You are on page 1of 5

Угостителски објекти и ресторани кои вршат подготовка и продажба на храна

(т.22,Одлука од 14.03.2020год.Сл.в.РСМ бр.64/20)

Прва фаза

Согласно уредба на Владата, затворени се сите угостителски објекти и ресторани кои


вршат подготовка и продажба на храна со послужување, со тоа што е дозволено да
работат без посета на гости односно да остваруваат продажба на алтернативен начин
(онлајн нарачки, телефонски нарачки и сл) и да вршат достава или да овозможат
самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект или ресторан
(преку штанд/пулт).

Втора фаза

Се дозволува отворање на угостителските објекти за исхрана со ограничување во однос


на начинот на работа со почитување на протоколите за превземање на превентивни
мерки во услови на епидемија од COVID-19.

Протокол за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана

1. Ограничено работно време согласно ограничувањата на движење


2. Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат
заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце .
3. Се дозволува работа само на отворените делови од угостителсите објекти за
исхрана со послужување, кои се од три страни отворени со кровна конструкција
4. Се ограничува бројот на гости кои ќе се послужуваат само на гости кои може да
седат и лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки.
5. Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.
6. Задолжително менаџирање на влегување на гостите. Одредено одговорно лице
пред влезот на угостителскиот објект
7. На отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси, треба
да се обезбеди простор од најмалку 9,6m² за една маса со 4 столови
8. На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две
лица,
9. На една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се
од исто семејство,
10. Дозволен е маскимален број на 12 лица на споени маси заедно со задолжително
растојание помеѓу секој гостин од 1.5м
11. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса
12. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице
за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка,
прием и послужување на храна
13. Засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за
дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот. На крајот
на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое
делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се
користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во
размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. Редовно
одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното
чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
14. Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење
на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.
15. Забрането организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.

Трета фаза

Протокол за редовна работа на угостителските објекти

1. Редовно работно време


2. Се дозволува работа во целиот објект
3. Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат
заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце .
4. Се ограничува бројот на гости, се послужуваат само гости кои може да седат и лица
кои ќе дојдат да подигнат направена телефонска нарачка на храна.
5. Задолжително менаџирање на влегување на гостите. Одредено одговорно лице
пред влезот на угостителскиот објект
6. Во просторот за послужување на гости, каде има поставено маси, треба да се
обезбеди простор од најмалку 9,6m² за една маса со 4 столови
7. Дозволен е маскимален број на 12 лица на споени маси заедно со задолжително
растојание помеѓу секој гостин од 1.5м
8. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса
9. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице
за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка,
прием и послужување на храна
10. Засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за
дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот. На крајот
на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое
делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се
користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во
размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. Редовно
одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното
чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
11. Дозволено организирање на прослави со почитување на горенаведените мерки и
согласно капацитетот на угостителскиот објект

Кафетерии, барови, клубови, казина и спортски обложувалници


(член 1 Т.9 Одлука од 14.03.2020год.Слв.РСМ 64/20)

Прва фаза

Согласно уредба на Владата, се забрани целосно работата на кафетерии, барови,


клубови, казина и спортските обложувалници. Кафетериите може да продаваат кафе и
безалохолни пијалоци без посета на гости односно да остваруваат продажба на
алтернативен начин (онлајн нарачки, телефонски нарачки и сл) и да вршат достава или
да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од кафетеријата (преку
штанд/пулт).

Втора фаза

Се дозволува отворање на кафетериите со ограничувања во однос на начинот на работа


и со почитување на протоколите за превземање на превентивни мерки во услови на
епидемија од COVID-19.

Протокол за отворање и работа на кафетерии

1. Ограничено работно време согласно ограничувања на движењето.


2. Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат
заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце .
3. Се дозволува работа само на отворените делови -терасите од кафетериите кои
се од три страни отворени со кровна конструкција
4. Се ограничува бројот на гости, само на тие кои може да седат
5. Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.
6. Задолжително менаџирање при влегување на гостите од одредено одговорно
лице пред влезот на угостителскиот објект
7. На терасите за послужување на гости каде има поставено маси, треба да се
обезбеди простор од најмалку 9,6m² за една маса со 4 столови
8. На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум
две лица,
9. На една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку
се од исто семејство,
10. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса
11. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно
лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на
подготовка, прием и послужување на пијалоци
12. Засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на
масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од
производителот, по заминување на секоја тура на гости. На крајот на смената
задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на
вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи
0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во
размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
13. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за
спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони
средства.
14. Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително
користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.
15. Забрането организирање на прослави (веселби, родендени и сл.)

Трета фаза

Согласно епидемиолошката состојба, се дозволува воведување на редовна работа на


кафетериите во целиот објект и се дозволува работа на барови, клубови, казина и
спортски обложувалници со почитување на соодветен протокол.

Протокол за редовна работа на кафетерии, барови, казина и спортски обложувалници

1. Редовно работно време


2. Се дозволува работа во целиот објект
3. Се ограничува бројот на гости, само на тие кои може да седат
4. Задолжително менаџирање при влегување на гостите од одредено одговорно
лице пред влезот на угостителскиот објект
5. Во просторот за послужување на гости, каде има поставено маси, треба да се
обезбеди простор од најмалку 9,6m² за една маса со 4 столови
6. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса
7. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно
лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на
подготовка, прием и послужување на храна
8. Засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на
масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од
производителот, по заминување на секоја тура на гости. На крајот на смената
задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на
вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи
0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во
размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
9. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за
спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони
средства.
10. Дозволено организирање на прослави со почитување на горенаведените
мерки и согласно капацитетот на угостителскиот објект

You might also like