You are on page 1of 6

Ќофтиња на Кромид

500 грама мешано мелено месо (говедско, свинско)


1 кгр. кромид
сол
црн пипер
магданос
домати или салца
1 јајце
1 филџан ориз
1 парче леп натопено во млеко

Од месото, јајцетo, исцедениот леб, магданосот, солта, црниот пипер и малку ситно
исечен и пропржен кромид, измесете смеса за ќoфтиња. Од неа направете топчиња од
средна големина, извалкајте ги во трошки од препечен леб или во брашно и оставете ги
настрана. Вo посебен сад, во кој ќе се печат ќофтињата, прoпржете гo на резанки
исечен кромидот. Кога кромидот ќе добие златно-жолта боја додајте го оризот измиен
и исцеден и црвениот пипер и налејте малку вода. Наредете ги ќофтињата, секое ќофте
премачкајте гo со малку маслo, додајте малку дoмати исечени на тркалца или салца,
посолете ги, попрскајте ги со малку брашнo и ставете ги во рерна да се печат. Се
служат сo зимска салата од туршија

Ќофтиња (Штипски Начин)


500 гр. свинско мелено месо
500 гр. телешко мелено месо
5 јајца
100 гр, полуварен ориз
црн пипер
црвен пипер
магданос
масло
брашно
1 сува пиперка
доматена салца
сол

Измешајте гo месото со полуварениoт ориз, додајте 2 цели јајца, црн пипер, малку
црвен пипер. две лажици масло, магданос и сол пo вкус. Се промешајте добро и од
смесата правете поголеми, малку сплескани ќофтиња. Ќофтињата прво извалкајте ги во
брашно а потоа во три добро изматени јајца и пржете ги на добро загреано масло.
Испржените ќофтиња ставајте ги во емајлирана тава. Вo маслото, во кoе се пржеа
ќофтињата, додајте 1 лажица брашно и направете запршка со малку црвен пилер и
вода. Налејте ја запршката на ќофтињата (треба да бидат прекриени со неа), додајте ја
пиперката и 2-4 лажици доматена салца и ставете ја тавата да се пече во затреана рерна
на 200°. Кога сосот во тавата ќе остане на половина од количината при ставањето во
рерната, јадењето е готово и може да се служи.

Грчки ќофтиња
21:00 | 17.03.2010 | Автор: Билјана Илиќ Героска
Состојки:

500 грама мелено месо


1 голем компир
1 главица кромид
1 лажица презла
1 јајце
ситно исечкан свеж лист од магдонос, сол, бибер
цимет по желба

1. Компирот изрендајте го и оставете го кратко да го пушти сокот

2. Месото, ситно исечканиот кромид, магдоносот, јајцето, презлата и зачините ставете


ги во сад, потоа додадете го исцедениот компир и измешајте се заедно.

3. Од смесата направете топчиња и печете ги околу 20 минути во врело масло, така што
ќофтињата ќе пливаат маслото.

Подготовка

Белото пилешко месо од супа се цеди и се меле на машина, потоа се додава исецкан
кромид, исцедениот леб, јајце, сол и црн пипер. Од сето тоа се формираат ќофтиња, но
потенко исплескани, се валкаат во презла и се пржат на масло

Состав

• малку Сол
• 100 грама Презла
• 200 грама Пилешко
• 30 грама Маст
• 100 милилитри Масло
• 1 Кромид/а
• 1 Кришка/ки леб
• малку Црн пипер
Пилешки ќофтиња во рерна

Објавено: 18/11/2009 год.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

 малку   Сол
 300 грама Пченка
 1000 грама Пилешко
 50 милилитри Млеко
 малку   Магдонос
 3   Кришка/ки леб
 2   Јајца/це
 малку мала лажица Црн пипер

 Време за подготовка: 15 мин.


 Време за готвење: 30 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешки ќофтиња во рерна

ПОДГОТОВКА:
Лебните трошки посипете ги со млеко. Додадете го
пилешкото мелено месо, зрната пченката и јајцата.
Замесете ја целокупната смеса

Завиткајте во фолија и оставете  30 мин - 1 час во фрижидер.

Од сместа обликувајте ќофтиња, потоа валкајте ги во брашно и ги подредувајте ги во


намастена тава.

Покријте ја тавата со алумиумска фолија и печете во рерна која е загреана на 180 степени.

Потребни состојки
• малку Сол
• 100 грама Презла
• 200 грама Пилешко
• 30 грама Маст
• 100 милилитри Масло
• 1 Кромид/а
• 1 Кришка/ки леб
• малку Црн пипер
Начин на подготовка Белото пилешко месо од супа се цеди и се меле на машина, потоа
се додава исецкан кромид, исцедениот леб, јајце, сол и црн пипер.

Од сето тоа се формираат ќофтиња, но потенко исплескани, се валкаат во презла и се


пржат на масло.

You might also like