Professional Documents
Culture Documents
1.3.4 Сигурност..................................................................................................................................11
1.3.6 Резултати....................................................................................................................................18
1.3.8 Надоместоци..............................................................................................................................21
Користена литература...........................................................................................................................23
1
1.1 Опис на пензискиот систем во Република Македонија
2
Доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (т.н. трет столб).
Првиот столб го претставува досегнашниот пензиски систем ( Фонд за пензискко и
инвалидско осигурување ), солидарен систем и е задолжителен за сите вработени, а средствата
се наменети најнапред за финансирање на сегашните и идните пензионери.
Вториот столб претставува задолжителено приватно пензиско осигурување кој е
задолжителен за сите вработени согласно со Законот.
Третиот столб е доброволен столб и во него може секој кој сака да вложува средства .
Осигуреникот индивидуално одлучува дали ќе вложува, колку ќе вложува и до кога ќе вложува.
Со реформата на пензискиот систем и воспоставувањето на повеќе слоен пензиски систем како
комбиниран систем од јавно, тековно финансирано и приватно, капитално финансирано
пензиско осигурување во Република Македонија, се очекува да се обезбеди долгорочна
стабилност на системот и сигурност во остварувањето на правата од пензиското и
инвалидското осигурување преку остварување долгорочни придобивки за индивидуалните лица
кои учествуваат во пензискиот систем, за самиот пензиски систем, како и дополнителни ефекти
врз економијата. Имено, од аспект на индивидуалните лица се обезбедува поголема сигурноста
во остварувањето на пензијата која ќе се финансира од повеќе извори со што се врши поделба
на ризиците. Едновремено со реформата се постигнува поголема транспарентност и
информираност на членовите на пензиските фондови. Со реформата се очекува воспоставување
солвентен пензиски систем, како и зголемување на заштедите и поттикнување на
инвестирањето на населенито и поттик на економскиот раст.
3
фондови, ја јакне свеста на јавноста за карактеристиките на ова осигурување и го
поттикнува развојот на капитално финансираното пензиско осигурување. За својата
работа одговара пред Владата на Република Македонија. МАПАС наплатува надоместок
од пензиските друштва, пресметан како процент од придонесите уплатени во пензиските
фондови. За 2009 година овој процент изнесуваше 1%.
Пензиско друштво – акционерско друштво основано од финансиски институции со
голем капитал и искуство, чија единствена дејност е управување со средствата на
пензиските фондови. Во реформираниот пензиски систем има можност за основањена
три вида на друштва:
o Друштво за управување со задолжителни пензиски фондови
o Друштво за управување со доброволни пензиски фондови
o Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови
Чувар на средствата на пензиски фонд – безбедно ги чува средствата на пензискиот
фонд на посебна сметка, издвоени од средствата на друштвото.
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (ФПИОМ) и Управа за
јавни приходи (УЈП) – УЈП врши централизирана наплата на придонесите, додека
Фондот на ПИОМ врши распределба на задолжителните придонеси и соодветните
податоци за членовите во избраните задолжителни пензиски фондови (за доброволните
пензиски фондови нема централизирана наплата на придонесите). Фондот на ПИОМ
наплатува надоместок од пензиските друштва, пресметан како процент од придонесите
уплатени во задолжителните пензиски фондови. За 2009 година овој процент
изнесуваше 0,5%.
4
задолжително капитално финансирано пензиско осигурување или Законот за доброволно
капитално финансирано пензиско осигурување поинаку не е уредено. Задолжителниот
пензиски фонд го сочинуваат средствата од придонесите на членовите на тој фонд, намалени за
наплатените надоместоци, и приносите од инвестираните придонеси. Доброволниот пензиски
фонд го сочинуваат средствата од доброволните придонеси уплатени во име и за сметка на
членовите на тој фонд, намалени за наплатените надоместоци, и приносите од инвестираните
придонеси. Сопственици на пензискиот фонд се неговите членови, а нивните поединечни
сопственички права се определени од износот на средствата на нивните сметки. Средствата на
пензискиот фонд не можат да бидат предмет на побарувања, ниту врз тие средства може да
биде спроведено извршување од страна на, или од името на доверителите на пензиското
друштво кое управува со тој пензиски фонд.
Моментално во Република Македонија постојат две пензиски друштва кои управуваат со по
еден задолжителен и со по еден доброволен пензиски фонд и тоа:
5
1.3 КБ Прво пензиско друштво за управување со задолжителни и добрволни
КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје (скратено Прв задолжителен пензиски
фонд) е називот на задолжителниот пензискиот фонд кој е основан и управуван од страна на КБ
Прво пензиско друштво АД Скопје.
Прв задолжителен пензиски фонд го сочинуваат уплатените средства од придонесите на
неговите членови, по пресметката и наплатата на надоместоците, зголемени за приносот од
инвестиициите.
Сопственици на Прв задолжителен пензиски фонд се неговите членови, а нивните поединечни
сопственички права се определени од износот на средствата на нивните сметки во Фондот.
Средствата на Прв задолжителен пензиски фонд се целосно издвоени од средствата на КБ Прво
пензиско друштво АД Скопје и се доверени на чување на чувар на имот. Ова подвојување на
средствата е направено со цел да се постигне висок степен на сигурност на средствата.
Средствата на Прв задолжителен пензиски фонд не можат да бидат предмет на побарувања,
ниту врз тие средства може да биде спроведено извршување од страна на доверителите на КБ
Прво пензиско друштво или во нивно име.
Средствата на Прв задолжителен пензиски фонд се инвестираат согласно строго утврдени
законски правила и други прописи од областа на задолжителното капитално финансирано
пензиско осигурување и со Инвестиционата стратегија на Друштвото.
6
Инвестирањето на средствата на Прв задолжителен пензиски фонд се врши на начин кој
обезбедува: сигурност на средствата, диверсификација на ризикот од инвестициите и
одржување на адекватна ликвидност.
Доброволни членови
7
пензиски фонд од втор столб во рок од 3 месеци од денот на нивното последно
вработување.
Доколку осигуреник кој е прв пат вработен пред 01.01.2003 година и во периодот на
зачленување на доброволните членови во задолжителните пензиски фондови (од
20.09.2005 до денес) бил во работен однос помалку од 3 месеци тогаш ова лице има
право да склучи договор за членство во задолжителен пензиски фонд од вториот столб
во рок од толку денови од неговото последно вработување колку што фалат до
исполнување на рокот од три месеци.
8
Програмираните повлекувања се обезбедени од друштвото кое управува со
задолжителниот пензиски фонд каде што осигуреникот/лицето бил член на денот на
пензионирањето.
Обезбедувањето на пензиски ануитети и програмирани повлекувања ќе биде регулирано со
посебен закон, а начинот на користење на средствата по исполнувањето на условите за
старосна пензија претставува личен избор на членот.
По исклучок, до донесување на законот за исплата на пензија преку ануитети или
програмирани повлекувања, кога член на пензиски фонд ќе стекне право на старосна
пензија според Законот за пензиското и инвалидското осигурување, може да го повлече
целиот износ од неговата индивидуална сметка.
Доколку член на задолжителен пензиски фонд исполни услови за стекнување на право на
старосна пензија, а нема навршено пензиски стаж од најмалку 15 години може:
- да купи месечен пензиски ануитет доколку износот на ануитетот е еднаков или поголем од
40% од најнискиот износ на пензија;
- кога пресметаниот износ на пензискиот ануитет е помал од 40% од најнискиот износ на
пензија, друштвото кое управува со задолжителниот пензиски фонд, на членот наеднаш ќе му
ги исплати акумулираните средства на неговата сметка.
- Во горенаведените случаи, купувањето на пензискиот ануитет или еднократната исплата може
да се изврши по навршување на 65 години на живот.
Кога членот ќе исполни услови за инвалидска пензија:
1. вкупниот износ на средствата на индивидуалната сметка на тој член се пренесува во Фондот
за ПИОМ;
2. доколку акумулираните средства на член на задолжителен пензиски фонд се повеќе од
износот потребен за исплата на инвалидската пензија, членот на пензискиот фонд може да
избере едно од правата (купување на ануитети, програмирани повлекувања или комбинација од
двете опции) што може да ги користи членот што ќе оствари право на старосна пензија. Оваа
можност нема да се применува во текот на првите 5 години од имплементацијата на
капиталното финансирано пензиско осигурување, односно до 1 јануари 2011 година.
9
3. доколку членот или времено распределениот осигуреник стекне право на времена
инвалидска пензија согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, времената
инвалидска пензија се исплатува од Фондот на ПИОМ, а средствата на индивидуалната сметка
на членот остануваат во задолжителниот пензиски фонд се додека членот не оствари право на
старосна, инвалидска или семејна пензија.
Кога членот на пензискиот фонд почине:
1. Доколку членовите на неговото семејство остваруваат услови на семејна пензија:
- вкупниот износ на средствата од сметката на тој член се пренесува во Фондот за ПИОМ;
- ако акумулираните средства на член на пензиски фонд се повеќе од износот потребен за
исплата на семејна пензија, корисникот на семејна пензија може да избере едно од правата што
може да ги користи член на задолжителен пензиски фонд што ќе оствари старосна пензија
(купување на ануитети, програмирани повлекувања или комбинација од двете опции). Оваа
можност нема да се применува во текот на првите 5 години од имплементацијата на
капиталното финансирано пензиско осигурување, односно до 1 јануари 2011 година 2.
2. Доколку починатиот член на пензискиот фонд нема членови на семејството кои имаат право на
семејна пензија, средствата од сметката на тој член стануваат дел од оставинската маса на оставителот и
со тие средства се постапува согласно Законот за наследување.
Извор: Закон за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување
Извор: Програма за полагање на испит за лицата кои ќе вршат маркетинг, Агенција за
супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, март 2011 година
10
1.3.4 СИГУРНОСТ
11
Исто така, МАПАС врши супервизија на работењето на чуварите на имот и на странските
менаџери и ги надгледува нивните финансиски извештаи во согласност со важечките закони и
регулативи. Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување има
својство на правно лице и за својата работа одговара пред Владата на Република Македонија.
1.3.5 ИНВЕСТИЦИОНА ПОЛИТИКА
а) Диверсификација по инструмент
12
Финансиски инструменти Износ по инструмент на последниот % од задолжителен пензиски фонд
датум на проценка заклучно со 31
декември 2010
13
официјалниот пазар на берзата на
долгорочни хартии од вредност или
на друг организиран пазар на хартии
од вредност во Република Македонија
што го контролира Комисијата;
ж) Комерцијални записи издадени од
првокласни акционерски друштва во
Република Македонија кои не се - -
банки;
з) Документи за удел и акции на -
инвестициски фондови во Република
Македонија кои имаат одобрение од -
Комисијата;
ѕ) Обврзници и други хартии од
вредност издадени од странски влади
и централни банки на државите 2,29%
154.434.281,20
членки на ЕУ и на ОЕЦД;
и) Должнички хартии од вредност кои
имаат рејтинг препорачлив за
инвестирање според меѓународни
кредитни агенции, издадени од
недржавни, странски компании или - -
б) Диверсификација по издавач
14
б) Домашни банки
15
Еуростандард банка АД Скопје 155.345.446,11 2,30%
ѓ) Странски банки
Други - -
16
ж) Странски инвестициски фондови
1.3.6 РЕЗУЛТАТИ
Нето средствата на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд изнесуваа 7.137,75 милиони
МКД со состојба на 28.02.2011 година, што значи дека нето средствата на Пензискиот фонд се
зголемиле за 2,53% во однос на 31.01.2011 година.
17
Вкупниот број на членови и времено распределени лица во КБ Прв отворен задолжителен
пензиски фонд – Скопје заклучно со 28.02.2011 година изнесува 143.396, што е за 1.581
осигуреници повеќе во однос на 31.01.2011 година.
07
08
09
09
11
06
07
08
10
10
3/20
9/20
3/20
3/20
9/20
1/20
9/20
3/20
9/20
3/20
9/20
31/0
30/0
31/0
31/0
30/0
31/0
30/0
31/0
30/0
31/0
30/0
18
31/01/2006
31/01/2011
31/03/2006
31/12/2010 30/06/2006
30/11/2010 140 30/09/2006
31/10/2010 31/12/2006
30/09/2010 31/03/2007
120
31/08/2010 30/06/2007
Вредност на сметководствена
31/07/2010 30/09/2007 единица на КБ Пз (отворен
100 задолжителен) за период
30/06/2010 31/12/2007
31.01.2006/31.01.2011
31/05/2010 31/03/2008
30/04/2010 30/06/2008
31/03/2010 30/09/2008
28/02/2010 31/12/2008
31/01/2010 31/03/2009
31/12/2009
30/06/2009
30/09/2009
19
1.3.7 ПРИНОС ОД ИНВЕСТИЦИИ
20
тип на тековно наплатуван
надоместок износ
Надоместок од месечно
уплатени придонеси 4,5%
Надоместок од вкупни нето
средства на Фондот 0,05%
Надоместок за премин
Број на денови ≤ 720 15 Евра
Број на денови > 720 Не се наплатува надоместок
Појаснување:
Надоместокот за премин, е определен врз основа на бројот на денови од датумот кога членот се
стекнал со статус на член во постојниот задолжителен пензиски фонд до крајниот рок до кој
членот треба да достави до Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско
осигурување формулар и доказ за платен надоместок.
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје започна да го применува наведениот надоместок за
премин од 26.07.2008 година.
Приносот на Вашата индивидуална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот
задолжителен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува
со задолжителниот пензиски фонд.
Од надоместоците што ги наплатува како процент од уплатените придонеси и месечниот
надоместок за управување од нето средствата на Задолжителниот фонд, КБ Прво пензиско
друштво АД Скопје има обврска да плати:
Надоместок на Агенцијата за супервизија на капитално финасирано пензиско осигурување -
0,8%
Надоместок на Фондот на ПИОМ – 0,1%
Исто така, Друштвото плаќа и:
21
Надоместок на банка чувар на имот – 0,069% годишно од вкупните средства на
задолжителниот пензиски фонд*
* Наведениот надоместок ќе се наплатува до достигнување на вкупната вредност на КБ Прв
отворен задолжителен пенизки фонд – Скопје од 200.000.000 Евра. Надоместокот е променлив
и истиот се намалува со зголемувањето на вкупната вредност на средствата на Задолжителниот
пензиски фонд
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:
1. www.mapas.gov.mk
2. www.kbprvo.com.mk
3. www.npf.com.mk
22