You are on page 1of 9

ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ, ЕКСПЛОЗИИ И ОПАСНИ МАТЕРИИ

ЕЛАБОРАТ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ

ЕКСПЛОЗИИ И ОПАСНИ МАТЕРИИ

Објект: Изградба на магацин


Место на градење: ГП бр.10, КП 449/12 КО Врбјани, с.Славеј

Инвеститор: Друштво за трговија, услуги, производство и транспорт

СТЕФАН увоз-извоз ДООЕЛ с.Воѓани, Кривогаштани

ОПШТИ ОПРЕДЕЛБИ:

1
ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ, ЕКСПЛОЗИИ И ОПАСНИ МАТЕРИИ

Предмет на овој Елаборат за заштита од пожари, експлозии и опасни материи е


изградба на објект за складирање на преработено овошје и зеленчук во ладилници
Со Елаборатот се врши анализа на опасностите од пожар во објектот и се
утврдуваат мерките за заштита во согласност со законите и прописите за вакви објекти.

Содржина :
1. Карактеристики на локацијата (микро и макро)

- степен на урбанизираност

- степен на загрозеност од пожари и услови кои им погодуваат на пожарите,


климатско – хидролошки услови кои имаат влијание врз загрозеноста на објектот

- растојание меѓу објектите на избраната локација, конструктивно градежни и


технички мерки кои произлегуваат од диспозицијата на објектите

- опис и намена на објектите вцртани во ситуацијата

- детална анализа на проценката на опасностите од пожар во објектот

2. Избор на мерки за заштита од пожари

3. Потребно количество и притисок на вода во хидрантска мрежа за гасење на пожар

4. Уреди за вентилација на просториите

5. Природни патишта и премини

6. Излезни патишта за евакуација на загрозени лица и материјални добра од пожари и


експлозии

Прописи и правилници врз основа на кои е изработен елаборатот:

Елаборатот за заштита од пожари и инасталации за дојава на пожар е изработен во


согласност со :

Законот за заштита и спасување објавен во Сл. Весник на Р. Македонија бр. 36/04,


49/04, 86/08, 124/10, 18/11, 93/12 и 41/14.

Упатство за содржините на елаборатот за заштита од пожари, експлозии и опасни


материи Сл. Весник бр. 60/06 и 139/10.

2
ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ, ЕКСПЛОЗИИ И ОПАСНИ МАТЕРИИ

ПРАВИЛНИК за технички нормативи за хидрантска мрежа за гасење на пожари Сл.


Весник бр. 31 / 06 и 31/11.

ПРАВИЛНИК за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи Сл.


Весник бр. 32/11.

ПРАВИЛНИК за изборот на видовите и количините на противпожарни апарати со


кои треба да располагаат правните лица и граѓаните, како и критериумите што треба са ги
исполнуваат правните лица кои што вршат сервисен преглед и контролно испитување на
противпожарните апарати бр. 105/05.

ПРАВИЛНИК за суштинските барања за градежните објекти сл. Весник бр.74/06.

1. Карактеристики на локацијата (микро и макро)

Објектот е лоциран во Индустриска зона, с. Славеј, КО Врбјани-Општина


Кривогаштани. По спратност објектот е приземје, на ниво + 0,15м од теренот.

Објектот содржи единствен магацински простор, преку кој се пристапува преку


еден влез поставен ка попречната страна на западната фасада. Од другата страна објектот
граничи со соседен магацин со кој е одделен со дилатација.

ВКУПНА НЕТО ПОВРШИНА.............................330,00m²


ВКУПНА БРУТО ПОВРШИНА.........................340,63m²
Степен на урбанизираност

За овој дел на КО Врбјани постои Урбанистички план вон населено место.


Согласно со ова постои и решение во делот на енергетското снабдување, односно
предвидена е трафостаница во соседната ГП.6, канализационо решение за отпадна и
атмосферска вода, како и водоснабдување од бунари на објектот, како и на објектите
околу.

Степен на загрозеност од пожари и услови кои им погодуваат на пожарите


климатско – хидролошки услови кои имаат влијание врз загрозеноста на објектот

За овој дел како и просторот на Општина Кривогаштани преовладува изменето


средоземно морска клима, карактеристични се два климатско-хидролошки услови:

Ветрови дуваат во текот на цела година но најинтензивни се во пролет и есен, а


преовладува североисточен и југозападен ветер. Ветрот не е метеоролошка појава која има
позитивно дејство за пожарите на локацијата за градба, доколку дојде до пожар, со
исклучоци на екстремни ветровити состојби кои можат да се евидентираат во тек на лето
во времетраење во просек не подолго од 24 часа.

3
ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ, ЕКСПЛОЗИИ И ОПАСНИ МАТЕРИИ

Сушниот период во годината на локацијата се јавува во периодот од средината на


јуни и трае до средината на септември. Количината на воден талог е минимална, од 700-
900мм, во текот на годината а најинтензивни се во пролет и есен. Опасноста од пожар се
лоцира во сувата вегетација, дрвја, грмушки и трева. Пејсажната архитектура на
околината на објектот не го доведува во опасност од пожари настанати како резултат на
наведените причини. Објектот ќе се снабдува со вода од новопредвиден бунар.

Растојание меѓу објектите на избраната локација и конструктивно градежни и


технички мерки што произлегуваат од диспозицијата на објектите

Од две страни, од исток и запад, објектот граничи со новопроектирани објекти, од


север граничи со заштитен зелен појас, а од југ со новопроектирана улица.

Опис и намена на објектите вцртани во ситуацијата

Објектот претставува магацин.


Објектот по спратност е приземје. Во основа има правилна геометриска форма, со
димензии: 16,90м х 19,80м. Влезот во објектот е од западната страна, на кота +0,15м од
кота на терен.
Нето површината на објектот изнесува 330,00м2.
Кровот е решен како двоводен кров со пад на водите север-југ.
Паркирањeто е решено во рамки на градежна парцела на отворено. Обезбедени се 10
паркинг места.
Во околината има новопредвидени објекти од Г2, Г3, Г4-лесно незагадувачка
индустрија.

Детална анализа на проценка на опасностите од пожар во објектот

Во објектот:
Опасноста се состои од присуство на цврсти, течни и гасовити горливи материи
кои дел од нив се вградени, а дел присутни во објектот. Дел од проценетата опасност од
настанување на пожар е и електричната инсталација, како и употребата на различни грејни
тела. Затоа при избор на вградената опрема бирани се средно запаливи материјали со цел
опасноста да се сведе на минимум.
За да се ограничи ширењето на пожарот и да се овозможи евакуација и спасување
на луѓето и материјалните добра, објектот е секториран на еден противпожарен сектор:
- ПС1 – МАГАЦИНСКИ
ПРОСТОР...........................................................................................................330,00m²
Пожарно оптоварување

Специфичното пожарно оптоварување во објектот изнесува 1677 МЈ/м² 4 кл. на


опасност, што претставува среднопожарно оптоварување помало од 2 GJ/м2.

4
ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ, ЕКСПЛОЗИИ И ОПАСНИ МАТЕРИИ

Од сето горе наведено во целиот објект имаме класи на пожари според видот на
вградените материјали и тоа класите А, Б, Ц и Е.

1. Избор на мерки за заштита од пожар

За да се обезбеди ефикасна заштита од пожар треба да се превземат заштитни


мерки и тоа:
- Предвидена е 1 панична светилка која е поставена на видно место.
- Предвиден е адресабилен дојавувач на пожар и оптички алармни системи за дојава
на пожар.
- За надворешна заштита на објектот од пожар, предвиден е 1 подземен ПП
хидтрант, при што постои можност за користење на уште два од соседните
парцели, обележани во ситуација.
- За внатрешна заштита на објектот предвиден е 1 ПП хидрант поставен и обележан
во основа на видно место. Хидрантите да бидат опремени со комплет опрема.
- Градежните конструктивни елементи мора да имаат доволна отпорност на пожар
што во случајов ќе се задоволи со додатни противпожарни облоги,
- Треба да се обезбедени навремена и непречена евакуација и спасување на луѓето од
загрозениот простор,
- Треба да се оневозможи проширување на пожарот на другите, околни објекти.
- Овозможено е целосно исклучување на електричната енергија во објектот, со
поставање трополни извлекувачки осигурувачи, на почетокот од напојниот кабел,
во ТС, од каде се зема напојување за објектот
- Сите метални делови од опремата во објектот, се заземјени
- Поставено е заштитно заземјување (громобранска инсталација).

Градежни мерки за заштита

Со проектот, предвидено е објектот да се изгради од ѕидни и кровни панели со


изолација, поставени на носива метална конструкција. Подот е армирано бетонска плоча.
Во усвоените мерки за заштита од пожари пропишани се минимални пожарни отпорности
за поважни конструктивни елементи:

5
ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ, ЕКСПЛОЗИИ И ОПАСНИ МАТЕРИИ

Мерки за заштита од пожари од аспект на ЕЛЕКТРИЧНИ ИНСТАЛАЦИИ:

2. Против пожарна инсталација

Согласно прописите за заштита од пожар предвидена е централа за автоматска


дојава на пожаракумулаторско сопствено напојување. Системот за автоматска дојава на
пожар се состои од автоматска дојава на пожар во магацински дел. Во магацинот се
предвидени адресабилни оптички детектори на пожар поврзани во една јамка во повеќе
зони соглано со просторот во магацинскиот дел (еден детектор да покрие ~50m2 ).
Предвиден е рачен јавувач на пожар поставен до влезно/излезниот дел на магацинот на
кого пишува ,,АКТИВИРАЈ ВО СЛУЧАЈ НА ПОЖАР,, при што активира еден релеј од
ПП Централата кој е поврзан со автоматската склопка во КПМО и го исклучува
напојувањето. Алармната сирена е 24V поставена во близина на РТ‐М.

Опасност од куса врска

Заштитата од куса врска е решена со употреба на брзи топливи осигурачи кои се


правилно димензионирани, и истите при нивно прегорување не смеат да се калемат, туку
прегорените патрони да се заменат со оргинални нови патрони. Исто така треба да има
ФИД - склопка 40/5 а.

Опасност од преоптоварување и превисок пад на напонот

6
ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ, ЕКСПЛОЗИИ И ОПАСНИ МАТЕРИИ

Опасноста од преоптоварување и од превисок пад на напонот е реШена со


правилен избор на пресекот на проводниците за напојувањето на потроШувачите, а према
инсталираната и едновремена снага на поедини потроШувачи, како Што се
потроШувачите за осветление, термичка потреба како и по потреба моторен погон.

Опасност од превисок додирен напон

Заштитата од превисок напон на допир е решена со правилно заштитно


заземјување. Имено, заштитните проводници се поставени секаде онаму каде има
поставено кабел. Како заштитен проводник секаде се користи жолто-зелениот проводник.
Тој е разнесен низ целата електрична инсталација се до главната разводна табла. Сите
овие проводници се поврзани на проводникот кој Што е поврзан со заземјувачот. Овој
проводник, кој го поврзува заземјувачот со другите заШтитни проводници од
инсталацијата, треба да има пресек најмалку 6мм2. Отпорот на заземјувачот не треба да
биде поголем од 2σ.

Исто така е предвидена ФИД - склопка. При додирен напон, таа автоматски ја
исклучува целата инсталација, со што се спречува превисокиот напон на допир да се
одржи подолго време на деловите под напон, како и уредите кои не припаѓаат на
електричната инсталација.

Бидејќи склопката има диференцијална струја 0,03 А, таа со сигурност ќе исклучи


и ако отпорот на заземјувачот има вредност до 100 оми. Затоа, заземјувањето мора да се
изведе така да отпорот на заземјување не биде поголем од 100 оми.

Опасност од продирање на вода, влага и прашина

Оваа опасност е решена со правилен избор на опремата(разводни табли, ормани,


прекидачи, приклучници и вклучници, светлосна арматура и сл.), а изврШена врз база на
намената на објекто, т.е. поедини простории и условите кои владеат во нив. Со ова,
предвидената опрема наполно задоволува према намената на објектот.

Покрај тоа, сите овие елементи се поставени така да до нив не може да дојде влага
од атмосверски влијанија, бидејЌи сите се поставени внатре, т. е. во суви простории.

Во случај да сепак на некој начин дојде до влага, оваа опасност е отстранета со


правилно димензионирање на заземјувачот, односно со брзото регирање на ФИД
склопката.

Опасност од нестанок на мрежен напон

7
ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ, ЕКСПЛОЗИИ И ОПАСНИ МАТЕРИИ

Опасност од нестанок на мрежен напон не постои, бидејЌи уредите кои се вградени


немаат никакви автоматски дејствија, кои би предизвикале некакви движења кои би
можеле да предизвикаат повреди. Покрај тоа, можно е и исклучување на електричната
струја со помоШ на ФИД склопка, а по доаЃањето пак да се вклучи.

Инсталација за заштита од атмосферски влијанија и заштитно заземјување

Заштита од атмосферски празнења во овој објект е решена со проектирање на


инсталација за заштита од атмосферски празнења. Заштитни мерки кои треба да се
превземат за заштита на објектот како и заштита на луѓето околу објектот произлегуваат
од пресметките за ефикасноста на системот за заштита од атмосферски празнења , и од
нивото на заштита на објектот. Македонските стандарди пропишуваат ефикасност е Е(%)
= 91,71. Инсталација за заштита од атмосферски празнења ги пренесува атмосферските
празнења во заземјувачот. За дизајнирање на инсталацијата за заштита
од атмосферски празнења употребени се материјали и елементи према постоечките
стандарди МКС Н.Б4.901 ‐ МКС Н.Б4.950.
За систем за заштита од атмосферски празнења е дизајнирана громобранска мрежа
со прифатен и одводен вод и заштитно заземјување галвански поврзани. Прифаќање на
празнењата е со трака FeZn25x4мм поставена на кров на соодветни држачи на
раздалеченост од 1m, а како одводен вод е предвидена е трака FeZn25x4mm поставена на
столбната конструкција. Мерниот спој се поставува на висина 1.7м од тлото на одводниот
вод. Сите изолирани метални делови на кровот треба да се премостат на соодветен начин,
со што ќе се оствари една галванска целина. Како трака наменета за темелно заземјувае е
употребена поцинкувана челична лента FeZn30x4mm поставена во темелната плоча на
магацинот под хидроизолација. Целовкупниот систем за прифаќање, одведување и
темелно заземјување, се непрекината галванска целина, со цел квалитетна заштита од
атмосферски празнења на целиот објект.

Опасност од изненадно избивање на пожар

Заштитата од изненадно избивање на пожар првенствено е предвидена со правилен


избор на електро-опремата, односно со правилно димензионирање на напојните водови,
како и разводните водови до секоја приклучница и вклучница, како и со правилно
одржување и експлоатирање на електричната инсталација.

Во случај на пожар, инсталацијата треба да се исклучи со ФИД склопката, со што


објектот целосно се доведува во безнапонска состојба.

Дополнителни мерки:

Систем за рана дојава на пожари, дојава според техничка документација за овој вид
на дојави (прилог на документот).

8
ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ, ЕКСПЛОЗИИ И ОПАСНИ МАТЕРИИ

3. Потребно количество и притисок на вода во хидрантска мрежа за гасење на


пожар

Објектот е приклучен на планиран бунар, а најмалиот дозволен притисок во


хидрантската мрежа е 2,5 bar. Објектот е со висина од приближно 13м до висина на слеме,
а минималниот притисок според стандардите на пресекот на хидрантската мрежа кој се
обезбедува е 5 l/s-наизменична работа на два хидранта.

Хидранти:

За внатрешна противпожарна заштита на објектот, предвиден е 1 ПП хидрант ф50


поставени на ѕид во ходникот за манипулација, во близина на влезот на магацинот на
висина од 1,50м од подот. Хидрантот е со комплет опрема поставена во метални
сандачиња црвени по боја и со ознака Н.

За надворешна заштита на објектот предвиден е 1 подземен ПП хидранти.

4. Приодни патишта и премини

Северната граница на објектот е поврзана со Новопроектирана улица од каде што


може директно да се пристапи со противпожарно возило и со истото да се обиколи
објектот преку внатрешните сообраќајници во склоп на парцелата. Истото важи и за
пожарникарите. Во случај на пожар најблиску до објектот е поставена градската
противпожарна единица која се наоѓа во Противпожарниот дом на Општина
Кривогаштани на растојание од 7 км и противпожарното возило би стасало до локацијата
за неполни 10 мин.

5. Излезни патишта за евакуација на загрозени лица и материјални добра од


пожари и експлозии

Патиштата за евакуација од објектот се од северната, источната и западната страна на


објектот. од каде што се пристапува до Новопроектирана улица од северна страна.
Насоката на движење е кон оваа улица. Овие патишта обезбедуваат услови за најбрза и
најдобра евакуација на луѓе од објектот и евакуација на материјални добра.
Изработил:

дипл.инж.арх. Биљана Тасева

You might also like