You are on page 1of 1

Услови за пријава и за одбрана на дипломски труд:

Студентот има право и должност да пријави и да одбрани дипломски труд.


Студентот може да го пријави дипломскиот труд откако ќе оствари 240 ЕКТС.

 Насловот и тезите на дипломскиот труд ги предлага предметниот


наставник од избраната дисциплина во договор со студентот.
 Деканот, на предлог на кандидатот-студент, го определува менторот и
темата за изработка и формира комисија за оцена и одбрана на
дипломскиот труд.
 Успешната одбрана носи 5 ЕКТС-кредити. Одбраната на дипломскиот
труд се врши пред комисија од 3 члена од кои едниот е менторот.
Менторот, во договор со студентот го определува денот на одбрана на
дипломскиот труд. Комисијата, по одбраната на дипломскиот труд,
дава оценка од 5 до 10. Комисијата одлучува со мнозинство на гласови.
Доколку член на Комисија има спротивно мислење, истото го
доставува како писмен извештај до Деканот. Оценка 5 значи дека
студентот не го одбранил дипломскиот труд. За успешно одбранет
дипломски труд (оценка од 6-10) се пополнува посебен образец
(извештај) што го потпишуваат членовите на комисијата.

Студентот може да го брани дипломскиот труд откако ќе ги положи сите


испити (265 ЕКТС) и ќе ја заврши професионална практика од 10 семестар (30
ЕКТС). Дипломскиот труд може да се брани вон испитна сесија.
Пријавата за дипломскиот труд со насловот на темата, составот на членовите
на комисијата и извештајот со оценката за одбранетиот дипломскиот труд со
потписи од членовите на Комисијата се приложуваат во досијето на
студентот.

You might also like