You are on page 1of 58

Законска регулатива во Република

Македонија за примена на режимот на


царини, контингенти, дозволи и останати
мерки за ограничување на пазарниот
пристап

Ментор: Изработија:

Проф. д-р Катерина Тошевска – Трпчевска Валерија Јованова 58799

Благица Филипова 58738


Вовед
Надворешнотрговскиот систем е еден од подсистемите на
стопанскиот систем на една земја. Со него се регулираат правилата
на однесување на домашните резиденти во економската соработка
со странските резиденти.
Процесот на креирање, предлагање, изготвување и усвојување на
законската регулатива неопходна како основа на
надворешнотрговскиот систем на земјата оди во законски
регулирана процедура во која учествуваат стопанските комори,
ресорните министерства, Народна банка, Влада на РМ и
Парламентот на РМ.
Во РМ надворешнотрговските работи се регулираат со Царинскиот
закон, Законот за надворешно-трговско работење, Закон за царинска
тарифа, Закон за трговија.
Царински закон
Царинскиот закон на РМ ги опфаќа:
 царинското подрачје на РM
 исклучоци од царинско подрачје
 царинска постапка
 царинска тарифа
 стоки што се распределуваат според царинска тарифа
 потекло на стоки
 царинска вредност
 царинска декларација
 внесување на стоки во царинско подрачје
 сместување на стоки
 пуштање на стоки во слободен промет
 внесување на стоки во слободни економски зони
 изнесување на стоки од царинско подрачје
 наплаќање на царински долг
Царински закон
Општи одредби
 Со Царинскиот закон се уредуваат правата и обврските на лицата и царинските
органи во врска со стоката во патничкиот и стоковиот промет меѓу царинското
подрачје на РМ и странските царински подрачја.
 Одредбите на овој закон се применуваат еднообразно на целото царинско
подрачје на РМ, освен ако поинаку не е утврдено со овој закон, со друг закон,
или со меѓународен договор што го ратификувала земјата.
 Царинското подрачје на Република Македонија ја опфаќа: територијата,
територијалните води и воздушниот простор над територијата на Република
Македонија. Царинското подрачје е обележано со царинска линија која е
идентична со државната граница. Согласно со меѓународните договори
царинското подрачје може да се протега и на делови од територијата на други
држави.
 Царински орган е организациона единица на Царинската управа утврдена со
закон која е надлежна за примена на царинските или другите прописи каде што
може да се извршуваат сите или некои од пропишаните формалности.
Право на застапување
 Според царинскиот закон, секое лице може да определи застапник што ќе го
застапува за неговото работење пред царинскиот орган заради спроведување
на дејствија и формалности пропишани со царинските прописи.
 Застапувањето може да биде:
 директно, кога застапникот презема дејствија во име и за сметка на друго
лице или
 индиректно, кога застапникот презема дејствија во свое име, но за сметка на
друго лице.
 Застапникот мора да изјави пред царинскиот орган дека презема дејствија за
сметка на лицето кое го застапува, да наведе дали застапувањето е директно
или индиректно и да биде овластен да презема дејствија како застапник.
Одобренија за вршење на работи за застапување во царинските постапки и
царинските лиценци за вршење на застапување дава и одзема Централната
управа на Царинската управа на Република Македонија.
 Работи на застапување во царинските постапки, може да врши правно лице
кое добило одобрение за вршење на работи за застапување во царинските
постапки. Одобренија за вршење на работи за застапување во царинските
постапки може да добие правно лице кое ги исполнува условите:
 да е регистрирано на царинското подрачје на Република Македонија
 да е регистрирано за вршење на дејност на застапување во царински работи на
царинското подрачје на Република Македонија
 да има вработено најмалку едно лице кое има царинска лиценца за вршење на
застапување.
 Со царинска лиценца за вршење на застапување може да се здобие и
физичко лице под услов:
 да има најмалку една година работно искуство од областа на царинското
работење доколку лицето има висока стручна подготовка од специјализиран
факултет од областа на царинското работење
 да има најмалку средна стручна подготовка и најмалку две години работно
искуство во областа на царинското работење
 да има положен посебен стручен испит за вршење на застапување во
царинските постапки
Лиценцата се одзема доколку правното лице повеќе пати
незаконито, неправилно и нестручно ја извршува својата
работа, а за тоа претходно бил писмено опоменат и
прекршувањето го извршил во последните три години
или доколку застапникот има правосилна и извршна
пресуда за сторено кривично дело од областа на
економскиот или нелегален промет.
Да се добие нова лиценца треба да помине една година
од денот на одземањето, ако е одземена за незаконско
работење и две години доколку е направено кривично
дело од страна на правното лице.
Со Царинскиот закон се рекулира и потеклото на стоките и го опфаќа и
преференцијалниот и непреференцијалниот третман на истите.
Непреференцијалното потекло на стоките се уредува и дефинира со членовите 22,
23, 24 и 25 од овој закон, за примена на царинската тарифа, примена на други мерки
различни од тарифни мерки и изготвување и давање на уверенија за потекло.

Стока со потекло од една земја е онаа стока која е целосно добиена или произведена
во таа земја. Под поимот “стока целосно добиена во една земја” според законот се
подразбира:
Минерални производи извадени во таа земjа
Растителни производи набрани во таа земја
Живи животни родени и одгледани во таа земја
Призводи добиени од живи животни одгледани во таа земја
Производи од лов и риболов извршен во таа земја

Поимот “земја” ги пофаќа и територијалните морски води на таа земја.


Стока чие производство се врши во повеќе земји се смета
дека потекнува од земјата каде што била извршена нејзината
последна суштинска и економски оправдана преработка или
обработка. Со овој закон се пропишува и задолжително
поднесување на документ како доказ за потекло на стоката.
Во случај на основани соменевања, царинскиот орган може
да бара и поднесување на дополнителен доказ.
Преференцијалните правила на потекло на стоката се
утврдени во договорите кои РМ ги склучила со одредени
земји или група на земји, а со кои се предвидува одобрување
на преференцијален третман и со мерки кои се усвоени
еднострано од РМ во однос на одредени земји, група на земји
или територии.
Внесување на стока во царинско
подрачје
 Царински статус е статусот на стоката како домашна или странска.
 Царински надзор се општи мерки кои ги презема царинскиот орган
заради обезбедување на примена на царинските прописи, а кога е
потребно и на други прописи кои важат за стока која е предмет на
царински надзор.
 Царинска контрола е извршување на конкретни дејствија како што
се: преглед на стока; проверка на постоење, веродостојност и точност
на документите; преглед на деловни книги и други евиденции;
преглед и претрес на транспортни средства; преглед и претрес на
личен багаж и друга стока која ја носат лицата со или на себе;
спроведување на службени постапки и други слични дејствија во
поглед на запазување на царинските прописи, а кога е потребно и на
други прописи кои важат за стока која е предмет на царински надзор.
 Странска стока може да се внесе на царинското подрачје преку
царински гранични премини во времето кога тие се отворени за
промет.
 Стоката која е внесена во царинското подрачје е предмет на
царински надзор од моментот на нејзиното внесување. Таквата
стока може да биде предмет на контрола од царинскиот орган во
согласност со важечките прописи. Истата останува под царински
надзор се додека е потребно да се одреди нејзиниот царински
статус.
 Во случај на странска стока, стоката останува под царински надзор
додека нејзиниот царински статус не се промени, односно додека
не се внесе во слободна зона или слободен склад, повторно извезе
или уништи.
Ставање на увид на стока на царински
орган
Одкако стоката ќе добие царински статус истата се става на увид
и се спроведуваат царински формалности од страна на
царинскиот орган. Во овој случај лицето е должно да поднесе
збирна декларација.
 Царинскиот орган може да одобри поднесување на збирна
декларација во рок кој не го надминува првиот работен ден по
денот кога стоката е ставена на увид на царинскиот орган.
Збирна декларација се поднесува на образец пропишан со
прописот од членот 257 на овој закон.
 Царинскиот орган, како збирна декларација, може да дозволи
употреба и на друг комерцијален или службен документ кој ги
содржи сите податоци потребни за идентификација на стоката.
 Збирна декларација се поднесува од страна на лицето:

 кое ја внело стоката во царинското подрачје, или кое било лице кое ја
презело одговорноста за превезување на стоката по нејзиното внесување;
 во чие име се преземаат овие дејствија.
Пуштање на стока во слободен промет
 Со пуштање во слободен промет странската стока добива статус
на домашна стока.
 За да се пушти стоката во слободен промет, треба да се применат
мерките на трговска политика, да се завршат другите
формалности пропишани за увоз на стока и за плаќање на сите
давачки пропишани со царински и други прописи.
 Стоката пуштена во слободен промет го губи статусот на
домашна стока кога:
 царинската декларација за пуштање на стоката во слободен промет
е поништена по пуштањето;
 увозните давачки кои се плаќаат за таа стока се вратени или
плаќањето е простено (во рамките на постапката на увоз за
облагородување, во системот на враќање на увозни давачки или за
стока со недостатоци или стока која не е во согласност со условите
од договорот);
 кога враќањето или простувањето е условено со извоз.
Одложувачки постапки и царински
постапки со економски ефект
Според овој закон кога се употребува поимот “постапка”, се однесува на
следните одложувачки постапки:
 транзит
 царинско складирање
 увоз за облагородување според системот на одложено плаќање
 преработка под царинска контрола
 привремен увоз
Кога станува збор за “царински постапки со економски ефект”, тој се
однесува на:
 царинско складирање
 увоз за облагородување
 преработка под царинска контрола
 привремен увоз
 извоз за облагородување
 Увозна стока значи стока која е ставена во одложувачка постапка и
стока за која, во постапката на увоз за облагородување според
системот на враќање на увозни давачки, се извршени формалностите
за пуштање на стоката во слободен промет.
 За употреба на која било царинска постапка со економски ефект е
потребно одобрение од царинскиот орган.
Увоз за облагородување
 Увозот за облагородување овозможува увезените репроматеријали или
полупроизводи да се облагородуваат за повторен извоз без да се платат
увозни давачки и ДДВ за стоката.
 Операциите за облагородување може да бидат:
 обработка
 преработка
 поправка на стока и
 употреба на помошни средства за производство.
 Помошни средства за производство како горива или други извори на
енергија, мазива, опрема и алат не може да бидат дозволени во
постапката.
Согласно царинските прописи можни се два системи за спроведување на
постапката увоз за облагородување:
 Систем на одложено плаќање на увозните давачки – постапка во која
странската стока која е ставена во постапка не подлежи на плаќање на увозни
давачки или мерки на трговска политика и е наменета за повторен извоз од
царинското пдорачје во облик на добиени производи.
 Систем на враќање на увозните давачки – постапка во која увозната стока е
пуштена во слободен промет со платени увозни давачки, се применуваат
мерките на трговска политика и за која може да се одобри враќање или
простување на увозните давачки, доколку добиените производи повторно се
извезат од царинското подрачје.
Системот за враќање на увозни давачки не е применлив кога во моментот на
прифаќање на царинската декларација за пуштање на стоката во слободен
промет, увозната стока е предмет на квантитативни увозни ограничувања и
царински квоти.
Давање на одобрение
Царинскиот орган дава одобрение на барање на лицето кое
ги извршува операциите на облагородување или на лицето
кое го организира нивното извршување.
Одобрението се дава само на лица регистрирани во РМ, но
може да се даде и на лица кои не се регистрирани во РМ,
доколку се увезува стока од некомерцијална природа.
Водење на постапка
Царинскиот орган го определува рокот во кој добиените производи мора
да бидат извезени, и го одредува нормативот на операцијата за
облагородување или ако е потребно методот за утврдување на
нормативот.
Рокот започнува да тече од денот кога странската стока е ставена во
постапка на увоз за облагородување. Царинскиот орган може да одобри
продолжување на рокот врз основа на образложено и навремено
поднесено писмено барање на имателот на одобрението.
Нормативот се утврдува врз основа на стварните околности под кои
операцијата за облагородување се спроведува или треба да се спроведе.
Доколку добиените производи се пуштат во слободен промет тие ќе
бидат предмет на увозни давачки, пресметани во согласност со
царинските и другите прописи кои се применуваат.
Преработка под царинска контрола
 Со постапката на преработка под царинска контрола се
овозможува употреба на странска стока во царинското подрачје, во
операции со кои се менува нејзиниот вид или состојба, без да
подлежи на плаќање на увозни давачки или мерки на трговската
политика.
 Потоа се овозможува пуштање во слободен промет на производи
коишто се резултат на такви операции со увозни давачки кои
одговараат за тие производи.
 Таквите производи се нарекуваат преработени производи.
 Одобрение за преработка под царинска контрола се дава на барање на лицето
кое ја извршува преработката или на лицето кое го организира нејзиното
извршување.
 Одобрението се дава само:
 на лица регистрирани во Република Македонија;
 кога увозната стока може да се препознае во преработените производи;
 кога стоката не може по преработката економично да се врати во нејзиниот
првобитен вид или состојба која ја имала пред да се стави во постапката;
 кога употребата на постапката не може да доведе до злоупотреба на
прописите за потекло на стока и квантитативните ограничувања кои се
применуваат за увезената стока и
 кога се исполнети условите потребни за постапката да може да го помогне
создавањето или одржувањето на одредена преработувачка дејност во
Република Македонија, без да се загрозат суштинските интереси на
домашните производители на слична стока.
Привремен увоз
 Со постапката на привремен увоз се овозможува употреба на странска
стока во царинското подрачје, со целосно или делумно ослободување
од плаќање на увозни давачки и без примена на мерки на трговска
политика, ако истата е наменета за повторен извоз во непроменета
состојба, освен вообичаеното намалување на вредноста заради
нејзината употреба.
 Царинскиот орган го определува рокот во кој увозната стока мора да
биде повторно извезена и тој рок мора да е доволно долг за да се
исполни целта на привремениот увоз. Стоката може да остане во
постапка на привремен увоз најдолго 24 месеца. Царинскиот орган, во
зависност од случаите, може да одреди и пократок рок.
 Целосно ослободување од плаќање на увозни давачки во постапката на
привремен увоз, се одобрува за:
1) транспортни средства;
2) лични предмети и стока за спортски цели увезени од патници;
3) материјали за помош при непогоди;
4) медицинска, хируршка и лабораториска опрема;
5) животни;
6) стока за употреба во погранични зони;
7) медиуми - носачи на звук, слика или податоци;
8) рекламен материјал;
9) професионална опрема;
10) педагошки материјал и научна опрема и друга стока која повремено се
увезува во ситуации во кои нема економски ефект.

• Износот на увозните давачки кој се плаќа за стока ставена во постапка


на привремен увоз со делумно ослободување од плаќање на увозни
давачки е 3% од износот на давачките кои би се наплатиле доколку
истата стока би била пуштена во слободен промет.
Извоз за облагородување
Со постапката на извоз за облагородување, царинскиот орган
одобрува домашна стока привремено да се извезе од царинското
подрачје за да се подложи на операции на облагородување, а
производите добиени од таквите операции да бидат пуштени во
слободен промет со целосно или делумно ослободување од плаќање
на увозните давачки.
Постапката на извоз за облагородување не е дозволена за домашна
стока:
 чиј извоз дава право на враќање или простување на увозните давачки и
 која пред извозот била пуштена во слободен промет со целосно
ослободување од плаќање на увозните давачки заради нејзината крајна
употреба се додека важат условите под кои е одобрено тоа
ослободување.
Давање на одобрение
Одобрение за примена на постапката на извоз за
облагородување се дава на барање на лицето кое го
организира извршувањето на операциите на облагородување.
Одобрение се дава само:
 на лица регистрирани во Република Македонија;
 кога се смета дека е можно да се утврди дека добиените
производи се резултат на облагородување на стоката за
привремен извоз и
 кога одобрението за постапката на извоз за облагородување не
може сериозно да им наштети на основните интереси на
производителите во Република Македонија.
Водење на постапката
Царинскиот орган го определува рокот во кој добиените производи мора
повторно да се увезат во царинското подрачје. Тој може да го продолжи рокот
врз основа на образложено и навремено поднесено писмено барање на
имателот на одобрението, и исто така го одредува и нормативот на операцијата.

Целосното или делумното ослободување од плаќање на увозните давачки се


врши така што од износот на увозните давачки кои се пресметуваат за
добиените производи кои се пуштаат во слободен промет се одзема износот на
увозните давачки кои би се пресметале за стоката за привремен извоз ако таа
би била увезена во земјата во која била подложена на операција на
облагородување.
Кога целта на операцијата на облагородување е поправка на стоката за
привремен извоз, таа се пушта во слободен промет со целосно ослободување
од плаќање на увозните давачки, кога е утврдено дека таа стока била навистина
бесплатно поправена.
ЦАРИНСКИ ДОЛГ
Поднесување на гаранција
Кога царинскиот орган, во согласност со царинските прописи, бара да се
поднесе гаранција за обезбедување на плаќање на царински долг, таквата
гаранција ја поднесува лицето кое е одговорно или кое може да стане одговорно
за тој долг.
Царинскиот орган може да не бара поднесување на гаранција кога износот кој
треба да се обезбеди не надминува 150 ЕВРА во денарска противвредност.
 Гаранцијата се бара во моментот кога царинскиот орган смета дека
царинскиот долг кој настанал или може да настане нема да биде платен во
пропишаниот рок.
Гаранција може да се поднесе во облик на готовински депозит или во облик на
банкарска гаранција.
Гаранцијата не се враќа се додека царинскиот долг за кој таа е дадена не згасне
или до моментот кога царинскиот долг повеќе не може да настане. Откако
царинскиот долг згасне или повеќе не може да настане, гаранцијата се враќа без
одлагање.
Настанување на царински долг
Царински долг при увоз настанува со:

 пуштање во слободен промет на стока која подлежи на увозни давачки


 ставање на стоката во постапка на привремен увоз со делумно ослободување од увозни
давачки;
 нелегално внесување на стока во царинското подрачје која подлежи на увозни давачки;
 нелегално внесување на стока од слободна зона или слободен склад на другиот дел во
царинското подрачје;
 нелегално отстранување на стока од царински надзор, која подлежи на увозни давачки;
 неисполнување на една од обврските кои произлегуваат, во поглед на стока која подлежи
на увозни давачки;
 непридржување кон еден од условите со кои се регулира ставањето на стоката во одредена
царинска постапка;
 трошење или употреба на стока во слободна зона или слободен склад која подлежи на
увозни давачки, спротивно од условите кои се пропишани.
Царински долг при извоз настанува со:
 извоз на стока од царинското подрачје која подлежи на
извозни давачки и која е покриена со царинска декларација;
 изнесување на стока од царинското подрачје која подлежи на
плаќање на извозни давачки без царинска декларација;
 со непридржување кон условите под кои било одобрено
изнесувањето на стоката од царинското подрачје со целосно
или делумно ослободување од извозни давачки;
 ако се однесува на стока која е предмет на мерки на забрана
или ограничување од каков било вид при увозот или извозот.
Во услови на непредвидливи околности или виша сила, кои
предизвикуваат уништување или неповратна загуба на
стоката нема да се смета дека настанал царински долг при
увоз. Неповратна загубена стока е стока која е неупотреблива
за било кое лице.
Царински долг не настанува при нелегално внесување, во
царинското подрачје, на фалсификувани пари или дроги и
психотропни супстанции, кои не влегуваат во економските
текови.
Кога повеќе лица се одговорни за плаќање на еден царински
долг, тие солидарно одговораат за плаќање на тој долг.
Пресметка и наплата на износот на
царинскиот долг
Секој поединечен износ на увозни давачки или извозни давачки кои
произлегуваат од царински долг, царинскиот орган го пресметува
веднаш штом дојде до потребните податоци и истиот веднаш се
евидентира во сметководствената евиденција на царинскиот орган.
Доколку лицето нема право да користи одложено плаќање износот на
давачките треба да биде платен во рок не подолг од 10 дена од денот
на известувањето.
Плаќањето на износот на давачки се врши во денари, во готово или на
друг начин во согласност со прописите со кои се регулира начинот на
плаќање. Плаќањето може да се изврши и со порамнување на
побарувањата во случаи кога царинскиот орган треба да изврши
враќање на увозните давачки, а истовремено царинскиот должник
има ненамирен царински долг кон царинскиот орган.
Кога износот на давачките треба да се плати, по
барање на странката, царинскиот орган може да
одобри одложување на плаќање на тој износ под
следниве услови:
 да е сигурен и финансиски стабилен,
 уредно да ги исполнува своите обврски,
 да ги води сите пропишани евиденции кои даваат
можност за непречена контрола и
 во последните три години да не ги повредил царинските
и даночните прописи.
Рокот во кој се одложува плаќањето е 30 дена.
Должникот може да го плати целиот или дел од
износот на давачките и пред да истече рокот кој му
бил одобрен за плаќање.
Износот на долгот може да го плати друго лице
наместо должникот во согласност со закон.
Кога износот на давачки не е платен во пропишаниот
рок се наплаќа камата за секој ден на задоцнување по
стапката пропишана со одредбите на Законот за данок
на додадена вредност.
Гаснење на царински долг

Царинскиот долг се гаси:


1) со плаќање на износот на давачките;
2) со простување на износот на давачките;
3) кога за стоката постои обврска за плаќање на давачки, но:
 царинската декларација е поништена;
 пред нејзиното пуштање стоката е: одземена, уништена по инструкции на
царинскиот орган;
 уништена или отстапена во корист на државата;
 уништена или неповратно загубена како резултат на видот и
карактеристиките на стоката или непредвидливи околности или виша сила

4) кога стоката за која настанал долг е одземена при нејзиното нелегално


внесување.
Повреди на царинските прописи

Неизвршувањето на дејствија утврдени со одредбите на


царинските прописи или вршењето на дејствија спротивни
на одредбите на царинските прописи претставуваат повреди
на царинските прописи. Повредите на царинските прописи
можат да бидат кривични дела или царински прекршоци.
Стоката која е предмет на царински прекршок, за време на
водење на постапката пред суд, се наоѓа под царински
надзор.
Прекршочна постапка по царински прекршоци не може да
се поведе ако поминале повеќе од три години од денот на
извршување на прекршокот.
ЦАРИНСКА ТАРИФА
Царинската тарифа на Република Македонија ги опфаќа:

 номенклатурата на стока изготвена врз основа на Меѓународната конвенција на


хармонизираниот систем на имиња и шифри на стоката (Хармонизиран систем) и
Комбинираната номенклатура на Европската унија;
 секоја друга номенклатура која целосно или делумно се заснова на претходно
наведените номенклатури;
 царинската стапка и износот на давачките кои се применуваат за стоката
 преферцијалните царински мерки содржани во договорите кои Република
Македонија ги склучила со одредени земји или група на земји;
 преференцијални царински мерки усвоени еднострано од Република Македонија во
однос на одредени земји, група на земји или територии;
 автономни мерки за намалување или укинување на увозните давачки кои се
наплаќаат за одредена стока;
 И други царински мерки пропишани со други прописи.
Под поимот Номенклатура, се подразбираат именувањата на тарифните
броеви, на тарифните ставови, забелешките кон одделите и главите,
основните правила за применување на Царинската тарифа и нумеричките
ознаки на Номенклатурата.
Под поимот “тарифен број”, се подразбира именување на стоката, кое
опфаќа еден производ или повеќе производи и кој е означен со
четвороцифрена ознака.
Под поимот “тарифен подброј”, се подразбира именување на стоките
кое опфаќа еден производ или повеќе производи и кој е означен со
нумеричка ознака со најмалку шест цифри. Нумеричките ознаки, со кои
се означени тарифните броеви и тарифните подброеви се нарекуваат
тарифни ознаки. Тарифен став, опфаќа тарифна ознака, именување на
тарифниот подброј и стапката на царина пропишана за стоката од тој
тарифен подброј.
На стоките што се увезуваат во царинското подрачје на Република
Македонија се плаќа царина по стапките утврдени во Царинската
тарифа. За стоките од Царинската тарифа, каде што покрај стапката на
царина стои ознаката (П), се плаќа посебна давачка за увоз на
земјоделски и прехранбени производи.
Стапките утврдени во Царинската тарифа се применуваат врз стоките со
потекло од земјите членки на СТО, според клаузулата за најповластена
нација. Врз стоките увезени од другите земји се применуваат стапките
утврдени во Царинската тарифа зголемени за 70%.
За производи во разглобена состојба чии делови се увезуваат
сукцесивно, преку една или повеќе царинарници можат, на барање на
царинскиот обврзник, да се распоредат во тарифниот став за добиениот
производ, со примена на стапка на царина за финалниот производ.
Единствена царинска стапка во висина од 15% (ад валорем) се
применува:
 за стока која што се содржи во пратки по пошта од едно физичко лице, или
 за стока што патникот ја носи со себе, под услов таквите стоки да не се од
трговски карактер.
Стоките кои се увезуваат ќе се сметаат дека немаат трговски карактер
ако:
 се работи за пратки испратени од едно физичко лице на друго физичко
лице, а таквите пратки содржат: вообичаени стоки, стоки наменети
исклучително за лична употреба на примачот или на членовите на
неговото семејство и стоки испратени на примачот од страна на испраќачот
бесплатно;
 стоки кои патникот ги носи со себе со истите карактеристики
ЗАКОН ЗА
НАДВОРЕШНОТРГОВСКО
РАБОТЕЊЕ
 Cо овој закон се уредува надворешнотрговското работење кое ги опфаќа надворешно
трговскиот промет, вршењето на стопански дејности во странство, како и заштитните
мерки при увозот и извозот на стоки.
 Поимите употребени во овој закон го имаат следново значење:
o закана од сериозна штета - е веројатност дека во однос на конкретна положба на
домашното производство ќе настане значително влошување;
o сериозна штета е значително влошување на положбата на домашното производство;
o штета е сериозна штета, нанесена на домашното производство, закана дека ќе настане
значителна штета за домашното производство или значително влошување на положбата
на домашното производство;
o домашно производство е произведување на иста или слична стока на територијата на
Република Македонија од сите производители или производителите чие производство
на стоката претставува најголем дел од вкупното производство на стоката;
o субвенциониран увоз е кога стоката која се увезува во Република Македонија е предмет
на непосредна или посредна помош при производството или извозот во државата од
којашто потекнува стоката или од којашто се извезува;
o дампинг е кога стоката се увезува во Република Македонија по цена која е пониска од
нејзината нормална вредност;
o антидампингшки давачки се средства чиј износ не е поголем од маржата на дампингот
кај стоките што се во прашање;
o маржа на дампинг е разликата меѓу нормалната вредност и извозната цена.
Форми на увоз и извоз
Извозот и увозот на стоките е слободен (ЛБ).
Определени стоки можат да се извезуваат и увезуваат врз
основа на дозвола (Д) кога е во прашање извршување на
меѓународни договори, регулирање на извозот и увозот
на вооружување и воена опрема и извозот и увозот на
историски и уметнички дела и одделни благородни
метали.
Заради усогласување на размената на стоки и услуги со
определени земји или региони, извозот и увозот на
определени стоки може регионално да се насочува со
издавање согласност (С).
ЗАШТИТНИ МЕРКИ ПРИ УВОЗ
И ИЗВОЗ
Мерки за заштита на домашното производство од зголемен
увоз
Ако во краток временски период се зголеми увозот на определена
стока, количински во однос на домашното производство, и ако со тоа
зголемување на увозот се нанесува штета или претстои опасност од
нанесување на сериозна штета на домашното производство на исти или
слични стоки, Владата ќе преземе соодветни заштитни мерки, со цел да
се отстранат штетите и нарушувањата настанати со таквиот увоз.
Ако со одложувањето на преземање заштитни мерки може да се
предизвика штета која тешко може да се отстрани или постои сигурен
доказ дека со зголемениот увоз на определени стоки е настаната штета
или претстои опасност од настанување на штета, Владата на предлог на
Министерството за економија може да пропише привремени заштитни
мерки во форма на зголемена царина (заштитна царина).
Привремените мерки не можат да траат повеќе од 200 дена. Во тој период
Министерството за економија е должно да спроведе постапка. Ако во
постапката се утврди дека со зголемениот увоз не се предизвикало штета
или не постои опасност од нанесување на сериозна штета, средствата
наплатени како заштитна царина веднаш ќе се вратат на увозниците од кои
тие се наплатени.
Мерките ќе се применуваат само за оној временски период кој е потребен
да се отстрани или спречи настанувањето на сериозна штета, односно
најмногу осум години од воведувањето на мерката, која не смее повторно
да се воведе во наредните 3 години, за истата стока.
Во случај на воведување мерки, Владата на барање на земјата извозничка
може на таа земја да и одобри одредена трговска компензација заради
отстранување на штетните последици кои таа земја ги има поради
воведување или продолжување на мерките во Република Македонија.
Квантитативно или вредносно ограничување
Ако се утврди дека со зголемениот увоз на определени стоки
може да настане нарушување на платниот биланс во
Република Македонија, или ако со тоа зголемување на увозот
се нанесува штета или претстои опасност од нанесување на
сериозна штета на домашното производство, Владата може да
воведе заштитни мерки во форма на квантитативно или
вредносно ограничување на увозот на тие стоки.
Ако се утврди дека со зголемениот извоз на определени стоки
може да настане штета или претстои опасност од настанување
на штета на необновливите природни богатства во Република
Македонија, Владата може да воведе заштитни мерки во
форма на квантитативно или вредносно ограничување.
Ако Владата пропише квантитативно или вредносно ограничување
на стоките, обемот на тие стоки не смее да биде помал од
просечниот годишен увоз на тие стоки остварен во последните три
години.
Ако распределбата на стоките се врши меѓу повеќе земји, Владата
може со земјите членки на Светската трговска организација кои се
заинтересирани за извоз на тие стоки во Република Македонија, да
го усогласи начинот на распределбата на тие стоки и нивното
учество во таа распределба. Ако се утврди дека таквиот начин на
распределба не е соодветен, утврденото количество на стоките ќе
се распредели на подеднакви делови на земјите увознички во
вкупниот увоз на определената стока во Република Македонија за
определен рок.
Распределбата на стоките ја врши Министерството за економија, со издавање
на дозвола. Cо квантитативното или вредносно ограничување се определува
обемот на извозот и увозот на определени стоки најдолго за период од една
година. Вкупниот износ на стоки по количина или вредност што треба да се
распредели, мора да се објави 21 ден пред да се изврши конкретната
распределба.
Јавниот повик за распределба на стоките се објавува во дневен печат. Cо
повикот се објавува вкупното количество на стоките што треба да се
распределат по количина или вредност, почетната и крајната дата на повикот,
како и начинот на распределба. Периодот за обработка на барањата за учество
во распределбата на стоките не смее да надминува 30 дена, ако дозволите се
распределуваат по принципот "прв дојден - прв услужен" или 60 дена по
истекувањето на рокот на пријавување, ако сите подносители се разгледуваат
во исто време. Дозволите мора да се издаваат во разумен временски период.
Распределбата на стоките се врши врз основа на еднаков и правилен начин.
Антидампинг мерки

Ако некоја стока се увезува во Република Македонија по пониска


цена од нејзината нормална вредност (дампинг) и ако во истражна
постапка, која ја спроведува Министерството за економија се
утврди дека таквиот увоз предизвикува или се заканува да
предизвика материјална штета на домашното производство, или би
можел да го намали развојот на домашното производство, Владата
ќе пропише антидампингшка давачка за увозот на таа стока.
Се смета дека стоката е увезена во Република Македонија по
пониска цена од нејзината нормална вредност (дампинг), ако
цената на таа стока е пониска од цената на иста стока по која таа се
продава за потрошувачка под вообичаени услови во земјата
извозник.
Кога нема податоци за цената на таквата стока,
антидампингшката давачка се утврдува со споредба на
цената на стоката која се увезува со:
 цената на идентична стока која се извезува на соодветен
пазар на трета земја, под услов таа цена да е соодветна
или
 трошоците на производство во земјата на потекло
зголемени за вообичаен износ на административните
трошоци, трошоците на продажба, општите трошоци и
добивката.
Барање за пропишување на антидампингшка давачка се
поднесува во име на сите домашни производители на определена
стока или на оние чие производство претставува значителен дел
од вкупното производство на таа стока. Барањето се поднесува
во писмена форма до Министерството за економија.
Антидампингшката давачка не може да биде повисока од
маржата на дампингот. Антидампингшката давачка може да биде
и пониска од маржата на дампингот ако е доволна да ја отстрани
штетата на домашното производство.
Антидампингшката давачка ќе остане во сила за време колку е
потребно да се спречи дампингот кој предизвикал штета на
домашното производство.
Мерки против субвенциониран увоз
Владата може, на предлог на Министерството за економија, да пропише
компензаторна давачка за определена стока, која се увезува, ако:
 во производството или извозот на таа стока се одобруваат субвенции во
земјата на потеклото или земјата на извозот, (освен кога се во прашање
субвенции против кои не можат да се преземаат вакви мерки, согласно со
меѓународните договори ратификувани од Република Македонија) и
 увозот на стоката која се субвенционира нанесува материјална штета или
се заканува да нанесе штета на домашното производство или би можел да
го забави економскиот развој.
Компензаторна давачка според овој закон е посебна давачка која се
наплатува со цел да се неутрализира секоја субвенција која директно
или индиректно е одобрена за изработка, за производство или за извоз
на стоката.
Барање за пропишување на компензаторна давачка се поднесува
во име на сите домашни производители на определена стока, или
на оние чие производство претставува значителен дел од
вкупното производство на таа стока. Барањето се поднесува во
писмена форма до Министерството за економија.
Cо барањето се приложуваат докази за: постоење на субвенции за
определена стока и ако е можно нејзиниот износ; штетата која таа
субвенција ја нанесува на домашното производство според
Спогодбата за примена на член VI од Општата спогодба за
царини и трговија (ГАТТ) и причинската врска меѓу
субвенционираниот увоз и штетата која се нанесува на
домашното производство.
Министерството за економија, по спроведената
постапка утврдува дали се исполнети сите услови за
воведување на компензаторна давачка и ја определува
висината која одговара на висината на субвенцијата.
Висината на компензаторната давачка може да биде и
пониска ако е доволна да ја отстрани штетата на
домашното производство.
Компензаторната давачка ќе остане во сила за време
кое е потребно да се отстрани нанесената штета на
домашното производство.

You might also like