You are on page 1of 2

Вежби - Ендокрин систем (ендокрина регулација)

I. Заокружи ја буквата пред точниот одговор!

1. Кој од наведените карактеристики не се однесуваат за хормоните?


а) стероидна структура б) деривати на аминокиселини
в) ослободување во циркулација г) дејствуваат само на DNA молекула

2. Синтезата и секрецијата на алдостеронот ги стимулира:


a) хипоталамусот б) адреналните жлезди
в) аденохипофизата г) неврохипофизата

3. На кој начин се регулира секрецијата на адреналинот и


норадреналинот?
a) хуморално б) ендокрино
в) нервно г) со позитивна повратна врска

4. Кој од наведените хормони помага во приспособување на организмот


во стресни состојби:
a) ацетилхолин б) хистамин
в) норадреналин г) кортизол

5. Во што се состои улогата на инсулинот?


a) ја разградува глукозата до CO2 и H2O
б) ја зголемува дифузијата на глукоза од крвта во клетките в)
трансформира вишок на масти во глукоза
г) овозможува дифузија на глукоза во клетките во крв

II. Поврзете ги хормоните со регулацијата на нивната секреција:


1. инсулин а) концентрација на натриумови јони
2. тироксин б) симпатички нервен систем
3. окситоцин в) зголемена концентрација на глукоза
4. глукагон г) ACTH од хипофиза
5. адреналин д) нервен имулс од хипоталамусни неврони
6. алдостерон ѓ) TSH од хипофиза
7. кортизол е) намалено ниво на глукоза

III. Поврзи ги хормоните на хипофизата со нивните целни


ткива/органи:

1. лутеотропен а) мазни мускули на матка, млечни канали


2. фоликулостимулирачки б) коски и мускули
3. антидиуретичен в) генерално
4. соматотропен г) млечни жлезди
5. кортизол д) јајчници и семеници
6. окситоцин ѓ) бубрежни каналчиња, артериоли
IV. Дополни ги исказите !!!
1. Нервните, хормонските сигнали, како и локалните хемиски промени во
организмот поттикнуваат ___________________, кои може да дејствуваат
врз _____________ клетки или врз ________________.

2. Негативната повратна врска има за цел да________________ на било


која промена во организмот, дејствувајќи _________________, и враќајќи
го системот на __________________.

3. Сите хормони на аденохипофизата освен _______________, ја


поттикнуваат секрецијата на ________________________ од системот за
ендокрина регулација.

4. Од кората на надбубрегот се лачат три групи хормони:


____________________________, _______________ и _______________.

5. Срцевината на надбубрежните жлезди секретира _________________,


кои учествуваат во регулација на _____________________ метаболизам
и на _______________________ систем.

6. Средниот дел на хипофизата секретира __________________, кој ја


стимулира секрецијата на ________________________ - одговорен за
___________________________________.

7. Недостигот на секреција на ADH резултира со појава на


_____________ , кое предизвикува нарушување на __________________.

8. Намалената активност на тироидната жклезда доведува до појава на


___________________, a зголемената секреција на тироидни хормони
предизвикува појава на __________________________.

9. Кушингов синдром е заболување придружено со појава на некои


симптоми од типот на: _________________________________________.

10. Специјализираните клетки на панкреасот се наречени


_________________________________________, кои синтетизираат
____________________________ и ___________________.

12. Паратироидните жлезди учествуваат во регулација на


_______________________________________________.

13. При хипофункција на панкреасот се јавува болест наречена


_____________________________________.

14. Градната жлезда е составена од _________________ , и е одговорна


за создавање на ______________________.

15. Пинеалната жлезда (епифиза) овозможува


_________________________.
Наставник - Наташа Нечовска

You might also like