You are on page 1of 6

Историја на стакло

Переска Дарија
Првото стакло
Првото стакло го создала самата природа. Пред 450 000 000 години,
усвитените карпести материи од јадрото на Земјата се пробиле низ
земјината кора, во вид на растопена вулканска маса. Онаму каде
усвитената лава содржела силициум и нагло се ладела, се
формирало стакло тврдо како камен.
Таквото вулканско стакло се нарекува опсидијан.
Илјадници години стаклото било дар од природата, нешто што само
било убаво за гледање. Имало вредност како украсен материјал и за
правење скапоцени предмети. Стаклото станало корисно дури
откако некој се сетил дека е провидно, дека низ него може да се
гледа.
Никој не знае кога и каде за прв пат била откриена тајната на
правење стакло.
Изработка на стакло
Главните состојки од кои се изработува се:

 песок (силициум)
 поташа (калиумов карбонат, се добива од пепел и сол)
 Варовник

Смесата од истите се топи на висока температура и со повторното


ладење, атомите се распоредуваат неправилно. Така настанува
стаклото. Меѓу позначајните суровини од кои може да се направи
стакло се и содата, бораксот, борната киселина, магнезиум оксидот и
оловниот оксид. Со оглед на тоа што состојките ги има во изобилство
во многу краеви на светот, тајната за изработувањето на стакло
можела да биде откриена во многу земји.
Приказна за заслуга на
откритието на стаклото
 Според една приказна, заслугата за откритието на процесот на
правење стакло им припаѓа на старите Феничани. Приказната
вели дека посадата од некој нивен брод се истоварила на
утоката од некоја река во Сирија. Кога сакале да си зготват
јадење, не можеле да најдат никакви камења на кои би го
поставиле казанот. Тогаш некој се досетил дека би можеле да
земат парчиња шалитра (соединение на натриум) од бродскиот
товар. На огнот шалитрата се растопила, се помешала со
околниот песок и потекла во облик на течно стакло. Можеби
оваа приказна и не е вистинита, но Сирија секако била една од
првите земји каде се правело стаклото. А феничанските
трговци продавале стаклени производи по целото Средоземје.
Стаклото во Египет
 Египет исто така била земја каде стаклото се изработувало уште во
дамнешното минато. Стаклен накит и амајлии биле пронајдени во гробниците
кои датираат од пред 5000 години п.н.е., но таквите стаклени предмети
најверојатно биле по потекло од Сирија. Познато е дека околу 1500 година
п.н.е., Египјаните веќе сами правеле стакло. Тие мешале издробен кварцен
чакал со песок, како би ја промениле бојата на стаклото. Освен тоа, научиле и
дека со додавања на кобалт, бакар или манган во таа мешавина, може да се
добие јасно сино, зелено или пурпурно стакло. Со обоеното стакло
обложувале камени и грнчарски предмети, а понекогаш правеле и стаклени
монистри за ѓердани. Стаклените шишенца за парфимирани масла се
употребувале во Египет пред повеќе од 3500 години. Имено, после 1200
година п.н.е., Египјаните научиле и да го излеваат стаклото во калапи. Но,
дувалката за дување стакла почнала да се употребува дури пред самиот
почеток на новата ера. Истата се смета за изум на Феничаните, а овозможува
од стаклото да се направат предмети со најразлични облици и големини.
Стаклото денес
 Денес, се разбира постојат многу нови начини за изработка на
уште пософистицирано стакло. Но, ова е основниот процес.
Суровините од кои се прави стаклото се носат во фабриките и
се ставаат во огромни казани. Потоа истите внимателно се
марат и мешаат во смеса налик на тестото. Во таквата смеса се
додава оладено стакло со ист состав, за да би се забрзал
процесот на топење. Откако ќе се стави во печка, смесата се
пече с# додека не се добие стакло во течен облик, кое пак со
повторното ладење ја добива својата конечна форма. Но,
додека да ја добие конечната форма, поминува низ низа
процеси, зависно од тоа каква врста на стакло би сакале да
добиеме. Дување, пресување, валање, лиење и извлекување се
дел од таквите процеси.

You might also like