You are on page 1of 7

ПЛАН

за заштита и спасување
Управниот одбор на “Мис Стон Центар“ Струмица Согласно со член 39 од законот за
заштита и спасување (Службен весник на РМ бр.36/04) а со цел за заштита и спасување на
луѓето и материјалните добра од елементарни непогоди и други несреќи, го донесе овој
План за заштита и спасување.

Планот за заштита и спасување се состои од два дела:

1.Проценка на загрозеност

2.Мерки и план за заштита и спасување

ПРОЦЕНКА НА ЗАГРОЗЕНОСТ

Нашиот Социјален центар се занимава со приготвување на храна, па врз основа на тоа


проценето е дека објектот е најзагрозен од пожар, поплави, ветрови, земјотреси и слично.

МЕРКИ И ПЛАН ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Мерки и план за заштита од пожари

Мерки за заштита од пожари се:

 Избор на локацијата на објектот во кои ќе се спречи или ќе се доведе до најмала можна


мерка избивање и ширење на пожар.
 Избор на материјал, уреди, инсталации и конструкции на објектот со кои ќе се спречи
или сведе на минимална можност ширење на пожарот.
 Изградба на приодни патишта и премини слободни за комуникација
 Обезбедување на соодветни средства и уреди за гаснење на пожар како и доволен проток
на вода во хидрантската мрежа-слободно достапни
 Забрана за употреба на отворен пламен и други извори на палење во објектот и
просториите во кои би можело да дојде до пожар.
 Забрана за употреба на електрични печки, греалки и други грејни тела во работните
простории во кои може да дојде до пожар.
 Поставување на уреди и инсталации за автоматско јавување и гаснење на пожар.
 Организирање и спроведување на посебна обука од областа на противпожарната заштита
со персоналот.
 Организирање и спроведување на обука со лицата задолжени за евакуација во случај на
пожар и други елементарни непогоди.
 Едуцирање на сите вработени со превентивата од пожар како и постапка во случај на
пожар.

Планот за заштита од пожари опфаќа:

 Проценка на загрозеност од пожар со анализа на пожарните оптоварувања.


 Начин на употреба на противпожарната опрема.
 Распоред на противпожарната опрема.
 Систем на известување.
 Постапка во случај на пожар.
 Потребна техничка опрема и средства за гаснење на пожар.
 Основи на објектите по катови со исцртани правци на движење при евакуација во
објектите и околу нив.
 Начин на снабдување со вода.
 Пристапни патишта, премини и приоди до објектите.
 Забрана на употреба на оган и други извори на палење во објектите и просториите каде
што лесно може да дојде до пожар.
 Евакуација и спасување на луѓето и имотот (со локација за собирни места).
 Други мерки потребни за успешно функционирање и унапредување на заштита од пожар
и спроведување надзор над извршување на мерките за заштита од пожар.

Посебни мерки за заштита од пожар

Технолошкиот процес мора да биде организиран на таков начин за да опасноста од


пожар биде отстранета односно сведена на најмала мера. Во сите деловни единици мора
да се постават уреди и опрема за брзо и успешно гасење на пожар.

Електричните, вентилационте, грејните, громобранските и други слични


инсталации морат да се постават спрема пропишаните технички нормативни и
обврзувачки стандарди и истите мора да се одржуваат во исправна состојба. Лесно
запаливите материјали да се држат и складираат во простории кои се за тоа предвидени и
се во склад со техничките и други прописи. Вработените и одговорните лица се должни да
ги чуваат во приправност сите уреди, опремата и алатот за гаснење на пожар на места кои
се лесно пристапни.

Употребата на отворен оган се забранува во близина каде се сместени кабли или на


местата каде се сместени лесно запаливи течности и експлозивни материјали. Во случај на
заварување и работа со алат кој искри да се преземат посебни мерки предвидени со
упатство за работа при заварување.
Да се држат во исправност уредите, алатот и опремата за гасење на пожар, на места
кои се определени за чување на тие уреди и на места кои се лесно пристапни.
Противпожарната опрема и апаратите мора да се чуват во исправана состојба.
Проверувањето и исправноста на противпожарните апарати се врши според упатствата на
производителот, а утврдените недостатоци мора веднаш да се отстранат со замена на
дотраените или неисправни делови или со комплетна замена на апаратот.

Противпожарните апарати мора да бидат обезбедени со контролни картони во кои


се запишуваат следните податоци:

 Врста и тип на апаратот


 Фабрички број
 Дата кога е извршена контролата
 Потпис на лицето кое ја извршило контролата
 Печат

Неисправните апарати не смеат да се држат на места наменети за евентуална


употреба или покрај исправни противпожарни апарати. Неисправните апарати мора
веднаш по утврдувањето на неисправноста да бидат отстранети од местата каде што се
поставени за евентуална употреба.

Противпожарните апарати се користат само за гасење пожар, обука и отстранување


на последици од елементарна непогода.

Приодните патишта до магацините и работните простории каде е сместена


опремата мора да бидат слободни од предмети кои би можеле да го отежнат превземањето
на мерки за гасење на пожар или евакуација и спасување на лица и имот. Уредите и
апаратите кои се користат за затоплување или друга намена (печки, шпорети, електрични
греалки, решоа и друго) мора да бидат поставени на подлога од материјал отпорен на
топлина. Околу горе наведените уреди и апатари не смеат да се остават лесно запаливи и
експлозивни материјали.

По завршувањето на работното време електричните и другите уреди кои можат да


предизвикаат пожар задолжително да се исклучат.

Проценка на загрозеноста од пожар со анализа на пожарните оптоварувања.

“Мис Стон Центар“ Струмица се наоѓа на северната страна на град Струмица на улица
“Стив Наумов“ бб Со други зборови сместена е во рамничарскиот дел на градот во кои се
наоѓат и други општествени објекти.

Од страните не се граничи со други објекти.


Вкупна површина е 300 м2 од кои 18 м2 отпаѓаат на канцелариски простор и 60 м2 на
магацински простор.

Оддалеченоста од територијалната противпожарна единица е околу 2 км со премин на


еден семафор.

Во кругот на “Мис Стон Центар“ Струмица не постојат внатрешни сообраќајници и имаат


пристап до сите внатрешни простории.

Во “Мис Стон Центар“ Струмица се приготвува храна, а имајќи предвид дека овде може
да дојде до запалување на лесно запаливи работи, кои претставуваат голема опасност од
евентуален пожар.

 Прехранбените артикли се складираат во затворено посебна просторија со обезбедени


пристапи кон истиот и хидрантска мрежа и доволен број ПП Апарати
 Запаливи течности, материи се складирани во посебен простор изграден за таа намена, а
е опремен со потребната противпожарна опрема и хидрантска мрежа.
 Затоплувањето се врши со парно греење на нафта и загревање со ел.енергија (греалки).
Бидејќи не се употребуваат гасови и други експлозивни материи, наша оценка е дека
непосредна опасност од експлозии не постои и за истата се преземаат мерки за заштита
од пожари од експлозии.
 Целокупната електрична инсталација е изведено со добро изолирани кабли. Сите
разводни табли располагаат со осигурачи и се обележани со букви. Прекинувањето на
напојувањето се врши со соодветни склопки.
 Објектот е изложен на атмосферски празнења и удар со гром е заштитен со
громобранска инсталација а истата е изведена со железна поцинкувана трака, со сите
прописи за овој вид. Привлечните водови се поставени стручно на кровот.

Организација на заштита од пожар со листа на вработени

Секој вработен кога ќе забележи пожар должен е да пристапи кон гасење на истиот со
сите расположливи средства. Ако вработениот не може да го изгасне пожарот должен е
веднаш да го извести одговорното лице или одговорната служба. Одговорното лице
презема мерки за гасење и локализирање на настанатиот пожар и ја известува
територијалната противпожарна единица во случај на пожар со поголеми размери кога
сопствените сили не се доволни за гаснење и локализирање на пожарот презема мерки за
евакуација на луѓето и имотот, се ангажира за отстранување на препреките кои можат да
го попречат доаѓањето на ПП единицата (ги отвара влезните врати, го отстранува
материјалот кој се наоѓа до местото на пожарот).

Вработени кои се ангажирани во ПП екипата се:

1. Филип Божинов за кујната


2. Зоран Киров за останатиот дел на објектот
Начин на употреба на противпожарната опрема

Противпожарната опрема се употребува исклучиво според упатството дадено од


производителот на опремата и истата се употребува исклучиво за гасење на пожари и тоа
самоиницијативно од лицето кое го забележало пожарот или при обука на вработените.

Распоред на противпожарната опрема

МСЦ располага со 3 броја ПП апарат С6, С9... и истите се распоредени на следниот начин:
Еден во подрумот, еден во кујната и еден во горните простории.

Систем за известување

Системот за известување на пожар е по пат на телефонска врска и тоа на ПП


станица 193, а нашиот телефонски апарат 034/340-542 се наоѓа во канцелариите на “Мис
Стон Центар“ Струмица.

Постапка во случај на пожар

Во случај на пожар постапката е следната:

1. Без паника да се постапи кон гаснење на пожарот


2. Да се извести одговорното лице и противпожарната единица
3. Да се пристапи кон евакуација на загрозените лица и имот
4. Да се исклучи доводот на ел.енергија и затвори и исклучи доводот на лесно запаливи
материи
5. Да се отстранат сите лесно запаливи експлозивни материи
6. Да се затворат сите отвори и врати заради спречување на ширење на пожарот
7. Употреби соодветен апарат за соодветен пожар
8. Да се употребат сите ПП средства, апарати и опрема која е во близина
9. Работниците кои не се директно вклучени во гаснењето на пожарот веднаш да го
напуштат објектот и да се оддалечат на сигурна далечина
10. Да се пристапи кон евакуација и изнесување на луѓе и материјални добра од соседните
простории и објекти
11. Секој вработен е должен без приговор да ги извршува задачите од одговорното лице
кое раководи со гасење на пожарот

Потребна техничка опрема и средства за гасење на пожар


Потребна техничка опрема и средства за гасење на пожар се:

потребна опрема опрема на располагање

ПП апарат 3 3

Хидранти 2 2

Основи на објекти по спратови со исцртани правци на движење при евакуација во


објектите и околу нив

-СКИЦИ-

Начин за снабдување со вода

Објектот се снабдува со вода од еден извор на вода и тоа со поврзување на градската


водоводна мрежа со потребниот притисок...

Пристапни патишта, премини и приоди до објектите

До објектот водат пристапни патишта од сите страни.

-СКИЦА-

Забрана на употреба на оган и други извори во објектите и просториите каде што лесно
може да дојде до пожар

Во нашата институција забрана има во просториите и во истите на видно место се


поставени знаци за забрана и известување.

Евакуација и спасување на луѓето и имотот (со локација за собирни места)

Други мерки потребни за успешно функционирање и унапредување наа заштита од


пожари и спроведување надзор над извршување на мерките
Останати мерки кои се преземат за заштита од пожари се и: Изработка на ПП појаси
околу објектите со ширина од 1, 2, 3 метри, обука и едукација на вработените за
превентивно делување и гасење на пожари... За надзор над извршувањето на планот за
заштита и спасување се одредува лицето Митко Конев поставен на работно место
раководител.

You might also like