You are on page 1of 2

Тест за проверка на знаењата на тема : 1

Светот и Европа од крај на 18 век до Првата светска војна

Име ипрезиме: ____________________________________одделение___________


Наставник:
Вкупно поени________ Оценка_________

Упатство
Тестот содржи 20 прашања. Одговорите ќе ги бележите на самиот тест. За секое точно одговорено прашање
добивате по еден бод. Време за работа на тестот е 40 минути.
Скала за бодирање: 0 - 4= 1; 5 -8 = 2; 9 - 12= 3; 13 - 16= 4; 17 - 20= 5

Заокружи Т ако тврдењето е точно или Н ако тврдењето е неточно!


1. Последната битка на Наполеон се одиграла кај местото Ватерло. Т Н

2. САД својата независност ја прогласиле на 4 јуни 1776 година. Т Н

3. Робеспјер е првиот крал на Француската диктатура Т Н

4. Франција за Република се прогласила во 1792 Т Н

5. Николај I одиграл голема улога во поразот на Наполеон Т Н

Допиши го точниот одговор на празните линии!

6. Кои земји влегуваа во состав на Централните сили ? .

7. Револуциите кои биле кренати во текот на 1789 и 1848 год. во поголем дел од европските држави се
нарекувале________________________________.

8. Кој настан се смета за директен повод за Првата светска војна?

9. Што означува поимот индустриска револуција?

10. Ако си дел од жирондинците тогаш си претставник на?


.

Заокружи ја буквата пред точниот одговор!

11. Француската буржоаска револуција била крената во

А) 14. јуни. 1788 год Б) 14. јули. 1789 год. В) 15. јуни. 1788 год.Г) 15. јули. 1789 год.

12. Индустриската револуција започнала благодарение на пронаоѓањето на

А) парната локомотива Б) парната машина В)Парниот брод Г) парниот разбој

13. Кој ја предводел армијата на Американците во војната за независност

А) Џорџ Вашингтон Б) Томас Џеферсон Г) Абрахам Линколн Д) Томас Едисон


14. Причини за кревањето на Француската буржоаска револуција биле

А) незадоволството на феудалците од апсолутистичкото владеење на кралот и положбата во која се


наоѓале
Б) зајакнатото граѓанство кое не било задоволно од положбата и желбата за преземање на власта
В) незадоволството и тешката положба на благородниците и постојаните даноци кои им биле
наметнувани
Г) потребата за зацврстување на феудализмот и апсолутизмот на монархот

15. Кој од наведените личности не припаѓа во оваа група?

А) Луј XVI Б) Петар I Велики В)Џорџ Вашингтон Г)Наполеон I Бонапарта

16.Подреди ги по хронолошки редослед следниве настани


Јакобинска диктатура .
Походот на Наполеон во Русија .
Граѓанската војна во Сад .
Создавањето на Централните сили .

17. Подреди ги по хронолошки редослед следниве настани


Укинувањето на кмеството во Русија .
Борбата за независност на американците .
Доаѓањето на Наполеон на власт .
Укинувањето на ропството на црнците .

18. Пополнете ја пополнувалката ( хоризонтално)


Археологот кој што ја откри древната Троја

Претседателот кој што се борел за укинување на ропството


во САД

Јас сум голема светска империја и моќна држава. Поседувам многу колонии ширум Светот и големите пазари се под
моја контрола. Но, во светот се појавија нови држави кои стануваат се помоќни и сакаат да ми ги одземат колониите и
пазарите. Пред иста опасност како мојата се наоѓаат уште две други европски империи кои се загрижени за нивните
колонии.За да се одбраниме моравме да се здружиме,а тоа истото го направија и противниците.
19. Во текстот е опишана ситуација во Еропа од крај на 19 и почеток на 20 век која
се одликува со
А) здружување на големите сили во воени блокови Б) судир на големите сили за превласт во Светот
В) големи колонијални освојувања во Светот Г) формирање на пријателски алијанси

20. Поврзи ги научниците со нивните откритија.


А) Луј Пастер __________еволуцијата
Б) Марија Кири __________ психоанализата
В) Чарлс Дарвин ___________ вакцината
Г) Зигмунд Фројд ____радиоактивноста

You might also like