You are on page 1of 1

Јавен повик до средните училишта

Почитувани,

Министерството за образование и наука на Република Македонија (МОН) во соработка со


Регионалната канцеларија за младинска соработка – РИКО, информира дека во рамките на
вториот отворен повик предлог проекти на РИКО, средните училишта да можат директно да
аплицираат со идеи и да имплементират проекти за Младинска регионална соработка и размена,
како и овозможувачка средина.

Поради тоа што сепак се работи за парични средства кои што нашата држава ги вложува во РИКО ,
заедно со другите потписнички на Мултилатералниот договор за оснивање на на оваа
меѓународна фондација, силно ги охрабруваме средните училишта да ја искористат оваа можност
и да аплицираат со иновативни и креативни идеи, а со тоа да бидат по компетитивни на
регионално ниво.

Оваа програма охрабрува соработка на регионално ниво во Западен Балкан, и еден од условите е
да аплицирате со минимум едно партнер училиште надвор од Македонија. Рокот за аплицирање
е до 25 Јануари 2019, додека за повеќе детали посететеја веб страната на РИКО www.rycowb.org

28.12.2018, Скопје

Со почит, Министерство за образование и наука

Арбер Адеми, Министер

You might also like