You are on page 1of 3

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА ОСТВАРЕНИТЕ РЕЗУЛТАТИ

За период јануари - јуни 2022 година

СН Брокер АД Битола, во периодот јануари-јуни 2022 година оствари позитивни финансиски


резултати, искажани во неревидираниот биланс на успех.

Сметководствени политики и методи на вреднување

Во 2021 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на


позициите во финансиските извештаи на СН Брокер АД Битола.

Вкупни приходи

Остварените вкупни приходи во периодот јануари-јуни 2022 година изнесуваат 126.327 илјади
денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат пад од 6%. Во
структурата на вкупните приходи најголемо учество, 94%, имаат приходите остварени со продажба
на полиси, кои во споредба со остварените во 2021 година бележат пад од 6,5%.

Вкупни расходи

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари-јуни 2022 година изнесуваат 90.257
илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат пад од 4%.

Дивиденда
Во текот на 2022 годината Друштвото нема објавено и исплатено дивиденди.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-јуни 2022 година изнесуваат


155.584 илјади денари кои во најголем дел се однесува на набавка на нов целосно опремен
сообраќаен центар и административна зграда на износ од 153.227 илјади денари.

Обврски по основа на кредити

Вкупните обврски по основа на кредити и долгорочни обврзници на 30.06.2022 година изнесуваат


698.937 илјади денари.
Поважни позиции од билансот на успех

Остварените резултати од работењето за периодот јануари-јуни 2022 година, структурата,


динамиката и споредбите со остварувањата во претходната година се прикажани во следните
табели:

Продажби на услуги на домашен пазар

2021 2022  
  Износ Износ %
Приходи од продажба 127 088 118 794 93

Добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА)

2021 2022  
% во % во Индекс
  Износ продажби Износ продажби 22/21
ЕБИТДА 46.291 36,42% 41.444 34,89% 90

Нето добивка

2021 2022  
% во % во Индекс
  Износ продажби Износ продажби 22/21
Нето добивка 29.739 23,40% 26.445 22,26% 89

Остварената нето-добивка во 2022 година изнесува 26.445 илјади денари и во споредба со


остварената во 2021 година бележи намалување за 11%.

Бизнис-план за 2022 година

Бизнис-планот за 2022 година, донесен со одлука на Управниот одбор на СН Брокер АД Битола,


предвидува инвестирање во материјални и во нематеријални средства, раст од 10% на
продажбите во однос на 2021 година, како и раст од 10% на профитот пред оданочување во однос
на 2021 година.

Бизнис-планот за 2022 година е дел од развојниот план на друштвото 2020 -2025 година, базиран
на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи,
достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 202 2
година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат од прикажаните во Бизнис планот.

Очекувања за претстојниот период

Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и


новонастанати ризици, генерирани од пандемијата на КОВИД-19 како и воената интервенција во
Украина. Презедовме голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите
негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на
друштвото. Во претстојниот период, врвен приоритет и понатаму останува грижата за здравјето на
вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност, на финансиската стабилност и
остварување на планираните цели.

You might also like