You are on page 1of 88

УНИВЕРЗИТЕТ “СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ”

МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

Институт: Хидаулично инженерство и автоматика


Студиска програма: Хидротехника, пневматика и автоматика

Златко Ѓурчиноски
“Подобрување на енергетската ефикасност во системите за
управување со енергија со примена на програмабилни логички
контролери”

(ENERGY EFFICIENCY IMPROVEMENT IN THE ENERGY MANAGEMENT SYSTEMS BY APPLYING


PROGRAMMABLE LOGIC CONTROLLERS)

Магистeрска Работа

Скопје, 2019
________________________________________________________________________________________________________________________________________

Ментор: Проф. Д-р. Атанаско Тунески

Машински факултет - Скопје

Членови на комисија: Вонр.проф.д-р Дарко Бабунски,


Машински факултет – Скопје

Вонр.проф.д-р Емил Заев,


Машински факултет – Скопје

Датум на одбрана: 07.06.2019

ТЕХНИЧКИ НАУКИ – МАШИНСТВО

2
________________________________________________________________________________________________________________________________________

АПСТРАКТ
Главната цел на овој труд е да направи паралела помеѓу две професии кои на прв поглед
немаат многу заеднички допирни точки. Едната професија е програмирање на програмабилни
логички контролери, а другата професија е имплементација и/или водење на системи за
управување со енергија.

Во втората тема, преку испитување на јавното мислење на представници од двете


професии, вреднуван е степенот на информираност што едните го имаат за професијата на
другите и оценет е потенцијалот за отпочнување или продлабочување на нивната меѓусебна
соработка.

Третата тема од трудот е искористена за презентирање на стекнатите искуства од реален


случај на имплементација на систем за управување со енергија во производствена компанија, а со
цел стекнување приближна представа за обемот и комплексноста на задачата.

Четвртата тема е резервирана за презентирање на стекнатите искуства од


автоматизирање на постоечки процес со помош на програмабилен логички контролер како и
осврт на исплатливоста на проектот. Интересно е што проектот чија автоматизација е прикажана
во четвртата тема е произлезен како идеја при имплементација на системот за управување со
енергија презентиран во третата тема на овој труд.

Трудот завршува со краток заклучок каде се констатира постоењето на простор и потреба


за продлабочување на соработката на овие две професии во насока на зголемување на обемот на
реализација на проекти за подобрување на енергетската ефикасност!

3
________________________________________________________________________________________________________________________________________

ABSTRACT
The main goal of this paper is to make a parallel between two professions which at first glance
do not have many common points of contact. One profession is programming of programmable logic
controllers, and the other profession is the implementation and/or running of energy management
systems.

In Second topic, by examining the public opinion of representatives from both professions, it
was evaluated the level of knowledge that ones has for the profession of others and the potential for
starting or deepening their mutual cooperation.

The third topic of the paper is used to present the acquired experiences from a real case of the
implementation of the energy management system in a production company, in order to gain an
approximate representation of the scope and complexity.

Fourth topic is reserved for presenting the acquired experiences from automating the existing
process with the help of a programmable logic controller as well as a review of the cost-effectiveness of
the project. It is interesting that the project whose automation is shown in the fourth topic is an idea
gained from the implementation of the energy management system presented in the third topic of this
paper.

The paper ends with a brief conclusion where the existence of space and need for deepening
the cooperation of these two professions is found, in the direction of increasing the scope of realization
of projects toward energy efficiency improvement!

4
________________________________________________________________________________________________________________________________________

Содржина
1. Вовед ....................................................................................................................................................6
1.1. Област на истражување..............................................................................................................6
1.1.1. Програмабилни логички контролери ...............................................................................6
1.1.2. Системи за Управување со Енергија (СУЕ) ........................................................................7
1.2. Цели на истражувањето .............................................................................................................8
1.3. Методологија на истражување..................................................................................................9
1.4. Организација на магистерската работа ..................................................................................10
2. Истражување на јавното мислење ..................................................................................................11
2.1. Анкета за енергетски менаџери ..............................................................................................11
2.2. Анкета за стручни лица од областа на програмабилните контролери ................................17
3. Имплементација на Систем за Управување со Енергија во Вардар Доломит.............................23
3.1. Претставување на Вардар Доломит ........................................................................................23
3.2. Представување на проектот ....................................................................................................26
3.3. Текот на имплементација на СУЕ во Вардар Доломит ..........................................................28
3.3.1. Градење на посветеност за промени ..............................................................................29
3.3.2. Планирање ........................................................................................................................34
3.3.3. Спроведување на плановите и секојдневно работење.................................................41
3.3.4. Проверка на резултатите..................................................................................................44
3.4. Резултати од имплементацијата на СУЕ во Вардар Доломит ...............................................45
4. Пример на автоматизирање на процес со програмабилен логички контролер со цел
зголемување на енергетската ефикасност .............................................................................................48
4.1. Опис на постоечката ситуација ................................................................................................49
4.2. Опис на идејата .........................................................................................................................52
4.3. Новопредвидена ситуација......................................................................................................53
4.4. Опис на работата на системот за топловодно греење по имплементирање на измените58
4.5. Анализа на трошоци и користи ...............................................................................................67
4.5.1. Сумирање на вкупните трошоци .....................................................................................68
4.5.2. Верификација и вреднување на реализираните придобивки ......................................69
4.5.3. Период на враќање на инвестицијата ............................................................................72
4.6. Програмски код на контролерот .............................................................................................73
5. Заклучок .............................................................................................................................................86
6. Користена Литература ......................................................................................................................88

5
________________________________________________________________________________________________________________________________________

1. Вовед
1.1.Област на истражување
1.1.1. Програмабилни логички контролери

Управувањето на процесите во индустријата се вршело исклучиво со помош на релејни


управувачки кола сè до крајот на шеесетите години од минатиот век, кога со развојот на
микропроцесорската техника се развиле услови за примена на микропроцесорски уреди за
управување на едноставни процесиi. Иако овие уреди на почеток се користеле само за замена на
традиционалната релејна автоматика, со тек на нивното развивање постепено добивале сè
повеќе математички и логички функцииii. Денес ваквите уреди се познати под името
Програмабилни Логички Контролери (Programmable Logic Controllers – PLC) и покрај основните
задачи кои ги наследиле од релејното управување, можат да се користат за мерење на време,
броење, пресметки, споредување и обработка на аналогни сигнали, да извршуваат сложени
регулации, да позиционираат предмети во просторот и сл.

Предноста на програмабилните логички контролери во однос на класичното релејно


управување е пред сè поради тоа што со нив се сведува на минимум потребата од жичени врски
со што се намалува можноста од појава на грешки при поврзувањето. Доколку е потребна мала
промена во управувањето, кај програмабилните логички контролери се менува само програмата
што се извршува во нив (т.е. се прави софтверска корекција), додека пак кај класичното релејно
управување би требало да се врши корекција на ожичувањето, што е посложен и подолготраен
процес, подложен на појава на грешки. Дијагностиката и отстранувањето на евентуалните грешки
кај програмабилните логички контролери е значително олеснето поради можноста за следење на
извршувањето на програмата во реално време преку монитор на персонален компјутер.
Пишувањето и инсталирањето на програмите за програмабилните контролери е едноставно, исто
како и нивната корекција, односно, промена. Програмабилните логички контролери се
одликуваат со голема брзина на одзивот, што е особено важно при управување со процеси кои се
менуваат брзо. Покрај тоа, контролерите имаат широк опсег на работни температури, отпорни се
на прашина, влага, вибрации, електромагнетен шум и сл. Со еден збор програмабилните логички
контролери се компјутери наменети за работа во индустриско опкружување.

Програмабилните логички контролери се доверливи и релативно едноставно можат да


комуницираат како помеѓу себе, така и со друга компјутерска, а во последно време и со
телекомуникациска опрема. Иако се направени да функционираат во индустриско опкружување,
поради малиот габарит, но пред се поради падот на нивната цена, најмалите програмабилни
логички контролери се сè попогодни за примена и надвор од индустријата за контрола на
најразлични процеси како што се управување на работно и украсно осветление, греење, ладење и
вентилација на објекти, регулирање на сообраќај, автоматизација на работата на паркинзи,
елеватори и ескалатори, регулирање на работа на фонтани, итн.

6
________________________________________________________________________________________________________________________________________
1.1.2. Системи за Управување со Енергија (СУЕ)

Целта на постоењето на системите за управување со енергија е да им овозможат на


компаниите со енергијата да управуваат на најефикасен, најекономичен, и најбезбеден начин
секако во согласност со важечките законски и други барања кои директно или индиректно се
однесуваат на употребата на енергија. Иако соодветната примена на ваквите системи може да
има широка лепеза на придобивки, поради недоволна информираност компаниите ретко се
одлучуваат на имплементирање на систем за управување со енергија, доколку тоа не им е
наметнато како обврска.

Под систем за управување со енергија, ако поинаку не е нагласено, се подразбира


системот за управување со енергија согласно старата но сеуште важечка верзија на стандардот за
управување со енергија ИСО 50001:2011iii , иако веќе е достапна и новата верзија на стандардот
ИСО 50001:2018iv

Системите за управување со енергија, слично како и системите за управување со квалитет


и со животна средина, се базираат на моделот за континуирано подобрување, но за разлика од
нив, покрај подобрување на системот, овде се бара и подобрување на енергетските
перформансиv. Целта на системот за управување со енергија е на организациите да им се
овозможи да управуваат со користењето на енергијата на ефикасен и одржлив начинvi. Како
резултат на имплементацијата на овој систем, се намалува потрошувачката на енергија, како и
трошоците за нејзина набавка, а се зголемува конкурентноста на компанијата. Секако дека
намалената потрошувачка на енергија позитивно влијание врз животната средина преку
намалената емисија на сталенички гасови. Со оглед на тоа што цената на енергијата од година во
година се зголемува и климатските промени поради ефектот на стаклена градина се сè повеќе
изразени, системите за управување со енергија се наметнуваат како неизбежен дел при водењето
на компаниите како поради можноста за намалување на финансиските трошоци за набавка на
енергија така и поради минимизирање на негативните ефекти врз животната средина преку
директно и индиректно намалеување на емисијата на стагленички гасови во атмосверата.

Системот за управување со енергија се состои од четири чекори кои се повторуваат како


при реализација на наједноставна идеја така и при имплементација и одржување на целиот
систем во целина. Тие четири чекори се:

- Градење/одржување на посветеност кон системот за управување со енергија


- Планирање на чекорите кои треба да доведат до подобрување на енергетските
перформанси
- Имплементација на планираните чекори за подобрување на енергетските
перформанси
- Проверка дали имплементацијата на планираните чекори ги дала очекуваните
резултати

7
________________________________________________________________________________________________________________________________________

1.2. Цели на истражувањето

Програмабилните логички контролери веќе со децении се користат во индустријата и се


употребуваат кај сите типови на производни процеси. Поради тоа, можностите кои ги нудат
контролерите, како што се едноставното програмирање и предностите во однос на релејното
управување, се повеќе од јасни кај инженерите кои се занимаваат со проектирање или
одржување на вакви системи. Од друга страна пак, кај пошироката јавност, претставата за тоа што
е програмабилен логички контролер, или е многу оскудна, или воопшто ја нема. Исто така многу
малку се знае за застапеноста на програмабилните контролери во сверата на подобрување на
енергетската ефикасност. Поради тоа една од целите на ова истражување е да се одреди дали и
во која мера, предностите што ги нудат програмабилните контролери се разбрани и
прифатени од луѓето што се занимаваат со имплементација на системи за управување со
енергија, како и од луѓето кои раководат со тие системи односно Енергетските Менаџери.

Стручните лица за имплементирање на системи за управување со енергија исто како и


Енергетските менаџери постојано се во потрага по нови идеи за подобрување на енергетската
ефикасност и по иновативни, но економски исплатливи начини за реализирање на тие идеи. Од
тој аспект интересно е да се знае дали сручните лица кои работат со програмирање на логичките
контролери имаат познавања од областа на системите за управување со енергија, дали ја
разбираат нивната суштина и нивните потреби, односно дали во нив препознаваат поле за
примена на контролерите. Наредна цел на овој истражување е да се утврди дали и во колкава
мера инженерите кои работат во доменот на програмабилните логички контролери се
упатени во системите за управување со енергија и дали тука гледаат поле за потенцијална
соработка.

Трета цел е да се долови обемот и комплексноста на имплементацијата на Систем за


Управување со енергија, како и да се прикажат можностите и придобивките кои се резултат
на таа имплементација

Четврта цел на ова истражување е преку реализацијата на една идеја за подобрување на


енергетската ефикасност на постоечки систем со помош на програмабилен контролер, да се
демонстрира оправданост на ваквите решенија. Оправданоста на употребата на контролерите
се темели на финансиската придобивка од намалената потрошувачка на енергија која е резултат
на подобрените енергетски перформанси, но и на неенергетските придобивки кои произлегуваат
од реализацијата на конкретната идеја.

Заедничка цел која доаѓа како комбинација на претходните е на инженерите кои работат
со програмирање на контролери, од една страна, како и на енергетските менаџери и
консултанти кои работат на примена на системите за управување со енергија, од друга
страна, да им се презентираат можностите (потенцијалот) на примената на
програмабилни контролери во насока на зголемување на енергетската ефикасност, односно
подобрување на енергетските перформанси. На тој начин, на обете целни групи, може да им се
предочи потенцијалот, потребата и ползата од нивната меѓусебна соработка, во насока на
обостран интерес.

8
________________________________________________________________________________________________________________________________________

1.3. Методологија на истражување

Одредувањето на степенот на информираност на енергетските менаџери и консултантите


за имплементација на системите за управување со енергија за тоа што представуваат
програмабилните логички контролери, кои се нивните предности и нивните можности, е
реализирано со помош на анкета.

Степенот на запознаеност на инженерите кои се занимаваат со програмабилни логички


контролери, со системите за управување со енергија и принципите на нивното функционирање се
испитува исто така со помош на анкета.

Обемот и комплексноста на имплементација на систем за управување најдобро се


согледуваат преку практичен пример. За таа цел презентирани се стекнатите искуства од
имплементацијата на систем за управување со енергија во производна компанија. Даден е опис
на имплементацијата со практични примери и хронолошкиот тек на чекорите. На крај
презентирани се реализираните енергетски заштеди како и другите резултати кои сведочат за
успешноста на имплементацијата на системот.

За да се утврди дали користењето на програмабилните логички контролери како алатка за


подобрување на енергетската ефикасност е економски исплатливо, тука е представен еден таков
пример. Конкретниот пример се однесува автоматизација на постоечки процес со програмабилен
логички контролер со цел подобрување на вкупната енергетска ефикасност на процесот.
Примерот е детално објаснет чекор по чекор, од почетна состојба, преку идеја до реализација и
на крај анализа на економската исплатливост.

9
________________________________________________________________________________________________________________________________________

1.4. Организација на магистерската работа

Првата тема од магистерската работа е воведна тема која е искористена за во кратки црти
да се презентираат областите на истражување, да се дефинираат целите на истражувањето како и
да се образложи користената методологија.

Втората тема е посветена на истражување на јавното мислење на стручни лица од две


различни области на работа. Првото истражување, односно анкета е наменета за стручните лица
од областа на системите за управување со енергија, а втората анкета е наменета за стручни лица
од областа на програмабилните логички контролери. Прикажани се прашањата што ги содржат и
двете анкети, како и добиените одговори при анкетирањето, односно резултатите.

Третата тема е посветена на искуствата стекнати при имплементација на систем за


управување со енергија (СУЕ) во компанијата Вардар Доломит. Во кратки црти представен е
проектот во чии рамки се одвиваше имплементацијата на СУЕ, како и нај основните податоци за
Вардар Доломит. Даден е хронолошкиот тек на имплементацијата, кои сѐ препреки требаше да се
надминат и кои беа двигателите кои помогнаа при надминување на тие препреки. Дел од
просторот е одвоен за начинот на следење на енергетските перформанси, за општите и посебни
цели и за акционите планови. За крај презентирани се реализираните енергетски заштеди во
последните три години, како и неколку документи кои сведочат за сертификацијата како и за
успешноста на имплементција на системот за управување со енергија препознаено во светски
рамки.

Четвртата тема е посветена на автоматизација на постоечки систем за топловодно греење


со помош на програмабилен логички контролер. Најпрво е даден опис на постоечката состојба,
потоа опис на идејата и новопредвидената ситуација. Даден е детален опис на функционирањето
на системот по имплементацијата на измените, како и анализа на вкупните трошоци и
реализираните придобивки. На крај претставен е програмскиот код на контролерот.

Петтата тема е резервирана за финалните заклучоци и

Шестата тема е попис на користена литература

10
________________________________________________________________________________________________________________________________________

2. Истражување на јавното мислење


Степенот на информираност на експертите за СУЕ, за тоа што представуваат програмабилните
логички контролери, кои се нивните предности и нивните можности, е реализирано со помош на
анкета. Анкетата беше доставена до сите национални експерти квалификувани според
методологијата на УНИДО (UNIDO – United Nations Industrial Development Organisation) за
имплементација на системи за управување со енергија. Анкетата беше доставена и до
претставниците на сите партнер компании кои го имплементираа системот за управување со
енергија во рамките на проектот „Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска
ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии“ .
Овој проект е имплементиран од страна на UNIDO и Регионалниот Центар за Животна Средина
Македонија, а финансиран од GEF (Global Environmental Fund). Анкетата исто така, претходно
преведена на англиски јазик беше доставена и до голем број странски експерти, соработници на
УНИДО во областа на системите за управување со енергија. Прашањата што ги ги содржи анкетата
како и резултатите од истата следуваат во продолжение.

2.1. Анкета за енергетски менаџери

Оваа анкета е наменета за луѓе чиј составен дел од секојдневна работа е енергетскиот
менаџмент. Тука спаѓаат стручните лица за имплементирање на системи за управување со
енергија, енергетските менаџери и сл. Целта на оваа анкета е преку неколку прашања да се
одреди степенот на информираност на анкетираните лица од областа на Програмабилните
логички контролери. Во продолжение следуват прашањата што ги содржи анкетата заедно со
понудените одговори. Непосредно под секое од прашањата следува графичка интерпретација на
резултатите односно на добиените одговори.

1. Колку долго се занимавате со системи за управување со енергија?


- А) Помалку од една година
- Б) Од 1 до 5 години
- В) Повеќе од 5 години
Графичката распределба на одговорите на ова прашање се прикажани на Слика 2-1.

80.00%
61.54%
60.00%
30.77%
40.00%
7.69%
20.00%
0.00%

Одговор А Одговор Б Одговор В

Слика 2-1

2. Дали имате искуство со други системи за управување?


11
________________________________________________________________________________________________________________________________________
- А) Не, само со системи за управување со енергија
- Б) може да се каже
- В) Да
Графичката распределба на одговорите на ова прашање се прикажани на Слика 2-2

60.00% 53.85%

30.77%
40.00%
15.38%
20.00%

0.00%

Одговор А Одговор Б Одговор В

Слика 2-2

3. Дали знаете што е тоа програмабилен логички контролер?


- А) Не, никогаш не сум слушнал
- Б) Може да се каже
- В) Да
Графичката распределба на одговорите на ова прашање се прикажани на Слика 2-3

58.33%
60.00%

40.00% 33.33%

20.00% 8.33%

0.00%

Одговор А Одговор Б Одговор В

Слика 2-3

4. Дали имате идеја за што може да се користи програмабилен логички контролер


- А) Да
- Б) Не
Графичката распределба на одговорите на ова прашање се прикажани на Слика 2-4

12
________________________________________________________________________________________________________________________________________

100.00% 76.92%

50.00% 23.08%

0.00%

Одговор А Одговор Б

Слика 2-4

5. Дали знаете за некој случај каде што програмабилен логички контролер е искористен за
подобрување на енергетските перформанси?
- А) Не
- Б) Да, еден
- В) Да, повеќе од еден
Графичката распределба на одговорите на ова прашање се прикажани на Слика 2-5

57.14%
60.00%
35.71%
40.00%

20.00% 7.14%

0.00%

Одговор А Одговор Б Одговор В

Слика 2-5

6. Какви беа резултатите од користењето на Програмабилен логички контролер за подобрување


на енергетските перформанси?
- А) Не знам
- Б) Лоши
- В) Просечни
- Г) Добри
Графичката распределба на одговорите на ова прашање се прикажани на Слика 2-6

13
________________________________________________________________________________________________________________________________________

60.00%
46.15%
40.00% 30.77%
23.08%
20.00%
0.00%
0.00%

Одговор А Одговор Б Одговор В Одговор Г

Слика 2-6

7. Дали некогаш Вие сте предложиле користење на Програмабилен контролер за подобрување


на енергетски перформанси?
- А) Не, никогаш
- Б) Да еднаш
- В) Да, повеќе од еднаш
Графичката распределба на одговорите на ова прашање се прикажани на Слика 2-7

60.00% 46.15%

40.00% 30.77%
23.08%
20.00%

0.00%

Одговор А Одговор Б Одговор В

Слика 2-7

8. Какви беа резултатите во случаите каде што вие имавте предложено користење на
програмабилен логички контролер за подобрување на енергетските перформанси?
- А) Не знам
- Б) Лоши
- В) Просечни
- Г) Добри
- Д) Мојот предлог не беше прифатен
- Ѓ) Идејата сеуште не е целосно имплементирана
Графичката распределба на одговорите на ова прашање се прикажани на Слика 2-8

14
________________________________________________________________________________________________________________________________________

38.46%
40.00%
30.77%

20.00% 15.38%
7.69%
0.00% 7.69%
0.00%

Одговор А Одговор Б Одговор В


Одговор Г Одговор Д Одговор Ѓ

Слика 2-8

9. Според Вас, колкава е цената за набавка на еден микро програмабилен контролер?


- А) До 500 Евра
- Б) Од 500 до 5000 евра
- В) Над 5 000 евра
Графичката распределба на одговорите на ова прашање се прикажани на Слика 2-9

60.00% 46.15% 46.15%

40.00%

20.00%
7.69%
0.00%

Одговор А Одговор Б Одговор В

Слика 2-9

10. Која цена ја очекувате за програмирање на еден микро програмабилен контролер?


- А) До 500 Евра
- Б) Од 500 до 5000 евра
- В) Над 5 000 евра
Графичката распределба на одговорите на ова прашање се прикажани на Слика 2-10

15
________________________________________________________________________________________________________________________________________

69.23%
80.00%
60.00%
40.00% 23.08%
20.00% 7.69%
0.00%

Одговор А Одговор Б Одговор В

Слика 2-10

Сумарен заклучок од резултатите на анкетата за енергетски менаџери


Со анализа на резултатите од анкетата може да се извлечат следиве заклучоци.
Најголемиот број од анкетираните луѓе се искусни и имаат солидни познавања за тоа што е
програмабилен контролер и која е неговата намена, односно за што се користи, но и покрај тоа
половината од испитаниците никогаш не користеле програмабилен логички контролер за
подобрување на енергетските перформанси на постоечки процес или систем. Важно е да се
напомене дека дури 40% од анкетираните воопшто не се информирани дека програмабилните
контролери можат да се користат за таа намена. За пофалба е тоа што дури кај 70 % од
испитаниците постои свесност дека користењето на услуги од стручни лица за програмирање на
микроконтролерот не е голем трошок за компанијата, но од друга страна пак половината од
испитаниците сметаат дека за набавката на микро контролер треба да издвојат значајни
финансиски средства.

Од резултатите од анкетата може да се изведе заклучок дека иако стручните лица од


областа на системите за управување со енергија генерално се запознати со можностите што ги
нудат програмабилните контролери и знаат дека цената за нивното програмирање е прифатлива,
сепак ретко или воопшто не ги користат како алатка за подобрување на енергетските
перформанси на постоечките процесите или системи. Овој факт може да се должи на две
причини:

- Стручните лица не ја знаат реалната цена за набавка на еден микро контролер па


сметаат дека истата е висока или
- Нема доволно достапни студии на случај каде микро контролерите се користат за
подобрување на енергетските перформанси па тоа им изгледа непознато, далечно и
непредвидливо.

16
________________________________________________________________________________________________________________________________________
Степенот на запознаеност на стручните лица, односно инженерите кои се занимаваат со
програмабилни логички контролери, со системите за управување со енергија е утврден исто така
со помош на анкета која беше доставена до голем дел домашни но и странски експерти кои
работат во оваа област. Прашањата што ги ги содржи оваа анкета како и резултатите од истата се
исто така дел од овој труд.

2.2. Анкета за стручни лица од областа на програмабилните


контролери

Оваа анкета е наменета за луѓе кој во својата секојдневна работа се среќаваат со програмабилни
логички контролери. Целта на анкетата е преку десетина прашања да се одреди степенот на
запознаеност на оваа целна група со системите за управување со енергија. Во продолжение
следуваат прашањата, понудените одговори и резултатите од анкетата

1. Колку долго работите со програмабилни логички контролери?


- А) Помалку од една година
- Б) Од една до 5 години
- В) Над 5 години
Графичката распределба на одговорите на ова прашање се прикажани на Слика 2-11

80.00%
60.10%
60.00%
39.90%
40.00%
20.00% 0.00%
0.00%

Одговор А Одговор Б Одговор В

Слика 2-11

2. Дали имате искуство со други типови на системи за автоматизација (роботика, SCADA системи
и сл.)?
- А) НЕ, само со програмабилни контролери
- Б) Може да се каже
- В) Да
Графичката распределба на одговорите на ова прашање се прикажани на Слика 2-12

17
________________________________________________________________________________________________________________________________________

80.00%
60.24%
60.00%
40.00% 29.87%
9.89%
20.00%
0.00%

Одговор А Одговор Б Одговор В

Слика 2-12

3. Дали терминот „Систем за Управување со Енергија“ ви звучи познато?


- А) НЕ, прв пат слушам
- Б) Може да се каже
- В) Да
Графичката распределба на одговорите на ова прашање се прикажани на Слика 2-13

60.00% 49.75%
39.90%
40.00%
10.34%
20.00%

0.00%

Одговор А Одговор Б Одговор В

Слика 2-13

4. Дали знете што е всушност „Систем за Управување со Енергија“ ?


- А) НЕ
- Б) Да
Графичката распределба на одговорите на ова прашање се прикажани на Слика 2-14

18
________________________________________________________________________________________________________________________________________

89.22%
100.00%

50.00%
10.78%

0.00%

Одговор А Одговор Б

Слика 2-14

5. Дали сте запознати со некој случај каде програмабилен логички контролер се користи за
подобрување на енергетски перформанси?
- А) НЕ
- Б) Да, еден
- В) Да, повеќе од еден
Графичката распределба на одговорите на ова прашање се прикажани на Слика 2-15

80.00% 72.73%

60.00%
40.00%
9.09% 18.18%
20.00%
0.00%

Одговор А Одговор Б Одговор В

Слика 2-15

6. Какви беа резултатите од употребата на програмабилен контролер за подобрување на


енергетските перформанси?
- А) Не знам
- Б) Лоши
- В) Просечни
- Ѓ) Добри
Графичката распределба на одговорите на ова прашање се прикажани на Слика 2-16

19
________________________________________________________________________________________________________________________________________

60.00% 51.02%
39.80%
40.00%

20.00% 9.18%
0.00%
0.00%

Одговор А Одговор Б Одговор В Одговор Г

Слика 2-16

7. Дали некогаш вие сте им препорачале на луѓето што се занимаваат со системи за управување
со енергија да искористат програмабилен контролер за подобрување на енергетските
перформанси?
- А) Не, никогаш
- Б) Да, еднаш
- В) Да, повеќе од еднаш
Графичката распределба на одговорите на ова прашање се прикажани на Слика 2-17

57.69%
60.00%

40.00% 28.85%

13.46%
20.00%

0.00%

Одговор А Одговор Б Одговор В

Слика 2-17

8. Какви беа резултатите во случаите каде што предложивте употреба на програмабилен


контролер за подобрување на енергетските перформанси?
- А) Не знам
- Б) Лоши
- В) Просечни
- Г) Добри
- Д) Мојот предлог не беше прифатен
- Ѓ) Имплементацијата сеуште не е целосно завршена
Графичката распределба на одговорите на ова прашање се прикажани на Слика 2-18

20
________________________________________________________________________________________________________________________________________

39.60%
40.00%

15.84% 19.80% 19.80%


20.00%
0.00% 4.95%
0.00%

Одговор А Одговор Б Одговор В


Одговор Г Одговор Д Одговор Ѓ

Слика 2-18

9. Кои се вашите очекувања за периодот на поврат на инвестицијата, за проект инициран од


системите за управување со енергија каде програмабилен контролер се користи за
подобрување на енергетските перформанси?
- А) Не повеќе од 2 години
- Б) Од 2 до 7 години
- В) Повеќе од 7 години
Графичката распределба на одговорите на ова прашање се прикажани на Слика 2-19

80.00% 66.67%
60.00%
40.00% 19.05%
20.00% 14.29%

0.00%

Одговор А Одговор Б Одговор В

Слика 2-19

10. Дали ги гледате Системите за Управување со енергија коко поле од интерес за идна
соработка?
- А) Не
- Б) Можеби
- В) Да
Графичката распределба на одговорите на ова прашање се прикажани на Слика 2-20

21
________________________________________________________________________________________________________________________________________

60.00% 49.51% 48.54%

40.00%

20.00% 1.94%

0.00%

Одговор А Одговор Б Одговор В

Слика 2-20

Сумарен заклучок од резултатите на анкетата за програмери


Од резултатите од анкетата можеме да се види дека најголемиот број од анкетираните
луѓе се искусни во својата област и имаат солидни познавања за тоа што е систем за управување
со енергија и која е неговата намена. Најголемиот дел од нив се запознати дека контролерите се
користат како алатка за подобрување на енергетските перформанси и дека тоа дава добри
резултати. Но и покрај нивната добра информираност, впечатливо е дека половината од
испитаниците или не препорачале употреба на контролер за таква намена или пак предлогот не
им бил прифатен. Значајно е да се истакне дека дури 80% од испитаниците не очекуваат период
на поврат на инвестицијата пократок од 2 години.

Од резултатите од анкетата може да се изведе заклучок дека иако стручните лица од


областа на програмабилните контролери се запознати со системите за управување со енергија и
со успешните практики на користење на контролерите за подобрување на енергетските
перформанси, сепак половината од нив немаат реализирано таков проект. За ваквиот резултат
веројатно влијаат две причини:

- Стручните лица кои се занимаваат со програмабилни логички контролери недоволно


го разбираат концептот на системите за управување со енергија па поради тоа не
можат да се постават како партнер за заедничко решавање на проблемите или
- Фактот што и самите не веруваат дека употребата на контролерите во вакви цели
може да даде одлични финансиски резултати и враќање на инвестицијата на многу
краток рок

22
________________________________________________________________________________________________________________________________________

3. Имплементација на Систем за Управување со Енергија во Вардар


Доломит

3.1. Претставување на Вардар Доломит

Вардар Доломит дооел Скопје во согласност со Интернационалниот Стандард за


Индустриска Класификацијаvii на Обединетите Нации, припаѓа на Дивизија 23 – Производство
на неметални минерални производи, Класа 2391 Производство на Огноотпорни Производи.
Компанијата е регистрирана во Скопје, но целокупните производствените капацитети, како и
менаџментот на компанијата се лоцирани во Гостивар. На Слика 3-1 може да се види управната
зграда и два од трите производни погони на Вардар Доломит, лоцирани непосредно до
магистралниот пат М4 кој го поврзува Гостивар со Кичево.

Слика 3-1

Најстариот дел од производниот капацитет е изграден пред околу 50 години, но


поголемиот дел од објектите се изградени подоцна, пред окулу 30 години. Тогашното име на
производниот капацитет било „Доломитен Погон“ како дел од тогашниот гигант Силика –
Гостивар. По преструктуирањето и преоѓањето во 100% сопственост на Групацијата ХАЗНЕДАР од
Турција во 2003 година го добива денешното име Вардар Доломит. Од тогаш до денес се
направени голем број измени и инвестиции во насока на подобрување на квалитетот и
проширување на производниот капацитет како на пример:
- Конструирани се 2 нови печки за темперување на опеки
- Набавена е уште една преса за пресување на опеки (тули)
- Набавен е уште еден миксер за мешање на материјалот пред пресување на тулите
- Направена е ревитализација и промена на автоматиката на сите три постоечките преси
- Инсталиран е нов дизел генератор
- Набавени се три компресори за компимиран воздух
- Набавени се 3 нови компресори и 3 нови дувалки кои обезбедуваат доток на
примарен и секундарен воздух во шахтните печки
- Обезбедено е резервно напојување со електрична енергија на 20kV напонско ниво
- Набавена е нова машина за пакување на тули
- Изградена е нова производна хала

Денес, Вардар Доломит во своите три производни погони, со окулу 150 вработени,
произведува окулу 36 000 тони огноотпорни производи (максималниот производен капацитет е
окулу 60 000 тони огноотпорни производи годишно). Процесот на производство започнува со
синтерување на суровината Суров Доломит. Синтерувањето се врши во две вертикални шахтни

23
________________________________________________________________________________________________________________________________________
печки, на висока температура од окулу 2000°C. На Слика 3-2 е прикажан погонот во кој се
шахтните печки, а пред погонот се гледа одредена залиха на суров доломит.

Слика 3-2

По процесот на синтерување од суровиот доломит се добива Синтер Доломит, кој може


да се продава и како полупроизвод, но најчесто се користи како суровина за производство на
синтер-доломитни опеки (тули) или синтер-доломитни маси (монолитни материјали).
Производството на опеките започнува со мешање на различни гранулации на мелен
синтер-доломит и мала количина на врзивни средства. Од така добиената маса потоа се
формуваат (пресуваат) опеките со помош на три силни хидропреси од познати производители кои
обезбедуваат притисок потребен за добивање на максимална густина на производот. Вака
добиените опеки потоа се темперуваат во темпер печка, се ладат и се пакуваат во вакумско
пакување. На Слика 3-3 се гледа вагон со синтер-доломитни тули, штотуку извадени од темпер
печката што се гледа во позадина на вагонот.

24
________________________________________________________________________________________________________________________________________

Слика 3-3

Покрај синтер-доломитни опеки, во Вардар Доломит се произведуваат и синтер-


доломитни маси. Најголемиот процент од производството (речиси 95%) е наменето за извоз, а
само мал дел (окулу 5%) е за домашниот пазар. Производите на Вардар Доломит се наменети за
работни облоги на металуршки агрегати во црната и обоената металургија и се пласираат
насекаде во светот, на сите континенти со исклучок на Австралија.
Пред да започне со имплементацијата на системот за управување со енергија согласно
стандардот ИСО 50001, Вардар Доломит веќе ги имаше имплементирано и сертифицирано
системот за управување со квалитет ИСО 9001 (од 2005 год.) и системот за управување со животна
средина ИСО 14001 (од 2008 год.).
Имплементацијата на Системот за Управување со Енергија (СУЕ) започна во втората
половина на 2015 год. во рамките на проектот: „ Поттикнување на трансформацијата на
пазарот за индустриска енергетска ефикасност и забрзување на инвестициите во
најдобрите достапни практики и технологии во Република Македонија “ .

25
________________________________________________________________________________________________________________________________________

3.2. Представување на проектот

Проектот: „Поттикнување на трансформацијата на пазарот за индустриска


енергетска ефикасност и забрзување на инвестициите во најдобрите достапни практики и
технологии во Република Македонија“ беше организиран од УНИДО1, спроведен од
регионалната канцеларија на РЕЦ2 во Македонија и главно финансиран од ГЕФ3.

Во рамките на УНИДО постои глобална програма за градење на капацитети и


имплементација на системи за управување со енергија. Во рамките на оваа програма, покрај
гореспоменатиот проект кој беше спроведен на територијата на Република Македонија,
организирани се слични проекти уште во 17 други држави и уште во 10 други држави
реализацијата е во план. Целта на оваа програма е во државите каде се имплементираат
проектите да се постигне:

- Трансфер на најдобрите интернационални практики за имплементација на системи за


управување со енергија во индустријата на група на национални експерти за
Енергетска Ефикасност
- Промовирање и поддршка на имплементација на систем за управување со енергија и
енергетска ефикасност во производни компании
- Поттикнување на трансформацијата на националните пазари за енергетски ефикасни
услуги и производи

Како резултат на реализирањето на проектот „Поттикнување на трансформацијата на


пазарот за индустриска енергетска ефикасност и забрзување на инвестициите во најдобрите
достапни практики и технологии во Република Македонија“ беа постигнати следниве резултати:

- Имплементација на Систем за Управување со Енергија во 12 партнер компании (меѓу


кои и Вардар Доломит)
- Обука на 23 национални консултанти - експерти за имплементација на системи за
управување со енергија и енергетска ефикасност
- Постигнати енергетски заштеди од 13,19 GWh во првата година (од кои 67% без
инвестиции)
- Очекувани Енергетски заштеди за период од 5 години од 165 GWh
- Дополнителни неенергетски придобивки од подобрувањето на енергетската
ефикасност
- Помош на државата во исполнување на ЕУ директивата за енергетска ефикасност, со
фокус на Член 7 – Облигативни шеми за енергетска ефикасностviii и член 8 –
Енергетски контроили и системи за управување со енергијаix
- Преведен на македонски јазик и испечатен „Практичен прирачник за спроведување на
систем за управување со енергија“

1
UNIDO – United Nations Industrial Development Organization (Организација на Обединетите Нации за
индустриски развој)
2
REC – Regional Environmental Center (Регионален Центар за Животна Средина)
3
GEF – Global Environmental Facility (Глобален Фонд за Животна Средина)
26
________________________________________________________________________________________________________________________________________
- Во рамките на проектот беше спроведена и експертска обука за оптимизација на
системи за пареа во индустријата и за потребите на обуката беше преведен и
испечатен прирачник на македонски јазикx
- Спроведена беше и експертска обука за оптимизација на системи за компримиран
воздух во индустријата, за чии потреби исто така беше преведен и испечатен
прирачник на македонски јазикxi

Изгледот на погореспоменатите прирачници односно нивните изданија на македонски


јазик се представени на Слика 3-4

Слика 3-4

27
________________________________________________________________________________________________________________________________________

3.3. Текот на имплементација на СУЕ во Вардар Доломит

Имплементацијата на Системот за управување со енергија беше спроведена од двајца


национални консултанти со менторска поддршка на проект менаџерот од Регионалниот центар за
Животна Средина и интернационалните консултанти на УНИДО, кои паралелно со
имплементацијата спроведуваа и обука на националните консултанти. Постапката за
имплементација на СУЕ е исто така објаснета и во Практичниот прирачник за спроведување на
систем за управување со енергија што им беше доделен на сите консултанти и сите партнер
компании.

Важно е да се напомене дека заедно со прирачникот беше дистрибуиран и компакт диск


кој содржи таканаречен „Унидо Алатник“ изработен во форма на ексел документ4. Алатникот е
изработен со цел да ги опфати сите чекори што би требало да се поминат во компаниите за
успешна имплементацијата на СУЕ, со неколку примери како тие чекори би можеле да се
извршат. Со оглед на тоа што алатникот е направен многу општ за да може да се користи во било
која компанија, логично е дека некои делови од алатникот на одредени компании нема да им
бидат потребни па истите може да ги занемарат.

Процесот на имплементацијата на системот за управување со енергија, концептуално може да се


подели на 4 дела како што е прикажано на Слика 3-5

Градење посветеност
за промени

Проверка на Планирање на
резултатите промените

Спроведување на
плановите

Слика 3-5

Во продолжение е образложен процесот на имплементација на СУЕ, во 4 чекори, како што


е представено на Слика 3-5 и нивната практична реализација во Вардар Доломит.

4
Microsoft Excel Document
28
________________________________________________________________________________________________________________________________________
3.3.1. Градење на посветеност за промени

Во текот на имплементацијата на системот за управување со енергија се јавува потреба од


промена на многу нешта што претходно се сметале за стандардни. Потребни се промени во
начинот на работа, во начинот на одржување на опремата, во начинот на проектирање, како и во
начинот на кој се вршат набавки на услуги и добра. Потребни се промени во перцепцијата на
енергијата како ресурс, во начинот на следење на енергетските перформанси, со еден збор
потребни се промени во однесувањето на луѓето.

Промените самите по себе се тешка работа која бара трпение, време, самооткажување и
така натаму. За да може да се реализираат неопходните промени, најпрво треба да биде
разбрана самата потреба од промени и потребна е поддршка и посветеност, особено од врвното
раководство.

Обезбедување на посветеност од највисокото раководство


Од исклучителна важност за успешна имплементација и одржување на СУЕ е да се
обезбеди посветеност од највисокото раководство. Највисокото раководство во компанијата
треба да биде свесно дека постоењето на СУЕ е придобивка за организацијата од аспект на
заштеда на енергија, намалување на влијанието врз животната средина, исполнување на
законските и други барања и сл.

Во Вардар Доломит посветеноста на врвното реководство постоеше уште во самиот


почеток и тоа значително го олесни стартот на имплементацијата. Секако за да се одржи
посветеноста на високо ниво, неопходна е добра комуникација за текот на спроведување на
системот, навремено информирање за сите препреки кои се појавуваат при имплементацијата, но
и за сите нови идеи, за реализираните постигнувања и резултати. Со еден збор врвното
раководство треба да е информирано и вклучено во носењето одлуки нормално во рамките на
слободното време што го имаат на располагање.

Посветеноста на врвното раководство се демонстрира со: Воспоставување на енергетска


политика, делегирање на одговорности, обезбедување ресурси, комуникација, поставување на
општи и посебни цели за енергија и спроведување на преглед од страна на раководството.

29
________________________________________________________________________________________________________________________________________
Одредување на опсег5 и граници6 на имплементација на СУЕ

Секоја компанија уште на стартот на имплементацијата треба да одреди кој е опсегот на


импламентација на СУЕ, односно кои извори на енергија т.е енергенси ќе бидат вклучени во СУЕ.
Согласно барањата на стандардот ИСО 50001, опсегот треба да биде дефиниран и документиран.
Доколку компанијата одлучи некои од енергенсите да ги исклучи од опсегот, потребно е да даде
сериозно образложение зошто е тоа така. Во опсегот на имплементација на системот, во Вардар
Доломит беа вклучени следниве енергенси:

- Електрична енергија што се користи во целиот производен капацитет (вклучително и


во административните простории)
- Екстра лесно гориво што се користи како гориво за Темпер Печка и како алтернативно
гориво за Шахтна Печка
- Мазут што се користи како примарно гориво за Шахтна Печка

Од опсегот беа исклучени:

- Нафта за вилушкарите (мала количина во споредба со останатите енергенси)


- Јаглен кој се користи само при палење на шахтната печка (мала количина и се користи
само неколку пати во годината)

Компаниите исто така треба да ги дефинираат и документираат границите на


имплементација на СУЕ, т.е. кои делови од организацијата се вклучени односно исклучени од
границите на имплементација на системот.

Во конкретниов случај беа опфатени сите објекти и производни погони, односно


целокупниот производен капацитет лоциран во Гостивар.

Од границите на имплементација на системот беше исклучено само седиштето на


компанијата, односно канцеларијата на книговодството која е лоцирана во Скопје. Исклучокот е
направен пред се поради малата вкупна потрошувачка на енергија во канцеларијата.

На Слика 3-6 е представена скица на производниот капацитет во Гостивар каде всушност


се представени и границите на имплементација на СУЕ

5
Под опсег се подразбира кои извори на енергија се вклучени во СУЕ
6
Граници се подразбира на тоа кои делови од организацијата се вклучени во СУЕ
30
________________________________________________________________________________________________________________________________________

Слика 3-6

Представник на Раководството, Енергетски Менаџер и тим за управување со енергија

Врската помеѓу врвното раководство и Системот за Управување со енергија ја


воспоставува Представникот на Раководството. Него го назначува врвното раководство и
неговите минимални одговорности се:

- Да ги насочува aктивностите
- Да го известува највисокото раководство за перформанисите на СУЕ
- Да го известува највисокото раководство за енергетските перформанси на
организацијата
- Да обезбедува поддршка за СУЕ
- Да формира енергетски тим

Многу честа пракса е покрај представник на раководството, компаниите да имаат и


Енергетски Менаџер, кој ги има следните основни задачи:

- Да го води СУЕ на дневна основа и да го познава во детали


- Да го координира неговиот развој
- Да го представува системот (да има својство на проверувано лице) при екстерните
проверки на системот

31
________________________________________________________________________________________________________________________________________
Во поголемите компании има и представник на раководството и енергетски менаџер,
додека помалите компании најчесто се одлучуваат и двете должности да ги спојат во една,
односно тоа да биде едно лице. Таков беше и случајот со Вардар Доломит, каде што сите
одговорности беа пренесени на енергетскиот менаџер. Во новата верзија на стандардот ИСО
50001, представникот на раководството е изоставен но сепак на компаниите им е оставено
правото на избор дали ќе назначат представник на раководството или не.

Луѓето кои имаат најмногу задолженија поврзани со системот за управување со енергија


пожелно е да бидат групирани во едно работно тело кое се нарекува Енергетски Тим. Во овој тим
покрај представникот на раководството и енергетскиот менаџер пожелно е да има и други лица
кои исполнуваат барем една од следниве компетенции:

- Добри комуникациски вештини


- Докажано искуство во раководење со проекти
- Разбирање на трошоците поврзани си енергија и енергетски тарифи (ако постојат)
- Искуство со инженерски системи и енергетска ефикасност
- Познавање на производните процеси во компанијата
- Искуство во одржување на користената опрема
- Спремност за учење нови работи и/или управување со промени

Во енергетскиот тим на Вардар Доломит покрај енергетскиот менаџер, учествуваа


шефовите на производство на сите производни процеси, инженерите за одржување, менаџерот
за квалитет и екологија и раководителот на административниот сектор. Со еден збор во тимот беа
вклучени сите луѓе кои на директен или индиректен начин имаат значително влијание врз
користењето на енергија во компанијата.

Доделување на улоги и одговорности

Важен аспект за правилното поставување на системот е уште на самиот почеток да се


направи јасна поделба на улогите и одговорностите помеѓу вработените. Потребно е да се знае
каква улога има секој вработен во компанијата што има директно или индиректно влијание врз
потрошувачката на енергија и кои се неговите одговорности. Улогата и доделените одговорности
задолжително мора да се соопштени, разбрани и прифатени од секој на кого се однесуват.

За оваа намена во Вардар Доломит се користеше работниот лист од УНИДО алатникот,


нормално приспособен кон потребите на компанијата. Важно е да се напомене дека документот
со улоги и одговорности не е конечен туку по потреба се надградува и менува, за секогаш да ја
отсликува реалната ситуација.

32
________________________________________________________________________________________________________________________________________
Енергетска Политика

Елементарен доказ за поддршката од страна на врвното раководство кон СУЕ е


дефинирање на Енергетската Политика. Покрај што треба да се потпише и искомуницира со сите
во компанијата, истата е потребно редовно да се преиспитува и по потреба да се ажурира.
Енергетската политика на Вардар Доломит е представена на Слика 3-7

Слика 3-7

33
________________________________________________________________________________________________________________________________________
3.3.2. Планирање

Во овој чекор од имплементацијата на СУЕ потребно е да се обезбедат одговорите на


следниве прашања:

- Колку енергија се користи?


- Каде таа енергија се користи?
- Кои се значајните потрошувачи на енергија?
- Кој и што влијае на потрошувачката на енергија?
- Кои се законските и други барања кои се однесуваат на потрошувачката на енергија во
компанијата?

Откако ќе бидат познати одговорите на овие прашања, се преминува кон исполнување на


следниве задачи:

- Утврдување на постоечка состојба и дефинирање на начин на следење на


енергетските перформанси
- Поставување на општи и посебни цели за енергија
- Креирање на Акциони Планови за исполнување на општите и посебни цели

Колку енергија се користи и каде?


Скоро секоја компанија има податок за количината на потрошена енергија во одреден
временски интервал, најчесто на месечно ниво. Тие податоци можат да се добијат од месечните
сметки за потрошена електрична енергија и/или од фактурите за набавка на енергенси (нафта,
мазут, гас и сл.) во тековниот месец.

Кај електричната енергија треба да се внимава дали интервалот на отчитување на


електричното броило е фиксен (на пример на секои 30 дена) и дали тој интервал на отчитување
се поклопува со календарскиот месец.

Во Вардар Доломит отчитувањето на броилото за електрична енергија се врши


автоматски, точно на полноќ по истекот на последниот ден во календарскиот месец. Исто така
уште пред да се започне со имплементација на Системот за Управување со енергија, постоеше
систем за следење на потрошувачката на електрична енергија на 16 мерни места во реално
време, со што постоеја прецизни податоци како за количината на потрошена електрична
енергија, така и за локацијата каде таа енергија се користи.

Кај горивата треба да се внимава како и на кој начин истите се фактурираат. Дали
фактурата се изготвува и доставува веднаш истовремено со испораката на горивото, или при
испорака на горивото се доставува само испратница, а фактурирањето се врши подоцна, за
неколку испратници одеднаш? Исто така треба да се внимава на постоењето на залиха, односно
резервоари. Количината на набавено гориво е соодветна со количината на потрошено гориво
само доколку не постои резервоар или доколку нивото на гориво во резервоарот на крајот од
месецот е идентично со ниво на гориво во резервоарот на почетокот од месецот.

Во Вардар Доломит на одредени места се појавија вакви проблеми во следењето на


потрошувачката на нафта и мазут па беше неопходно да се направи напор наместо набавените
количини, да се мерат и следат потрошените количини на гориво. Некаде имаше постоечки

34
________________________________________________________________________________________________________________________________________
протокомери и беше потребно да се воспостави пракса на редовно следење и отчитување на
нивните состојби и креирање на записи за истите. Онаму каде што немаше постоечки мерачи, беа
вложени дополнителни напори и средства да се инсталираат мерачи за проток на нафта и мазут.
Како и да е, сега во Вардар Доломит точно се знае колку гориво се троши како и точната локација
на потрошувачката на тоа гориво.

Значајни потрошувачи на енергија


Кога веќе се знае каде и колку енергија се троши, лесно може да се идентификуваат кои се
значајните потрошувачи на енергија7. Иако во стандардот не е стриктно наведено, според
методологијата на УНИДО, сумарната потрошувачка на идентификуваните значајни потрошувачи
на енергија, треба да биде најмалку 80 % од вкупната потрошувачка на енергија. Одредувањето
на ЗПЕ е многу важно бидејќи за секој од овие потрошувачи потоа треба да се утврди кој8 и што9
влијае на нивната потрошувачка на енергија.

Во Вардар Доломит беа идентификувани три листи на ЗПЕ, односно ЗПЕ на електрична
енергија, ЗПЕ на екстра лесно гориво и ЗПЕ на мазут. Листата на ЗПЕ на електрична енергија е
представена на Слика 3-8.

Слика 3-8

7
Согласно стандардот ИСО 50001 значаен потрошувач на енергија (скратено ЗПЕ) е потрошувач кој што
троши значителен дел од енергијата или кај кој постои потенцијал за значително подобрување на
енергетските перформанси
8
Се мисли на кој од вработените има директно влијание врз работата на конкретниот ЗПЕ
9
Се мисли на независните променливи кои влијаат на потрошувачката на енергија на конкретниот ЗПЕ
(обем на производство, надворешна температура, должина на денот и сл)
35
________________________________________________________________________________________________________________________________________
Утврдување на почетна состојба и дефинирање на начин на следење на енергетските
перформанси

За сите енергенси кои што се дефинирани во опсегот на имплементација на СУЕ, како и за


сите идентификувани значајни потрошувачи на енергија, неопходно е да се утврди почетна
состојба, како и да се дефинира начинот на кој што ќе се следат енергетските перформанси.

Почетната состојба или енергетска основа се утврдува врз база на историските податоци
за потрошувачката на енергија од претходен период (најчесто од претходна година). Целта на
енергетската основа е да се воспостави референтна точка врз основа на која подоцна ќе се
утврдува дали потрошувачката на енергија е смалена, зголемена или пак непроменета.
Споредбата на реално потрошената енергија наспроти енергетската основа представува
енергетска перформанса и е начин на кој се утврдува дали постои подобрување на енергетската
ефикасност или не.

Постојат најразлични начини на кои компаниите ја дефинираат почетната состојба и ја


утврдуваат енергетската перформанса. Во продолжение се наведени најчесто користените начини
како и нивните предности и недостатоци:

- Директна споредба со потрошувачката на енергија од тековниот период со


претходниот период – овој начин е многу едноставен но и многу непрецизен особено
во случаи кога постојат значајни варијации во обемот на производство
- Користење на едноставни соодноси како на пример специфична потрошувачка на
енергија (СПЕ) односно потрошувачка на енергија по единица производ – Ова е многу
честа и нашироко распространета пракса. Кога СПЕ да се користи како директен
индикатор на енергетската перформанса, намалувањето на овој сооднос се смета како
подобрување, а неговото зголемување како влошување на енергетската перформанса.
За жал овој сооднос директно е зависен од обемот на производство и многу малку
(или воопшто) кажува за енергетската ефикасност и за енергетската перформанса,
особено на краток рок.
- Креирање на математички модел со помош на математичка регресија на податоците
за потрошувачка на енергеија и други независни променливи од изминат период - На
овој начин се добива математичка формула со која се пресметува енергетската
основа, која потоа се споредува со актуелната потрошувачка. Иако овој начин е малку
посложен (потребно е да се креира математички модел), прецизноста на следењето
на енергетските перформанси и тоа како ги оправдува вложените напори.

Во Вардар Доломит беше користен последниот начин, пред се поради можноста што ја
дава, во пресметките покрај обемот на производство, да се вметнат и сите релевантни
променливи кои влијаат врз потрошувачката на енергија. Математичкиот модел се добива со
регресивна анализа направена со помош на програмот Микрософт Ексел. На Слика 3-9 се
представени статистичките податоци на регресивниот модел за електрична енергија за 2016,
добиен врз база на податоците од 2015 година.

36
________________________________________________________________________________________________________________________________________

Слика 3-9

При креирањето на моделот покрај обемот на производство на два различни типа на


производи, користени се уште две независни променливи кои влијаат на потрошувачката на
електрична енергија, а тоа се должината на денот (поради користењето на ел. енергија за
осветление) и топлински степен денови10 (поради користењето на ел. енергија за загревање на
дел од просториите). Користејќи ги коефициентите од овој математички модел прогнозираната
потрошувачка на електрична енергија на месечно ниво може да се пресмета според
доленаведената формула:

𝐸 = −46642,3 + 79,5 × 𝑋1 + 83,6 × 𝑋2 + 7936,47 × 𝑋3 + 77,21 × 𝑋4 каде што

ЕEE – електрична енергија изразена во kWh


-
-X1 – месечно производство на Производ Бр.1 изразено во тони
X2 - месечно производство на Производ Бр.2 + Производ Бр.3 изразено во тони
-
X3 – средна вредност на дожината на ноќта во тековниот месец изразено во
-
часови
- X4 – Топлински степен денови за тековниот месец пресемтано за базна
температура од 15,5°C
На дијаграмот представен на Слика 3-10 може да се спореди реално потрошената
електрична енергија (прикажана со сина линија) наспроти прогнозираната потрошувачка на
електрична енергија (прикажана со црвена линија и пресметана по горенаведената формула) за
сите 12 месеци од 2016 година.

10
Податоците за топлински степен денови (HDD) се користени од бесплатниот извор
https://www.degreedays.net/
37
________________________________________________________________________________________________________________________________________

450,000
400,000
350,000
300,000
Consumed
250,000
Electricity kWh/m
200,000
Expected El. Energy
150,000
kWh/month
100,000
50,000
0
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12

Слика 3-10

Разликата на реално потрошената електрична енергија и прогнозираната електрична


енергија за тековниот месец ги дава реализираните заштеди во тековниот месец. Доколку
предзнакот на разликата е негативен значи дека се реализирани заштеди односно
потрошувачката на енергија е помала од очекуваното. Кумулативната сума на заштедите во сите
месеци од 2016 е прикажана со сина линија на графикот на Слика 3-11. На графикот се гледа дека
наклонот на сината линија во некои месеци е надоле, што значи дека тој месец постоеле заштеди,
а во некои месеци е нагоре што значи дека во тековниот месец имало дури и загуби. На истиот
график со црвена линија е представена целната кумулативна сума на заштеди односно заштедите
што би се реализирале доколку во секој од месеците би се исполнила зададената цел (која во
дадениов случај изнесуваше намалување на потрошувачката за 3,4%)

50,000

0
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12
Actual Savings CUSUM
-50,000
Target Savings CUSUM

-100,000

-150,000

Слика 3-11

38
________________________________________________________________________________________________________________________________________
Општи Цели, Посебни Цели и Акциони Планови

Во согласност со барањата на стандардот ИСО 50001, компаниите мора да дефинираат


општи и посебни цели за заштеда на енергија како и акциони планови за реализирање на
дефинираните цели. Општите цели се долгорочни и помалку прецизни од посебните. Пример за
општа цел: Да се обучат сите оператори на ЗПЕ за начинот на следење на енергетските
перформанси, во период од 2 години.
Посебните цели треба да бидат во насока на поддржување на општите цели, и многу е
веројатно дека секоја општа цел ќе има повеќе специфични цели кои ќе ја поддржуваат.
Карактеристично за посебните цели е тие да бидат:
- Конкретни – која точно задача треба да се изврши
- Мерливи –
- Остварливи
- Релевантни – на која општа цел се однесува и
- Временски определени – да се знае во кој временски период треба да завршат

Од посебна важност најпрво за дефинирање, а потоа и за исполнување на целите, е во


компанијата да постои култура на идентификување на можности за подобрување. Овие можности
за подобрување на енергетската ефикасност треба да се документираат односно од нив да се
креира една Листа на можности. Во Вардар Доломит уште на самиот почеток на
имплеметацијата, со активна вклученост на сите членови во енергетскиот тим беше креирана
ваква листа со над 70 идентификувани можности. Секоја идеја во листата на можности пожелно е
да содржи:

- Опис на можноста
- За кој енергенс односно за кој ЗПЕ се однесува
- Кој ја предложил
- Проценка на потребна инвестиција
- Проценети заштеди и метод на нивна проценка
- поврат на инвестицијата
- евентуални очекувани ризици

Во интерес на исполнување на зададените цели, од листата на можности врз база на


едноставноста, ризиците, буџетот, прогнозираните заштеди и очекуваниот поврат на
инвестицијата, внимателно се одбираат одреден дел од можностите за реализација. Кога на
избраните можности, ќе им се додели одговорно лице за нивна реализација, ќе се предвиди
термин за почеток и крај на реализацијата, и ќе се дефинира моментален статус, всушност се
добива Акционен План кој во себе содржи информации за посебните цели и целните заштеди.
Еден ваков Акционен План, кој се однесува на на плановите за намалување на потрошувачката на
електрична енергија на Вардар Доломит е представен на Слика 3-12.

Интересно е да се напомене дека примерот представен во тема Бр 4.„Пример на автоматизирање


на постоечки процес со помош на програмабилен контролер“ е всушност реализација на една
идеја од акциониот план за намалување на потрошувачката на екстра лесно гориво во Вардар
Доломит.

39
Слика 3-12
3.3.3. Спроведување на плановите и секојдневно работење

Овој чекор е предвиден за спроведување на се она што е испланирано во претходниот


чекор. Потребно е да се реализираат акционите планови со цел да се исполнат поставените
општи и посебни цели. Ова е чекорот каде предвидените заштеди на енергија треба да станат
реалност.

Оперативна контрола
Оперативна контрола е делот од системот за управување со енергија кој што обезбедува сите
значајни потрошувачи на енергија да работат и да се одржуваат на најдобар можен начин, заради
намалена потрошувачка на енергија.

Многу е важно при работата на секој значаен потрошувач на енергија да бидат


задоволени следниве услови:

- Да бидат исполнети критичните оперативни параметри


- Да се работи во согласност со зададените процедури
- Сите параметри кои се важни за работата и за потрошувачката на енергија да се
следат и да се пополнуваат записи за истите на однапред дефинирани интервали
(часовно, сменски, дневно и сл.)
- Редовно да се следат енергетските перформанси на конкретниот ЗПЕ согласно
претходно утврдената методологија, и задолжително да се истражат причините
доколку има влошување на перформансите
Одржувањето на значајните потрошувачи на енергија исто така треба да се одвива според
строго дефинирани процедури и распореди за одржување. Доколку во одржувањето на ЗПЕ се
вклучени надворешни изведувачи и тие мора да бидат запознаени, и да ги почитуваат утврдените
процедури и распореди.
Табелата за оперативна контрола на значајните потрошувачи на енергија во Вардар Доломит е
представена на Слика 3-13

Слика 3-13
________________________________________________________________________________________________________________________________________
Обезбедување на свесност и компетентност

За секој вработен чија работа има директно влијание врз еден или повеќе значајни потрошувачи
на енергија, неопходно е да се обезбеди свесност и соодветна компетентност. Ова се однесува и
за надворешно ангажираните лица доколку во компанијата има такви.

Свесноста на вработените се постигнува со комуницирање на енергетската политика, со


нивно вклучување во носењето одлуки и/или во давањето предлози за подобрување.
Организирањето на обуки, спроведувањето на кампањи, делењето пропагандни материјали исто
така може да ја зголеми свесноста за важноста на енергетската ефикасност.

На Слика 3-14 е прикажана една од одржаните серија презентации во просториите на


Вардар Доломит на тема „Подигање на свесноста за енергетска ефикасност“

Слика 3-14

Многу е важно секој од вработените, а особено оние кои ја управуваат работата на


значајните потрошувачи на енергија, да се компетентни односно својата работа да ја извршуваат
врз основа на соодветно образование, обученост, вештини и искуство. Одговорност на
раководството е да обезбеди сите вработени да се доволно компетентни за извршување на
своите работни задачи.

Во Вардар Доломит беше воспоставена пракса да се дијагностицираат случаите каде што


има недостаток од компетентност и стручност и за дадените случаи да се испланираат обуки.
Овие обуки се внесуваат во план за обуки кој што редовно се преиспитува и ажурира.

42
________________________________________________________________________________________________________________________________________
Набавки и проектирање (дизајн)

Во постоечката процедура за набавки неопходно е да се вметнат соодветни измени со цел


да се обезбеди набавка на енергетски ефикасни производи и услуги, со други зборови потребно е
енергетската ефикасност да се земе како критериум при оценката на понудите секогаш кога тоа е
можно и економски прифатливо.

Нормално дека добавувачите треба да бидат навремено информирани за ваквата


промена во процедурата за набавка. За таа цел во стандардниот формулар за барање понуда во
Вардар Доломит беше вметната следната напомена: „Во согласност со нашата Енергетска
Политика при оценката на понудите, ќе се води сметка и за енергетските карактеристики на
понудените производи/услуги секогаш кога тоа е применливо“

Нај едноставно и нај евтино е кога енергетската ефикасност ќе биде земена во предвид
уште во самиот процес на проектирање и ревитализирање на објект, производна линија или
процес. За таа цел потребно е енергетската ефикасност да се вметне како критериум при
оценката на нови проекти. Во Вардар Доломит се направија напори да се отиде и чекор понапред
односно секој нов проект да добие мислење од енергетскиот тим за аспектите кои се поврзани со
потрошувачката на енергија и енергетската ефикасност.

43
________________________________________________________________________________________________________________________________________

3.3.4. Проверка на резултатите

Четвртиот чекор е предвиден за проверка и одредување на функционалноста на системот за


управување со енргија. Главни теми кои што треба да бидат проверени се:

- Дали се подобруваат енергетските перформанси на организацијата?


- Дали се исполнети законските и други барања од областа на енергијата?
- Дали се исполнети зададените општи и посебни цели и акциони планови?
- Дали системот за управување со енергија е во сообразност со барањата на
стандардот ИСО 50001 односно дали постојат сите релевантни докази со кои таа
сообразност може да се докаже.
Во суштина разликуваме два основни типа на проверки:
- Техничка проверка – која се однесува на секојдневна проверка и следење на
критичните оперативни параметри, тековното работење, одржувањето,
енерегетските перформанси и сл. Овој тип на проверка не треба да се изведува
кампањски туку треба да стане дел културата на секојдневното работење и
поради тоа може да се смета дека повеќе припаѓа на третиот чекор од
имплементацијата.
- Проверка на системот – е кампањска работа и се извршува по однапред
дефиниран план. Доколку станува збор за надворешна проверка таа се прави
еднаш или два пати годишно (односно на шест или 12 месеци). Внатрешните
проверки обично се прават повеќекратно но најчесто при проверката се
проверува само дел односно одредена функционална целина на системот.
Проверките се прават во согласност со годишен план на проверки, испланиран
така да во текот на една година биде проверен секој дел на системот. Нотираните
неусогласености при проверките повлекуваат вршење на соодветни корекции,
корективни и превентивни мерки.

44
________________________________________________________________________________________________________________________________________

3.4. Резултати од имплементацијата на СУЕ во Вардар Доломит

Суштината на постоењето на системите за управување со енергија е намалување на


потрошувачката на енергија односно постигнување на енергетски заштеди. Како резултат на
имплементацијата на СУЕ во Вардар Доломит, уште во првата година од имплементацијата,
односно во 2016 година, беа постигнати одредени заштеди на електричната енергија. Во
наредните две години (2017 и 2018), добрите практики беа проширени и надградени, па заштеди
беа постигнати и на другите енергенси т.е. на екстра лесното гориво и мазутот. Годишните
заштеди на енергија во Вардар Доломит за последните 3 години, изразени во MWh се
представени на Слика 3-15.

Слика 3-15

Во Вардар Доломит како финален доказ за успешно завршената имплементација на


системот за управување со енергија во 2017 се започна со сертификација на истиот.
Сертификациската проверка беше успешно спроведена во Декември 2017 што резултираше со
издавање на сертификат во Јануари 2018 год. Сертификатот е во согласност со верзијата на
стандардорт ИСО 50001:2011 и е представен на Слика 3-16.

Круна за успешноста на имплементацијата на системот за управување со енергија во


Вардар Доломит беше доделеното признание за возвишеност во менаџирањето со енергија од
страна на ЦЕМ11. Признанието е представено на Слика 3-17

11
CEM – Clean Energy Ministerial http://www.cleanenergyministerial.org/
45
________________________________________________________________________________________________________________________________________

Слика 3-16

46
Слика 3-17
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_

4. Пример на автоматизирање на процес со програмабилен


логички контролер со цел зголемување на енергетската
ефикасност

Во конкретниов пример е елаборирана реализацијата на една идеја од листата на


акциони планови на компанијата Вардар Доломит. Се работи за автоматизирање на работата
на системот за топловодно греење во Управната Зграда со употреба на програмабилен логички
контролер. Целта на конкретнава идеја од акциониот план е да се намали потрошувачката на
енергија (во случајов екстра лесно гориво), преку подобрување на енергетските перформанси
на системот за топловодно греење. Намалувањето на потрошувачката на енергија, покрај
заради задоволување на барањата на стандардот, важна е и заради финансиските заштеди кои
произлегуваат од истата. Како додадена вредност односно придобивка која не е директно
поврзана со енергија, а произлегува од реализацијата на овој проект е и подобрување на
нивото на комфор на вработените кои работат во Управната Зграда.

Описот на реализацијата е поделен на неколку тематски делови и тоа:

- Опис на постоечката ситуација – тука е опишан начинот на работа на системот за


топловодно греење пред било што да се преземе
- Опис на идејата – каде е детално објаснето што се планира да се измени и кои се
очекуваните ефекти
- Новопредвидена ситуација
- Опис на работата на системот – даден е детален опис на функционирањето на системот
- Анализа на трошоци и користи – пресемтани се вложените средства, реализираните
заштеди, како и периодот на поврат на инвестицијата
- Податоци извлечени од софтверот U90 Lader - каде во целост е прикажан програмскиот
код на Програмабилниот Контролер

48
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_

4.1. Опис на постоечката ситуација

Управната зграда во Вардар Доломит е на два ката, и во неа се загреваат сите


простории. Зградата е без никаква дополнителна изолација, со многу стаклени површини и со
дотраени врати и прозори. Изгледот на управната зграда гледано од напред е представен на
Слика 4-1, а гледано од страна на Слика 4-2.

Слика 4-1 Слика 4-2

Самото топловодно греење е класично изведено, со термален котел на екстра лесно


гориво кој е сместен во котлара која е во состав на управната зграда. Водата која се загрева во
котелот преку две циркулациони пумпи, кои работат паралелно, циркулира низ цевките до
грејните тела, кои во случајот се гусени радијатори. Циркулационите пумпи се стартуваа рачно
и работеа непрекинато во текот на целата грејна сезона. Вклучувањето на пумпите се вршеше
со помош на гребенести склопки кои беа сместени на вратата на електричниот орман (Слика
4-4), додека пак во неговата внатрешност (Слика 4-3), беа лоцирани преостанатите елементи
неопходни за функционирање на системот, т.е. осигурувачи, контактори, биметални релеи...

Слика 4-4 Слика 4-3

Котелот се вклучуваше исто така преку гребенаста склопка, а неговата работа беше
контролирана со помош на програмабилно временско реле кое има можност за дневно и
неделно програмирање и е представено на Слика 4-5.

49
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_

Слика 4-5

Временското реле беше програмирано согласно следниот алгоритам:


- Во деновите од Понеделник до Сабота предвидена беше непрекината работа на
котелот во периодот од 06 до 15 часот за да се обезбеди неопходниот комфор на
вработените (во Управната Зграда има персонал од 07 до 15:30 часот, секој ден освен
во Недела). Дополнително беа предвидени уште 3 вклучувања од по еден час како би
се спречило мрзнење на инсталациите или зеленилото во Управна Зграда и тоа од 02
до 03, од 18 до19 и од 22 до 23ч. Графички оваа распределба на работните часови на
котелот е представена на дијаграмот на Слика 4-6

Понеделник до Сабота
1

0
00-01h
01-02h
02-03h
03-04h
04-05h
05-06h
06-07h
07-08h
08-09h
09-10h
10-11h
11-12h
12-13h
13-14h
14-15h
15-16h
16-17h
17-18h
18-19h
19-20h
20-21h
21-22h
22-23h
23-24h

Слика 4-6

- Во Недела бидејќи нема персонал во Управната Зграда, предвидени беа 6 вклучувања


од по еден час за одржување на минималната потребна температура за одржување на
зеленилото од 2 до 3, од 6 до 7, од 10 до 11, од 14 до 15 од 18 до19 и од 22 до 23ч.
Графичка представа на работните часови на котелот во Недела е дадена во дијаграмот
прикажан на Слика 4-7

Недела
1

0
00-01h
01-02h
02-03h
03-04h
04-05h
05-06h
06-07h
07-08h
08-09h
09-10h
10-11h
11-12h
12-13h
13-14h
14-15h
15-16h
16-17h
17-18h
18-19h
19-20h
20-21h
21-22h
22-23h
23-24h

Слика 4-7

50
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_
Температурата на водата во системот се подесуваше локално, со помош на термостатот
кој е лоциран на горниот дел од котелот. Изгледот на термостатот е прикажан нa Слика 4-8.

Слика 4-8

Недостаток на ваквиот начин на подесување е во тоа што кога температурата во


просториите не е доволна, неопходно е некој од вработените рачно да ја зголеми
температурата на водата во системот. Откако температурата во просториите ќе биде
постигната, температурата на водата треба повторно да биде вратена на првобитната
вредност, но тоа не се прави ажурно и навремено па во просториите се јавува прегреаност.
Ако просториите се прегреани, првата реакција на вработените кои што работат во нив е да
отворат прозор, дури и ако надвор е зима. Ваквиот начин на регулација, покрај тоа што често е
причина за неразумно и нерационално користење на енергијата исто така негативно влијае и
врз нивото на комфор во зградата.

51
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_

4.2. Опис на идејата

Првичната идеја беше изнаоѓање замена за временското реле со неделно


програмирање, кое претходно ја контролираше работата на котелот, пред се за да се избегнат
превентивните вклучувања на котелот во траење од по еден час. Заради претпоставката дека
голем дел од овие превентивни вклучувања на котелот се непотребни, беше одлучено новото
решение да ја зема во предвид внатрешната температура во објектот и во периодите кога во
него нема персонал и котелот да се вклучува само во случаите кога постои реална опасност од
мрзнење на инсталациите или оштетување на внатрешното зеленило. Кога веќе се следи
внатрешната температура тоа секако треба да биде искористено за одржување на таа
температура на вредност која ќе биде однапред зададена и пријатна за вработените што
работат во објектот.

Регулирање на внатрешната температура во тесен опсег околу зададената вредност


тешко може да се одржува само со вклучување и исклучување на котелот без, при тоа да се
регулира и температурата на водата. Поради тоа беше предвидено новото решение да има
можност за автоматско подесување на температурата на топлопреносниот медиум, односно
водата.

Бидејќи котелот би требало да се вклучува само тогаш кога ќе има реална потреба,
односно тогаш кога ќе треба да додава енергија во системот, логично беше да се предвиди и
автоматизирање на работата на циркулационите пумпи. Целта на ова е да се избегне нивна
непотребна работа цело време, а со тоа и непотребно трошење на електрична енергија.

И за крај но не и помалку важно, беше потребно новото решение да биде едноставно и


економично, односно да спаѓа во ниско ниво на инвестиции. Беше претпоставено дека
едноставен микро програмабилен контролер би можел да ги задоволи горенаведените
потреби, но сепак требаше да се провери колу би била цената на контролерот како и
пропратната опрема, за вкупната цената на реализација да не биде превисока.

52
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_

4.3. Новопредвидена ситуација

Беше предвидено за автоматизацијата на топловодното греење во Управната зграда да


се употреби Програмабилен логички контролер кој би бил сместен во котларата, во
комбинација со термостат кој би требало да ја регулира температурата на внатрешниот воздух
и поради тоа би бил сместен во репрезентативна канцеларија во објектот. Целта е
температурата во објектот да се одржува на зададено ниво, без големи осцилации, независно
од промената на надворешните услови. За таа цел потребно е температурата на водата што
циркулира во објектот да се менува обратно пропорционално од надворешната температура.
Промената на температурата на напојната вода во зависност од надворешната температура се
нарекува Лизгачки Дијаграм на температурата на водата за греењеxii. За да се овозможи
сосодветна регулација на температурата на водата дополнително беше предвидено да се
користат и две температурни сонди, една за мерење на температурата на водата во системот,
а другата за мерење на надворешната амбиентална температура и истите да бидат поврзани
со контролерот.

Собниот термостат покрај тоа што треба да биде лоциран во репрезентативна


просторија (која има приближно исти топлински потреби со што поголем дел од останатите
простории), потребно е да биде поставен на ѕид, на висина окулу 1,5 m од подот и на доволна
оддалеченост од вратата и прозорците за да се минимизира ефектот на провев и/или ефектот
на илуминација од сончевите зраци. Термостатот е потребно да биде програмабилен и по
можност со две нивоа на комфор, односно со можност за задавање на две различни
температури, во зависност од тоа дали во моментот во зградата има или нема персонал.
Термостатот треба да има работен контакт преку кој ќе праќа сигнал до контролерот кога
температурата во репрезентативната просторија е пониска од зададената согласно
моменталното ниво на комфор, односно дека е потребно внесување на топлинска енергија.

Постоечката автоматика на горилникот од котелот има помошен контакт што се


активира кога ќе настане некој проблем и истиот може да се искористи да му сигнализира на
програмабилниот контролер дека котелот не е во функција поради грешка на горилникот.

Резервоарот со копацитет од 4 000 литри екстра лесно гориво е сместен во котларата и


нивото на гориво во резервоарот се отчитува локално. За да се спречи целосно празнење на
резервоарот, предвидено е монтирање на ниво сонда која ќе сигнализира на контролерот кога
резервоарот ќе биде 90% испразнет, односно кога во него ќе останат помалку од 400 литри
гориво.

Циркулационите пумпи ќе се поврзат преку моторни заштитни склопки кои имаат


можност за нагодување на заштитата во согласност со номиналната струја на пумпите. Целта
на овие заштитни склопки е да го исклучат напојувањето на пумпите доколку се појави
проптоварување. Причината за појава на преоптоварувањето на пумпите може да бидеxiii:
- Од електрична природа (недостаток на една фаза, флуктуации на напонот и сл)
- Од механичка природа (заглавен ротор, дотраени лежишта и сл)

53
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_
Моторните заштитни склопки имаат помошен контакт со помош на кој на
програмабилниот контролер може да му се сигнализира доколку прореагира заштитата
односно доколку дојде до испаѓање на некоја од пумпите.

За да топловодното греење функционира непречено неопходно е водата во системот


да има релативен притисок поголем од 1 бар. Поради тоа на главниот цевковод ќе се постави
сонда за притисок, чиј помошен контакт ќе му сигнализира на контролерот доколку
релативниот притисок на водата во системот падне под 1 бар.
Од безбедносни причини неопходно е на орманот каде што ќе биде сместен
контролерот да има едно безбедносен печуркаст тастер „ИТЕН СТОП“, со чие притискање ќе
запира работата на целокупниот систем.
Програмабилниот контролер ќе управува со работата на двете пумпи како и со
работата на горилникот. Дополнително контролерот треба да ја контролира работата на две
алармни светла, кои би сигнализирале евентуални проблеми во работата на системот за
топловодно греење
Од погоренаведените заклучоци може да се сумираат минималните потребни услови
кои треба да бидат задоволени при спецификацијата на програмабилниот контролер.
Програмабилниот контролер мора да има:
- 1 аналоген влез за сонда за мерење на температурата на водата
- 1 аналоген влез за сонда за мерење на надворешната температура
- 1 дигитален влез за печуркастиот тастер „ИТЕН СТОП“
- 1 дигитален влез за сигналот од собниот термостат
- 1 дигитален влез за сигналот од сондата за притисок на вода во системот
- 1 дигитален влез за индикација на состојбата на моторната заштита на Пумпа 1
- 1 дигитален влез за индикација на состојбата на моторната заштита на Пумпа 2
- 1 дигитален влез за индикација на состојба на горилникот
- 1 дигитален влез за сонда за ниво на гориво во резервоарот
- 1 дигитален излез за стартување на горилникот
- 1 дигитален излез за стартување на Пумпа 1
- 1 дигитален излез за стартување на Пумпа 2
- 1 дигитален излез за активирање на прво алармно светло
- 1 дигитален излез за активирање на второ алармно светло
- Можност за основни математички операции со влезните аналогни сигнали за
одредување на Лизгачкиот Дијаграм на температурата на водата за греење
- Едноставен дисплеј на кој ќе може да се следи работата и моменталната состојба на
програмабилниот контолер

Погоренаведената минимална конфигурација за програмабилен контролер беше


испратена до најдобро рангираниот добавувач за автоматика на Вардар Доломит и од нив ни
беше понудено следново решение:

Програмабилен логички контролер JAZZ Micro OPLC на производителот UNITRONICS со


ознака JZ10-11-UA24. Се работи за комбинација од операторски панел и
програмабилен логички контролер во едно куќиште. Контролерот ги има следните
вградени можности:

54
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_
- 9 дигитални влезови
- 2 аналогни/дигитални влезови
- 2 аналогни влезови
- 2 влезови за температурна сонда тип PT100
- 5 релејни излези
- 2 транзисторски PNP излези
- 2 аналогни излези
Бидејќи во фирмата понудувач беа информирани дека овој проект се реализира како
дел од магистерски труд, понудија можност програмабилниот контролер да се земе веднаш за
тестирање (понудениот модел го имаа на залиха), а плаќањето да се изврши откако истиот ќе
биде монтиран. Дополниделно беше понудена бесплатна техничка помош доклоку за тоа се
појави потреба при инсталацијата на контролерот или при пишување на програмскиот код.
Понудените услови беа повеќе од доволни за нивната понуда да биде прифатена и да се
започне со работа. Изгледот на избраниот контролер може да се види на Слика 4-9xiv .

Слика 4-9

За пишување на програмскиот код за овој контролер неопходна е инсталација на


софтверот „U90 Ladder“, кој што може да се симне бесплатно од веб страната на
производителот на опремата, односно од https://unitronicsplc.com/software-u90-for-
programmable-controllers/. За помош при користењето на споменатиот софтвер и за пишување

55
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_
на програмскиот код беа користени упатствотоxv и прирачникотxvi што исто така се достапни за
симнување од страната на производителот.
За регулација на температурата од репрезентативната просторија беше избран
дигитален програмабилен термостат SALUS CONTROLS 091FLxvii чиј изглед може да се види на
Слика 4-10 .

Слика 4-10

Покрај програмабилниот логички контролер и програмабилниот термостат, за реализацијата


на овој проект беше употребена и следнава дополнителна опрема:
- Трополен автоматски осигурувач
- Три еднополни автоматски осигурувачи
- Уред за напојување (влез 230V 50Hz излез 24VDC 2,5A)
- 3 моторни заштитни склопки (2 за моторите и една за автоматиката од котелот)
- 3 контактори (2 за моторите и една за автоматиката од котелот)
- 5 микро релеи на извлекување 24 VDC со 2 преклопливи (CO) контакти
- 2 лед индикатори 24 VDC (еден жолт еден црвен)
- Печуркаст тастер „ИТЕН СТОП“
- 2 PT100 сонди (едната за мерење на надворешната амбиентална температура и
другата за мерење на температурата на водата)
- Метален ормар во кој е сместена опремата

Најголем дел од горенаведената опрема е сместена во метален орман, чија


внатрешност е представена на Слика 4-12Error! Reference source not found., додека пак
програмабилниот контролер е поставен на вратата на oрманот со операторскиот панел свртен
кон надвор, као што може да се види од Слика 4-11.

56
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_

Слика 4-12 Слика 4-11

57
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_

4.4. Опис на работата на системот за топловодно греење по


имплементирање на измените

Целокупната работа на системот за топловодно греење сега е контролирана од


програмабилниот логички контролер. Неопходно е да се знае дека во конкретниов случај
контролерот користи позитивна логика на управување односно за логичка единица се смета
кога на влезот на контролерот ќе се донесе позитивниот пол од изворот на напојување кој во
нашиов случај е 24V истосмерен напон. За да може контролерот да работи во нормален
работен режим неопходно е да се задоволени следниве услови:
- На влезот на контролерот I0 да има логичка единица односно сигурносниот
печуркаст тастер кој што има еден нормално отворен контакт (NO) да не е
притиснат (Сигурносниот тастер е лоциран во горниот дел на орманот, помеѓу
зеленото и црвеното сигнално светло Error! Reference source not found.)
- На влезот I2 да има логичка единица што сигнализира дека имаме задоволителен
притисок на водата во системот
- На влезот I3 да има логичка единица што значи дека моторната заштитна склопка
од пумпа бр.1 е во вклучена позиција
- На влезот I4 да има логичка единица што значи дека моторната заштитна склопка
од пумпа бр.2 е во вклучена позиција
- На влезот I5 да има логичка единица што сигнализира дека се е во ред со
автоматиката на горилникот и
- На влезот I6 да има логичка единица односно сондата за гориво да сигнализира
дека во резервоарот има повеќе од 400 литри гориво
Ако сите горенаведени услови се задоволени тогаш контролерот може да работи во
нормален режим и на неговиот операторски панел ќе биде активен Дисплеј Бр.1 односно
почетниот дисплеј кој е представен на Слика 4-13.

Слика 4-13

Во горниот лев агол на дисплејот може да се отчита моменталната вредност на


надворешната температура To, во горниот десен агол моменталната вредност на
температурата на водата во системот Tv, во долниот лев агол може да се отчита моменталната
вредност на референтната температура на водата Tref (начинот на пресметување на оваа
температура е објаснет подоле во текстот на стр.61) и во долниот десен агол е стои ознака за
грејна сезона.
Контролерот има две ознаки за грејната сезона т.е. „ZIMA“ во услови на активна грејна
сезона или „LETO“ кога грејната сезона е завршена и системот е во мирување. Дисплејот кој
што е прикажан на Слика 4-13, означува дека контролерот е во состојба надвор од грејна
сезона односно во мирување.

58
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_
Грејната сезона се менува на самиот контролер на следниов начин. Кога на
контролерот е активен Дисплеј Бр.1 (Слика 4-13), се притиска на копчето → (стрелка надесно)
при што се појавува Дисплејот Бр.2 „Промена на сезона“ што е прикажан на Слика 4-14.

Слика 4-14

Овој дисплеј дава податок за моменталната сезона, во конкретниов случајов „LETO“


што значи завршена грејна сезона и ни дава информација дека доколку сакаме да ја
промениме сезоната треба уште еднаш да притиснеме на копчето → (стрелка надесно). Овој
дисплеј е активен само 5 секунди и повторно се враќа почетниот дисплеј. Доколку за време на
траењето на тие 5 секунди го притиснеме уште еднаш копчето →, ќе направиме промена на
сезона односно ќе стане активен Дисплејот Бр.3 „Инфо за променета сезона“ прикажан на
Слика 4-15.

Слика 4-15

И овој дисплеј е активен само пет секунди и потоа повторно се активира почетниот
дисплеј со таа разлика што сега грејната сезона е активна, што се гледа од Слика 4-16.

Слика 4-16

Сега контролерот е во активен режим на работа и во зависност од тоа дали логичката


состојба на влезот I1 е 0 или 1 ќе ги исклучува или вклучува циркулационите пумпи.
Циркулационата пумпа 1 се вклучува со излезот О1, а циркулационата пумпа 2 со излезот О2.
Иако двете пумпи се вклучуваат со помош на различен излез тие се вклучуваат истовремено.
Логичката состојба на I0 зависи од собниот термостат.
Термостатот има можност за неделно прогамирање односно постои можност за
различен режим на работа за секој ден во неделата поодделно, како и можност за задавање
на две нивоа на комфор, односно ноќно т.е ниско ниво на комфор и дневно т.е високо ниво на
комфор. За денското ниво на комфор првично беше зададена температура од 23°C, а за

59
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_
ноќното ниво на комфор 10°C, како би се избегнало оштетување на зеленилото и цвеќињата во
управната зграда и би се избегнала опасноста од мрзнење на водоводната или топловодната
инсталација. Иако термостатот дава можност за различен програм за секој ден во неделата, во
конкретниов случај се искористени само 3 различни програми и тоа:
- Програм бр.1 кој се однесува на деновите од Понеделник до Петок и е представен на
Слика 4-17. (Со 1 се претставени периодите на ниско, а со 2 периодите на високо ниво
на комфор)

Програм Бр.1
2
1
0
00-01h
01-02h
02-03h
03-04h
04-05h
05-06h
06-07h
07-08h
08-09h
09-10h
10-11h
11-12h
12-13h
13-14h
14-15h
15-16h
16-17h
17-18h
18-19h
19-20h
20-21h
21-22h
22-23h
23-24h
Слика 4-17

- Програм бр.2 кој се однесува на Сабота и е представен на Слика 4-18 и

Програм Бр.2
2
1
0
00-01h
01-02h
02-03h
03-04h
04-05h
05-06h
06-07h
07-08h
08-09h
09-10h
10-11h
11-12h
12-13h
13-14h
14-15h
15-16h
16-17h
17-18h
18-19h
19-20h
20-21h
21-22h
22-23h
23-24h
Слика 4-18

- Програм бр.3 кој се однесува на Недела (или државни празници) и е представен на


Слика 4-19

Програм Бр.3
2
1
0
00-01h
01-02h
02-03h
03-04h
04-05h
05-06h
06-07h
07-08h
08-09h
09-10h
10-11h
11-12h
12-13h
13-14h
14-15h
15-16h
16-17h
17-18h
18-19h
19-20h
20-21h
21-22h
22-23h
23-24h

-
Слика 4-19

Предноста на програмабилниот термостат е што се наоѓа во канцеларија и локално, без


да се оди во котлара и без да се има било какви познавања од работа со програмабилни
контролери може да се менува бараната температура во просторијата за било кое од двете
температурни нивоа. Од технички аспект гледано термостатот е поврзан со кабел со влезот I1
на програмабилниот контролер и дава логичка единица кога температурата во канцеларијата

60
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_
ќе падне под зададената температура или логичка 0 кога температурата ќе ја надмине
зададената температура за моменталното ниво на комфор.
Кога собниот термостат ќе врати на влезот I1 состојба на логичка единица тогаш и
пумпа бр.1 и пумпа бр.2 ќе се вклучат истовремено односно ќе се активираат излезите на
контролерот O1 I O2. Со тоа се исполнети сите потребни предуслови неопходни за работа на
горилникот. Во ваков случај работата на горилникот ќе биде контролирана само од
температурата на водата во системот според следниве услови:
- Услов за стартување на горилникот односно активирање на излезот O0 на
програмабилниот контролер
𝑇𝑣 ≤ 𝑇𝑟𝑒𝑓 − 1℃ каде што
Т𝑣 – температура на водата во системот
𝑇𝑟𝑒𝑓 – референтна температура
- Услов за запирање на горилникот односно деактивирање на излезот O0
𝑇𝑣 ≥ 𝑇𝑟𝑒𝑓 + 1℃

Референтната температура е всушност температурата која сакаме да ја одржуваме во


системот и не е константна туку се менува во зависност од временските услови по следнава
закономерност:
ако 𝑇𝑜 ≤ −20℃ тогаш Tref = 80℃
ако −20℃ ≤ 𝑇𝑜 ≤ 20℃ тогаш 𝑇𝑟𝑒𝑓 = 60℃ − 𝑇𝑜
ако 𝑇𝑜 > 20℃ тогаш 𝑇𝑟𝑒𝑓 = 40℃
каде То – надворешна температура

Ваквиот начин на промена на температурата на водата во зависност од наворешната


температура се вика лизгачки дијаграм на температурата на греење. Овој лизгачки дијаграм,
прилагоден според горенаведените закономерности е представен на Слика 4-20.

Tref во зависност од То

80 80
70
60
50
40 40

-30.00 -20.00 -10.00 0.00 10.00 20.00 30.00

Слика 4-20

Доколку за време на работење на горилникот, собниот термостат испрати сигнал дека


е постигната бараната температура во просторијата, односно на влезот I1 добиеме состојба на

61
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_
логичка нула, пумпите ќе запрат, а поради нив ќе запре и горилникот без разлика дали во
меѓувреме е постигната референтната температура на водата или не.

Се што беше до сега кажано се однесува на нормален режим на работа на


програмабилниот контролер во активна грејна сезона. За време на грејната сезона може да се
појават и одредени неправилности односно неисполнување на потребните услови за
непречена работа на контролерот и/или на системот во целина. Во зависност од тоа кој од
бараните услови не е исполнет контролерот препознава 2 алармни нивоа и тоа:

- Жолто алармно ниво и


- Црвено алармно ниво

Жолтото алармно ниво се појавува во случај кога некој од условите за непречена


работа на системот не е исполнет но системот сепак може да продолжи со работа. Целта на
ова алармно ниво е да го привлече нашето внимание за појавената аномалија да ја отклониме
додека системот сеуште до одредено ниво функционира. Појавата на жолтото алармно ниво
се манифестира со активирање на излезот O3 на контролерот на кој е поврзана жолта сигнална
сијалица и со активирање на дисплејот бр.4. Овој дисплеј на првиот ред дава информација за
појавата на жолто алармно ниво, а на вториот ред ја испишува причината за појавата на ова
алармно ниво. Доколку причина за појава на алармот е тоа што референтниот притисок на
водата во системот паднал под 1 бар , односно на влезот I2 имаме состојба на логичка нула,
изгледот на дисплејот е прикажан на Слика 4-21.

Слика 4-21

Доколку причина за појава на алармот е избивање на моторната заштитна склопка на


пумпа бр.1 (состојба на логичка нула на влезот I1), додека пумпа бр.2 е во ред, изгледот на
дисплејот ќе биде како на Слика 4-22, додека пак ако причина за појава на алармот е
избивање на моторната заштитна склопка на пумпа бр.2 (состојба на логичка нула на влезот
I2), додека пумпа бр.1 е во ред, изгледот на дисплејот ќе биде како на Слика 4-23.

62
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_

Слика 4-22

Слика 4-23

Последна можна причина за појава на жолто алармно ниво е намалување на


количината на гориво во резервоарот под 400 литри односно состојба на логичка нула на
влезот I6. Во тој случај изгледот на дисплејот ќе биде како на Слика 4-24.

Слика 4-24

Доколку во меѓувреме причината за појава на жолтото алармно ниво се отклони, на


дисплејот сепак ќе остане сигналот за жолтото алармно ниво се додека контролерот не добие
сигнал за ресетирање на грешката. За да се ресетира грешката неопходно е прво да се отклони
причината за нејзиното појавување а потоа да се притисне копчето ↑ (стрелка нагоре).

За разлика од жолтото алармно ниво, црвеното алармно ниво кај програмабилниот


контролер се појавува во случаи кога некој од главните услови за работа на системот не е
задоволен и контролерот нема да продолжи со работа се до отклонување на настанатиот
проблем. Во случај на активиарање на црвено алармно ниво, веднаш се исклучуваат сите
излези на контролерот со исклучок на излезот O4 кој ја активира црвената сигнална сијалица и
станува активен дисплеј бр.5. Овој дисплеј на првиот ред дава информација дека контролерот

63
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_
е во црвено алармно ниво а во вториот ред ја испишува причината за појавувањето на
алармот.

Ако настане истовремено избивање на двете моторни заштитни склопки од


циркулационите пумпи односно на влезовите I1 и I2 истовремено добиеме состојба на логичка
нула, дисплејот ќе изгледа како на Слика 4-25.

Слика 4-25

Доколку причина на појава на алармот е неисправност или грешка на бренерската автоматика,


односно ако на влезот на контролерот I5 имаме состојба на логичка нула, изгледот на
дисплејот ќе биде како на Слика 4-26.

Слика 4-26

Последна од трите можни причини за појава на црвено алармно ниво е доколку некој го
притисне заштитниот печуркаст тастер „ИТЕН СТОП“, односно на влезот на контролерот I0
добиеме состојба на логичка нула, изгледот на дисплејот ќе биде како на Слика 4-27.

Слика 4-27

64
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_
По отклонување на причината на појавување на црвеното алармно ниво, дисплејот број 5 и
црвеното сигнално светло ќе останат активни и контролерот нема да почне со нормална
работа се додека не се ресетира грешката. Ресетирањето на грешката се врши исто како и кај
жолтото алармно ниво односно со притискање на копчето ↑ (стрелка нагоре).

Кога програмабилниот контролер е во режим на мирување, односно во режим на


работа надвор од грејна сезона неговиот дисплеј е прикажан на Слика 4-28.

Слика 4-28

Иако е во режим на мирување, предвидена е можност за присилно стартување на


пумпите без потреба од исполнување на работните услови кои важеа за режимот на работа во
грејна сезона. Ова е потребно за испробување на пумпите или за нивно повремено стартување
со цел да се намали опасноста од блокирање на нивните ротори кога не се користат долго
време. Присилното пуштање на пумпите се врши со притискање на копчето #1 од
операторскиот панел при што истовремено стартуваат двете пумпи и дисплејот на контролерот
изгледа како на Слика 4-29.

Слика 4-29

За запирање на пумпите доволно е да се притисне копчето #0 на операторскиот панел. Двете


пумпи истовремено запираат и на контролерот се појавува основниот дисплеј прикажан на
Слика 4-28.

На контролерот додека е во режим на мирување оставена е опција за принудно


стартување на горилникот поради сервисни проверки или подесувања. За принудно
стартување на горилникот неопходно е претходно да се вклучени пумпите односно на
контролерот да е активен дисплејот прикажан на Слика 4-29, и тогаш да се притисне на
копчето #2. Тогаш стартува и горилникот а на контролерот се покажува дисплејот прикажан на
Слика 4-30.

65
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_

Слика 4-30

Запирањето на присилната работа на горилникот и пумпите се врши повторно со притискање


на копчето #0 на операторскиот панел.

66
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_

4.5. Анализа на трошоци и користи

Една од примарните цели на ова истражување е да се одреди економската


исплатливост на реализираната идеја односно исплатливоста на употреба на програмабилен
контролер за контрола на системот за топловодно греење. За проценка на економска
исплатливост на големи инвестициски проекти се користат најразлични методиxviii меѓу кои
најпознати се:

- Метод на пресметковни годишни трошоци


- Метод на нето сегашна вредност (NPV – Nett Present Value)
- Метод на внатрешна стапка на поврат на капитал (IRR Internal Rate of Return)
- Минимална прифатлива стапка на поврат н акапитал (MARR Minimum Acceptable Rate
of Return)
- Метод на минимални трошоци
- Метод на еквивалентна годишна вредност
- Период на враќање на инвестицијата

Кај големите капитални проекти проценката на исплатливоста најчесто се прави со


кобинација на неколку од горенаведените методи. Бидејќи во конкретниов случај се работи за
реализација на идеја која спаѓа во рангот на мали трошоци, за оценка на економската
исплатливост искористен е Периодот на враќање н инвестицијата пред се поради неговата
едноставност. За да може да се одреди исплатливоста со овој метод, најпрво треба да се
одредат вкупните трошоци направени за реализација на идејата, потоа да се сумираат
финансиските придобивки од реализацијата на идејата и на крај да се направи нивна споредба
односно да се пресмета периодот на поврат на инвестицијата.

67
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_
4.5.1. Сумирање на вкупните трошоци

Во општ случај трошоците за имплементирање на еден проект можат да бидат од најразлична


природа. Кај проекти слични на конкретниов пример трошоците најчесто се поврзани со
следниве активности:

- Трошоци за набавка на опрема


- Трошоци за програмирање на контролерот
- Трошоци за шемирање на орманот
- Трошоци за пуштање во работа и изготвување на техничка документација

Во конктретниов пример, програмирањето на контролерот, шемирањето на орманот,


пуштањето во работа како и изготвувањето на техничка документација во целост беше
направено од вработените во компанијата во рамките дневниоот работен ангажман, па
потрошените работни часови не се пресметани како дополнителен трошок. Единствен трошок
кој што е преостанува да биде земен во предвид е трошокот за набавка на опрема. Во
продолжение, во Табела 4-1, се представени употребените артикли за реализација на идејата,
количините како и цените по која се набавувани. Цените се изразени во евра без вклучен ДДВ.

Р.Бр Опис Кол Ед. цена Вкупна цена


1 Програмабилен логички контролер JAZZ 1 285,00 285,00
Micro OPLC JZ10-11-UA24 компл. Со сет за
програмирање и комуникација
2 Дигитален програмабилен термостат SALUS 1 25,00 25,00
CONTROLS 091FL
3 Сонда за температура PT100 Hans Turck 2 25.00 50.00

4 Трополен автоматски осигурач 1 10,00 10,00


5 Еднополен автоматски осигурач 3 2,00 6,00
6 Уред за напојување (влез 230V 50Hz излез 1 25,00 25,00
24VDC 2,5A)
7 Моторни заштитни склопки 3 20,00 60,00
8 Контактори 3 10,00 30,00
9 Микро релеи на извлекување 24 VDC 5 6,00 30,00
10 Лед индикатори 2 3,00 6,00
11 Печуркаст тастер „СВЕ СТОП“ 1 5,00 5,00

12 Метален ормар 1 30,00 30,00


ВКУПНО 562,00

Табела 4-1

Како што може да се воочи од табелата, вкупните трошоци за набавка на користената


опрема изнесуваат 562 евра без вклучен ДДВ (данок на додадена вредност).

68
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_
4.5.2. Верификација и вреднување на реализираните придобивки

Најпрво ќе ги пресметаме придобивките кои на годишно ниво се реализирани како


резултат на намалената потрошувачка на електрична енергија. За таа цел најпрво се
пресметува потеошувачката на електрична енергија за една грејна сезона пред и по
реализација на идејата. Потрошувачката на електрична енергија во една грејна сезона може да
се пресмета според релацијата:

𝐴=𝑁 ×𝑁 × 𝑃 каде што

- 𝑁 = број на работни денови во една грејна сезона


- 𝑁 = број на работни часови во еден ден
- 𝑃 = инсталирана моќност на пумпата/пумпите во kW

Пред да се автоматизира на работата на системот за топловодно греење, во системот


работеше само една пумпа но непрекинато 24 часа на ден, а грејната сезона трае 180 дена.
Имајќи во предвид дека инсталираната моќност на една пумпа е 360W можеме да ја
пресметаме сезонската потрошувачката на електрична енергија за циркулација на водата во
системот пред автоматизацијата:

𝐴 = 180 × 24ℎ × 0.36𝑘𝑊 = 1555.2 𝑘𝑊ℎ

По автоматизирањето на процесот направена е измена да работат двете циркулациони


пумпи истовремено што значи дека инсталираната моќност ќе биде двојно поголема односно
720W, но сега тие се вклучуваат само кога температурата во објектот е помала од зададената и
работат во просек не повеќе од 8 часа на ден. Бидејќи во Неделите е ниско ниво на конфорт,
можеме да сметаме дека пумпите тој ден не работат воопшто па бројот на работни денови во
грејна сезона можеме да го намалиме за 1/7 и да сметаме дека грејната сезона сега трае 155
дена. Сезонската потрошувачка на електрична енергија за циркулација на водата во системот
по автоматизација на процесот изнесува:

𝐴 = 155 × 8ℎ × 0.72𝑘𝑊 = 892.8 𝑘𝑊ℎ

Со одземање на потрошувачката на електрична енергија по автоматизацијата A2 од


потрошувачката на електрична енергија пред автоматизацијата односно A1 ќе се добијат
годишните заштеди на електрична енергија односно:

𝐴 = 𝐴 − 𝐴 = 1555.2 − 892.8 = 659.4 𝑘𝑊ℎ

Кога сумата на заштедените kWh електрична енергија ќе се помножи со средната цена на


електричната енергија која за 2018 год која во Вардар Доломит изнесуваше 0,0648 евра се
добива реализирана заштеда од:

659,4 𝑘𝑊ℎ × 0.0648 ≈ 43 𝐸𝑈𝑅

За одредување на реализираните заштеди на екстра лесно гориво како резултат на


автоматизирањето на процесот за топловодно греење е искористена е следнава методологија.
Најпрво е направен едноставен модел врз основа на кој ќе може да се пресметаат односно да

69
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_
се вреднуваат реализираните заштеди. Моделот е направен со помош на точкест дијаграм врз
основа на историските податоци за потрошувачка на екстра лесно гориво на неделно ниво и
топлински степен денови исто така на неделно ниво за периодот од две години пред
реализацијата на проектот (2016 и 2017 година. Точкестиот дијаграм е представен на Слика
4-31.

Управна реал. Потр. [kWh]


8,000.00
7,000.00 y = 31.698x + 1236.3
6,000.00 R² = 0.5285

5,000.00 Управна реал. Потр.


4,000.00 [kWh]

3,000.00 Linear (Управна реал.


Потр. [kWh])
2,000.00
1,000.00
0.00
0 50 100 150 200

Слика 4-31

Со помош на точкестиот дијаграм се добива равенка на права која ја дава


математичката зависност на потрошувачката на екстра лесно гориво во зависност од
топлинските степен денови на неделно ниво. Равенката на права за конкретниот случај гласи:

𝑦 = 31.698 × 𝑥 + 1236.3

Преку споредба на реално потрошеното екстра лесно гориво во 2018 и пресметаното


гориво кое според погоре прикажаната равенка на права би се потрошило доколку не биле
направени измените во работата се добива износ на заштедено екста лесно гориво од
8990kWh односно 895 литри. Треба да се напомене дека очекуваните резултати беа да се
постигне заштеда од околу 500 литри гориво, па реализираните заштеди ги надминаа
првичните очекувања. На Слика 4-32 со црвена линија е представен очекуваниот тек на
кумулативната сума на заштедите, а со сина линија е предтавен текот на реализираната
кумулативна сума на заштеди.

Ако износот на реализирани заштеди се помножи со средната цена на еден литар на


екстра лесно гориво од 0,83 ЕУР ќе се добие:

895𝑙 × 0.83𝐸𝑈𝑅 ≈ 743𝐸𝑈𝑅

70
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_

4,000.0

2,000.0

0.0
1 4 7 10 13 16 19 22 25 28 31 34 37 40 43 46 49 52
-2,000.0 Реализир. заштеди
CUSUM
-4,000.0
Целни заштеди CUSUM
-6,000.0

-8,000.0

-10,000.0

-12,000.0

Слика 4-32

Ако се сумираат заштедите кои се резултат од намалената потрошувачка на екстра


лесно гориво и заштедите од намалена потрошувачка на електрична енергија се добива
вкупна финансиска заштеда од:

743𝐸𝑈𝑅 + 43𝐸𝑈𝑅 = 786𝐸𝑈𝑅

Треба да се напомене дека покрај финансиските придобивки од реализираните


заштеди на екстра лесно гориво и електрична енергија, реализацијата на конкретнава идеја
донесе и неенергетски придобивки кои тука нема да бидат вреднувани туку само таксативно
наведени:

- Подобрување на комфорот во објектот


- Минимизирање на опасноста од оштетување на украсното зеленило во објектот или
замрзнување на вововодната и топловодната инсталација
- Зголемување на доверливоста на системот поради навремената детекција на
потенцијалните проблеми како на пример намален притисок на водата во системот,
останување на системот без гориво или проблем со работата на пумпите

71
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_
4.5.3. Период на враќање на инвестицијата

Начинот на пресметка на периодот на поврат на инвестицијата е многу едноставен. Се


што треба да се направи е сумата на вкупните трошоци за реализација на идејата која во
конкретниов случај изнесуваше 562 евра, да се подели со сумата на вкупно пресметаните
реализирани финансиски заштеди на годишно ниво, односно 786 евра. Добиениот количник го
дава периодот на поврат на инвестицијата. Во конкретниов слuчај:

562
= 0.71
786

Од пресметката излегува дека периодот на повратот на инвестицијата е помалку од една


година односно 8,5 месеци. Овој краток период на враќање на инвестицијата ја прави
реализираната идеја исклучително исплатлива.

72
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_

4.6. Програмски код на контролерот

Програмскиот код на контролерот во конкретниов случај е напишан во програмскиот


јазик Скалест Дијаграм (Ladder Diagramxix).

Во конкретниов проект се користени

- 2 аналогни влезови
- 7 дигитални влезови
- 5 дигитални излези
- 3 тајмери
- 7 мемориски цели броеви (memory integer)
- 1 системски цел број (system integer)
- 6 мемориски битови
- 5 системски битови
- 8 HMI променливи (од вкупно 64) и
- 7 различни дисплеи (од вкупно 60)
- Големина на програмата е 150 (од вкупно 2048) зборови (words)

Целокупниот скалест дијаграм излистан од програмот U90Ladder следува во следните 12


страни...

73
________________________________________________________________________________________________________________________________________

74
________________________________________________________________________________________________________________________________________

75
________________________________________________________________________________________________________________________________________

76
________________________________________________________________________________________________________________________________________

77
________________________________________________________________________________________________________________________________________

78
________________________________________________________________________________________________________________________________________

79
________________________________________________________________________________________________________________________________________

80
________________________________________________________________________________________________________________________________________

81
________________________________________________________________________________________________________________________________________

82
________________________________________________________________________________________________________________________________________

83
________________________________________________________________________________________________________________________________________

84
________________________________________________________________________________________________________________________________________

85
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_

5. Заклучок
Овој труд започнува со дефинирање на областа на истражување. Во конкретниов случај
постојат две одделни области на истражување. Првата област е програмабилни логички
контролери, а другата област системи за управување со енергија. На почетокот даден е
краток вовед и за двете области поодделно.

Бидејќи постојат две одделни области, направени се и две одделни истражувања на


јавното мислење. Првото истражување на јавното мислење е наменето за енергетски
менаџери или стручни лица од областа на системи за управување со енергија, а второто
истражување за стручни лица од областа на програмабилните контролери.

Целта на првото истражување е да се утврди дали и во колкава мера енергетските


менаџери се запознати со програмабилните контролери и дали тука гледаат можности и идеи
кои можат да ги применат во својата работа. Од резултатите од анкетата може да се заклучи
дека половината од испитаниците никогаш не користеле програмабилен логички контролер за
подобрување на енергетските перформанси на постоечки процес или систем, а дури 40% од
нив не ни слушнале дека програмабилните контролери можат да се користат за таа намена

Целта на второто истражување е да се утврди дали и во која мера програмерите на


контролери се запознати со системите за управување со енергија и дали тука препознаваат
поле каде можат да ги понудат своите услуги. Од резултатите може да се заклучи дека
најголемиот дел од нив се запознати дека контролерите се користат како алатка за
подобрување на енергетските перформанси и дека тоа дава добри резултати. Но и покрај
нивната добра информираност, впечатливо е дека половината од испитаниците или не
препорачале употреба на контролер за таква намена или пак предлогот не им бил прифатен.
Значајно е да се истакне дека дури 80% од испитаниците не очекуваат период на поврат на
инвестицијата пократок од 2 години

Презентирани се искуставата од реален случај на имплементација на систем за


управување со енергија во производна компанија со цел да се долови на пошироката јавност
што е тоа систем за управување со енергија, колкава е комплексноста на имплементацијата на
еден таков систем, и кои се придобивки може да се очекуваат од имплементацијата на
системот. Посебен акцент е ставен на начинот на следење на енергетските перформанси како
клучен двигател кон подобрувањето на енергетската ефикасност. Исто така подетално е
образложен начинот на дефинирање на општите и посебни цели и акциони планови. Од
презентираниот пример може да се извади заклучок дека вреди да се инвестира во време и
други ресурси за имплементирање на систем за управување со енергија не само поради
директните енергетски придобивку туку и поради споредните, неенергетски придобивки од
имплементацијата на системот

Презентирани се исто така искуствата реален проект на автоматизирање на постоечки


процес во индустријата со помош на едноставен програмабилен логички контролер. Целта е
да се доловат можностите на едноставните логички контролери од една страна како и нивната
достапност по пристојни цени и едноставна употреба. Даден е целосен опис на постоечката

86
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_
состојба, идејата и новопредвидената ситуација. Во детали е објаснет принципот на работа на
новото техничко решение и пресметан е периодот на поврат на инвестицијата преку заштедите
од намалената потрошувачка на гориво и електрична енергија. Од презентираниот пример
може да се извлече заклучок дека употребата на програмабилни контролери е се
поисплатлива инвестиција едно поради падот на нивната цена и проширување на нивните
можности но и поради се поголемата достапност на програмери на локално ниво.

Од интерес на поврзување на двата наведени примери е да се напомене дека проектот


на автоматизирање на постоечки процес со помош на програмабилен контролер е всушност
реализација на една идеја од акциониот план изготвен при имплементацијата на системот за
управување со енергија од претходниот пример.

Финален заклучок е дека темите презентирани во трудов со евентуалниот интерес што би го


предизвикале и кај двете професии би можеле да водат кон продлабочување на нивната
соработка и евентуално произлегување на нови и поконструктивни идеи.

87
_______________________________________________________________________________________________________________________________________
_

6. Користена Литература

i
А.Тунески, Д.Бабунски, Програмабилно мемориско управување – Програмабилни логички контролери,
интерна скрипта за студентите на МФС, Скопје, 2009
ii th
F.D.Petruzella, Programable Logic Controllers, 4 Edition, McGraw-Hill, 2012
iii
Системи за менаџмент со енергија – Барања со упатство за користење MKS EN ISO 50001:2011
iv
International Standard ISO 50001 – Second Edition 2018-08 - Energy management systems — Requirements
with guidance for use
v
ISO 50001 Energy management systems – Practical Guide for SME, 2015
vi
Практичен водич за спроведување на систем за управуање со енергија, Организација на обединетите
нации за индустриски развој (UNIDO), 2016
vii
International Standard Industrial Classification of All Economic Activities (ISIC), Rev.4
viii
Guidance note on Directive 2012/27/EU on energy efficiency, amending Directives 2009/125/EC and
2010/30/EC, and repealing Directives 2004/8/EC and 2006/32/EC
Article 7: Energy efficiency obligation schemes
ix
Guidance note on Directive 2012/27/EU on energy efficiency, amending Directives 2009/125/EC and
2010/30/EC, and repealing Directives 2004/8/EC and 2006/32/EC
Article 8: Energy audits and energy management systems
x
Прирачник за оптимизација на системи за пареа во индустријата, УНИДО, Издание Февруари 2012,
Издание на македонски јазик Септември 2016
xi
Прирачник за оптимизација и проценка на системите за компримиран воздух во индустријата, УНИДО
2018 год.
xii
Opsti oblik jednacina za odredјvanje kliznog dijagrama u kucnoj instalaciji i direktnom sistemu daljinskog
grejanja - Predrag Zekonja, dipl. int., JKP "Beogradske elektrane", DUTwvski kej 33, 11000 Beograd,
i dr Branislav Zivkovic, dipl. int., Masinskijakuitet, 27. marta 80, 11 000 Beograd
xiii
Automation Solution Guide 2008 – Schneider Electric technical publication
xiv TM TM
Jazz Micro OPLC Operator Panel and Programmable Logic Controller User Guide – Unitronics 6/2006
JZ10-21-G20
xv
U90 Ladder Software Manual - UNITRONICS
xvi
U90 Ladder Tutorial - UNITRONICS
xvii
Thermostat Thermo 091FL User’s Manual – SALUS CONTROLS
xviii
Economic evaluation of projects in the Electicity Supply Industry - Hisham Katib - Institution of Engineering
and Technology, London, United Kingdom - 2003
xix
Ladder and Functional Block Programming – W. Bolton

88

You might also like