You are on page 1of 2

ЕСЕЈ НА ТЕМА Ескортно обезбедување од I – степен

Под обезбедување на објекти се подразбира координирана активност на службата за


безбедност (тимот за обезбедување), кои со помош на технички средства за надзор и
детекција, механички средства за попречување и други средства за присилба, превземаат
мерки и дејствија за оневозможување на неовластен пристап кон објектот кој е под
заштита, откривање, неутрализирање на криминални дејствија, заштита на луѓето што
работат во објектот, чување на предметите и документација и одржување на јавниот ред и
мир. Објектите кои се под закана на терористички напад, најчесто се од државен интерес,
(репрезентативни и резиденцијални објекти), владини објекти, странски
дипломатскоконзуларни преставништва, комерцијални и административни објекти и
други објекти, како и просторот околу нив. Безбедноста опфаќа склоп на мерки и
активности кои се превземаат за заштита, елиминација и намалување на сите видови
ризици од надвор и од самиот објект од внатре. Тимот за обезбедување, кој работи на
заштита на објекти треба добро да го познава прво објектот, потоа формите на
загрозување и можните варијанти за евентуален напад на објектот, детално да ги проучат
и постојано да ја следат проблематиката од безбедносен аспект. Обезбедувањето на
личности и објекти го организира, планира и спроведува, Одделот за заштита на
определени личности и објекти, под раководство на Централни полициски служби на
Бирото за Јавна безбедност во МВР, се со една единствена цел попречување и
онеспособување на терористички организации и паравоени формации од сите форми на
загрозување на безбедноста на ВИП5 - личностите и објектите во кои живеат, работат,
престојуваат или се задржуваат.

Од страна на Министерството за внатрешни работи со редовни, вонредни и посебни мерки


и активности постојано се обезбедуваат следниве личности: - Претседателот на Република
Македонија; - претседателот на Собранието на Република Македонија; - претседателот на
Владата на Република Македонија; - замениците на претседателот на Владата на
Република Македонија; - министерот за внатрешни работи; - министерот за одбрана; -
министерот за надворешни работи и - директорот на Бирото за јавна безбедност и
директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање во Министерството за
внатрешни работи. Од страна на Министерството за внатрешни работи со редовни мерки и
активности за обезбедување се обезбедуваат и членовите на потесното семејство на
Претседателот на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република
Македонија и претседателот на Владата на Република Македонија. Под членови на
потесното семејство на личностите кои се обезбедуваат од ставот 2 на овој член во смисла
на оваа уредба се подразбираат брачниот другар и децата до навршена 21 година живот.

При пристигнување на делегацијата едно или две овластени службени лица се поставени
во ескортното обезбедување како дел од обезбедувањето, кои со рачна камера прво го
снимаат пристигнувањето на делегацијата во Р. Македонија, а потоа ВИП- возилото во кое
е сместена ВИП- личноста за време на целото ескортно движење се со цел обезбедување
на матријални докази, доколку се случат било какви безбедносни ситуации кои би ја
загрозиле безбедноста на ВИП-личноста. По пристигнувањето во објектот ќе бидат
поставени овластените службени лица со камери кои ќе го снимаат пристигнувањето на
делегацијата, а ќе бидат поставени и околу објектот од каде ќе можат да ја доловат
целосната поблиска и поширока безбедносна ситуација во моментот на пристигнување на
ескортно обезбедување, потоа ќе ја снимат масата доколку е присутна на вакви средби,
како и снимање на сомнителни лица и возила кои би можеле да бидат предмет на
извршување на кривични дела врз делегацијата. Едно овластени службени лица ќе биде
поставено во објектот, каде што ќе биде сместена делегацијата и ВИП-личноста и за цело
време ќе го следи видео надзорот, ќе се грижи за техничката исправност и ќе отстрани
некои помали и поголеми технички проблеми и недостатоци. Видео надзорот ќе се следи
за цело време додека е присутна делегацијата во државата. Техничка подршка на ДЕТО ќе
биде фирмата изведувач или сервисер кој има законска дозвола од раководителот на
објектот да ги извршува техничките потфати и проблеми во објектот, и за цело време ќе
биде достапно на овластените службени лица. Ќе има исто така резервено овластено
службени лица во базата на одделението за време на целата посета на делегацијата,
спремен во било кое време и за било какви потреби да превземе соодветни работни
задачи, како и да даде соодветна техничка поддршка.

Изработил

Елеонора Павлеска тим 2

You might also like