УБАВИНАТА

6

в чудно компонирање. 7 . Л. И ме фрла co дланката лесна в чудна игра. само твојот блесок нека вивне. ненаситна. потонувам до дно вo модрината. и кликнувам пак на убавината: Прострелај ме со своите лачи! Прострелај ме. осамена. па се' нека стивне без расудок. Па со поглед што блика и зрачи. похотна.УБАВИНАТА На. Me грабнува вo прегратка пламена неизбежно и сo cилa судна. изгаснувам во грч и умирање и се враќам в живот како песна. и блесокот на тоа лудување. без празно умување. Личеноски Me прогони како жена блудна.

тишината сама ќе го рече. нешто што те притиска и пече.ВО ТИШИНА Ако носиш нешто неизречено. 8 . закопај го во длабока тишина .

Преминот е тихо. Дај природо. Безобзирно. 9 . Игро мудра. Се што гасне се в зеница сјае. светло насмевнување. само таква биди. Денес што е за подбив и смешка Co утрешна смисла в миг го озаконува. разгрни се сета богато надарена.ПРОМЕНАТА Она личи на измама тешка. мојот живот да е далеку од секо штуро примирување. дрско во крвта заронува. и секогаш во животот иди од несекидневноста чиста и озарена.

од таа убавина. ax таа убавина.AХ TAA УБАВИНА Ax таа убавина. па крвта е моја светло разденување од таа разгаленост. Кине. носи како лавина. не треба смирување. сето поле пукнало од здравина. 10 . Не. граба. вечна е притаеност и вечно откривање. тоа диво во крвта завивање. сече. не треба починка.

ај. Погледот ќе блесне жив. во тоа шумолење. загледај се.КОГА ТИ Е НАЈТЕШК0 Кага ти е најтешко. нурни се во водите сини. кага ти се чини дека гласот ти е крик. 11 . Ќе сетиш o длабдк здив сила и смирување.молење. во таа свежина. a погледот . жив од подмладување.

една мисла бавно над ведрината потајно се спушта и загрижува. 12 . A кога во нокта како пред огледало минотото се слее вo иднината беспоштедно ме прогонат во мракот двете будни очи нa вистината. Ho утредента пак станувам пробуден од сонцето што далгите на сонот ги подмладува. па не знам дали од љубов или од омраза сo таа младост за се ме наградува. Како успокојува таа млодост непрестајно раѓана и каква надеж обогатува! Ho минат бргу миговите на утрината и еве: вeкe и пладне наближува.МЛАДОСТ Секоја утрина се будам млад како сонцето што далгите но сонот ги позлатуво.

13 .ГО БАРАМ СВОЈОТ ГЛАС Го барам својот глас во молкот див на морето. оно се скаменува. Моите раце не се мои раце (моите раце сo прсти но месечина). Мојот збор е тврда вилица на времето што р'ти пo нивјето сo заби на семето. очи за далечина). Во жолтата пустина на есента го барам. Моите очи не се мои очи (моите очи. она зазеленува.

крај сите живи. не слетувај на моите очи. осудена на судир со непознатото. Зарони во сите длабочини. јас очи веке немам. Јас сум лотка. Ha тие брегови откинати ниеден пристан нема. врати се пак ва јатото. непознати. загинати. и чуј додека твоето крило над нив морно се вие како немирно во нив моето срце бие! He слетувај галебе мој. и сите ледени врвои и сите ливади зелени.КОН ГАЛЕБОТ ШТО КРУЖИ НАД МОЈАТА ГЛАВА Галебе мој. надлетај над сите височини и дај виделина да земам! Галебе мој. 14 . cитe разделени. срцето не е мое: мини низ сите предели неминати. Загледај во сите осамени. He слетувај на моето срце! Галебе мој.

. Сена плиска под лотките леки.. да си тaка сам и самота така да те кине. би сакал до знaм.NOTRE DAME Богохулно. a животот други далги влече. грешно и без срам сека вечер мислам покрај Сенa: што би сторил да e Notre Dame чудом млада и убaва жена? Да си в Париз.. без моќ. рaмнодушно мене ќе ме мине? O не. Дал' и онa. столетија јас тебе те чекам.и во овој град јас ќе бидам најнежен поета. Нема каде: преку Babylone да одлутам на Pigalle и вечер." Како тогаш ќe ce сетам млад. Ho попусто .. нема!. Барем да сум само една ноќ едно кубе на нејните плеќи! 15 . Штом огрее ден ќе ме втаса крај мирната река: „Поведи ме во Boulogne i Vincennes.сонот си e сoн.. И тргнувам без надеж. каква сила и пркос ќе сетам! И сигурно .

ПЕСНИ ЗА ПРИЈАТЕЛОТ 16 .

Денес ме виде во паркот како седам. заедо крaдевме вишни и иста судба секогаш имавме ние. 17 . и кога пријде увилен. блед и стресен јас сетив дека непознат човек гледам како што гледа во мене таа есен.JАС И МОЈОТ ПРИЈАТЕЛ Рaсневме заедно. Ги знае добро моите желби скришни и знам што сака од сите вас да скрие.

и додека некој се лула низ улиците да мислиш дека ти си.ТИ HE СИ СЕКОГАШ ТАКОВ Пријателе. Тажно е во ноќта да бидеш сам сo птиците. 18 . знам. ти си тoj пијаница. да чекаш сo нив сам в некоја пуста станица. галеби да носиш на своето рамо a да не гo чуеш нивното милување. ти не си секоташ таков. Тажно е да копнееш за една средба само кога ти е животот бескрајно патување. Пријателе. не е секогаш така и не се такви сите твои есени. Понекогаш ја топлат твојата рака стиховите од ветерот донесени. знам. и не се такви сите твои есени. Тажно е да зборуваш осамен во мракот за своите радости однесени.

зар те губам зашто те љубам. тој кикот црвен. ништо немам. И ништо ceгa освен неа. Кому да ја подарам таа среќа мала. зашто те љубам? 19 . тој усмев палав? Пријателе мој.ПРИЈАТЕЛСТВО Oн ми ja донесе својата песна со yсни да ја земам.

ако чекаш . Светот . како шепот и сонлив и тих.отпатувај пак. пијан одам од копнеж и жед.како галеб летнат. Возот . далек. Пријателе.отпатувај пак.КОН ПРИЈАТЕЛОТ Отпатувај ако ти е мака. Зар е важно дал не плиска залез или зора пo образот блед. ако чекаш .крв и рана. Отпатувај ако ти е мака.. Пријателе. таква нитка светна утринава и во твојот стих. Светла нитка.патник во ноќната мрака ќе расфрла нов и светол траг. a ти . и кој слути дека си фонтана кога ноќе поминуваш caм. пријателе. кој гo слути твојот жеден плам.свет е.. 20 . Возот патник во ноќната мрака до небето расфрлува траг.

Ho само еден сo стапки кришум сторени ко крадец некој гo граба моето бреме. He ќe ги заглушат во мене нивните стапки ветровите кон заборав забрзани. и ги разголува.ИМАМ ПРИЈАТЕЛИ Имам пријатели што идат кога сум caм и глуво легло на неизвесноста вијам. но само еден така и радост носи и светла човечка мака. каде да залутам. Имам пријатели. они се прснати капки од врв на земјата па за облаците врзани. Они се божилак. Зар да сум натажен. зар очај да ме фати што негде замина и може не ќе се врати? 21 . знам – никаде од нив себе си не ќe ce скријам. па јас се чувствувам дека сум живот и време. ги корне моите корени. Каде да отидам.

Не. разделбата ќе прилега на цврсто прегрнување на некој превој непознат далеку во иднината. 22 . тоа не ќe биде обично разделување и една младост попусто измината. и ако отидеш кога узреат маслините и од глувото пристаниште првиот кораб крене.РАЗДЕЛБА Не. ако сетиш некогаш во бурјанот на годините како се исчезнува и полека вене.

МИНИЈАТУРИ 23 .

и само сo поетите има допир силен ко најприсно сливање. кога сите мисли на праг ги оставаме.. Caл нив им ги отвора широко зениците топли од сонувања за дни недонесени. 24 .. Затоа поетите гледаат занесени. заборавот успивање. памети ме.НОЌТА Ι Co лажна убавина ги обвива предметите и им дава облик на вистинско збивање. меѓу сите предели ги брише границите.. ΙΙ Ноќта е заборав. ко пролетни води твое сум разливање. a ноќта: пополека се' да забораваме. Ги измамува луѓето.. Денот клика возбудено: памети ме.

жал за зеленилото. И не се измени ни со прелив мал на есента божилото. Мислејќи дека е жолта пеперуга. детено пружи по него рака. 25 . полека и несетено и остана во воздухот да лебдее така.ЛИСТ Се откина од гранката сам. Само гранката задржа скриена жал.

еден штрк сонува брегови зелени. Во летот долг се срушил oн и никој не го закрилува. My ce привидува дека e пак со јатата иселени. 26 ..ШТРК Падна на ридот. и мисли дека е сон првата снегулка што го милува. Ѕемне ..

Сам. оган во очите крие. Туѓ на секаков земен лик.ОБЛАК Патник што нема ни пат ни цел и со ветровите спие. како некој нестварен лик меѓу луѓето и сонцето стои. Од жед мy напукнал образот бел. туѓ и на страстите свои. 27 .

досадна песна cивa. матен. зимен ден. Старата позната песна здушено в неврат се слива. Непознат снуждено седи дури го пречека зора. Сликарот бавно стана и празен поглед крена 28 .ВЕРГЛАТА По булеварот Saint-Germain верглата минува секој ден. Верглата мрмори глуво и глуво мрмори Сена. непознат слики нуди на сите в „Source" и „Flоra"! Ha булеварот Saint-Germain облачен. Пo булеварот Saint-Germain сликарот стар е секај ден. Досадна сива магла.

He мисли ја ти. Спи. сине. 29 . Спи. сине. Во маково цветје таа нoќ се вплела.ЗАЛАЖУВАЊЕ Таа ноќ е. Сега ништо нема. Смири се и ти. Таа ноќ е. коњче што се спрема да замине на пат неброени дни. спи. Сега се е мирно. пеперуга бела: на макова вршка слета и се скри. сине.

Езерска шир. помина бледо.немош и загинување . . Тишина. да стигнам насекаде. во сончевината две бели птици сe капат. Скаменет мир. Врз едно невидливо катче од езерото. како непозната трпка врз телото. Koгa ќe ce разбранам и толку развилнеам та да се кренам. Им бијат врело дамарите..HA ЕЗЕРО Ледено спокојство. Наеднаш . Само во висината. играат над шеварите се дури нe потемне запад. лесно разбранување. да давам секому се што ветувам и како далга неукротена од брег на брет мокно да прелетувам? 30 . Водата сосема бавно се премрежи и пак се потона во камено смирување.

Стрвнина. Сами сме. Темниот удар на крилото темно ја сече модрината.ЛОВ HA ЕЗЕРО Птица устремена.. исплакана. модра од тага. Ништо не велиме. Блеснува на студенилот рибата в клунот раскината. Исправен нор со закана . Денот е cив од умирање. Глуне езерска поврвнина. Некое немо разбирање не гони да се разделиме. 31 .

скалиста. нешто заборавено она да ти донесе.ИЗЛЕЗИ Излези во мугрите. излези во ранина Ha висока. 32 . Во сина далечина нешто да те понесе. мисла ненаслутена в умот да раскрилува. ќe проструи свежина и ќе здивнеш слободен од некаква тежина. Ќе те плисне ветерот. пo лицето. снеговита планина. Стани сам во мугрите. на висока .излези во ранина.скалиста. снагата ветрот да те милува. снетовита планина.

и да нема зеници од сонцето подгорени не ќe маже ништо сo светот да ја зближи. со обични радости и обични грижи. 33 . ни маслини. ни липи. Низ мојата улица само јас поминувам и само навечер штом се успие тишината она се буди плашлива и измамена. ни багреми зелени. Она понекогаш на мртво дрво личи кај случајно ќе слетаат птиците иселени. Мојата улица е мала и безимена. измамена од гласот на далечината.ОБИЧНА УЛИЦА Мојата улица нема куќи високи.

можеби . Пa ceгa сум море каде пустош тлее и солза сум само в зеница истината. слej ce co тишината.УТРЕ Да.. Можеби за болот друго срце треба и тагата да е лач на месечината.. Ho слej сe. можеби јас нема да се најдам себе. 34 . Се' ко молња денес згасна во темнината. И заборав утре кога ќе ме скрие и сто сонца светнат над нас во висината – во моите очи еден зрак ќe бие. се мина веќе и свршено се' е. една жива струја и дах на вистината.

Ацо Шопов СЛЕЈ СЕ СО ТИШИНАТА Коректор Драга Стефанова Технички уредник Кочо Пандовски Нацрт на корицата од художникот Спасе Куновски Илустрации Од художникот Димче Протугер Издавач: Книгоиздателство за уметничка Литература „Кочо Рацин“-Скопје Книгата е печатена во печатницата „Гоце Делчев“ I Скопје (4920) во тираж од 2000 Примероци през месец Ноември 1955 година 35 .

Sign up to vote on this title
UsefulNot useful