You are on page 1of 5

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13, и став 14 од Законот за вработените

во јавнот сектор („Службен весник на Република Македонија бр. 27/2014, 199/2014, 27/16, 35/18,
198/18 и 143/19) член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работни
односи („Службен Весник на РМ “брoj. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 52/10,
124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 34/14, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 74/15,
129/15, 27/16,134/2016, 120/18 и 110/19) Правилникот за систематизација на работни места на
Министерството за животна средина и просторно планирање бр. 01-2372/1 од 03.05.2017 год.,
бр. 01-1832/2 од 12.03.2018 год.,бр.01-1832/6 од 02.04.2018 година, бр.01-1567/1 од 13.03.2019
год., бр. 01-3932/2 од 29.07.2019 год., бр. 01-4222/1 од 31.07.2019 год., бр.01-4222/5 од 07.10.2019
год и бр. 01-4222/6 од 14.10.2019 год., и 01-4222/7 од 15.10.2019 година, Министерството за
животна средина и просторно планирање објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ- 3/2020

за вработување на (9) девет извршители на определено време


за период до 31.12.2020 година

За потребите на Министерството за животна средина и просторно планирање се распишува јавен


оглас за вработување /засновање на работен однос на 9 (девет) лица:

1. Помлад соработник за технички прописи, Одделение за стандарди, Сектор за


Европска Унија, 1-извршител;

2. Помлад референт за евиденција (статистичка), Одделение за буџетска координација,


Сектор за финансиски прашања, - 1 извршител;

3. Соработник за подготовка на тендерски досиеја и документација за инвестиции,


Одделение за инвестиции, Сектор за одржлив развој и инвестиции, – 1 извршител;

4. Помлад соработник за органски испарливи материи, Одделение за аерозагадување и


органски испарливи материи, Сектор за индустриско загадување и управување со ризик, 1 -
извршител;

5. Раководител на одделение за управување со сливното подрачје на реката Црн Дрим,


Одделение за управување со сливното подрачје на реката Црн Дрим, Сектор води, – 1 извршител
;

6. Помлад соработник за дозволи, согласности, и концесии, Одделение за водни права,


Сектор води,– 1 извршител;

7. Помлад соработник за подготовка и координација на оперативни програми и плански


документи од областа животна средина , Сектор за одржлив развој и инвестиции, - 1 извршител;

8. Помлад референт за административни работи (техничка подготовка на документи),


Одделение за управување увоз, извоз и транзит на отпад за регистрација и евиденција на
управувачите и постапувачите со отпад и за управување со посебни текови со отпад, Сектор
отпад, - 1 извршител;

9. Соработник за соработка со локална самоуправа, Одделение за соработка со локална


самоуправа, Сектор за локална самоуправа и управно – надзорни работи, - 1 извршител;
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови :

- да е државјанин на Р.Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолентен
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија,
дејност или должност.

Кандидатите покрај општите услови предвидени во Закон, потребно е :

За работното место од точката 1 да имаат завршено најмалку високо образование VII/1 степен
или студии со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС систем од областа на Машинство,
Животна средина, Хемија
 активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија
(англиски, француски, германски)
 активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
 со или без работно искуство во струката
 дневно работно време од 07:30/8:30 часот, до 15:30/16:30 часот, неделно работно време
40 часа – од понеделник до петок ;
 нето плата 22.020,00 денари

За работното место од точката 2 да имат завршено :

 Вишо/ средно образование


 ак тивно познавање на к омпјутерск и програми за к анцелариск о
работење
 ак тивно познавање на еден од трите најчесто к ористени јазиц и на
Европск ата Унија (англиск и, француск и, германск и)
 со или без рабoтно иск уство
 дневно работно време од 07:30/ 8:30 часот, до 15:30/ 16:30 часот, неделно
работно време 40 часа – од понеделник до петок ;
 нето плата 14.500,00 денари

За работното место од точката 3 да имаат завршено најмалку високо образование VII/1 степен
или студии со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС систем од областа на Животна
средина, Шумарство и Хортикултура, Економски науки
 активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија
(англиски, француски, германски)
 активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
 најмалку една година работно искуство во струката
 дневно работно време од 07:30/8:30 часот, до 15:30/16:30 часот, неделно работно време
40 часа – од понеделник до петок ;
 нето плата 23.608,00 денари

За работното место од точката 4 да имаат завршено најмалку високо образование VII/1 степен
или студии со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС систем од областа на Хемија,
Хемиска технологија, Биохемија
 активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија
(англиски, француски, германски)
 активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
 со или без работно искуство во струката
 дневно работно време од 07:30/8:30 часот, до 15:30/16:30 часот, неделно работно време
40 часа – од понеделник до петок ;
 нето плата 22.020,00 денари

За работното место од точката 5 да имаат завршено најмалку високо образование VII/1 степен
или студии со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС систем од областа на Географија,
Биологија, Животна средина
 активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија
(англиски, француски, германски)
 активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
 најмалку 4 години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно
место во јавен секто, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои
најмалку две години на раководно место во приватен сектор
 дневно работно време од 07:30/8:30 часот, до 15:30/16:30 часот, неделно работно време
40 часа – од понеделник до петок ;
 нето плата 29.694,00 денари

За работното место од точката 6 да имаат завршено најмалку високо образование VII/1 степен
или студии со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС систем од областа на Биологија,
Хемиска Технологија, Биохемија
 активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија
(англиски, француски, германски)
 активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
 со или без работно искуство во струката
 дневно работно време од 07:30/8:30 часот, до 15:30/16:30 часот, неделно работно време
40 часа – од понеделник до петок ;
 нето плата 22.020,00 денари

За работното место од точката 7 да имаат завршено најмалку високо образование VII/1 степен
или студии со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС систем од областа на Архитектура,
Урбанизам и Планирање, Правни науки
 активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија
(англиски, француски, германски)
 активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
 со или без работно искуство во струката
 дневно работно време од 07:30/8:30 часот, до 15:30/16:30 часот, неделно работно време
40 часа – од понеделник до петок ;
 нето плата 22.020,00 денари

За работното место од точката 8 да имаат завршено:


 Вишо/средно образование
 активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
 активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската
Унија (англиски, француски, германски)
 со или без рабoтно искуство
 дневно работно време од 07:30/8:30 часот, до 15:30/16:30 часот, неделно работно
време 40 часа – од понеделник до петок ;
 нето плата 14.500,00 денари

За работното место од точката 9 да имаат завршено најмалку високо образование VII/1 степен
или студии со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС систем од областа на Правни науки,
Јавна управа и администрација, Животна средина
 активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија
(англиски, француски, германски)
 активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
 најмалку една година работно искуство во струката
 дневно работно време од 07:30/8:30 часот, до 15:30/16:30 часот, неделно работно време
40 часа – од понеделник до петок ;
 нето плата 23.608,00 денари

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за
конкурирање.Кандидатите со пријавата за учество треба да ги достават доказите за исполнување
на условите во оригинална форма или копија заверена кај нотар. Во пријавата задолжително да
се запише и да се наведе работното место за кое се аплицира. Потребната документација да се
достави до Архивата на министерството или по пошта на следнава адреса: Пресвета богородица
бр.3, 1000 Скопје, Министерство за животна средина и просторно планирање, Одделение за
човечки ресурси (со назнака „за оглас бр.3/2020 “). Рокот за доставување на потребната
документација е три дена сметано од наредниот ден од денот на објавување на огласот во
дневниот печат. Ненавремена и нецелосна пријава и документација нема да биде предмет на
разгледување .

По извршената селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведените работни


места, избраните кандидати ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на
Министерство за животна средина и просторно планирање, по што ќе биде направен конечниот
избор .

Министерство за животна средина


и просторно планирање

You might also like