You are on page 1of 2

Соопштение на Министерство за економија во однос на лиценците за

алкохолни пијалаци

Министерството за економија известува дека согласно Законот за изменување и


дополнување на Законот за трговија („Службен весник на РМ„бр. 88/2008
година), од 1-ви септември 2008 година продажбата на мало на алкохолни
пијалоци може да се врши само во трговски објекти кои поседуваат лиценца за
продажба на алкохолни пијалоци издадена од Министерството за економија.
Лиценцата важи за период од две години.
Продажбата на алкохолни пијалоци во лиценцираните трговски објекти може да
се врши само во периодот од 06:00 до 19:00 часот.
Согласно измените во Законот, од 1-ви септември 2008 година е забранета
продажбата на алкохолни пијалоци (вклучувајќи го виното и пивото) на
продавниците во состав на бензинските пумпи, киосците и продавниците во
состав на зелените пазари.
Издавањето на лиценците за продажба на алкохолни пијалоци ќе отпочне од 1-
ви септември 2008 година, а до тогаш трговците на мало треба да ги
прилагодат/приспособат продажните објекти за продажба на алкохолни
пијалоци во согласност со Правилникот за минимално-техничките услови за
продажниот објект во кој се врши продажба на алкохолни пијалоци, формата,
содржината на образецот на лиценцата и формата, содржината и начинот на
водење на регистарот за издадени и одземени лиценци („Службен весник на
Република Македонија„ бр. 93/2008), кој исто така е објавен на WEB страната
на Министерството за економија: www.economy.gov.mk.
Министерството за економија исто така известува дека од 25-ти август 2008
година ќе отпочне со прием на барањата за издавање на лиценца за продажба на
алкохолни пијалоци.
Формата на барањето не е пропишана, но истото треба да содржи податоци за
барателот на лиценцата (назив и деловно седиште на трговецот на мало кој
врши продажба на алкохолни пијалоци и адреса на продажниот објект за кој ќе
се однесува лиценцата).
Кон барањето  треба да се приложи:

 решение за упис на дејноста во Централниот регистер на Република


Македонија со последна промена (копија)
 изјава за исполнетост на минимално-техничките услови за продажниот
објект во кој се врши продажба на алкохолни пијалоци потпишана од
управителот на друштвото
 потврда за уплатен надомест за добивање на лиценца за продажба на
алкохолни пијалоци во износ од 20.000,00 денари на Трезорска сметка:
100000000063095, Уплатна сметка: 840 - (број на општината) – 06889.
Приходна шифра: 718139, и Програма:00, Цел на дознака: надомест за
добивање на лиценца за продажба на алкохолни пијалоци.

За подетални информации трговците можат да се обратат до Министерството за


економија на телефоните: 3093-464, 3093-504 и 3093-473, како и во подрачните
единици на Државниот пазарен инспекторат.
Лиценцата се одзема во случаите кога Државниот пазарен инспекторат со
инспекциски надзор утврди дека продажниот објект не ги исполнува
минимално-техничките услови за продажба на алкохолни пијалоци или доколку

1
утврди дека не се почитува определеното време за продажба на алкохолни
пијалоци.
Трговецот на мало на кој ќе му биде одземена лиценцата е должен веднаш да
престане со продажба на алкохолни пијалоци и истите да ги повлече од
малопродажниот објект.
Трговецот на мало на кој му е одземена лиценцата нема право да поднесе
барање за издавање на нова лиценца во рок од една година, сметано од денот на
одземањето на лиценцата.
Државниот пазарен инспектор по 01-ви септември 2008 година, доколку при
инспекцискиот надзор утврди дека се врши продажба на алкохолни пијалоци
спротивно на одредбите од Законот за изменување и дополнување на законот за
трговија, на лице место ќе изрече мерка за привремена забрана на вршење на
дејност во траење од 7 дена за трговците - физички лица, односно 15 дена за
трговците-правни лица и ќе ги одземе алкохолните пијалоци
Покрај оваа мерка државниот пазарен инспектор ќе поднесе барање за
поведување на прекршочна постапка, по сторен прекршок за кој се утврдени
следните санкции:

 Глоба во износ од 5.000,00 евра во денарска противвредност за правното


лице,
 Глоба во износ од 600,00 евра во денарска противвредност за
одговорното лице во правното лице
 Глоба во износ од 400,00 евра во денарска противвредност за службеното
лице
 Глоба во износ од 500,00 евра во денарска противвредност за физичкото
лице
 Одземање на предметите – стоките.

You might also like