You are on page 1of 7

Dynamic Host

Configuration Protocol
Што претставува DHCP?
 DHCP е протокол кој им овозможува/доделува одредена IP адреса на уредите кои се
поврзано во компјутерската мрежа за да можат да пристапат до интернетот,а и да
комуницираат едни меѓу други.Освен IP адресата,тој исто така доделува и маска за
подмрежа(subnet mask), gateway адреса, доменска адреса (DNS) и сите останати
релевантни параметри за конфигурација

 Основната причина зошто е потребен DHCP е да се поедностави управувањето со IP


адресите во една мрежа. Два исти уреди не може да имаат иста IP адреса, а доколку се
конфигурираат рачно може да доведе до грешки. Дури и на некои помали мрежи рачното
доделување на IP адреси може да биде збунувачки, особено доколку станува збор за
мобилни уреди за кои се потребни IP адреси кои не треба да бидат постојани. Исто така,
повеќето корисници не се доволно технички способни да ги лоцираат информациите за
IP адресата на компјутер и истите да ги доделат. Автоматизацијата на овој процес го
олеснува животот на корисниците,а воедно и на мрежниот администратор.
Зошто се користи DHCP

 Секој уред чија мрежа е базирана на TCP / IP мора да има единствена IP


адреса за пристап до мрежата и нејзините ресурси. Без DHCP, IP-
адресите за компјутерите што се преместуваат од една во друга
подмрежа би морале да се конфигурираат рачно и адресите кои би биле
отстранети од мрежата би морале рачно да се повратат.

 Со DHCP, целиот овој процес е автоматизиран и управуван централно.


DHCP серверот одржува т.н базен на IP адреси и изнајмува адреса на кој
било DHCP клиент кога ќе се приклучи на мрежата. Бидејќи IP-адресите
се динамични (изнајмени) отколку статични (рачно доделени), адресите
што повеќе не се користат автоматски се враќаат во базенот за нивна
пренамена
 Мрежните администратори воспоставуваат DHCP сервери кои содржат информации за
конфигурација на TCP / IP и обезбедуваат конфигурација на DHCP клиентите во форма на
закуп(lease). DHCP серверот ги зачувува информациите за конфигурацијата во базата на
податоци која вклучува:
• Валидни параметри за конфигурација на TCP / IP за сите клиенти на мрежата.
• Валидни IP адреси, одржувани во базен за доделување на клиенти.
• Резервирани IP адреси поврзани со одредени DHCP клиенти. Ова овозможува конзистентно
доделување на единствена IP адреса на еден DHCP клиент.
• Времетраење на закупот, или должината на времето за кое може да се користи IP адресата пред да
се побара обновување на закупот.
 DHCP клиентот, по прифаќање на понуда за закуп, добива:
• Валидна IP адреса за подмрежата со која се поврзува.
• Побарани опции за DHCP, кои се дополнителни параметри што DHCP серверот е конфигуриран да им
ги доделува на клиентите, како што се default gateway, DNS сервер и домен (Domain Name System).
Компоненти на DHCP
 Кога работите со DHCP, важно е да ги разберете сите негови компоненти:

1.DHCP сервер
Мрежен уред што ја извршува DCHP услугата која содржи IP адреси и поврзани
информации за конфигурацијата. Ова е најчесто сервер или рутер, но може да биде
нешто што работи како хост, како што е апаратот SD-WAN.

2.DHCP клиент
Крајната точка што прима информации за конфигурација од DHCP сервер. Ова може да
биде компјутер, мобилен уред, IoT крајна точка или што било друго што бара поврзување
со мрежата. Повеќето се конфигурирани да добиваат DHCP информации по default.

3.Базен на IP адреси
Опсег на адреси што им се достапни на DHCP клиентите. Адресите обично се делат
секвенцијално од најниско кон највисоко.
4.Подмрежа(subnet)
IP мрежите може да се поделат во сегменти познати како подмрежи. Подмрежите
помагаат мрежите да бидат одржливи и подобро менаџирани.

5.Време за чување на IP адреса (Lease Time Management)


Должината на времето за кое клиентот DHCP ги чува информациите за IP
адресата. Кога ќе истече времето, клиентот мора да го обнови.

6.DHCP реле
Рутер или хост што ги прима пораките на клиентите кои се емитуваат на таа мрежа
и потоа ги препраќа до конфигуриран сервер. Серверот потоа ги испраќа
одговорите назад преку релето коевги пренесува на клиентот. Ова може да се
користи за централизирање на DHCP серверите наместо да има сервер на секоја
подмрежа.
Предности на DHCP
 DHCP ги обезбедува следниве придобивки.

 Сигурна конфигурација на IP адреса. DHCP ги минимизира грешките во конфигурацијата предизвикани


од раката на човекот во однос на IP адресите, како што се типографски грешки или т.н конфликти на
адреси предизвикани од доделување не една иста IP адреса на повеќе компјутери во исто време.

 Намалена администрација на мрежата. DHCP ги вклучува следниве карактеристики за да се намали


мрежната администрација:
• Централизирана и автоматизирана TCP / IP конфигурација
• Можноста да се изврши TCP / IP конфигурација од централна локација.
• Способност да се додели целосен опсег на дополнителни вредности за конфигурација на TCP / IP со помош
на DHCP опциите.
• Ефикасното ракување со промените на IP адресата за клиентите кои мора да се ажурираат често, како што
се оние за преносни уреди што се движат на различни локации.
• Проследување на првичните DHCP пораки со користење на DHCP реле(DHCP relay), што ја елиминира
потребата за DHCP сервер на секоја подмрежа.

You might also like