You are on page 1of 2

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

кон резултатите на друштвото за периодот од 01.01.2022 - 30.06.2022

и проценка на менаџментот за влијанието на моменталната состојба врз работењето на друштвото

1. Во извештајниот период, Група АД „Единство“ - Струмица нема промени во сметководствените


политики. Тие се применуваат козистентно во текот целата година за кој се однесува извештајот, исто како
и во претходниот период.

2. Во периодот од 01.01.2022 - 30.06.2022 година, и периодот од 01.01.2021 - 30.06.2021 година, друштвото


ги оствари следните приходи:

Вид на приход 2021 2022 индекс


Приходи од домашен пазар 2,892 7,511 260
Приходи од странски пазар 15,586 18,993 122
Останати приходи 13,654 1,576 12
Финансиски приходи 7 4 61
Вкупно приходи 32,140 28,085 87

Според горенаведената табела, приходите од домашен пазар на друштвото се зголемени, главно поради
добивање на тендер на домашниот пазар. Понатаму, приходите од странскиот пазар се зголемени за 22%.
Кај останатите приходи има намалување на приходите, главно поради дадената финансиска помош од
страна на Владата на Република Македонија во претходната година.

Учество на приходите во проценти Износ Процент


Приходи од домашен пазар 7,511 27
Приходи од странски пазар 18,993 68
Останати приходи 1,576 6
Финансиски приходи 4 0
Вкупно приходи 28,085 100

Компанијата е ориентирана кон т.н. ЛОН-систем поради кое, според структурата на застапеност на
приходите, во вкупните приходи најголемо учество имаат приходите од странскиот пазар и тие учествуваат
со 68 %, приходите од домашен пазар со 27% и други приходи со 5 %.

3. Во периодот од од 01.01.2021 - 30.06.2021 и 01.01.2022 - 30.06.2022 година, друштвото ги оствари


следните расходи:
Вид на расход 2021 2022 индекс
Суровини, материјали, резервни делови 1,855 2,930 158
Услуги 1,936 1,899 98
Плати 16,758 13,979 83
Останати трошоци 2,288 2,253 98
Финансиски трошоци 1,686 3,229 192

Според горенаведената табела, трошоците за суровини, материјали и резервни делови се зголемиле за


58%, услужните трошоци се намалиле за 2%, трошоците за плати се намалиле за 17% како и останатите
трошоци за 2%, додека финансиските трошоци се зголемиле за 92%.
Финансискиот резултат за тековниот период е позитивен.

Директор

Кузманов Сашко

You might also like