Professional Documents
Culture Documents
4 ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОНФИСКУВАН ИМОТ, ИМОТНА КОРИСТ И ОДЗЕМЕНИ ПРЕДМЕТИ ВО КРИВИЧНА И ПРЕКРШ
4 ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОНФИСКУВАН ИМОТ, ИМОТНА КОРИСТ И ОДЗЕМЕНИ ПРЕДМЕТИ ВО КРИВИЧНА И ПРЕКРШ
I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Општа одредба
Член 1
Со овој закон се уредуваат управувањето, користењето и располагањето со
привремено конфискуваниот имот, имотна корист и привремено одземените предмети,
како и конфискуваниот имот, имотната корист и одземените предмети со правосилна
одлука во кривична и прекршочна постапка и трајно одземените предмети во управна
постапка, како и основањето, надлежноста, управувањето, раководењето и други
прашања поврзани со работата на Агенцијата за управување со одземен имот (во
натамошниот текст: Агенцијата).
Начела на Законот
Член 3
1
Законот е објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 98 од 04.08.2008
година.
Измени на законот објавени се во „Службен весник на Република Македонија“ број 145 од
05.11.2010 година, број 104 од 24.07.2013 година, број 187 од 30.12.2013 година, број 43 од 04.03.2014
година, број 160 од 31.10.2014 година, број 97 од 12.06.2015 година, број 148 од 31.08.2015 година и број
64 од 11.04.2018 година
Автентично толкување на член 48 став 1 на законот е објавено во „Службен весник на
Република Македонија“ број 36 од 23.03.2011 година
Измените и автентичното толкување се составен дел од овој текст.
1
При постапувањето и управувањето со одземениот имот се постапува согласно
со начелата на законитост, економичност, ефикасност, трaнспарентност, постапување
со внимание на добар домаќин, одговорност, стручност, професионалност и ажурност.
Класифицирани информации
Член 4
Информациите до кои во текот на вршењето на должноста ќе дојдат
вработените во Агенцијата претставуваат класифицирани информации со соодветен
степен на тајност согласно со прописите за класифицирани информации.
Статус на Агенцијата
Член 5
Агенцијата има својство на правно лице со права, обврски и одговорности
утврдени со овој закон.
Агенцијата има Статут.
Седиштето на Агенцијата е во Скопје.
За својата работа Агенцијата одговара пред Владата на Република Македонија.
2
– води евиденција на целокупниот одземен имот,
– го продава одземениот имот,
– изготвува статистички, финансиски и други извештаи за одземениот имот,
– планира, организира и спроведува обука за вработените во Агенцијата и
другите субјекти вклучени во постапувањето со одземениот имот,
– дава мислења во врска со примената на овој закон и
– врши други работи утврдени со закон.
Управниот одбор на Агенцијата со подзаконските акт го пропишува начинот на
водење евиденција на податоци за одземениот имот.
Службена легитимација
Член 9
Вработените во Агенцијата имаат службена легитимација која ја издава и
одзема директорот на Агенцијата.
Формата и содржината на образецот на службената легитимација, начинот на
нејзиното издавање и одземање со подзаконски акт го пропишува Управниот одбор на
Агенцијата.
3
Размена на податоци со Агенцијата за катастар на недвижности
Член 11-а
Агенцијата задолжително електронски се поврзува со информатичкиот систем
на Агенцијата за катастар на недвижности и ги користи нејзините услуги по
електронски пат.
Агенцијата е должна веднаш по донесувањето на решението за одземање,
продажба, отстапување, закуп и друг правен акт за управување и користење на
одземената недвижност истиот да го достави по електронски пат до Агенцијата за
катастар на недвижности.
За начинот на размена на податоците меѓу Агенцијата и Агенцијата за катастар
на недвижности се склучува меморандум за соработка меѓу Агенцијата и Агенцијата за
катастар на недвижности.
Органи на Агенцијата
Член 12
Органи на Агенцијата се Управниот одбор и директорот.
4
Член 15
Управниот одбор на Агенцијата ги врши следниве работи:
– донесува Статут на Агенцијата на кој согласност дава Владата на Република
Македонија,
– донесува деловник за работа,
– усвојува годишен план и ревидиран финансиски план на Агенцијата,
– усвојува годишен извештај и ревидиран финансиски извештај,
– донесува одлука за продажба, отстапување и закуп на сите одземени
предмети и други одлуки кои се однесуваат на конфискуваниот имот и работењето на
Агенцијата,
– усвојува подзаконски прописи за спроведување на овој закон и
– други работи утврдени со овој закон и Статутот на Агенцијата.
Управниот одбор работи и одлучува на седници.
Директор на Агенцијата
Член 16
Со Агенцијата раководи директор.
Директорот на Агенцијата го избира и разрешува Владата на Република
Македонија.
За именување на директор на агенцијата за управување со одземен имот се
објавува јавен оглас во најмалку три дневни весници, од кои во еден од весниците што
се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат
службен јазик различен од македонскиот јазик кои се издаваат на целата територија на
Република Македонија.“
Именување на директор
Член 17
За директор на Агенцијата може да биде избрано лице кое ги исполнува
следниве услови:
1) е државјанин на Република Македонија;
2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е
изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност
или должност;
3) има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1
степен;
4) има минимум пет години работно искуство од областа на правото или
економијата,
5) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или
уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
– ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
– ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
– ИЛЕЦ (ILЕС) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (В2) ниво,
– ФЦЕ (РСЕ) (Cambridge English: First) - положен,
– БУЛАТС (ВULАТЅ) - најмалку 60 бода и
– АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (В2).
Мандат на Директорот
Член 18
5
Директорот има мандат кој трае пет години.
Разрешување на директорот
Член 19
Директорот на Агенцијата може да биде разрешен пред истекот на мандатот во
случај:
- ако со својата несовесна и неправилна работа предизвика нарушување во
вршењето на работите на Агенцијата и причини штета утврдена во постапка согласно
со закон,
- ако не работи и не постапува според закон, Статутот и актите на Агенцијата,
или неоправдано не ги спроведува одлуките на Управниот одбор, или постапува
спротивно со нив,
- кога му е изречена санкција забрана за вршење на професија, дејност или
должност на раководно лице во институцијата,
- ако ја изгуби деловната способност,
- ако не достави извештај согласно со членот 15 од овој закон, односно ако и по
истекот на рокот определен во истиот став не ги отстрани недостатоците и/или во тој
рок повторно има недостатоци и/или загуби во финансиското работење и - на негово
барање.
6
Директорот на Агенцијата може во секое време да го одземе даденото
овластување од ставот 1 на овој член.
Даденото овластување од ставот 1 на овој член не го спречува директорот да ги
врши работите.
Статут на Агенцијата
Член 23
Агенцијата има Статут со кој особено се уредуваат:
– работите од надлежностите на Агенцијата и начинот на нивното извршување,
– надлежностите на Управниот одбор и на директорот,
– начинот на избор и разрешување на членовите на Управниот одбор,
– меѓународната соработка на Агенцијата и
– други прашања од значење за работењето на Агенцијата.
7
V. ПОСТАПУВАЊЕ СО ОДЗЕМЕН ИМОТ
8
Доколку од физичкото или правното лице треба да се конфискува имотна
корист во износ до 1.000.000,00 денари, плаќањето може да биде до 12 рати.
Доколку од физичкото или правното лице треба да се конфискува имотна
корист во износ над 1.000.000,00 денари, плаќањето може да биде до 24 рати.
Доколку правното или физичкото лице не плати една рата согласно со
спогодбата, Агенцијата ќе пристапи кон присилна наплата на конфискуваната имотна
корист.
Одобрување на плаќање на рати за наплата на парични средства по основ на
конфискација на имотна корист со правосилна пресуда, Агенцијата ќе изврши само на
физички и правни лица кое не поседуваат парични средства и имот.
9
Управување со одземени хартии од вредност
Член 33
Продажбата и управувањето на одземениот имот со правосилна одлука кој се
состои од хартиии од вредност се врши согласно со прописите со кои е уреден
прометот на хартии од вредност.
Управувањето и располагањето со одземениот имот од ставот 1 на овој член го
вршат банки и овластени финансиски институции согласно со Законот за хартии од
вредност.
За продажбата на одземените хартии од вредност Управниот одбор на
Агенцијата донесува одлука за продажба на хартиите од вредност, по претходна
согласност на Владата на Република Македонија.
10
Владата на Репубилка Македонија донесува одлука за продажба на одземениот
недвижен имот.
Агенцијата, врз основа на одлуката од ставот 1 на овој член, донесува заклучок
за продажба на недвижноста со кој се определуваат начинот и условите на продажбата,
како и времето и местото на продажбата.
Заклучокот за продажба, Агенцијата го објавува во „Службен весник на
Република Македонија", во најмалку два дневни весници, од кои еден кој се издава на
јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните кои зборуваат службен јазик
различен од македонскиот јазик и на интернет страницата на Агенцијата.
Продажбата се спроведува во рок од 15 до 30 дена од објавувањето на
заклучокот за продажба во средствата за јавно информирање.
Услови за продажба
Член 39
Условите за продажба, покрај другите податоци содржат:
1) поблизок опис на одземената недвижност;
2) лицето во чија корист постои законско или укнижено право на уживање или
укнижено право на станување (домување) на конфискуваната недвижност, како и
полските и куќните службености;
3) вредноста на недвижноста утврдена согласно со членот 27 од овој закон;
4) цена по која недвижноста може да се продаде;
5) рок во кој купувачот е должен да ја положи цената;
6) начин на продажба;
7) износ на гаранција и
8) клаузула дека данокот за промет го плаќа купувачот.
Продажбата на недвижноста со јавно наддавање се врши во седиштето на
Агенцијата.
Рокот во кој купувачот е должен да ја положи цената не може да биде подолг од
15 дена од денот на продажбата.
По исклучок, а по претходна согласност од Владата на Република Македонија,
рокот може да биде продолжен најмногу до три месеца.
11
Полагање гаранција
Член 40
Во јавното наддавање можат да учествуваат само лица кои претходно положиле
гаранција.
Гаранцијата изнесува една десеттина од утврдената вредност на одземената
недвижност.
На понудувачите чија понуда не е прифатена, гаранцијата им се враќа веднаш
по заклучувањето на јавното наддавање.
12
По уплатата на цената на недвижноста, Агенцијата во рок од три дена донесува
заклучок за извршената продажба кој претставува правна основа за стекнување на
правото на сопственост.
Агенцијата ќе донесе заклучок за продавање на недвижноста, откако ќе утврди
дека се исполнети условите за полноважност на продажбата.
Заклучокот за продавање на недвижноста се доставува до сите лица до кои се
доставува заклучокот за продажбата, до купувачот и до сите учесници во наддавањето
во рок од осум дена од донесувањето.
Полагање на цената
Член 44
Купувачот е должен да ја положи цената во рокот утврден во членот 39 од овој
закон.
Доколку купувачот во определениот рок не ј а положи цената, Агенцијата со
заклучок ќе ја огласи продажбата како неважечка и ќе определи нова продажба.
Од положената гаранција ќе се намират трошоците на новата продажба.
13
Агенцијата со добиена претходна согласност на судот кој ја донел одлуката за
привремено одземање во кривична постапка ќе донесе одлука за продажба или
отстапување на привремено одземен подвижен имот во кривична постапка доколку
процени дека со чувањето на имотот се намалува неговата вредност или трошоците за
негово чување се несразмерно големи. Барањето за претходна согласност за продажба и
отстапување, Агенцијата го доставува до судот кој донел одлука за привремено
одземање подвижен имот во кривична постапка во рок од десет дена од денот на
известувањето за привремено одземениот подвижен имот во кривична постапка.
Согласноста за продажба или отстапување на привремено одземен подвижен
имот во кривична постапка судот ќе ја донесе во рок од 15 дена од денот на
поднесувањето на барањето од страна на Агенцијата.
Агенцијата по применото известување од судот или органот кој донел одлука за
привремено одземениот подвижен имот во прекршочна постапка ќе донесе одлука за
продажба или отстапување на привремено одземен подвижен имот во прекршочна
постапка доколку процени дека со чувањето на имотот се намалува неговата вредност
или трошоците за негово чување се несразмерно големи. Одлуката за продажба и
отстапување на привремено одземениот имот во прекршочна постапка Агенцијата ја
донесува во рок од 15 дена од денот на известувањето за привремено одземениот
подвижен имот во прекршочна постапка.
Во случајот од ставовите 2 и 4 на овој член, Агенцијата во рок од десет дена
обезбедува процена на привремено одземениот подвижен имот од страна на овластен
проценител или Бирото за судски вештачења.
Агенцијата ги известува Судскиот совет на Република Македонија и Советот за
утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија
за непостапување на судот по однос на барањето за согласност за отстапување и
продажба согласно со членот 48 од овој закон.
Член 48-а
За одземени предмети како жива стока, саден и семенски материјал,
земјоделски и рано градинарски култури, производи за заштита на растенија и други
слични предмети за кои трошоците за чување се несразмерно големи и Агенцијата нема
услови да ги чува поради специфичност на одземените предмети, Агенцијата веднаш
по известувањето за одземање на вакви предмети:
– ги отстапува на чување на државен орган, или правно лице кои поседуваат
соодветни услови за чување (ветеринарна станица, земјоделски трговски друштва и
слично.) и
– обезбедува мислење со задолжителен наод од Агенцијата за храна и
ветеринарство на Република Македонија за продавање или уништување на предметите.
По добиеното мислење од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република
Македонија, Агенцијата постапува по насоките од наодот од ставот 1 алинеја 2 на овој
член, а согласно со одредбите од овој закон.
14
Доколку ќе биде донесена правосилна одлука за враќање на предметот кој е
продаден, Агенцијата на сопственикот му ги исплаќа средствата добиени од
продажбата од посебна приходна сметка на Агенцијата од ставот 1 на овој член.
Доколку ќе биде донесена правосилна одлука за враќање на отстапен
привремено одземен предмет согласно со членот 48 ставови 2 и 4 од овој закон,
Агенцијата на сопственикот му ги исплаќа средствата во висина утврдена со
направената процена согласно со членот 48 став 5 од овој закон.
15
Агенцијата може да отстапи привремено одземени предмети за кои е добиена
согласност согласно со членот 48 став 2 и донесена одлука од страна на Агенцијата
согласно со членот 48 став 4 од овој закон од овој закон на други државни органи,
фондови, агенции, дирекции, јавни установи, независни регулаторни тела основани од
Република Македонија, трговски друштва основани од Република Македонија и други
основани од Република Македонија, како и единиците на локалната самоуправа, по
претходна согласност на Владата на Република Македонија.
16
По одлука на судот одземените наркотичните дроги, психотропни супстанции и
прекурзори во постапка пропишана со овој закон, можат да се продадат на трговски
друштва со посебно одобрение на надлежен орган за промет и производство на лекови.
При формирањето на комисијата за продажба на наркотичните дроги,
психотропни супстанции и прекурзори директорот на Агенцијата во Комисијата
именува и член од Бирото за лекови во рамките на Министерството за здравство.
17
Член 59
Одземениот друг имот кој не може да се продаде поради здравствени,
ветеринарни, фитосанитарни, безбедносни и други причини се уништува од комисијата
од членот 57 на овој закон.
Одземените тутунски, алкохолни и други производи за кои не постои
декларација или доколку се фалсификати задолжително се уништуваат.
VI-а НАДЗОР
Член 59-а
Надзор на спроведувањето на одредбите од овој закон врши Државниот управен
инспекторат.
VI-б ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ
Член 59-б
Глоба во износ од 7.500 до 15.000 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на Директорот на Агенцијата ако постапи спротивно на членот 48 ставови 2 и 4
од овој закон.
Глоба во износ од 3.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на лицето кое одлучува за согласноста за продажба или отстапување од членот
48 став 3 од овој закон ако постапи спротивно на членот 48 ставот 3 од овој закон.
Глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на државниот службеник во органот ако постапи спротивно на членот 48
ставови 2 и 4 од овој закон.
Глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на судскиот службеник во органот ако постапи спротивно на членот 48 ставот 3
од овој закон.
Член 59-в
Прекршочни постапки ќе води и прекршочни санкции ќе изрече надлежен суд.
Член 61
Подзаконските акти чие донесување е предвидено со одредбите на овој закон,
ќе се донесат во рок од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 62
Во рок од шест месеца од денот на почнувањето со работа на Агенцијата,
судовите и другите органи ја известуваат за привремено одземениот имот.
Во рок од шест месеца од денот на почнувањето со работа на Агенцијата,
судовите и другите органи ја известуваат за одземениот имот со правосилна одлука
којшто не е продаден или отстапен и согласно со одредбите од овој закон го предаваат
на управување на Агенцијата.
Член 63
18
Одредбите од други закони и подзаконските акти кои ја регулираат материјата
за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична
и прекршочна постапка ќе се усогласат со одредбите од овој закон заклучно со 31
декември 2008 година.
Член 64
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен
весник на Република Македонија", а ќе започне да се применува од 1 јануари 2009
година.
Член 16
Државните органи, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните установи,
независните регулаторни тела основани од Република Македонија, трговските друштва
основани од Република Македонија и други основани од Република Македонија, како и
единиците на локалната самоуправа привремено одземените предмети или одземените
предмети во кривична и прекршочна постапка за кои постапката е правосилно
завршена во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон да го
предадат на Агенцијата.
Член 17
Државните органи, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните установи,
независните регулаторни тела основани од Република Македонија, трговските друштва
основани од Република Македонија и други основани од Република Македонија, како и
единиците на локалната самоуправа кои располагаат со одземени предмети за кои
немаат доказ за сопственост и се чуваат подолго од пет години пред денот на
влегувањето во сила на овој закон, се должни со решение одземените предмети да ги
отстапат на Агенцијата.
Решението од ставот 1 на овој член треба да содржи спецификација за секој
одземен предмет за опис на видот и количината, индивидуални карактеристики,
фотоалбум и други карактеристики за поблизок опис на предметот.
Предметите од ставот 1 на овој член се предаваат на Агенцијата во рок од 60
дена од денот на влегувањето во сила на овој закон со записник за примопредавање.
Член 18
За отстапените предмети од членот 17 од овој закон Агенцијата врши објава за
продажба во рок од 30 дена од денот на приемот на решението согласно со членот 17
став 1 од овој закон.
При продажба на отстапените предмети од ставот 1 на овој член соодветно се
применуваат одредбите кои се однесуваат на продажба на одземени предмети од
Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во
кривична и прекршочна постапка („Службен весник на Република Македонија“ број
98/2008, 145/10 и 104/13).
Член 19
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен
весник на Република Македонија“.
19
Закон за именување и дополнување на Законот за управување со конфискуван
имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка
„Службен весник на РМ“ број 43 од 04.03.2014 година
Член З
Директорот на Агенцијата избран до денот на започнувањето на примената на
овој закон продолжува да ја врши функцијата до истекот на мандатот за кој е избран.
Член 4
Одредбите од членот 1 од овој закон кои се однесуваат на условот за
познавање на странски јазик ќе започнат да се применуваат по две години од денот на
влегувањето во сила на овој закон.
Член 5
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен
весник на Република Македонија”, а ќе започне да се применува по една година од
денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 2
Одредбите од членот 17 став (1) точка 5) од Законот за управување со
конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна
постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 98/2008, 145/10, 104/13 ,
187/13, 43/14, 160/14, 97/15, 148/15), нема да се применуваат од денот на влегувањето
во сила на овој закон до 1 септември 2018 година.
Член 3
Директорот кој е избран во периодот од денот на влегувањето во сила на овој
закон до 1 септември 2018 година, е должен да го исполни условот за познавање на
странски јазик најдоцна во рок од една година од денот на неговото именување.
На директорот кој нема да го исполнат условот за познавање на странски јазик
во рокот утврден во ставот 1 на овој член му престанува мандатот.
Член 4
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен
весник на Република Македонија“.
20