You are on page 1of 3

спорови за имотно-правните барања кога вредноста на предметот на спорот не го надминува

износот од 3.000.000 денари.

(2) Во текот на постапката странките можат да се спогодат имотно-правните спорови да ги суди


судија поединец, без оглед на вредноста на спорот.

(3) Судија поединец суди спорови поради смеќавање на владение.

(4) Судија поединец ја спроведува постапката и донесува одлука во предметите за правна помош.

(5) Споровите од авторски и сродни права, како и споровите што се однесуваат на заштита или на
употреба на правата од индустриска сопственост, или на право на употреба на фирма или назив,
споровите од нелојална конкуренција или монополистичко однесување, во прв степен ги суди
совет, без оглед на вредноста на предметот на спорот.

Член 37

(1) Кога суди во втор степен на седница судот одлучува во совет составен од тројца судии. Во ист
состав повисокиот суд го решава судирот на надлежноста (член 22) и одлучува во сите други
случаи, ако со овој закон поинаку не е определено.

(2) Кога суди во втор степен на расправа, советот на второстепениот суд е составен од двајца
судии и тројца судии-поротници.

(3) Кога одлучува за ревизија, Врховниот суд на Република Македонија суди во совет составен од
петмина судии.

5. Месна надлежност

Општа месна надлежност

Член 38

(1) Ако со законот не е определена исклучителна месна надлежност на некој друг суд, за судење е
надлежен судот што е општо месно надлежен за тужениот.

(2) Во случаите предвидени во овој закон за судење покрај судот од општа месна надлежност е
надлежен и друг определен суд.

Член 39
(1) За судење општо месно надлежен е судот на чие подрачје тужениот има живеалиште.

(2) Ако тужениот нема живеалиште во Република Македонија, општо месно надлежен е еудот на
чие подрачје тужениот има престојувалиште.

(3) Ако тужениот покрај живеалиште има и престојувалиште во некое друго место, а според
околностите може да се претпостави дека таму ќе преотојува подолго време, општо месно
надлежен е и судот на престојувалиштето на тужениот.

Член 40

(1) За судење во спорови против единица на локалната самоуправа, општо месно надлежен е
судот на чие подрачје се наоѓа нејзиното седиште.

(2) За судење во спорови против правни лица, општо месно надлежен е судот на чие подрачје се
наоѓа нивното седиште.

Член 41

За судење во спорови против државјанин на Република Македонија кој постојано живее во


странство каде што е упатен на служба или на работа од страна на државен орган или правно
лице, општо месно надлежен е судот на неговото последно живеалиште во Република
Македонија.

б) Посебна месна надлежност

Надлежност за сопарничарите

Член 42

Ако со една тужба се тужени повеќе лица (член 186 став (1) точка 1), а за нив не постои месна
надлежност на ист суд, надлежен е судот кој е месно надлежен за еден од тужените, а ако меѓу
нив има главни и споредни должници, судот кој е месно надлежен за некој од главните
должници.

Надлежност во спорови за законска издршка

Член 43
(1) За судење во спорови за законска издршка ако тужител е лице кое бара издршка, покрај судот
од општа месна надлежност надлежен е и судот на чие подрачје тужителот има живеалиште,
односно престојувалиште.

(2) Ако во споровите за законска издршка со меѓународен елемент е надлежен суд во Република
Македонија затоа што тужителот има живеалиште во Република Македонија, месно надлежен е
судот на чие подрачје тужителот има живеалиште.

(3) Ако надлежноста на суд во Република Македонија во споровите за законска издршка постои
затоа што тужениот има имот во Република Македонија од кој може да се наплати издршката,
месно надлежен е судот на чие подрачје се наоѓа тој имот.

You might also like