You are on page 1of 1

Постапка за упис на Акционерско Друштво во трговскиот регистар

Акционерското друштво - е трговско друштво во кое акционерите учествуваат со влогови во


основната главнина, којашто е поделена на акции. Акционерите не одговараат за обврските на
акционерското друштво.

• Најмалиот номинален износ на основната главнина, кога друштвото се основа симултано, без
јавен повик за запишување акции изнесува 25.000 ЕВРА во денарска противвредност, според
средниот курс на Народната банка на Република Македонија, објавен на денот пред усвојувањето
на статутот, односно на денот пред донесувањето на одлуката за промена на основната главнина,
а кога друштвото се основа сукцесивно, преку јавен по-вик за запишување акции, тој изнесува
најмалку 50.000 ЕВРА во денарска противвредност.

• Номиналниот износ на акцијата не може да биде помал од 1 ЕВРО, според средниот курс на таа
валута, објавен од Народната банка на Република Македонија, ден пред усвојувањето на статутот,
односно на денот пред донесувањето на одлуката за промена на основната главнина.

You might also like