You are on page 1of 5

Девојките на Марко

Автор: Оливера Николова


Главни ликови: Славе
Споредни ликови: тато Живко, мама Милка, Марко, Диме, Роска, Јагода, Верче, Билјана,
Лиле, Дивна, Јана
Тема: Како Славе од детенце созрева во момче

Белешка за Авторот: Оливера Николова е родена во 1936 година во Скопје.


Учела во Струга и Велес, а завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела
како драматург на радио и телевизија. Пишува за деца и за возрасни. Има
напишано и издадено околу дваесетина книги за деца, од кои најпознати се: Зоки
Поки, Земја во која не се стигнува (Награда на РТВ и Струшки вечери,1966
година), Пријателите Бон и Бона (Награда на РТВ и Струшки вечери,1975 година),
Мојот звук (Награда „Младо поколење“,1978година), Девојките на Марко,
Љубоболки, Шифри на каменот, Преминот не е осветлен, Светлосна година, и
други. За специјални постигнува во современиот израз на литературата за млади,
во 1983 година ја добила Змаевата награда.

Главен лик: Славе


Славе е најмалиот од трите сина во семејството. Негов идол е брат му
Марко, кој е во војска и треба да дојде на отсуство. Славе е чувствително момче,
кое прави се за својот постар брат. За време на неговото отсуство, Славе се труди
да ги задовили сите негови желби, за да можат тие двајца да поминат што повеќе
време заедно. Но Славе се уште живее во оној детски свет, во кој се е чисто. Таа
недела додека е Марко на отсуство, Славе полека ќе навлезе во светот на
возрасните. Од едно срамежливо детенце, за една недела ќе прерасне во едно
организирано момченце, кое е во центарот на внимание на целото друштво. Така
во една наизглед наивна игра, Славе добива можност за сопствено докажување и
можност да се жртвува за друг. Учи да се дава безрезервно себе си, не
помислувајќи во ниту еден момет дали еден ден нешто ќе му ја надополни
жртвата или ќе му биде возвратено.

Кратка содржина:
Лектирата започнува со подготовките во самото семејство за доаѓањето на
Марко, кој користи отсуство од војска. Подготовките траат една седмица порано
пред неговото доаѓање. Како настар син, со нетрпение го очекува целото
семејство: таткото Живко, мајката Милка, средниот брат Диме, но најсреќен е
Славе најмалиот син во семејството. Војникот Марко е идол на Слава. Славе е
целосно збунет, горд на својот постар брат војник и не знае што да направи, но
успева да смисли план за целата седмица. Испланираната седмица од Славе се
однесува само на него и Марко, план во кој Славе секој ден од неговиот брат
Марко ќе биде подучуван за воените вештини: пукање, лазење, криење со гранки,
а последниот ден од отсуството на Марко е резервиран за девојките.
Марко доаѓа на отсуство и Славе му го соопштува планот со кој Марко за да
не го разочара помалиот брат се согласува, иако Марко отсуството планира да го
помине со својата девојка Роска, со која е скаран и има намера да се смири. Затоа
го замолува братот Диме да му помогне да ја најде Роска и да разговара со неа.
После разговорот на Роска и Марко, таа му простува на Марко и тие се смируваат.
За да може Марко времето да го минува со Роска, а да не се почувствува Славе
навреден, со Диме смислуваат план за нардните денови како Славе да го
ангажираат и не му смета на Марко. На Славе му е дадено да носи писма до
повеќе девојки: Верче која е инструктор по пливање и другарка на Марко, Јана,
Билјана, Јагода, Лиле и Дивна, за кои самиот Славе верува дека се тоа девојки на
Марко. Славе серизна ја сваќа својата улога и пожртвувано разнесува писма до
наводните девојки на Марко и одговорно си ги извршува обврските.
По средбата со Билјана си заминува, но таа му закажува повторна средба
пред киното во 10 часот утредента. Славе трча на базен затоа што му е жал за
Верче и сака да и објасни. Но во меѓувреме Марко и Верче ќе се слушанат и сега
на Верче се и е појасно. Па таа спремна го пречекува Славе и веднаш го ангажира
да плива. Иако Славе се противи бидејќи незнае да плива, таа не попушта, па
Славе мора да плива иако многу се плаши од вода. Но дома Марко се грижел за
Славе, дали ќе се снајде, како поминува, да не му е тешко, да не му се лути.
Но Диме го охрабрува и му кажува дека Славе ќе се снајде, а тој пак ќе мора
да напише уште едно писменце овој пат за Јагода. Вечерта изморен од напорниот
ден, Славе доаѓа дома, бргу се подготвува и легнува, со планови за утрешниот
ден. Денот го започнува рано, сите се веќе станати, Славе се тушира и потоа
сериозно разговара со Марко. Сака да му објасни за Верче, но Марко го пречекува
со ново писменце наменето за Јагода. Славе не сака да го разочара својот брат и
му вели дека тој е бистар, дека во еден ден ќе го научи се, само да завршат со
девојките. Славе неколку пати го слуша името Роска, па збунет го прашува Марко
да не ја познава случајно, но Марко ништо не му одговара. Така Славе, со полни
раце работа, трча накај слаткарницата Ванила, да ја најде Јагода, која постојно е
таму и јаде тулумби. Веднаш ја чести тулумба и и го дава ливчето за средба со
брат му Марко. Потоа трча на базен за средба со Верче. За малку ќе се удавел во
водата, но Верче го спасува и се договараат за кино во 4 часот. Од базен со трк
до кино, каде го чека Билјана. Па потоа право дома на ручек, и од таму со трчање
пред киното за средба со Верче. Бидејќи Верче доцни, пропаѓаат картите за
филмот, па Славе ја носи Верче кај мајка му во парфимерија, а потоа кај татко му
во агенција, да го праша дали некаде на светот има луле со 7 дупки за секој ден.
Овие информации Славе му ги дава на татко му, па на некој начин се шегува со
него. По посетата на туристичката агенција, тој мора да трча на состанок со
Јагода, која веќе го чека пред домот на младите. Од тука со Јагода во Ванила на
тулумби. Вака растрчан, Славе си направил распоред во тефтерче, кога со која
девојка каде треба да биде, само да не го разочара брат му Марко ниту пак некоја
од девојките. Иако Марко се грижел за Славе, повторно му дал ново писменце,
овој пат за убавата фризерка Лиле. Но кај Диме, почнала да се јавува љубомора.
Како тоа тој мал Славе се забавува со 4 девојки и за сите е интересен, па го
следел до фризерскиот дуќан. Славе онака природен, непосреден ја воодушевил
фризерката, па таа веднаш му закажала состанок. По него во фризерницата
влегол и Диме. И тој пробал да и закаже состанок на Лиле, но добил шамар по
образот. Така Диме лут и нервозен, заминал во слаткарницата Ванила, каде била
веќе Јагода. Таа толку многу го пофалила Славе, што љубомората кај Диме уште
повеќе се зголемила, па од Ванила, Диме се упатил кај мајка му во парфимеријата
да го наклевети Славе. Славе во меѓувреме, постојано зафатен со Верче на
базен, па да ја теши Билјана поради проблемитее со шефот, де се грижи како во 4
часот ќе стаса на состанок со Јагода и со фризерката Лиле. Уште има и проблем
со пари, па решава да појде кај татко му и да зарботи пари. На татко му, му дава
информација за 100 ден, дека Ајфеловата кула на лето пораснува. Така изморен
доаѓа дома и ручаат заедно со Марко. Одмара малку, па заминува на двоен
состанок и решава да ги запознае Јагода и Лиле во Ванила на тулумби од кои му
се превртува во стомакот. Но во Ванила влегува Диме, а Славе онака весело го
запознава со Лиле. Диме и Јагода заминуваат од Ванила, а Лиле и Славе
остануваат да ги дојадат тулумбите. Во меѓувреме загрижена мајка му на Славе,
заминала кај татко му, со мисла дека нешто се случува со синовите, па таткото
Живко се нафатил да ја испита целата таа работа. Вечерта Славе бил малку
разочаран што не успеал да му закаже на Марко ниту еден состанок, па напишал
писменце до Дивна која продавала сладолед, како последна шанса за Марко,
пред тој да се врати во војска. Утрото заминал да се шиша кај Лиле, но татко му
го следел, па ја дознал целата вистина од Лиле. Славе од кај Лиле веднаш
заминал кај Дивна, каде ја сретнал својата другарка од оделението - Јана, па така
Дивна му закажала состанок на Марко во 10 часот вечерта и му рекла на Славе
дека и Јана ќе дојде со неа. Повторно во трка со времето, Славе трча на базен,
каде го чекаат Билјана и Верче. Но тато Живко, го следи Славе до базенот и ѕирка
што се случува. По заминувањето на Славе од базен, тато Живко разговара со
Билјана и Верче кои се му раскажуваат. Од базен со Јагода заминува на тулумби.
Така организиран Славе, доаѓа дома на ручек, каде пред врата го пречекува Роска
и се запознава со неа. Дома Марко му ја кажува целата вистина и тој иако во прво
време е навреден и лут, одговорно си ги извршува своите обврски до крај, па ги
носи Билјана и Верче на тулумби, а се среќава со Јана и Дивна пред домот на
армијата. Целата недела додека е зафатен со девојките, два пати се слуша со
неговиот најдобар другар Јовче, кој е на одмор во Охрид. Дошол и последниот ден
од одсуството на Марко, па на Славе некако му олеснува. Славе решил да
организира заедничко дружење на базенот. На дружењето на базен доаѓаат сите
девојки: Билјана, Верче, Дивна, Јагода, Лиле и се разбира Јана, во чест на
војникот Марко. На крај пристигнале Марко и Роска кои заеднички се забавувале и
прославиле. Попладнето Марко требало да се врати во војска кога дошле сите
заеднички да го испратат. Со доаѓањето на Марко на отсуство од војска, бил
пречекан од својот најмал брат детенцето Славе, а сега само за една седмица е
испратен од Славе како момче. Преку пријатностите и непријатностите кои му се
случуваат на Славе на еден интересен и хумористичен начин е прикажано
созревањето на едно дете во момче.

Матеј Миленков

You might also like