You are on page 1of 1

Лабараториски вежби Системска анализа и дизајн - ФИНКИ

Тема: USE CASE дијаграми Вежба 1


Име и презиме Индекс број Група

Прегледал Датум Оцена

Секој од патниците преку интернет врши резервација на авионски билети. При тоа,
патникот ги внесува почетната и крајната дестинација, по што системот му ги дава сите можни
летови од почетната до крајната дестинација. Корисникот го селектира посакуваниот лет, потоа ги
внесува своите лични податоци (име,презиме, бр.лк.) со што завршува регистрацијата на
авионскиот билет.
Два дена пред полетувањето на летот треба да отиде во најблиската канцеларија на авио
компанијата и преку шалтерскиот работник да ги подигне билетите од извршените резервации.
Шалтерскиот работник ги зема податоците за патникот (име, презиме и бр.лк.), пребарува низ
листата на направени резервации и ги пронаоѓа резервациите направени од страна на патникот.
Патникот може да ги купи сите билети или да се реши да купи само дел од нив.
Откако патникот ќе купи билет треба да отиде на аеродромот два часа пред полетувањето.
Треба да го пронајде пунктот на авио компанијата и да ја чекира својата карта, заедно со багажот
кој го носи со себе. Чекирањето го вршат посебни вработени од авио компанијата. При тоа,
задолжително се проверува дали багажот ја надминува максимално дозволената тежина, и
доколку ја надминува, се наплатува во зависност од разликата меѓу тежината на багажот и дозво-
лената тежина.
За секој лет се грижи екипаж од авио компанијата составен од два пилоти и пет стујарде-
си. Една од стујардесите е одговорна за послугата на летот и дава извештај до пилотот за бројот на
патници кои се качиле во авионот. Пред полетувањето, стујардесите треба да ги сместат патниците
на соодветните места во зависност од броевите на седиштата кои им се запишани на авионските
билети. Во текот на летот, стујардесите во зависност од класата на летот на патникот вршат послу-
жување на различни оброци.
Пилотот е одговорен за полетувањето, управувањето со авионот, како и за слетувањето на
авионот на соодветната писта од целниот аеродром. Во специјален случај, доколку поради лошите
временски услови авионот неможе да слета на одредишната дестинација, пилотот во координација
со човекот задолжен за следење на летот, се договараат каде е најдобро да слета авионот, пилотот
го управува авионот до соодветната дестинација и конечно слетува авионот.
Со користење на програмскиот пакет Microsoft Visio, да се нацрта USE-CASE дијаграмот
за погореопишаниот систем.

You might also like