You are on page 1of 6

ХИДРОГРАФИЈА

1. Со какви видови води располага РСМ?


- Подземни води, издани, извори на слатка вода, минерални, термоминералана, карстни извори,
врутоци, потоци, реки, езера..

2. Кои фактори влијаат на појавата на копнените води?


- Геолошки состав, климатски услови, релјефни структура, дејствата на човекот.

ПОДЗЕМНИ ВОДИ И ИЗВОРИ

1. Кои видови подземни води се среќаваат во Македонија?


- Бунарски или фреатски и артерски подземни води.

2. Каде се среќаваат бунарските подземни води?


- Најчесто се наоѓаат во рамништата на котлините и тоа најмногу во подрачјата на алувијалните
наслаги.

3. Како се снабдуваат и полнат со вода бунарските подземни води?


- Се снабдува со вода од врнежите , потоа од водните текови кои се спуштаат од повисокито кон
пониското земјиште, при што дел од водата понира, како и од подземните води кои се наоѓаат
покрај речните корита кои се снабдуваат со вода од самите реки.

4. Колко проценти од населбите во Македонија се снабдуваат со вода од бунарски води?


- Около 60 % од селските населби и 50% од градските населби во РМ.

5. Што е карактеристино за артерските подземни води?


- Тие ги има во речиси сите котлини во РСМ. Најмногу во Пелагонија и Струмичко-Радовишката
котлина. Најголема распространетост на артерските води е на длабочина меѓу 50 до 80 метри но
има и поголеми длабочини од 100 метри.

6. Како се доаѓа до овие подземни води?


- Таа вода е секогаш под притисок и кога горниот непропуштлив слој ќе се продупчи водата избива
на површината во вид на водоисток.

7. Кои котлини се најбогати со артерски подземни води?


- Скопската Котлина, Полог, во Овчеполието, во Гевгелиско-валандовската Котлина, во Тиквеш, во
Кичевската Котлина...

8. Kои се познати минерализирани подземни води?

-Кременица и Меџитлија во Пелагонија, Волково во Скопската Котлина, Смрдлива Вода кај Кожуф,
изворите кај бањата Проевце кај Куманово и др.

ИЗВОРИ

1. Колку извори се со издашност од 1 l вода во ѕ?


- Има околу 1.100 поголеми извори со издашност од еден литар во секунда.

2. Во кој планински подрачја се наоѓаат најмногу извори?


- Шар Планина, Бистра, Баба со Пелистер, Јакупица, Јабланица, Осогово, Плачковица.
3. Кои подрачја се најсиромашни со извори?
- Средното сливно подрачје на Пчиња, долниот тек на Брегалница и средното Повардарие.

4. Како се викаат најсилните извори?


- Врутоци.

5. Наброј ги најсилните врутоци во Македонија.


- Свети Наум, Билјанини извори, изворот Шум, Вевчанските извори, изворот на реката Вардар,
врутокот Расче, изворот на реката Треска, изворот на Црна река, изворот на реката Бабуна и др.

6.Кои се најпознати минерални извори?


- Тие се наоѓаат кај селата Меџитлија и Кременица во Пелагонија, Волково во Скопската Котлина,
Смрдлива Вода под планината Кожуф во Гевгелиска Котлина, минералните извори кај бањата
Проевце во близина на Куманово.

7. Кои се познатите термоминерални извори (бањите во Македонија)?


- Катлановска Бања, Кумановска или Проевска, Кежовица или Штипска, Негорска заедно со
Смрдлива Вода или Гевгелиска бања, Кочанска, Дебарска или Бањиште, Косоврасти и Бањата
Банско.

РЕКИ И РЕЧНИ СЛИВОВИ

а) Реките во РСМ припаѓаат на три речни сливови: егејски, јадрански и црноморски речен слив.

ЕГЕЈСКИ РЕЧЕН СЛИВ

1. Кои сливови припаѓаат на егејскиот речен слив?


- Реката Вардар, реката Струмица, Дојранско Езеро, Цирофка река.

2. Кои се карактеристиките на реките од егејскиот речен слив?


- Имаат композитни долини, течат низ котлини и клисури, имаат висок водостој во пролетните и
во есенските месеци.

3. Kaрактеристики на рекаата Вардар.


- Извор е кај с.Вруток, должина од 301км во Македонија, цела должина од 388км, притоки се:
Пена, Лепенец, Пчиња, Брегалница, Анска Река, Треска, Маркова Река, Бабуна...

4. Карактеристики на реката Црна река.


- Должина на Црна река – 207км, а извира од вруток кај с. Железнец.

5. Карактеристики на реката Струмица.


- Должина – 1465км, а 75.5 км во Македонија, има речна челека составена од Радовешка и
Ореовечка.

ЈАДРАНСКИ РЕЧЕН СЛИВ

1.Која е главна река, нејзина должина и нејзина најважна притока?


- Црн Дрим – има должина од 56 км и среден проток од 56м³/сек.

2. Каде извира реката Радика и по што е позната оваа река?


- Таа извира од висорамнината Враца на Шар Планина, а се влева во Црн Дрим кај местото
наречено Шпилски Мост. Таа е позната по нејзината чиста и бистра вода, по богатството со речна
пастрмка и по атрактивната кањонска долина.

ЦРНОМОРСКО СЛИВНО ПОДРАЧЈЕ

1. Површина? – 44 км².

2. Главна река? – Биначка Морава.

ЕЗЕРА

ПРИРОДНИ ЕЗЕРА (ТЕКТОНСКИ ИЛИ КОТЛИНСКИ)

1. ОХРИДСКО ЕЗЕРО.
- Oхридското езеро е сместено во Охридксата Котлина, а е оградено со Јабланица и Мокра
Планина на запад и со Галичица на исток. Со површина од 378км² - на Македонија и припаѓаат
229,9 км², а на Албанија 118,9 км². Се наоѓа на надморска височина од 695 м. Позначајни притоки
се Сатеска, Коселска Река и Черава. Охридското Езеро се смета за најпроѕирните езера во Европа,
со проѕирност од 21 метар. Најпозната риба: пастрмка и јагула.

2. ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО.
- Се претега во Преспанската Котлина, меѓу Пелистер на исток и Галичица на запад, Сува Гора и
Гладно Поле на југ го одделуваат од Малото Преспанско Езеро, додека на север е ограничено од
рамништето на Ресенското Поле. Зафаќа површина од 274 км², од кои на МК и припаѓаат 176,8км²,
на Албанија 49,9км² а на Грција 47,8 км². Нивото на езерото се наоѓа на 853м надморска височина.
Длабочина: 54м. Притоки: Голема Река, Брајчинска Река и Кранска Река. Најпозната риба:
нивичката риба.

3. ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО.
-Се протега во Дојранската Котлина меѓу планините Беласица, Круша и Кара Бали. Површината
изнесува 43,1 км², на кои 27,3 км² припаѓаат на Македонија, а Грција – 15,2 км². Надморска
височина изнесува 149м, а длабочина: 10м. Поважни притоки се: Сурловската и реката Ханџа.
Бојата на водата се менува од зеленикова – жолтеникова во темнозелена. Проѕирноста е мала и се
движи од 0,6 до 3,6 м. Најпознати риби: плашицата, кострешот, крапот и сомот.

ВЕШТАЧКИ ЕЗЕРА

1. За што се користат вештачките езера?

- Тие се користаат за наводнување на плодната земја, за обезбедување на вода за пиење, за


туризам, спорт и рекреација, за произведување на електрична енергија.

2. Наброј ги вештачките езера во РСМ.

- Тиквешкото Езеро на Црна Река, Дебарското Езеро на Црн Дрим и Радика, Мавровското Езеро на
Мавровската Река, езерото Козјак и други.

-Прилеп, Крушево, Штип, Куманово, Св. Николе, Велес и др градови имат проблеми со
водоснабдувањето.
ТИПОВИ ПОЧВИ И НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

1.Како настануваат почвите и кои фактори влијаат на нивното создавање?

- Настануваат под влијание на бројни и разни надворешни природни фактори и сили, а пред се тие
се условени од геолошкиот состав на земјиштето, климата, релјефот и животинскиот свет, кои од
своја страна предизвикуваат актвен процес на распаѓање на карпите и на крај создавање на
плодно растресито земјиште – почва. И влијанието на човекот.

2. Најзастапните почви во Македонија.

- Делувијалните, алувијалните, смолниците, црвениците, кафеавите, песокливо-глинестите,


солените и други.

СТОПАНСКО ЗНАЧЕЊЕ НА ПОЧВИТЕ И НИВНА ЗАШТИТА

1. Какво е значењето на почвите и зошто се тие важни?

- Тие се едно од најголемите природни богатства. Без нив не може да се развие земјоделството.
Тие се важни за животот на човекот, бидејќи се извор на производство на храна. Се обезбедуваат
продукти за исхрана на населението и суровини за индустријата.

2. Од што зависи плодноста на почвите?

- Зависи од нејзините погодни својства, но и од начинот начинот на обработка и користење,


примената на современи агротехнички мерки: длабоко орење, ѓубрење, наводнување..

3. На кои начни се намалува плодноста на почвите?

- Се намалува преку нивното загадување и со ерозијата. Тоа се прави, пред се, со прекумерената
употреба на пестициди и со наводнување на земјиштето со загадена вода од населбите и
индустријата.

4. На кои начини се загадуваат почвите?

- Загадување се врши и со фрлање отпадоци на отворен простор – пластика, хартија, гума, кожа,
стакло, метал, со истурање на технички масла и со се друго што е неорганско.

5. На кои начини доаѓа до намалување на обработливите површини?

- Голем проблем кој придонесува во намалувањето на обработливите површини во нашава земја


е просторното проширување на населбите.

6.Какви мерки треба да се превземат за да се спречи загадувањето на почвите?

- За да се котролира употребата на хемиски средства, како и заштита на водите кои се користат за


наводнување, рушењет на дивоградби и забрана за градење без претходни усогласувања со
урбанистичките планови, пошумување на оголените терени и слично.
БИОГЕОГРАФСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

1.Кои фактори влијаат на растителниот и животински свет?

-Тоа се- географската положба, отвореноста кон северните и јужните климатски подрачја,
релјефната структура, геолошки и педеолошки состав, изолираност на одделни подрачја,
влијанието на човекот.

РАСТИТЕЛЕН СВЕТ

1.Од кои фактори зависи застапеноста на растителниот свет?

-Тој зависи од климата, водите, составот на почвите, надморската височина, и друго.

2.Кои растителни области се застапени во Македонија?

-Тоа се Медитеранска растителна област, Евро-сибирска и Аркто-алписка област.

3.Од што се состои растителниот свет во Македонија?

-Тој е составен од шуми, треви и културни растенија.

ЖИВОТИНСКИ СВЕТ

1.Од кои фактори зависи застапеноста на животинскиот свет?

-Таа зависи од природните услови и разновидноста на растителниот свет.

2.Кои фауни се среќаваат во Македонија?

-Тоа се средноевропска и медитеранска фауна, а има претставници и од источностепската фауна.

3.Кои животни припаѓаат на средноевропската фауна?

-Тука припаѓаат мечката, волкот, дивата свиња, лисицата, срната, еленот, рисот, дивата коза,
зајакот, видрата, куната, тетребот, орелот, јастребот, еребицата камењарка, фазаинте, чавката,
верверицата, клукодрвецот, кртот, желката, гуштери, отровни змии и др.

4.Кои се претставници на водената фауна?

-Тука спаѓаат разни видови риби од кои пастрмка, мрената, попадиката, кострешот, крапот, сомот
и други.

5.Кои животни се среќаваат во мочурливите терени?

-Тука се среќаваат гуска, чапјата, пеликанот и други.

6.Кои се претставници на подземната фауна?

-Тоа се лилјаци, пајаци и пештерски скакулци.

7.Кои домашни животни се одгледуваат во Македонија?

-Тоа се овци, говеда, свињи, коњи, магариња и др. А од птиците тоа се кокошки, мисирки, шатки,
пајки и друго.
СТОПАНСКО ЗНАЧЕЊЕ НА РАСТИТЕНИОТ И ЖИВОТИНСКИО СВЕТ

1. Какво е значењето на растителниот и животинскиот свет за стопанството?

- Од нив се обезбедуваат некои производи за исхрана на населението и разновидни суровни за


потребата на индустријата.

2. Која е користа од растителниот свет?

- Од растителниот свет – шумите имаат повеќекратно значење. Од нив се обезбедува големо


количество дрво, кое наоѓа примена во градежништвото, дрвната индустрија, рударството, во
железничкиот и поштенскиот сообраќај, во фармацијата итн; Од шумите се добива и огревно
дрво, потоа смола,екстракт за производство на лекови итн. Шумите се значајни и за
полјоделството затоа што ја спречуваат ерозијата, додека пак, обработливите површини ги
заштитуваат од силните ветрови.

3. Зошто се важни пасиштата и ливадите?

- Тие се располагаат со бујна и сочна трева и претставуваат основа за развој на сточарството. Од


нив се обезбедува сено за исхрана на добитокот во зимските месици. Тревните пасишта
истовремено претставуваат и извор на храна на дивите животни. Некои треви се користат и за
производство на лекови. Во нашите шуми и ливади растат разни печурки, боровинки, шипинки,
малинки, костени, лешници, дренки, јагоди и др.

4. Зошто се важни културните растенија?

- Тие имаат незаменлива улога во исхраната на човекот и добитокот. Дел од културните растенија
претставуваат наша извозна суровина, а во многу земји во светот тие се извор на храна.

5. На кој начин треба да се заштитуваат растителниот и животинскиот свет?

- Човекот треба рационално да ги користи растенијата и животните и да ги чува од уништување.


Сечењето на дрвата треба да се врши плански и во ограничени размери. На местата на исечените
шуми, а и на оголените површини неопходно треба да се врши пошумување. Разновидниот дивеч,
како значајно природно богатство треба да се заштитува. Тоа се постинува со придржување кон
законските прописи и со насочување на ловот кон уништување на штетниот дивеч.

6. Зошто се важни националните паркови и колку ги има во Македонија?

- Тие се важни за заштитување на растителниот и животинскиот свет. Национален парк Пелистер,


Национален парк Маврово, Национален парк Галичица.(и други, немам учебник до мене)

You might also like