You are on page 1of 22

Интернационален универзитет j

ЕУРОПА ПРИМА
ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЛМСКИ УМЕТНОСТИ
Модул Камера

Дипломскa работа

Документарен филм ,,193”

Ментор: Кандидат:
Проф. Горан Наумовски Игор Чадиноски

Скопје, 2022 година


Содржина

Вовед..........................................................................................................................................3
Инспирација ..............................................................................................................................4
193 – број за противпожарни интервенции ..............................................................................7
Противпожарни возила........................................................................................................ 10
Низ објективот на камерата .................................................................................................... 11
Лично искуство со противпожарна бригада........................................................................... 14
Заклучок .................................................................................................................................. 20
Користена литература ............................................................................................................. 22

2
Вовед

Низ објективот на камерата се произведува еден посебен вид убавина, се акцентира


реалноста можеби пропуштена и неприметена. Низ објективот на камерата се ловат
приказни од животот кои благодарение на истата може да бидат незаборавени, разубавени,
застанати во времето. Може да се навраќаме на нив одново и одново.
Желбата на човекот да овековечи моменти на среќа, тага, моменти важни за животот
на човештвото, всушност е и зачетокот на идејата за камерата. Историјата на фотоапаратот
започна уште пред воведувањето на видеото.
Знаењето што претставува „момент“ го има клучот за нивно снимање на камера. Ова
е местото каде што интуицијата и искуството играат главна улога, заедно со техничките
аспекти на процесот на фотографирање.
Повеќето луѓе фотографираат или снимаат за да ги зачуваат своите спомени а
денешната технологија овозможува брз преглед на снимениот материјал. Секој може да
фотографира, но малкумина знаат како да користат различни функции на камерата се со цел
да направат подобар видео материјал.
Камерманите кои знаат како да ракуваат со камерата односно да го доловат моментот
кога треба да се направи фотографијата се ретки и талентирани луѓе. Иако секогаш нивната
работа не е лесна и ги изложува на опасност сепак така светот може да ги види реалните
слики на она што се случува во светот. Минатогодишните пожари кои зафатија голем дел
од македонската територија беа сниманиод страна на професионалци со своите камери.
Една од најчестите опасности со кои човекот секогаш се соочува и се бори се
пожарите. Ризиците од пожари во модерното време се постојана опасност, како за
поединецот така и за секоја заедница.
Успешната работа на противпожарните бригади во гаснењето пожари зависи од
организацијата на оперативната противпожарна служба. Организацијата на оперативната
противпожарна служба подразбира формирање на противпожарни бригади, и соодветен
број пожарникари, техничка опрема и соодветна организација на работата.

3
Инспирација

Среда, тринаесетти февруари 2019 година, ден како и секој обичен работен ден, но
за 15-мина кобен ден, ден на една од најголемите несреќи во нашата земја.
Според очевидците на тагедијата во која автобусот губи контрола и преминува на другата
страна на автопатот, а потоа пропаѓа во провалија, создава траорна слика за мештаните кои
први се на местото на несреќата.1
Според нивните изјави во рок од 3 до 5 минути на терен се пожарникарите од
противпожарната единица „Ѓорче Петров“ кои несебично, по цена на своите животи се
вклучуваат во спасувањето на животите на преживеаните и оние кои подлегнале на
повредите или вбиле заглавени во самиот автобус на „Дурмо Турс“ кој од се уште непознати
причини, и по три години од несреќата, во нерасчистени околности, ја губи контролата и ја
предизвикува страотната несреќа.2

Слика 1 и 2: извор „Слободна Европа“

Први на таа страотна несреќа во обид да помогнат и да спасат луѓе биле жителите на
селото Ласкарци. За кратко време поточно за помалку од десетина минути пристигнуваат
пожарникарите од пожарната станица Ѓорче Петров. Целата противпожарна бригада на град
Скопје беше вклучена во акција на спасување човечки животи. Со специјално возило со
хидрауличен уред од страна на пожарникарите, се подига автобусот за да се овозможи

1
Owner of company involved in the tragic 2019 bus crash blames everything on the driver, достапно на: the
https://english.republika.mk/news/macedonia/owner-of-company-involved-in-the-tragic-2019-bus-crash-blames-
everything-on-the-driver/ пристапено на ден:26.03.2022
2
Трагедијата кај Ласкарци ги потресе земјата и регионот: достапно на:
https://www.slobodnaevropa.mk/a/29769734.html пристапено на ден 26.03.2022

4
полесен пристап до настраданите во несреќата. Снимањето на настанот од блиску не е
дозволен за снимателите од страна на полициските службеници, од објективни и очигледни
причини. Не смее да се дозволи да се сними болката на оние кои загубиле се што имале, тоа
сепак од човечка гледна точка не е етички: Внимателно се постапува со секој повреден или
веќе починат да не се отвараат раните на оние кои и без тоа имаат некој близок во таа несреќа
а, со снимките или фотографиите болката на луѓето да не се направи неподнослива. Воедно
тоа не може да се дозволи и поради безбедносни причини на сите останати кои се на местото
на трагедијата. Искрите кои летаат од брусилките на пожарникарите кои го сечат автобусот
со цел да извадат што повеќе луѓе и со надеж да извадат заробена девојка која била
притисната под автобусот. 3
На местото на несреќата брзата помош реагира, исто така брзо и беспрекорно но
пожарникарите со нивната храброст, решителност и брза интервенција, не само ов случајот
„Ласкарци“ се хеори во секој поглед и во секоја смисла на зборот. Вситински
професионалци.

Слика бр. 3: пожар Охис извор Google Images

3
North Macedonia declares Mourning over bus tragedy: достапно на:
https://balkaninsight.com/2019/02/14/north-macedonia-declares-mourning-over-bus-tragedy/

5
Според Законот за пожарникарство, согласно ченовите во кои е наведено за
благодордната професија која тие ја извршуваат, стои следното: Пожарникарството е работа
од стручен и хуманитарен карактер од јавен интерес.4 Тоа е воедно и дефиницијата за
пожарникарите согласно законот.
Затоа и целта на оваа дипломска работа е храброста на пожарникарите, кои секогаш
и во секоја ситуација кога се потребни, со огромно искуство и професионална обука го
ризикуваат својот живот за да спасат други човечки животи.
Конкретно мојата приказна се одвиваше со пожарникарите од против пожарната
станица Автокоманда со кои бев 2 работни недели на интервенциите и во самата станица.
Иако секогаш насмеани и ведри, пожарникарите се секогаш се спремни да бидат на
висина на задачата кога ќе зазвони телефонот.
Интервенциите се секогаш непредвидливи, впрочем како и се во животот, но овде се
работи за ставање на сопствениот живот на ризик и тоа во служба на граѓаните.
Камерата која секогаш беше во моите раце, беше мала лесна, максимално
функционална, теренска камера од типот JVS hm360 full hd, камера која ја одбрав бидејќи
со неа можев да снимам од секој агол и да опфатам се што сакав да снимам. Дополнително
на тоа носев и статив кој го користев при интервјуата со пожарникарите, динамичен
микрофон и две тела светка кои ги користев во интервјуата.
Првата интервенција (како што може да се види и во видео материјалот) се случи во
Маџари со пријава за опожарено возило. Акцијата се одвиваше со тоа што пожарникарското
возило се движеше напред а јас со лесно возило веднаш по нив. Бидејќи јас бев тој кој
возеше веднаш по пожарникарите обидувајќи се да се пробивам секаде каде и тие со
возилото, морав да ангажирам дополнително лице кое ми асистираше додека возев а лицето
снимаше со камерата. Но, веднаш штом пристигнувавме на местото, желбата да ги доловам
сите моменти беше преголема, со тоа што од тој момент ја преземам камерата во свои раце
и го водам целосно делот со снимањето на противпожарната акција. Целта беше да се
опфати се што можеше да биде опфатено, од излегувањето на пожарникарите од нивното
возило, обележување на територијата која се смета за територија која е опасна од

4
Закон за пожарникарство – пречистен текст, достапен на:
http://arhiva.mvr.gov.mk/Uploads/Zakon%20za%20pozarnikarstvoto-
neoficijalen%20precisten%20tekst%20od%2020.11.2012.doc.pdf

6
дополнителни пожари, спроведување на цревото за гаснење на избувнатиот пожар,
реакцијата на пожарникарите и следење на акцијата за гаснење на опожареното возило се
до целосно безбеден периметар на област во која не постои опасност од нов пожар. Некои
агли се недофатни, некои позиции непристапни и невозможни да се снимат без да биде
изложен на ризик и мојот живот, но желбата да извадам највпечатлив материјал, најблизок
до реалната ситуација и приказ на вистината беше појак од се. Се втурнував меѓу
пожарникарите додека ги вадеа цревата за гаснење на пожарот, се трудев со сите можни сили
да направам добар документарен филм за моите херои и да ја постигнам мојата главна
инспирација за оваа дипломска работа – храброста на луѓето кои ризикуваат се за да ја
вратат ситуацијата под контрола. Поради тоа сум неизмерно благодарен на секој од нив што
ми овозожуваа да се чувствувам во секој момент како дел од нивната екипа.
Нареден ден повторно ѕвонење на црвениот телефон, дојава за опожарена гаража.
И во овој случај бев целосно во акција со пожарникарската единица. Тие додека гасеа
јас и во овој случај се трудев да ги фатам сите можни позиции кои беа важни за оваа
допломска работа. Секој миг е важен, да се сними она што е релевантно и посакувано.
Тие две акции беа интересни како проект за снимање, имаше и други дојави, но не
од ваков вид или не така важни и адреналински исполнети како овие за да може да бидат
опишани во оваа дипломска работа.

193 – број за противпожарни интервенции

Пожарникар е член на Здружението на противпожарна бригада чија цел е гаснење


или контролирање пожари и пожарни елементи, како и заштита и спасување на луѓе и имот
при елементарни непогоди и елементарни непогоди. Пожарникарите се организирани
различно во различни земји, но се карактеризираат со заедничка волја да ги заштитат луѓето
и нивниот имот од неконтролираните ефекти на пожарот. Најчесто пожарникарите се
организираат по принципот на аполитично за општо добро, но тоа не било секогаш така во
историјата.Пожарникарите се поделени на професионални и волонтери.
Професионални се противпожарни бригади кои можат да бидат територијални и
индустриски, а доброволни се основани од граѓани кои се приклучуваат на доброволни
противпожарни бригади (ДВД).

7
Кога ќе се појави итен случај, постои очекување дека некој ќе реагира за да ја ублажи
итната состојба. Јавноста очекува поединците кои реагираат да бидат ментално и физички
подготвени соодветно и безбедно да се справат со вонредната состојба. Што е уште поважно,
од овие лица се очекува брзо да се опорават од тој итен случај за да бидат подготвени за
следниот итен случај. Личностите за кои се дискутира овде се пожарникари и во секое време
мора да бидат подготвени веднаш да одат во многу стресни, многу интензивни, високо
физички средини. Општо земено, овие ситуации вклучуваат медицински итни случаи,
сообраќајни несреќи, пожари, гас и итни случаи на комунални услуги. Овие итни случаи
може да варираат од лице кое се чувствува лошо до лице кое престанало да дише, до
активирање на аларм за пожар, до пожари. Пожарникарот мора да биде способен и ментално
и физички да ја ублажи секоја ситуација за која се бараат неговите или нејзините услуги.
Пожарникарство — професија која има за цел згаснување и спречување на ширење
на пожар во згради, возила, шуми и слично. Лицата кои го прават тоа се
нарекуваат пожарникари. Тие имаат за цел да заштитат општеството, животите и имотот
од настанат пожар, но исто така пружат и друг вид на помош. Оваа професија бара високо
ниво на тренинзи.5
Пожарникарството е работа чие трајно и непречено извршување го обезбедува
Македонија и општините и Градот Скопје, односно општините во Градот Скопје во
согласност со закон, се пропишува во Законот за пожарникарството.
Навременото и точно известување за несреќа е исклучително важно за ефикасно и
успешно работење на противпожарните и спасувачките единици и за спасување на
загрозени лица и објекти. Повикот не се наплаќа без разлика дали е од фиксен или од
мобилен телефон.
Со Законот за пожарникарство се уредуваат формирањето, организирањето и
дејствувањето на противпожарните единици, доброволните противпожарни здруженија,
гаснењето на пожарите, како и условите за производство, ставање во употреба и одржување
на уредите, опремата и средствата за гаснење на пожари.

5
Bledsoe, B. E., Porter, R. S., & Cherry, R. A. (2009). Paramedic Care Principles and Practice (Third Edition ed., Vol.
I). Upper Saddle River, New Jersey: Pearson Prentice Hall

8
Пожарникарството е работа од стручен и хуманитарен карактер од јавен интерес.
Пожарникарството е дел од единствениот систем за заштита и спасување во Републиката.

Слика 4: извор слики Арбнора мемети DW

Слика бр 5: Опожарена шума последици

9
„Со цел поттикнување на превентивните мерки за заштита од пожари, како редовна,
традиционална манифестација се воведува „Месец за заштита од пожари“, која се одржува
секоја година, во текот на месец мај.
Заради негување на традициите на пожарникарството и одбележување на денот на
формирањето на првата противпожарна единица во нашата земја, 20 мај се прогласува за
Ден на пожарникарството во Република Македонија и истиот традиционално се
одбележува“, се пропишува во законот.

Според Законот за противпожарна заштита на Република Македонија, системот за


противпожарна заштита опфаќа збир на мерки и дејствија на планирање, финансирање,
организирање, спроведување и контрола на мерките и дејствијата за заштита од пожари, за
спречување на појава и ширење на пожари, откривање и гаснење на пожари, спасување на
луѓе и имот, заштита на животната средина, идентификување и отстранување на причините
за пожари, како и давање помош во отстранување на последиците предизвикани од пожари.6

Противпожарни возила

Сите возила се црвени, опремени со сини ротирачки светла и сирени со различни


тонови и интензитети.

Во некои земји има и противпожарни бродови кои се користат за гаснење на пожари


на вода или на брегот и тие исто така може да снабдуваат вода со противпожарни камиони
во нив.

6
Миланко, В.: Заштита од пожара и експлозија, Висока техничка школа струковних студија, Нови Сад, 2012.

10
Низ објективот на камерата

„Фотографијата вреди 1000 зборови“ е изреката за која се верува дека потекнува од


старата кинеска поговорка „Значењето на фотографијата може да изрази десет илјади
зборови“. Видео материјалите се веројатно највредната форма на документација на
располагање на истражувачот при документирање на сцена од пожар. Сепак, многу видеа
направени од истражителите се со слаб квалитет, а некои се целосно бескорисни. Честопати,
не се прават доволно снимки за целосно да се документира местото на пожарот. Авторот
Рајан М. Кокс како автор на една студија, верува дека ова се должи на тоа што истражувачот
има недоволно знаење за основните поставки на видео камерата, не знае како правилно да
го користи својата камера и не е соодветно обучен како да сними сцена од пожар.

Истражувачите сфатиле како да гледаат низ пламенот: потребни се само сини ЛЕД
светилки за кино, филтер за камера и истражувачки објект каде што можете да запалите
згради за тестирање.

Научниците кои имаат задача да разберат како огнот ги уништува структурите и ги


проголтува нашите имоти треба да гледаат како овие работи горат - т.е. во лабораторија. Ова
истражување е клучно за заштита на луѓето, но не е лесно: има саѓи, има чад и има пламен
со кој треба да се борите. Со чадот и саѓите полесно се справуваат: истражувачите можат да
користат помалку зачадени горива како природен гас кога тестираат како работите се држат
до пожар. Сега, истражувањето објавено во списанието Fire Technology им дава на
научниците начин да гледаат и низ пламенот - со тоа што ќе блесне сина светлина врз нив.

Во минатото, истражувачите на пожарот мораа да се задоволат со мерењата пред и


по согорувањето на зградата за тестирање, вели Метју Хелер, истражувач во Националниот
институт за стандарди и технологија и коавтор на студијата. Потоа, тие би ги моделирале
различните начини на кои пеколот можел да напредува - но тие не знаеле со сигурност што
всушност се случило.

11
„На крајот може да видите дека дел од зградата се урнал, но многу покорисно е да
се знае како точно настанал тој колапс“, вели тој.

Проблемот е што повеќето алатки и сензори не работат кога се запалени. Па дури и


од далечина, камерите навистина не работат: пламенот го задушува остатокот од сликата.
„Не можеме да видиме внатре во огнот бидејќи сè изгледа црвено“, вели Хелер. Може да
користите филтер за камера што ги одзема сите црвени бранови должини на светлината -
што помага, но не е доволно за да добиете јасен приказ. „Вашите слики изгледаат сини и
многу темни, бидејќи само ја собира рефлектираната светлина“, вели Хелер. „Значи, за да
го зголемиме тој сигнал, додаваме многу повеќе светлина“ Поточно, сина светлина.

Сините светла се користеа и порано за да се добие појасен приказ на вжештените


материјали. Но, ова е прв пат некој да ја искористи оваа стратегија за да го види вистинскиот
пламен, вели Хелер: „И се покажа дека функционираше“. Сега, истражувачите ја користат

12
оваа техника за да откријат како градежните материјали јагленираат и искривуваат додека
согоруваат. Но, Хелер предупредува - луѓето не треба да го пробуваат ова дома.

Освен целиот огнен дел, интензивните сини светла може да бидат опасни и за очите.

„Сакаме да ја подобриме безбедноста при пожари и сакаме да ја намалиме загубата


на животи во пожар“, вели Холер. И оваа нова техника, вели тој, „Мислам дека ми ги отвори
очите“.7

Слика 6 и 7: извор од студијата на Метју Хелер, истражувач во Националниот


институт за стандарди и технологија

7
How fire scientists see through flames, достапно на: https://www.theverge.com/2018/7/27/17623186/fire-
research-flames-camera-filter-blue-light-nist-lab, пристапено на ден. 27.03.2022

13
Лично искуство со противпожарна бригада

Личното искуство со пожарникарна бригада е многу важен сегмент за изработката


на оваа дипломска работа. Пожарникарната станица која соработуваше на снимањето на
интервјуата во краткиот документарен филм, кој е составен дел од оваа дипломска работа,
беа лица за восхит во секоја смисла на зборот и во секој поглед.

Слика 8: Гаснење на пожар – во Жито Битола – ноќна интервенција

14
Секојдневието им е исполнето со интервенции за пожари или дојави на бројот „193“,
а случаите за кои луѓето се јавуваат се секогаш различни. Ниеден пожар не наликува ни
најмалку на некој претходен според она што беше снимено на терен ниту пак од она што
самите пожарникари можеа да го изјават за документарниот филм снимен за оваа дипломска
работа.
Работата се одвива акциски, брзо и делотворно. За неа нема план. Сите планови кои
може да се направат се менуваат во делот од секундата зависно од ситуацијата во која се
одвива несреќата а несреќите се непредвидливи, спонтани и бараат брза реакција.
Се активираат пумпите за гаснење на оган, се креваат скалилата, пожарникарите се
распоредуваат и веќе акцијата тече, се работи со полна пареа на теренот, внимателно се
движат низ просторот, со целосна грижа да не се повреди никој да не се намали нанесената
штета, да се спаси се што може и да се извадат сите лица.

Слика 9: подготовка за излез на терен, извор Google images


Пожарникарите „херои на нашето време“ се луѓе кои будно го следат секој настан,
секој дел од градот за нив е анализиран од аспект на пристапност, анализа на ситуации како
најбрзо да се дојде до несреќата, како да се изборат со пламените јазици на огновите кои се

15
нивно секојдневие, како најлесно и најбезболно, без да се оштети било што друго во близина
да реагираат на секој повик и соодветно да постапат во секоја ситуација.

Еден месец поминат со пожарникарите од противпожарната станица во Автокоманда


во Скопје, изгледа како еден неверојатен месец испреплетен со секојдневни настани во кој
се што е снимено со камера JVC ju-hm 360 full HD е направено како документарен филм за
кој беше планиран и концептуално осмислен за дипломската работа. документирано како
филм краток и со документарен карактер кој беше концептуално осмислен исклучиво за
потребите на оваа дипломска работа, Но, ниеден план не е како што е иницијално замислен.
Изборот на камерата (JVC ju-hm 360 full HD) не е случајно направен.

Слика 10:Организација на терен извор Google images.

16
Таа е лесна и може да се постигне снимање со неа од секој агол и во секоја можна
позиција во која јас како директен учесник можев да влезам и да ја користам. Важно е дека
се што се случува се секунди или само делови од секунда во која се менува целата
сценографија.
Од моментот кога го примаат повикот се до моментот кога се спремни за на терен не
поминуваат ни 60 секунди, тие со возилата со цел свој ентузијазам и волја да се помогне да
се спаси живот да се направи добро, тие се на место на настанот за неколку минути.
Веднаш по пристигнувањето ним им се потребни само неколку секунди, каде со
размена на погледи веќе знаат од каде да пристапат, кој е најбезбедниот начин да се дојде до
објектот кој гори или несреќата која се случува, во тие неколку секунди во кои
информациите се разменети со погледи, веќе се знае за колку човечки животи се работи,
како да се помогне како да се постапи за да се направи најдоброто за оние на кои им е
потребна помош.

Слика 11: Интервенција во парк шума, извор Google images

Случаите се секогаш различни, се гасат пожари предизвикани од електрична енергија


во згради, тоа е нешто што бара дополнително внимание бидејќи освен оганот со кој се
борат пожарникарите тука е и струката како фактор за голема опасност кој може да

17
предизвика уште поголема несреќа доколку не се пристапи професионално. Треба да се
обмисли како да се извадат односно да се спасат луѓето кои се во целиот објект да излезат
надвор а притоа пожарникарите да се погрижат за сите луѓе да излезат здрави од објектот
кој го голтаат пламените јазици.
Случаите кога горат шуми односно парк шумата „Гази Баба“ во близина на станицата
Автокоманда, каде мора да се делува брзо да не се прошири пожарот кон објектите кои се
во близина, зашто тука се студентскиот дом, црквата Св. Архангел Михаил, тука се
Поликлиниката Железара, болницата РеМедика станбените објекти кои се спуштаат кон
парк шумата и слично.
Природата на нивната работа ги направила да бидат луѓе со големи срца, без страв
да пристапуваат во најтешките ситуации и со силна волја да влезат во битка со огнот од кој
треба да излезат сите.
Во обидите да се направи профил на ликот на еден пожаникар односно во интервјуата
спроведени за оваа дипломска работ, користена е една камера и микрофон и две светла за
подобро осветлување. Сепак ликовите од овој документарец се јунаци со херојски срца и
човек колку и да се труди да го опише она што тие го прават, сепак чувствува дека не е
доволно искжан дека приказните нивни никогаш немаат крај и дека снимањето на нивните
работни денови не престанува.

Слика 12: : Возила спремни за акција, извор Google images

18
И вистината е таква, нивната работа никогаш не престанува, секогаш демне опасност
од некој агол, секогаш при секое ѕвонење на телефонот додека се примаат првите
информации за несреќата која се регистрира, тие се веќе спремни за нови подвизи, нови
борби со огнот или со било каква несреќа каде тие се повикани да помогнат.
Во ваквите приказни човек не останува рамнодушен на случките, секоја нивна
приказна носи белег на херојство на нивните срца.

Слика 12: : Возила спремни за акција, извор Google images

19
Заклучок

Светот кој се движи со огромна динамика и галопира со човечкиот интерес во сите


сфери на живеењето кои единствено може да бидат пренесени низ видео материјал односно
снимени со видео камера а потоа пренесени за спектаторите во целиот свет.

За жал нашиот свет колку у да е напреден и восхитувачки за следење, се повеќе не


окупираат видео содржини со немили настани на кои сме неми сведоци.

Снимките кои ги гледаме направени од страна на профеесионални сниматели се


приказ на разорната човекова моќ и немоќ истовремено.

Кога ќе се види што самите правиме за околината во која живееме, ужасите кои само
човечки фактор може да ги предизвика се трогателни снимки за земјата на која човекот и
нанесува огромна штета свесно или несвесно.

Јавната свест е подигната во однос на фактот дека големите пожари можат да


предизвикаат драматични и трајни негативни ефекти врз животната средина, бројот на
инциденти со катастрофални последици се врежаа силно во свеста на човекот сфаќајќи ја
својата маленкост пред огнените стихии.

И кога ќе се погледне реалната слика за се она што може да се уништи со пожарите,


човекот како главен фактор за нивно предизвикување е тој кој треба да размисли како се
однесува кон животната средина и кон се она што не опкружува.

Предизвикот во иднина не е само да се зголеми јавната свест за влијанието на


пожарот врз животната средина, туку и да се подобрат и усовршат средствата и опремата за
гасење пожар, со што би се погрижило заштитата од пожар да не предизвикува
неприфатливи последици за животната средина и да не заштита на животната
средина.ограничувачки фактор во заштитата од пожари.

20
За волја на вистината секогаш се тука лицата од пожарните единици да помиогнат во
било кава несреќа во која тие можат да го дадат својот учинок и тоа го прават сосема
несебично, брзо и професионално. Сепак тие се луѓе кои се грижат за ние останатите да
може мирно да спиеме додека некаде таму тие се борат со предизвиците кои им се
наметнати. Нивната професионалност , брзина, спретност и желба да се помогне секаде и
секому, ги прави херои на денешнот свет.

Се зборува дека пожарникари - спасувачи одат таму каде што сите „бегаат“. Тоа е
докажано безброј пати во пракса. Тие се брана за надојдените реки, вода за огнената стихија
и најсилниот бедем во заштитата на граѓаните и нивниот имот.

Искуствата со пожарникарите кои јас лично ги стекнав може да се најдат во


литературта која ги обработува дејствата на пожарникарите во голем број книги и списанија,
апстракти од конференции за пожарникарство каде главните цели се:

Пожарникарите се луѓе кои имаат огромна важност во секоја држава;

Нивната брза реакција и нивната обука, желба за помош и ефективност – спасува


човечки животи во голем број ситуации

Тие се секогаш и секаде први заедно со лицата од брзата помош за да спасат што е
можно повеќе човечки животи, живи суштества, растителен свет без кој не може да се
замиласт нашите животи

Нивната посветеност на работата е нешто што човек не го гледа се додека ја нема


потреебата да заѕвони на бројот „193“

Респектот за овие херои на денешницата не се само моја инспирација за пишување и


не треба да биде така, тие заслужуваат многу повеке простор во секој аспект на медиуми, и
застапеност каде може да им се изрази благодарност за нивната несебична работа.

21
Користена литература

1. Owner of company involved in the tragic 2019 bus crash blames everything on the driver,
достапно на: the https://english.republika.mk/news/macedonia/owner-of-company-
involved-in-the-tragic-2019-bus-crash-blames-everything-on-the-driver/
2. Трагедијата кај Ласкарци ги потресе земјата и регионот: достапно на:
https://www.slobodnaevropa.mk/a/29769734.html
3. North Macedonia declares Mourning over bus tragedy: достапно на:
https://balkaninsight.com/2019/02/14/north-macedonia-declares-mourning-over-bus-
tragedy/
4. Закон за пожарникарство – пречистен текст, достапен на:
http://arhiva.mvr.gov.mk/Uploads/Zakon%20za%20pozarnikarstvoto-
neoficijalen%20precisten%20tekst%20od%2020.11.2012.doc.pdf
5. Bledsoe, B. E., Porter, R. S., & Cherry, R. A. (2009). Paramedic Care Principles and
Practice (Third Edition ed., Vol. I). Upper Saddle River, New Jersey: Pearson Prentice
Hall
6. Стогодишни дрвја изгореа во пожарите, пеплосани повеќе илјади хектари шума:
достапно на:
https://www.dw.com/mk/%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D
0%B8%D1%88%D0%BD%D0%B8-%D0%B4%D1%80%D0%B2%D1%98%D0%B0-
%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%B0-
%D0%B2%D0%BE-
%D0%BF%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5-
%D0%BF%D0%B5%D0%BF%D0%BB%D0%BE%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%
B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%9C%D0%B5-
%D0%B8%D0%BB%D1%98%D0%B0%D0%B4%D0%B8-
%D1%85%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B8-
%D1%88%D1%83%D0%BC%D0%B0/a-58832732
7. Миланко, В.: Заштита од пожара и експлозија, Висока техничка школа струковних
студија, Нови Сад, 2012.
8. How fire scientists see through flames, достапно на:
https://www.theverge.com/2018/7/27/17623186/fire-research-flames-camera-filter-blue-
light-nist-lab, пристапено на ден. 27.03.2022

22

You might also like