-вирус А
Во оваа група постои еден вид на вирус, грип предизвикан од
вирусот В. Грипот В ги напаѓа речиси само луѓето и е помалку
застапен од грипот А .Фоките и ласиците се единствените животни
кои се подлежни на инфекција од грипот В.
Номенклатура на вирус кој предизвикува грип
Овој тип на грип мутира 2-3 пати побавно отколку А типот и според
тоа тој има помала генетичка разновидност, со само еден серотип
на грипот В . Како последица од недоволната антигена
разновидност, најчесто уште на рана возраст се стекнува имунитет
на грипот В. Сепак, грипот В мутира до таму што не е можен
долготраен имунитет. Ова ја намалува стапката на антигена
промена и заедно со својот мал и ограничен размер (спречувајќи ја
антигената промена кај видовите),грипот предизвикан од вирусот В
создава спречување на пандемиите од грипот В.

Грип-вирус Б
Во оваа група има еден вид на вирус,
грип предизвикан од вирусот С, кој ги
напаѓа луѓето, кучињата и свињите.
Понекогаш предизвикува сериозни
болести и локални епидемии. Меѓутоа
грипот којшто е предизвикан од вирусот
С е поредок отколку другите типови на
вируси и обично предизвикува лесни
настинки кај децата.

Грип-вирус В

You might also like