You are on page 1of 7

Изолација

 Што е топлотна (термичка) изолација? Изолација е дефинирана како материјал


или комбинација на материјали кои ја намалуваат загубата на топлина. Механичка
термичка изолација има во станбени згради, училишта, шопинг центри, хотели и
др. Механичка изолација ја подобрува енергетската ефикасност на
топлификациони и ладилни системи, односно системи за топла и ладна вода.
Изолациите имаат различни својства и ограничувања во зависност од употребата,
локацијата, објектот и др. Изолациите се користат за постигнување на повеќе од
една од следниве функци
 - помала загуба на топлина
 - заштита на околината преку радијација на СО2 –
 заштита од кондензација на површини
 - намалување на бучава на механичките системи
 - заштита од пожари
 - звучна изолација Постојат разни изолациони материјали
Најчесто се користат влакнести изолации,
целулозна изолација, зрнеста изолација...
Тие може да бидат во разни форми: плочка,
блок, табла, цевки, пена, спреј и друга
форма.
 Сите видови на објекти, без разлика дали се работи за приватен станбен објект,
приватна куќа или индустриски објект заслужуваат одреден степен на приватност
меѓу просториите. Мирот и тишината се неопходна потребаВревата во станот е една
од најголемите непријатности и вознемирување. Многу често не по наша волја, сме
сведоци на настаните во соседните живеалишта, без оглед на тоа дали е тоа детската
игра или гласна музика. Потребно е само неколку потези да се направат за да се
заштитиме и да го добиеме потребниот мир.
 Пред почетокот на изолација треба да се изврши прецизно мерење на звучните
патеки, во спротивно резултатот ќе биде разочарувачки. Кај оптималната изолација
може да се постигне подобрувања до 15 децибели, што одговара на намалување на
бучавата и до 75%.
 Во принцип, постојат два вида на пренос или ширење на звук – по ѕидови, односно
низ конструкцијата и низ подни плочи. Првиот тип е ширење на звукот низ воздухот.
Во овој тип на аудио пренос, звучните бранови удираат по ѕидовите и низ нив се
шират во соседните простории. Таквите тонови во домот создаваат луѓето со својот
говор, одење, проточна вода, електронски уреди, апарати за домаќинство и други
апарати, како што се, на пример, машини за перење или опрема за греење. Секако,
на овој начин се пренесува и бучава од непосредната околина на куќата.
 Друг тип на звук што се пренесува е ударниот. Тоа е ехото кое не се шири низ
воздухот, туку низ градежната конструкција, што значи дека неговиот извор мора да
биде во директен контакт со градежната конструкција. Ударното ехо е често
повознемирувачки и поинтензивно од звукот што патува низ воздухот, а исто така
многу тешко се ублажува. Таквите звуци се произведуваат со трчање и одење, кога
некој предмет паѓа на подот или кога се поместува мебелот; ваквото ехо е
карактеристично и за инсталации во ѕидови кои генерално вибрираат додека работат
и на тој начин создаваат бучава.

You might also like