You are on page 1of 4

Размислувања:

Поглавје Управување и раководење (УР):

Критериум 5.4 Управниот одбор ја преиспитува Изјавата за мисија и визија најмалку еднаш во
три години и ја ревидира по потреба.

Не е делокруг на работа на Управниот одбор бидеејќи предлогот на мисија и визија


како и нивната ревизија сепак е предлог на раководниот кадар.Управниот одбор ја усвојува.

Критериум 6.3 Управниот одбор ја насочува и оценува работата на менаџерите на болницата

 постојат критериуми за оценување на работата на менаџерите на болницата

Критериум 6.4 Управниот одбор ги доставува извештаите до Министерството за здравство, по


барање.

Оценувањето на работата на менаџерите е поврзано со БСЦ извештаите како и


полугодишните извештаи кои менаџерите ги доставуваат до Министерството за здравство
согласно менаџерските договори.

Управниот одбор има право на вето на одлуки на менаџерите (доколку има конфликт)
и за истото го известува министерот но не ја оценува работата на менаџерите и нема обврска
да доставува извештаи до министерството.

Критериум 8.5 Извештаите за користење на ресурсите му се доставуваат на Управниот одбор.

Целисходноста на одлучување по извештаите доколку се достават на УО е бесцелна


бидеејќи УО донесува одлуки на предлог на менаџерскиот тим или стручниот колегиум како и
на постојаните и повремени комисии.

Критериум 11.6 Извештај за постигнатото унапредување на квалитетот на работењето на


болницата се доставува до Управниот одбор

Во иста конотација.

Ч О В Е Ч К И Р Е С У Р С И (ЧР)

Секоја клиничка служба има управувачки тим. Упатствата за практикување на Медицина


заснована на докази се применуваат во работата на самата служба.

Стандард 4.0 Се врши насочување и следење на професионалното работење

Критериум 4.1 Секоја клиничка служба има управувачки тим. Управувачкиот тим го одредува
следното:

 Лице кое управува и кое е одговорно за работата на службата, критериумите за избор и


начинот на избор на тоа лице.

 Членовите на комисиите на службите.

 Мерките за одржување на работна дисциплина на дадената служба.

Терминолошки се споменува клиничка служба кое одговара како термин за терцијарна


здравствена заштита но не и за секундарна примарна и превентивна заштита.
(Терминолошки во повеќе поглавја се спомнува Клиника клинички,служби Наместо
здравствена установа и сл.

Управувањето и раководењето како и организационата структура е делокруг на работа


и обврска на директорот или менаџерскиот тим.

Доколку по автентично толкување се мисли на цела здравствена установа би било во


ред но како служба е надвор од позитивните законски прописи.

УПРАВУВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИИ (УИ)

Критериум 1.2 Доколку е воведена електронската здравствена картичка, истата е изработена


според предвидените стандарди на Министерството за здравство на Република Македонија.

Да се избрише нема логика заради тоа што здравствените не се инволвирани за


изработката и воведувањео на здравствената картичка.

Критериум 1.6 Во установата постои план за електронско внесување на податоци,


баркодирање на внесени лекови, начин на креирање на база на податоци и правила на
нејзино користење.

Во повеќето здравствени установи аптеките се само депо или нешто слично како
магацин а баркодирањето како услов за целосно исполнување на овој критериум и добивање
највисока оцена само негативно придонесува и затоа баркодирање на внесени лекови да се
избише.

Критериум 2.3 Вработените лица се едуцирани за собирање, толкување и користење на


добиените податоци преку показателите.

Бидеејќи системот БСЦ е воведен за оценување на успешноста на работата на


менаџерите и негова суштина е поврзана во двострана насока министерство и менаџер
вработените можат да добијат само извештај но не и за собирање, толкување и користење на
добиените податоци преку показателите.(Инспекторатот при МЗ има должност за собирање
толкување и постапување по показателите).

Слично е и за Критериум 2.5 Се следи квалитетот на добиените податоци преку показателите,


како и квалитетот на самите показатели. Постои одговорно лице во болницата кое ги следи
параметрите на Balanced ScoreCard и дава сугестии за решавање на проблемите во доменот на
квалитетот на показателите

Одговорно лице е директорот или менаџерскиот тим.

НЕУТРАЛИЗАЦИЈА И СТЕРИЛИЗАЦИЈА НА МЕДИЦИНСКИОТ ОТПАД

Бидеејќи сите здравствени установи се повикуваат на договор со институција сепак


одредени стандарди и критериуми се задолжителни за нив и оценувачите потребно да ги
оценуваат а не да се потпрат на договорот.

Транспортот на медицинскиот отпад не може да го извршува здравствената установа


поради тоа што треба да има дозвола.
Централната стерилизација исто така е дејност која ја има само во Клиничкиот центар а
за останатите здравствени установи потребно е да се изземе или пак воопшто да не постои во
стандардите бидеејќи е дејност на заеднички служби.

Л Е К У В А Њ Е НА П А Ц И Е Н Т И Т Е

Стандард 7.0. На располагање се соодветни простории и опрема

Критериум 7.3. Се води евиденција на целокупната опрема, заедно со распоредот за


одржување на секој нејзин дел. Планирано е вработување на соодветни кадри за одржување
на опремата.

Вработувањето на соодветни кадри не е нешто што би го подобрило квалитетот на ЗЗ


постои опрема од разни производители кои се овластени за нејзино одржување.Доволно како
услов може да биде склучен договор за одржување.

СПЕЦИФИЧНИ КЛИНИЧКИ УСЛУГИ (СКУ)

Како што во поглавјето Лекување на пациенти има општи стандарди и критериуми на


сличен начин можат да се земат како заеднички или општи стандарди и критериуми во врска
со лекување на пациентите бидеејќи истите се повторуваат во процесот на лекување на
пациентот од прием, процена, планирање и спроведување на лекувањето, до испис на
пациентот.

Ова го предлагам за операционите сали, ургентна медицина, интензивна нега .

ЛАБОРАТОРИЈА

Клиничка лабораторија е лабораторија за биолошки, микробиолошки, имунолошки, хемиски,


имунохематолошки, хематолошки, биофизиолошки, цитолошки, патолошки или други
испитувања во материјали добиени од човековото тело, со цел добивање на информации за
дијагноза, превенција, и лекување на болестите, и за општа проценка на здравјето на човекот.
Лабораторијата може да обезбеди советодавна и консултантска услуга покривајќи ги сите
аспекти на лабораториските испитувања, вклучувајќи ја и интерпретацијата на резултатите и
давање на совет за следни потребни иследувања.

Зборот Клиничка треба да се избрише.

Критериум 25.1. Постои план за изведување на лабораториски изледувања

Планот зависи од динамиката на упутите кон лабораторијата и истиот е променлив во


текот на денот.

Критериум 27.7 Во лабораторијата постои critical/panic value листа (листа на критични


вредности) за одредени лабораториски параметри, која се користи за известување и
алармирање.

*Критериум 27.8 Во лабораторијата има листа на критични вредности на параметрите и


добиените вредности над или под таа критична граница задолжително треба да се јават на
лекарот кој го води дадениот пациент.

Овие два критериума потребно е да се спојат во еден.


На крај сите термини клиника,болница и слично да се заменат со здравствена установа.

You might also like