You are on page 1of 6

ПУНСКИ ВОЈНИ

Дарија Переска
ПУНСКИ ВОЈНИ
Пунските војни биле војни помеѓу Римската Република и Картагина водени помеѓу 264. и 146.г.п.н.е.Тие се познати
како Пунски војни според латинското име (punici, poenici) за предците на картагинците - феникијците.

Главната причина за војните бил судирот на интересите помеѓу Картагинското царство и Римската Република која била
во подем. На почетокот на првата војна, градот-држава Картагина била доминантна сила во западното Средоземје со
големо поморско царство кое се протегало по брегот на Пиринејскиот Полуостров, островите во Средоземното Море и
во северна Африка од Египет до Атлантскиот Океан. Во меѓувреме, Рим завладеал со целиот Апенински Полуостров и
тежнеел да се прошири понатаму.

Со крајот на третата војна, по повеќе од 100 години војување и смртта на стотици илјади војници на обете страни, Рим
го освоил Картагинското царство и го уништил градот до темел. Во истиот период, Рим водел војни напоредно и со
Илирија, Македонија и Сирија, кои исто така завршиле со победа. Со тоа Рим станал доминантна сила во тогашниот
познат свет.
ПРВА ПУНСКА ВОЈНА
Првата пунска војна (264.-241.г.п.н.е.) започнала како локален конфликт на
Сицилија, во кој се замешале и Картагина и Рим. Војната ги чинела скапо обете
страни, но по 20 години Рим излегол победник, конечно освојувајќи ја Сицилија и
приморувајќи ја победената Картагина да плаќа огромни отштети. Штетите од
војната ја дестабилизирале Картагина до таа мерка, што Рим ги присвоил и
Сардинија и Корзика неколку години подоцна.

Во 241.г.п.н.е. Картагина била принудена да му ја отстапи Сицилија на Рим.


Покрај тоа, Картагина била принудена да плаќа и огромни репарации.
ВТОРА ПУНСКА ВОЈНА
Во 219. Ханибал Барцид го нападнал Сагунтум во Хиспанија, град сојузник на Рим, што било повод за Втората пунска
војна (218.-201.г.п.н.е).

На почетокот, војната се одвивала на три места: во Италија, кајшто Ханибал навлегол од север преку Алпите и
неколкупати ги победил Римските легии, во Хиспанија кајшто брат му на Ханибал, Хасдрубал Барцид, ги бранел
Картагинските колонијални градови со променлив успех, сè додека конечно не се повлекол кон Италија, и на Сицилија,
кајшто Римјаните оствариле воена превласт.

Во Хиспанија, еден млад Римски командант, Публиј Корнелиј Скипион успеал да ги победи Картагинските сили
предводени од Хасдрубал. После зацврстувањето на позициите во Хиспанија, Скипион се заканувал да ја нападне и
самата Картагина, и Ханибал бил принуден да се повлече во Африка. Во Битката кај Зама во 202. Римјаните конечно го
победиле Ханибал, и Картагина била принудена да склучи мир под понижувачки услови: откажување од странските
колонии, плаќање на големи отштети и забрана за создавање на сопствена војска и морнарица.
ТРЕТА ПУНСКА ВОЈНА
Третата пунска војна (149.-146.г.п.н.е.) значела долга опсада на Картагина, која завршила
со целосно уништување на градот. Причина за избивањето на војната биле растечкото
нерасположение кон Рим во Шпанија и Грција, како и подемот во поморската моќ и во
богатството што го имала Картагина во 50-те години по Втората пунска војна.

Во 149., Римјаните го опсадиле градот. Картагинците, кои немале своја војска, се
обидувале да се одбранат на најневозможни начини: дури ги правеле јажињата за
катапултите од косите на жените. Но, воената надмоќ на Римјаните конечно дошла до израз
и тие ја пробиле одбраната на градот во 146.г.п.н.е. Тие го уништиле градот, систематски го
запалиле и разурнале, и целокупното население го одвеле во ропство.

You might also like