You are on page 1of 3

1. На 24.07.

2012 година Собранието на РМ го донесе Законот за вршење на


сметководствени работи. Законот е објавен во Службен весник бр.95/12 од 30 јули 2012
година, а стапува во сила од 3 август 2012 година.
2. Со законот се воведуваат две стручни звања од областа на сметководството и тоа:

-Сметководител и

-Овластен сметководител.

Сметководител води трговски/деловни книги за сите обврзници за водење на


сметководство и составува и потпишува годишна сметка за трговци поеднинци и
здруженија и фондации.

Овластениот сметководител води трговски/деловни книги и составува и потпишува


годишни сметки и финансиски извештаи за сите обврзници за водење на сметководство.

3. Уверението за сметководител може да биде времено и трајно.

Времено уверение за сметководител во траење од 2 години од добивањето,  добиваат


лица кои ке поднеста барање до Министерот за финансии до 03.02.2013 (во рок од 6
месеци од стапување во сила на Законот) и кои ги исполнуваат следните услови:

-средно образование и најмалку три години работно искуство во вршење на


сметководствени работи;

-вишо образование и најмалу две години работно искуство во вршење на сметководствени


работи;

-високо образование и најмалку една година во вршење на сметководствени работи.

Трајно уверение за сметководител се добива со полагање на  испит. Право на полагање на


испитот ке имаат:

- лица кои претходно се здобиле со времено уверение за сметководител и

- лица со завршено средно економско образование или високо образование од областа на


економијата и бизнисот.
4. Уврението за овластен сметководител исто така може да биде времено и трајно.

Временото уверение за овластен сметководител во трање од 2 години го добиваат лицата


кои најдоцна до 03.0.2013 година ке поднесат барање до Министерот за финансии и кои
ги исполнуваат следните услови:

-средно образование и најмалку десет години работно искуство во вршење на


сметководствени работи;

-вишо образование  и најмалку осум години работно искуство во вршење на


сметководствени работи;

-високо образование и најмалку три години работно искуство во вршење на


сметководствени работи.

Трајно уверение за овластен сметководител се добива без полагање на испит и со


полагање на испит.

Со трајно уверение без полагање на испит се здобиваат лица со лиценца за овластен


ревизор и лица со над 25 години работно искуство во вршењето на сметководствените
работи.

Со право за полагање на испит за стекнување на трајно уверение за овластен


сметководител ке се стекнат:

- лица кои ке добијат времени уверенија за овластен сметководител и

- лица кои имаат завршено високо образование од областа на економијата или бизнисот и
најмалку три години работно искуство во вршење на сметководствените работи.

5.  За вршење на сметководствени работи обврзникот за водење на сметководтво може да


вработи сметководител/овластен сметководител или со договор за вршење
сметководствени работи да ангажира трговец поединец – сметководител, трговец
поединец-овластен сметководител или друштво за вршење на сметководствени работи.

Трговец поединец-сметководител врши сметководствени работи на за трговци поединци и


здруженија и фондации. Трговец поединец-овластен сметководител врши
сметководствени работи за трговци поединци, здруженија, фондации, непрофитни
организации и друштва со ограничена одговорност. Друштво за вршење на
сметководствени работи мора да има вработено најмалку еден овластен сметководител и
еден сметководител.

6. Постојните правни лица кои се регистрирани за вршење на сметководствени работи се


должни да се усогласат со одредбите од Законот за вршење на сметководствени работи и
да поднесат барање за запишување во регистарот во рок од шест месеци од основање на
Институтот за сметководители и овластени сметководители.

Првиот испит за стекнување на уверение за сметкоодители и овластени сметководители ке


се спроведе во рок од три месеци од основање на Институтот.

Институтот за сметководители и овластени сметководители треба да се конституира во рок


од 3 месеци од влегување во сила на Законот за вршење на сметководствени работи.

You might also like