You are on page 1of 7

Константи и променливи

Константи и променливи

Константите и променливите се елементи на


програмските јазици.
Употребата на константите и променливите при
креирање програма бараат почитување на
правила за нивна правилна примена.
Ајде да се запознаеме со нив!
Константи
Константите претставуваат податоци чија вредност за
време на извршувањето на програмата не се менува.
Константата во C++ програмскиот јазик се креира на два
начина. Едниот начин е со користење на #define
наредбата, а вториот начин е со додавање на зборот
const пред типот и името на константата.
Пример:
#define pi 3.14 – се дефинира пред да се најави главната
функција main().
const int n=5; - се дефинира во главната функција main().
Променливи
• Секоја променлива која ќе се користи во
програмата мора да се најави, односно да
се декларира, т.е. да се дефинира нејзиниот
тип.
Додавање вредност на променлива

Покрај типот и името, на променливата може


да и се додели вредност со помош на
операторот „=“, како што е прикажано во
следните примери:
c=8, a=10, a=b*3, x=x+6, x=d=f=2 и сл.
Оваа постапка се вика иницијализација или
додавање почетна вредност.

You might also like