You are on page 1of 1

Изложувал во Кунствереин Виена во 1894.

Во овој период се занимавал со теозофија и источна


филозофија. Пролетта 1896 во Париз ја кратко посетувал Академијата Џулијан а потоал
студирал со Жан –Пјер Лорен на Школата за убави уметности.

За време на раните години од неговиот престој во Париз, Купка работел како илустратор на
книги и постери и станал познат со неговите сатирични цртежи за весници и списанија. Во 1906
се преселил во Путо, предградие на Париз, кога и за прв пат изложувал во салонот д’Аутомн.
Купка бил длабоко импресиониран од првиот манифест на футуристие, објавен во Ле Фигаро,
во 1909. Во следните две години неговите дела станале прилично апстрактни, рефлектирајќи
ги неговите теории за движење, боја и врската меѓу музиката и сликарството. Во 1911
присуствувал на состаноците на Путо групата. Во 1912 изложувал во Салонот на независните во
собата на кубистите, иако не сакал да биде идентификуван со било кое движење.

“Креацијата во пластичните уметности“, која Купка за завршил во 1913, била објавена во прага
во 1923. Во 1921 неговата прва самостојна изложба во Париз била поставена во Галирјата
Поволозки. Во 1031 станал член-основаш на Абстракција-Креација, заедно со Жан Арп, Алберѕ
Глизе, Жан Елион, Аугуст Хербин, Тео ван Дусбург и Џорџ Вантонгерлу. Во 1936 неговите дела
биле вклучени во изложбата Кубизам и апстрактната уметност во Музејот на современа
уметност во Њујорк како и во битната изложба заедно со дела на Алфонс Муча во Париз.
Ретроспектива на неговата работа била поставена во Прага во 1946. Истата година Купка
учествувал во излобите во Салон де реалите новеле, во Париз, каде што продолжил да
изложува се’ до неговата смрт. Во текот на раните педести се здобил со општа признатост и
одржал неколку самостојни изложби во Њујорк. Починал во Путо на 24 јуни 1957.
Ретроспективни изложби биле одржани во Националниот Музеј на модерна уметност во
Париз, во 1958, како и во Гугенхајм во Њујорк во 1975.

Независен по природа, Купка постепено ја обликувал својата лична необјективна визија на


уметноста и уште во 1912 предизвикал сензација во Париз со своите серијали насловени
Аморфа, првите целосно абстрактни дела јавно изложени. Неговите абстракции, полни со
филозофски значење и поенти, се доближија до теоријата на музиката и теориите за наплив на
енергија. Во 1923 ја објавил “Креацијата во пластичните уметности“, есеј кој ја одразува
неговата убеденост дека уметноста е механизам за креирање и дека како и музиката може да
се изрази преку формални вредности. Купка активно учествувал во Првата светска војна.
Заедно со неговата сопруга избегале во Божанси, близу Лоара, за време на Втората светска
војна.

И покрај тоа што неговите дела биле неколку пати изложувани, Купка го поминал речиси
целиот живот во тешка финансиска состојба. Починал во изолација и отуѓеност во својот дом
во Путо во 1957.

You might also like