You are on page 1of 17

РАЗБЕРИ ГИ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ

ФОНДОВИ

Скопје, 2007 година

1
Поим на инвестициски фондови

Инвестициски фонд како професионално управувана форма на


инвестирање се основа заради здружување на парични средства од
домашни и/или странски физички и/или правни лица, кои потоа се
вложуваат на пазарот на капитал во најразлични хартии од вредност:
акции, обврзници, записи и сл. Со средствата на фондот управува
друштво за управување со инвестициски фондови.

Видови на инвестициски фонд

Отворен фонд- нема својство на правно лице, инвестирањето се врши


со уплата на парични средства. За уплатените парични средства се
добиваат удели, врз основа на кои сопствениците имаат право на
сразмерен дел од добивката на фондот и во секое време имаат право
да побараат исплата на уделот и истапување од фондот.

Затворен фонд- има својство на правно лице, се основа како


акционерско друштво, при што инвеститорите во моментот на
вложувањето на своите средства добиваат акции, кои потоа можат
слободно да ги тргуваат на берза, како акциите на другите
акционерски друштва.

Приватен фонд-нема својство на правно лице, се формира со цел


прибирање на парични средства од потенцијалните инвеститори кои
потоа се вложуваат во согласност со целите на вложување на фондот.
За вложените средства, инвеститорите добиваат документи за удел во
фондот, со што имаат право на удел во добивката на фондот и исплата
на уделот, доколку решат да истапат од фондот.

Видови на инвестициски фондови според вложувањата

-Инвестициски фондови за акции

Инвестициските фондови за акции своите вложувања ги прават


во акции. Акциите во кои фондот инвестира се различни во зависност
од целите на фондовите-акции во добростоечки компании, акции во
компании кои се ориентирани кон раст и развој.Успешното
вложување во компаниите значи дека фондот вложил во акции чија
цена се зголемува на пазарот на капитал или во акции на компании
кои остваруваат добивка и истата ја распределуваат како дивиденда.

2
Меѓутоа, компанијата во која има вложено средства фондот може да
оствари и лоши финансиски резултати и тоа да доведе до опаѓање на
вредноста на нејзините акции и до можни загуби за фондот и за
инвеститорите.

-Инвестициски фондови за обврзници

Овие инвестициски фондови своите вложувања ги прават во


обврзници. Кога инвестицискиот фонд купува обврзници, средствата
им се даваат на компаниите, општините или државата коишто имаат
издадено обврзници, преку кои собираат средства за остварување на
некоја нивна цел. Во замена за вложените средства, издавачот на
обврзниците се обврзува да го исплати износот на обврзницата на
денот на нејзиното пристигнување за наплата.
Поседувањето на удели/акции во овие фондови носи посигурни и
поредовни приходи, заради тоа што овие фондови се помалку
подложни на промените кои секојдневно настануваат на пазарот на
капитал.

Како се структуирани инвестициските фондови?

Кога станува збор за структурата, односно формата на инвестициските


фондови, карактеристично е тоа што истите може, но и не мора
секогаш да имаат статус на правен субјект (правно лице). Тоа пред се,
зависи од видот на инвестицискиот фонд. Така, вообичаено
затворените фондови се основаат во една од формите на трговски
друштва (најчесто како акционерско друштво), што значи дека тие
имаат правен субјективитет.
За разлика од нив, отворените фондови, кои се впрочем и
најраспространет вид на фондови, немаат статус на правно лице,
односно немаат правен субјективитет. Во оваа смисла, битно е да се
напомене дека сите неопходни активности (работи) во име и за сметка
на отворениот фонд ги врши друштвото за управување со фондови,
кое што најчесто се основа како акционерско друштво. Значи,
друштвата за управување со фондови се основаат со цел основање и
управување со еден или повеќе, како отворени, така и затворени
фондови.
Со оглед на фактот дека друштвата за управување се основаат како
акционерски друштва, не треба посебно да се нагласува дека истите се
во сопственост на акционерите, кои што пак го имаат главниот збор
при донесувањето на сите одлуки во врска со работењето и деловното

3
работење на овие друштва. Така, акционерите го назначуваат одборот
на директори на друштвото за управување, кој пак од своја страна ги
презема сите неопходни активности околу организацијата и
управувањето, како со друштвото за управување со фондови, така и со
инвестициските фондови (отворени или затворени) кои истото ги
управува.
Понатаму, за работењето на секој отворен фонд се назначува т.н.
портфолио менаџер, кој помеѓу другото е одговорен за утврдување на
инвестициската политика на фондот (можно е еден портфолио
менаџер да биде одговорен за два или три отворени инвестициски
фондови).Исто така, отворениот фонд мора задолжително да има
инвестиционен советник, кој всушност се грижи за портфолиото на
фондот и неговото управување во зависност од целите и политиките
определени во проспектот на фондот. Вообичаено, секој отворен
инвестициски фонд има лице одговорно за продажба на уделите на
фондот на заинтересираните инвеститори. Воедно, во фондот има и
лица кои се грижат за сите административни процедури и активности
поврзани со работењето на фондот (back office), како и лице кое е
задолжено за следење на законската и подзаконската регулатива од
областа на инвестициските фондови и работење на фондот во
согласност со прописите.
Од не помало значење е и постоењето на банка-чувар на имот, која
што се избира од редот на комерцијалните банки, каде што се чува
имотот на фондот и преку која се одвиваат сите финансиски операции
на фондот, вклучително инвестирањето на фондот во хартии од
вредност, продажба и откуп на удели од фондот од страна на
инвеститорите итн.
Исто така, треба да се подвлече и улогата независниот ревизор кој што
пред се врши ревизија на финансиските извештаи на фондот.

Зошто да инвестираш во инвестициски фонд ?

Повеќето инвеститори кои што вложуваат се согласуваат дека


попаметно е да имаш цела колекција на акции и обврзници, отколку
да го ставиш на коцка успешното работење преку инвестирање во
една или две хартии од вредност. Сепак, работењето со разновидни
акции и обврзници може да биде тешко и на многумина да им
предизвика главоболка. За да го скроите вашето портфолио и да
утврдите што да купите потребно е време и концетрација. Затоа, за да
го намалите ризикот и трошоците од инвестирање, размислете за
начинот на вложување на вашите средства.

4
Инвестициските фондови ги прават инвестирањата едноставни,
пристапни и дозволиви. Инвестираат на различни пазаари и во
различни сектори.
Инвестицискиот фонд нуди едно решение: кога ќе ги ставите парите
во фонд, тие средства се здружуваат со парите на други инвеститори
за да се создаде поголема куповна моќ од онаа која би ја имале ако
инвестирате сами. Еден фонд може да поседува портфолио од стотици
различни хартии од вредност и затоа неговиот успех не зависи од
растот или падот само на една или две акции. Инвестицискиот фонд
има професионален менаџмент кој треба будно да ја следи состојбата
на пазарот и навремено да реагира. Со портфолиото на
инвестицискиот фонд управуваат искусни и професионални менaџери
кои што врз сеопфатни и темелни анализи одлучуваат кои хартии од
вредност да се продаваат, а кои да се купуваат.
Инвестициските фондови заработуваат преку дивиденди, камати на
хартиите од вредност во нивното портфолио, од капитални добивки
како позитивна разлика помеѓу пониската куповна и повисоката
продажна цена на акциите или обврзниците.
Потоа, фондот им го исплаќа на акционерите сиот приход во форма на
дивиденда за секоја акција што ја поседуваат. Значи, добивката што ја
остварува фондот се распределува сразмерно на бројот на удели или
акции што Вие ги поседувате во фондот. Меѓутоа, има и фондови кои
сета добивка ја реинвестираат. Во ваков случај ефектот од
вложувањето во инвестицискиот фонд ќе го почувствувате во оној
момент кога ќе го продадете вашиот удел.

Цели и очекувања од инвестирање во фондови

Пред да ги вложите вашите пари во инвестициски фонд, треба да


имате јасна претстава кои се вашите инвестициски цели и колкав
степен на ризик сте подготвени да прифатите.
Прво што треба да направите за успешно да ги вложите вашите пари е
да утврдите кои се вашите финансиски цели. Можеби имате
краткорочни цели, како на пример да го отплатите кредитот за вашиот
стан, да направите свадба, или пак да имате одреден износ на пари "за
лоши времиња". Но, можеби ќе сакате да вложите пари денес за да
можете во иднина да го финансирате школувањето на вашите деца,
или пак сакате дел од сегашната заработувачка да ја заштедите за да
можете порелаксирано да ги дочекате пензионерските денови.
Битно е да сте свесни за своите цели и за очекувањата од вашата
инвестиција, за да можете да направите калкулација за тоа колку пари
ви се потребни за да инвестирате, колкав принос ќе треба да ви донесе

5
инвестицијата, и кога ќе ви бидат потребни парите што ги вложувате
денес. Ако имате јасно зацртани цели, тоа ќе ви помогне да направите
вистински избор на инвестициски фонд во кој ќе ги вложите вашите
пари.
! Купете удели односно акции во инвестициски фонд, кој ќе ги
задоволи вашите планови за иднината, а не затоа што минатиот
месец остварил добри приноси.

Покрај зацртаните цели, вашиот план за инвестирање треба да го


прилагодите на ризиците кои сте подготвени да ги прифатите.
Зацртајте ги вашите цели и направете план за инвестирање веднаш -
што поскоро инвестирате, имате повеќе време за оплодување на
парите.

Целите и временскиот хоризонт

Генерално, целите го одредуваат времето потребно за инвестирање.


На пример, ако сте на возраст од 35 години и сакате да инвестирате за
вашите пензионерски денови, кога ќе имате 65 години, тогаш вашиот
временски хоризонт за инвестирање е 30 години. Временскиот
хоризонт е битен, затоа што влијае на начинот на кој ги вложувате
парите. Вообичаено, пократкиот временски хоризонт наметнува
поконзервативно инвестирање (посигурни инвестиции кои даваат
помали приноси), додека подолгиот временски хоризонт ви
овозможува да преземете поголем ризик при вложувањето, проследен
со поголеми приноси.

Ризик и принос

Вашата подготвеност да прифатите поголем степен на ризик, влијае на


приносот што ќе го остварите од вашата инвестиција. Доколку сте
подготвени да вложите во поризична инвестиција, тоа ќе ви биде
надоместено со повисоката стапка на принос од истата. Меѓутоа,
прифаќањето повисок ризик за очекуваниот повисок принос, не значи
дека Вие навистина ќе го остварите повисокиот принос. Имено,
ризикот да остварите загуба од вашата високо приносна инвестиција е
поголем во однос на ризикот на конзервативната инвестиција.
Всушност, ризикот и приносот се движат во иста насока-колку е
поголем приносот што сакате да го остварите, толку повеќе треба да
сте подготвени да прифатите поголем ризик.

6
r i z i k i p r i n o s
nizok umeren
visok

фондови кои обврзнички балансирани акциски фондови кои


вложуваат во фондови фондови, т.е. фондови вложуваат во
депозити и фондови кои акции на
краткорочни вложуваат во растечки
хартии од акции, компании кои
вредност обврзници, не делат
(благајнички краткорочни дивиденда
записи, ХВ туку се
државни развојно
записи) ориентирани

Предности и недостатоци

Предности

-професионално управување со средствата

-дисперзија на ризикот преку вложување во разновидни хартии од


вредност

-достапност и за малите инвеститори

-ликвидност, бидејќи уделите/акциите можат лесно да се продадат

-разновидност на хартиите од вредност во кој може да се вложува

- помали трошоци

7
Недостатоци

-наплатување на провизија за управување и одржување на средствата

-недоволна контрола врз вложувањата на средствата од страна на


фондот

-неизвесна цена на уделот/акција на инвестицискиот фонд

-нема загарантирано враќање на износот што е инвестиран

-средствата во инвестицискиот фонд не се осигурани во посебен фонд

Што треба да знаеш при избор на фондот ?

Кога станува збор за избор на фондот, без сомнение една од


најважните работи на кои што потенцијалните инвеститори треба да
обрнат внимание е проспектот на фондот. Во проспектот на фондот се
објаснети целите на фондот, инвестициони политики, неговото
управување, надоместокот кој што ќе го наплатува од вложувачите,
функционирањето во изминатиот период. Во исто време во
проспектот би требало да бидат наведени и определени детали
односно специфики од неговото работење.
Значи, пред да се направи конечниот избор во врска со тоа во
кој фонд да се вложи, треба внимателно да го прочитате проспектот на
фондот и слободно да барате појаснување од одговорните лица на
фондот, доколку имате некакви нејаснотии во врска со проспектот на
фондот.
Инаку, проспектот на еден фонд ги објаснува програмите и
политиката која се води од страна на управителите за постигнување на
целта на вложување.
Особено важно е да се обрне внимание на надоместоците и трошоците
кои што ги наплаќа инвестицискиот фонд. Ова, на некој начин
претставува можност за конкуренција помеѓу инвестициските
фондови, односно тоа ќе биде еден од показателите за да одлучите во
кој фонд да ги вложите вашите слободни средства.
Исто така, потребно е да проверите дали за вложување во
фондот постои услов за минимално вложување, односно минимален
износ на пари кој треба да го вложите во фондот. И овој податок би
требало да е составен дел од проспектот на инвестицискиот фонд.

8
Понатаму, битно е да се запознаете и со очекуваната стапка на
принос на годишно ниво на инвестициските фондови, како и со
потенцијалните ризици со кои може да се соочите од вложувањето во
инвестициски фондови.
По разгледувањето и проверката на наведените податоци во
врска со работењето на инвестициските фондови, ќе стекнете појасна
слика за нив и конечно, ќе бидете во можност да го изберете
инвестицискиот фонд во кој ќе ги вложите Вашите слободни парични
средства.

Видови ризици со кои се соочуваат фондовите

Успешноста на фондот не може да биде загарантирана. Постои ризик


во инвестирањето во фондот. Во своето работење фондовите се
соочуваат со поголем степен на ризик во однос на ороченото штедење,
но сразмерно на тоа, вложувањето во инвестициските фондови
овозможува остварување на повисок принос. Во зависност од
степенот на ризик кој сте подготвени да го прифатите, можете да го
изберете типот на фонд кој најмногу Ви одговара. Фондовите кои
вложуваат во поризични финансиски инструменти, на пример акции,
потенцијално даваат и повисоки приноси, додека фондовите со
релативно поконзервативна политика, на пример оние кои вложуваат
во државни обврзници, имаат пониски приноси но вложувајќи во нив,
Вие сте изложени на значајно помал ризик.

Ризиците со кои се соочуваат фондовите, произлегуваат пред сé од


финансиските инструменти, односно хартиите од вредност во кои
вложуваат.

Генерално гледано, ризикот од вложување на пазарот на капитал,


вклучително и ризикот на вложување во инвестициските фондови, ја
претставува можноста или веројатноста приносите од вложувањето да
бидат незадоволителни или негативни. Приносите од вложувањето во
фондовите можат да бидат незадоволителни или негативни под
дејство на следните видови ризици:

- кредитен ризик се однесува на кредитоспособноста на издавачот


на хартија од вредност во која фондот ги вложил средствата, односно
можност тој непречено и навремено да го исплати својот долг;

9
- каматен ризик е ризик кој настанува заради промените на
нивото на каматните стапки на пазарот на капитал што може повратно
да влијае врз цената на хартии од вредност во портфолиото;

- девизен ризик се јавува кога делот на вложувањата е во


средствата и хартиите од вредност деноминирани во различни
странски валути;

- ризик на ликвидност се однесува на состојбата кога фондот


заради исплатата на големи парични износи не може да ги исплати
сите пристигнати барања на инвеститорите;

- ризик од инфлација се однесува на потенцијалното влијание на


инфлацијата врз обезвреднувањето на повратот на вложените
средства.

При изборот на инвестицискиот фонд во кој ќе вложите, треба да ја


земете предвид и променливоста на приносите на тој фонд во однос на
другите инвестициски фондови. Помала променливост на приносите
на фондот значи помал ризик. Инвестициски фонд кој една година
остварил неверојатно голем принос, а следната година остварил загуба
се смета за ризичен. Непостојаноста на приносите ја отежнува
проценката за тоа што ќе се случи во иднина.

Кој го контролира работењето на фондовите?

На пазарот на капитал работењето на инвестициските фондови земено


во целина (со исклучок на приватните фондови) е строго
контролирано.
Надлежна институција за контрола на ивестициските фондови,
друштвата за управување со инвестициски фондови и депозитните
банки во делот на работењето на инвестициските фондови е
Комисијата за хартии од вредност.
Контролната функција на Комисијата започнува уште при основањето
на инвестициските фондови, а потоа и при работењето на фондот.
Значи, најнапред, преку лиценцирањето на друштвото за управување
со инвестициските фондови и органот на управување на друштвото, а
потоа и преку давањето дозвола за работа на инвестициските
фондови, Комисијата во строго пропишана процедура со проверка на
сите законски предуслови за лиценцирање ги издава потребните
дозволи неопходни за отпочнување со работа на фондовите (го

10
одобрува: самото основање на фондот, статутот, проспектот на
фондот исто така, а го одобрува и изборот на депозитната банка).

Контролата е особено важна активност на Комисијата за хартии од


вредност која се грижи за заштитата на правата на инвеститорите, за
правната сигурност на пазарот на хартии од вредност и за јакнење на
довербата на инвеститорите во институциите на пазарот на хартии од
вредност.

Што контролира и кои мерки ги превзема Комисијата за хартии


од вредност?

Треба да знаете дека, Комисијата може без ограничување да ги


прегледува деловните книги и другите документи на друштвата за
управување со фондови, инвестициските фондови и депозитните
банки кои се однесуваат на работењето на инвестициските фондови.

При утврдени неправилности во работењето или во водењето на


деловните книги, Комисијата наложува на друштвото за управување
со фондови, односно на депозитната банка, утврдените неправилности
да ги отстрани во определен рок.

Доколку Комисијата има забелешка во работењето, Друштвото за


управување со фондови, односно депозитната банка е должно да
постапи по барањето на Комисијата во определениот рок и да ги
отстрани утврдените забелешки и неправилности.
Исто така, Комисијата треба да биде информирана со приложување на
докази дека недостатоците или неправилностите се отстранети или
исправени.
Но, исто така треба да знете дека Комисијата може да изрекува и
построги мерки. Комисијата може на друштвото за управување со
фондови да му го одземе одобрението за основање на друштво за
управување со фондови, ако во определениот рок друштвото за
управување со фондови не ги отстранило недостатоците или
неправилностите.

Комисијата го одзема одобрението за основање на друштво за


управување со фондови и доколку друштвото за управување со
фондови:
-не започне да работи во рок од шест месеци од денот на издавањето
на одобрение; прекине со работа;
-дозволата ја добило со наведување на невистинити податоци и

11
-ако во определениот рок не ги отстрани недостатоците или
неправилностите или ако за тоа не ја извести Комисијата.

Заштита на инвеститорите

Комисијата го одобрува Статутот на фондот.


Статутот на фондот е еден од поважните документи со кој се уредува
работењето на инвестицискиот фонд, правната положба на
сопствениците на документите за удел во отворениот фонд, односно
на акционерите во затворениот фонд, правните односи на
инвестицискиот фонд со друштвото за управување со фондови и со
депозитната банка, како и други прашања од интерес за остварување
на целите на фондот.

Комисијата го одобрува и Проспектот на фондот

Проспектот исто така е еден од поважните документи кој содржи


детални информации и податоци за целите и инвестиционата
политика на фондот, како и други информации што се однесуваат на
фондот, а што можат да влијаат на одлуката на вложувачот за
вложување или невложување во фондот.

Комисијата преку одобрувањето на Проспектот на инвеститорите им


обезбедува заштита бидејќи детално го разгледува работењето на
фондот при што ги контролира следните елементи: ограничување на
вложувањата на фондот, ризици кои би го прателе работењето на
фондот; принципите на вложување на фондот; достапноста на
финансиските извештаи за инвеститорите; надоместоците кои
инвеститорите треба да ги плаќаат на фондот, учеството на
инвеститорот во добивката на фондот, податоци за друштвото кое што
го управува фондот и слични известувања за инвеститорите.

Врачување на проспект и финансиски извештаи

Како инвеститор кој има намера да купи документи за удел или да


запише и купи акции треба да знаете дека бесплатно ќе го добиете
проспектот, најмалку седум дена пред намерата за запишување или
купување. Исто така, ќе ги добиете и годишниот финансиски извештај
ревидиран од независен овластен ревизор, кварталните извештаи на
фондот што се објавени по објавување на проспектот и сите извештаи
за настанатите промени по изготвувањето на проспектот.

12
Обврска за известување

Друштвото за управување со фондови е должно редовно да ја


известува Комисијата за хартии од вредност за неговата финансиска
состојба, за измените и дополнувањата на статутот на друштвото за
управување со фондови, за вложувања на сопствениот капитал во
други правни лица, за промени на неговите основачи, за тешкотии во
тековната ликвидност и други факти со кои се овозможува контрола
над работењето на друштвото во согласност со овој закон.
Друштвото за управување со фондовите е должно на Комисијата да и
доставува годишни финансиски извештаи на друштвото, проспекти на
инвестициските фондови со кои управува и нивните изменувања и
дополнувања, како и годишни финансиски извештаи на фондовите
заверени од овластен ревизор.

По добивањето на било каква информација за одреден проблем при


работењето на фондот, Комисијата за хартии од вредност ги презема
потребните мерки и активности заради заштита на интересите на
инвеститорите.

13
Корисни контакти
Комисија за хартии од вредност
ул. Димитрија Чуповски бр. 26, 1000 Скопје

тел. (02) 3244-670


тел/факс: (02) 3244-671
e-mail: khv@sec.gov.mk
www.sec.gov.mk

МАКЕДОНСКА БЕРЗА ЗА ХАРТИИ ЦЕНТРАЛЕН ДЕПОЗИТАР ЗА ХАРТИИ


ОД ВРЕДНОСТ АД СКОПЈЕ ОД ВРЕДНОСТ АД СКОПЈЕ
Ул. "Орце Николов" бр.75, п.фах 852 Кузман Јосифовски Питу бр.1
тел. 3112-055, факс. 3112-069 За акции: 3299-809, 3299-802, 3299-815
e-mail: mse@mse.org.mk За обврзници: 3299-801
www.mse.com.mk Факс: 3227-781
http://www.cdhv.org.mk

ДРУШТВА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ФОНДОВИ

Друштво за управување со фондови Друштво за управување со


ИЛИРИКА ФУНД МЕНАЏМЕНТ АД фондови ИНОВО СТАТУС АД Скопје
Скопје
бул. "Партизански одреди" бр. 8/м 1000 Скопје
Ул. "Беласица" бр. 2, Скопски Саем,
Управна зграда, кат И, 1000 Скопје тел.3215-926, 3215-923
факс. 02/3215-924
тел. 3 215-840 e-mail: info@innovostatus.com.mk
факс. 02/.3 215-840
www.innovostatus.com.mk
бесплатен инфо број 08004444
e-mail: info-fond@ilirika.com.mk
www.ilirika.com.mk

14
ОВЛАСТЕНИ УЧЕСНИЦИ НА БЕРЗАТА

"Стопанска Банка" АД Скопје "Бро-Дил" АД Скопје


дирекција за работа со хартии од вредност
ул. "Партизански одреди" бр.3, блок 11
ул. 11 Октомври бр. 7, ГТЦ 1-ви кат тел. 3 118-670
тел. 3 295-405, 3 295-406, 3 295-407 факс. 02/ 3 118-670
факс. 02/3 295-551 e-mail: bro-deal@bro-deal.com.mk
e-mail: broker@stb.com.mk www.bro-deal.com.mk

"Инвестброкер" АД Скопје "Мак-Брокер" АД Скопје

ул. "Мито ХаџиВасилев" бр. 20 ул. Скопска бр. 9а


тел. 3 110-290 тел. 3 116-213, 3 118-006
факс. 02/3110-290 факс. 02/3116-213
e-mail: investbroker@investbroker.com.mk e-mail: alexp@makbanka.com.mk

"Комерцијална Банка" АД Скопје Универзална Инвестициона банка АД


дирекција за работа со хартии од вредност Скопје
Дирекција за работа со хартии од вредност
Кеј "Димитар Влахов" бр. 4
тел. 3 218-218, 3 218-228, 3 218-221 ул. "Максим Горки " бр.6
факс. 02/3 218-222 тел. 3 210-910, 3 210-911, 3 210-912
e-mail:tatjana.grncarova@kbnet.com.mk факс. 02/ 3 210-950
www.kb.com.mk e-mail: zvonko.stankovski@unibank.com.mk

"Поштел-Брокер" АД Скопје "НЛБ Тутунска Брокер" АД Скопје

ул. 27-ми Март бб (Мал Ринг, до хотел Јадран) Ул. "Даме Груев" бр.1 блок 53 1000 Скопје
тел. 3 224-300; 3 103-210; 3 103-211; 3 103-200 тел. 3133-464; 3 290-931; 3 290-932; 3 290-933;
факс. 02/3 224-300; 3 103-216 3 296-217; 3 116-255; 3 116-256;
email: palevski@postbank.com.mk факс. 02/3 133-305
e-mail: tutbrok@mt.net.mk

"Еуро Брокер" АД Скопје "Битола Брокер" АД Битола

ул. Вељко Влаховиќ бр. 1/2/2, ул. "Васко Карангелески" бб.


тел. 3 215-198, 3 215-199 Хотел Битола
тел./факс.02/ 3 223-397 тел. 047/258-830
e-mail:eurobroker@eurobroker.com.mk факс. 047/258-830
www.eurobroker.com.mk

Експозитура во Скопје

ул.27 март бр.1 1000 Скопје

"Фершпед Брокер" АД Скопје "Силекс Банка" АД Скопје


Дирекција за работа со хартии од вредност
ул. Маршал Тито бр. 11a
тел. 3 219-333, 3 219-310, 3 219-471, 3 219-473 Ул. Градски стадион бб
факс. 02/3 219-477 тел. 3 249-360, 3 249-361, 3249-362
факс. 02/3 249-303
e-mail: broker@fersped.com.mk e-mail: dhv@sileksbanka.com.mk

15
ТТК Банка АД Скопје
Дирекција за работа со хартии од вредност со
седиште во Битола "Алта Виста Брокер “ АД Скопје

ул. Маршал Тито бр.16 ул. Кочо Рацин бр. 30, влез 2, стан 2
7000 Битола тел. 3217-103
тел. 047/203-691, 226-360
факс. 047/203-692 e-mail: info@altavistabroker.com.mk
e-mail: tkbbroker@mt.net.mkwww.ttk.com.mk www.altavistabroker.com.mk

Работна единица за тргување со седиште Филијала во Тетово


во Скопје
ул.Јане Сандански бр.91/3 Тетово
ул. "Народен фронт" бр.19а-Скопје
тел: 02/3 236-400;
факс: 02/3 236-444;

"Илирика инвестментс " АД Скопје "Охридска Банка" АД Охрид - Експозитура


Скопје
ул. Беласица бр.2, Скопски саем Оддел за работа со хартии од вредност
тел. 3 296-853, 3 296-854,3 296-856
факс. 02/3 213-785 ул. Народен Фронт бр. 19
e-mail: info@ilirika.com.mk тел. 3 222-902
www.ilirika.com.mk факс. 02/3 222-920 e-mail:
atanasovm@on.net.mk

"Иново Брокер" АД Скопје " Сензал Скопје " АД Скопје

ул.Теодосие Гологанов бр.60/1 кат 2. ул. "Македонија" бр. 11 влез 1 стан 2


тел. 3 120-941 тел.3 239-605,3 239-616
факс.02/3223-088
e-mail: office@innovobroker.com
www.innovobroker.com e-mail:senzal@senzal.com.mk

"Публикум" АД Скопје "ВИП" АД Скопје

ул. "Даме Груев" бр. 5 ул. "Ленинова" бр. 16/1-2

тел: 3 232-352 тел: 3 298-385, 3 298-387,3 217-159,


3 226-969
факс: 02/3 232-353
факс: 02/3 217-160
e-mail: kontakt@publikum.com.mk
www.publikum.com.mk e-mail: contact@vipbroker.com.mk

www.vipbroker.com.mk

16
"Динев Брокер" АД Скопје " Ауцтор Брокери " АД Скопје

ул. Народен фронт бр.5 ул. Партизански одреди бр.43-б стан 5

тел: 3 134-476

факс. 02/3161-833

17

You might also like